фудбал

Бернардески не доби нов договор, од Јуве се сели во Милан

Федерико Бернардески готово сигурно ќе го напушти Јувентус на крајот на сезоната.

Бернардески беше доведен како еден од играчите на кои може да се темели иднината на Јувентус и „старата дама“ за него пред четири години плати 40 милиони евра.

Меѓутоа, Италијанецот не ги оправда во целост очекувањата, особено оваа сезона кога не добива голема минутажа кај Алегри. Неговиот договор истекува на крајот на сезоната и нема најави дека двете страни ќе ја продолжат соработката, па Бернардески на лето ќе биде слободен агент.

Таквата ситуација сака да ја искористи Милан, бидејќи Пиоли во него гледа одлично засилување за десната крилна позиција.


Ван Нистелрој ќе биде нов тренер на ПСВ Ајндховен

Поранешниот легендарен холандски напаѓач Руд ван Нистелрој ќе биде нов тренер на ПСВ Ајндховен. 

Договорот е со важност до 2025 година и ќе стапи на сила на почетокот од следната сезона, соопштуваат на официјалниот сајт на холандскиот клуб.

Актуелниот тренер Роџер Шмит ќе си замине од екипата на крајот од тековната сезона.

Ван Нистелрој  е дел од ПСВ од 2016 година. За ова време тој беше тренер на неколку младински и јуниорски тимови од Ајндховен. Тој во еден период беше и дел од стручниот штаб на репрезентацијата на Холандија.


Рафиња од Лидс ќе биде замената за Дембеле во Барса

Разговорите на Барселона за напаѓачот на Лидс Јунајтед Рафиња би можеле да пропаднат доколку шпанскиот клуб се согласи на продолжување на договорот со напаѓачот Осман Дембеле.

Доколку Французинот остане, шансите за преселба на Бразилецот значително ќе се намалат. Претходно се дозна дека Рафиња се договорил за условите на личниот договор со Барселона. Рафиња планира да ги игнорира понудите од другите клубови за трансфер во Барселона во летото 2022 година.

Да потсетиме, Рафиња игра за Лидс од октомври 2020 година, се пресели од француски Рен за 18,6 милиони евра. Претходно 25-годишниот бразилски фудбалер играше за португалските клубови Спортинг и Виторија Гимареш, како и за Аваи од Бразил. Рафиња оваа сезона постигна девет гола и имаше три асистенции на 27 натпревари во Премиер лигата. Договорот на бразилскиот фудбалер истекува во 2024 година.


Кавани се повреди во победата на Уругвај во Сантијаго

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед и Уругвај, Единсон Кавани се повреди на натпреварот од 18. коло од јужноамериканските квалификации за СП во 2022 година со Чиле (2-0).

Кавани се повреди во првото полувреме и беше заменет во 29. минута од средбата. Наместо 35-годишен фудбалер, на теренот влезе напаѓачот Луис Суарез. При заминувањето кон клупата, Кавани се држеше за десната потколеница. Кавани одигра 12 натпревари во Премиер лигата оваа сезона, постигнувајќи 2 гола и 1 асистенција.

Актуелниот договор на уругвајскиот фудбалер со Манчестер Јунајтед истекува на крајот од сезоната 2021/2022. Да потсетиме дека репрезентацијата на Уругвај го зазеде третото место во јужноамериканската селекција на Светското првенство 2022 година и стигна до пласман на завршниот турнир.


Лидс го сака Аронсон од Салцбург

Челниците на Лидс се во преговори со РБ Салцбург за американскиот интернационалец, Брендон Аронсон.

Англичаните во јануарскиот трансфер период понудија 18 милиони евра за 21-годишниот талент, но, австрискиот состав не прифати бидејќи инсистира да добие сума од 25-30 милиони.

Двете страни деновиве се во постојан контакт за да најдат начин како да се реализира трансферот во текот на летото.


Педро сака да се врати во Барселона и да заигра со своите синови

Крилниот фудбалер на Лацио, Педро Родригез, призна дека планира да ја заврши кариерата во родната Шпанија. Поранешниот фудбалер на Барселона, Челзи и Рома, планира да се врати во Ла Лига.

„Имам договор за уште една година со Лацио и ќе одлучам што да правам откако ќе истече. Мислам дека можам да играм на високо ниво уште една или две години. Мојата желба е да се вратам во Шпанија и да бидам со моите синови во Барселона. Фудбалот го ограничува вашиот личен живот“, вели играчот на лацијалите.


Од следната година пет измени во англиската Премиер лига

Според најавите во англиските медиуми, клубовите од Премиер лигата би можеле да изгласаат промена на правилото за бројот на измени.

Доколку предлогот добие потребен број гласови, тогаш од сезоната 2022/23, премиерлигашите ќе имаат право на пет измени на играчи во еден натпревар.

Претходно, Премиер лигата на почетокот од оваа сезона изгласа правило со кое тимовите добиваат дополнителна измена доколку во текот на натпреварот еден од играчите добие повреда на главата поради која е приморан да го напушти истиот.


Бенфика го пронајде тренерот за наредната сезона

Магазинот „Кикер“ објавува дека германскиот стручњак Роџер Шмит ќе ја преземе тренерската функција во Бенфика.

55-годишниот Шмит веќе одржал неколку разговори со раководството на клубот од Лисабон и преговорите се пред завршна фаза.

Шмит ќе застане на чело на Бенфика по завршувањето на оваа сезона, кога му истекува договорот со ПСВ Ајндховен. Уште во февруари тој изјави дека нема намера да остане во Холандија по завршувањето на неговиот договор на 30-ти јуни.


Тимо Вернер ова лето го напушта Челзи

Германските медиуми известуваат дека напаѓачот Тимо Вернер сака да го напушти Челзи во летниот преоден рок.

Вернер, во Лондон пристигна како големо засилување од Лајпциг, и од него се многу се очекуваше, но и покрај својот голем потенцијал, тој не успеа да го прикаже својот квалитет.

Неговата форма во Челзи не е најдобра. На 14 натпревари во Премиер лигата, тој постигна само еден гол и оствари една асистенција. Со оглед на фактот дека оваа година се одржува Светското фудбалско првенство, неопходно е Вернер да има стандардни настапи и да постигнува голови.

Најреална опција за фудбалерот во моментот е тој да ја промени средината и да го напушти Челзи. Најголем интерес за негово доведување искажува Борусија Дортмунд, меѓутоа како проблем за таков трансфер би бил износот на неговата плата која изнесува 16 милиони евра годишно.


Рафиња е главна трансфер цел на Барселона за наредната сезона

Англискиот „Мирор“ пишува дека звездата на Лидс Јунајтед, Рафиња ќе биде главна трансфер цел на Барселона во текот на летото.

 Каталонците го посочуваат Бразилецот како приоритет, особено ако не се реализира нов договор со Усман Дембеле.

Голем адут во обидот за доведување на Рафиња, Барселона има во менаџерот на играчот, Деко, кој е поранешен играч на Барса и е многу почитуван од структурите на клубот од „Камп Ноу“.

Барселона е подготвена да испрати понуда во висина од 40 милиони евра, но таа понуда не е ни блиску до сумата која ја бара Лидс Јунајтед, а изнесува 80 милиони евра. Голем фактор за цената на Рафиња ќе биде конечниот пласман на Лидс на крајот од сезоната во Премиер лигата, односно дали клубот ќе обезбеди опстанок или не.