фудбал

Сантош: Мораме да ја респектираме Македонија

Репрезентацијата на Португалија е огромен фаворит во финалниот бараж дуел за пласман на СП против Македонија и сака континуитет во учествата на големите натпреварувања.

Португалците играат на домашен терен и секако очекуваат победа, но избраниците на Благоја Милевски покажаа дека се способни да ја елиминираат било која врвна селекција.

Поради ова селекторот на Португалија, Фернандо Сантош изрази внимателност и порача дека неговите играчи треба да имаат голема почит кон македонската селекција.

„Мораме да покажеме иста почит кон Македонија како и кон Италија. Јас пред баражите кажав дека тие не се шега и ништо не се знае до крајот.Нашиот фокус и концентрација треба да биде на највисоко ниво. Екипа која отиде во Италија и го победи европскиот шампион, мора да се респектира“, изјави Сантош.


Три европски гиганти го сакаат Марко Верати во своите редови

Играчот од средниот ред на Пари Сен-Жермен, Марко Верати би можел да се пресели во друг клуб. 

Според „Fichajes“, Манчестер јунајтед е меѓу тимовите кои се заинтересирани за италијанскиот фудбалер. Интер и Рома ја разгледуваат и можноста да го добијат Верати кој францускиот клуб го проценува на околу 55 милиони евра. Договорот на Верати со ПСЖ е до 30 јуни 2024 година. 


Реал Мадрид го доведува Тирни од Арсенал

Реал Мадрид планира ова лето да понуди 50 милиони фунти за левиот бек на Арсенал, Киран Тирни.

Според англиските медиуми, популарните „топџии“, се подготвени за продажба на дефанзивецот, доколку сумата биде над 50 милиони фунти.

Репрезентативецот на Шкотска настапува во одлична форма за Арсенал, и бил бил огромно засилување за екипата од „Сантијаго Бернабеу“, доколку дојде до реализација на овој трансфер.


Милан го сели Лингард во Серија А

Милан е силно заинтересиран за офанзивниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Џеси Лингард.

Англиските медиуми пренесуваат дека Лингард одбил да стави потпис на нов договор со Манчестер Јунајтед. „Црвените ѓаволи“ одбија да го пуштат играчот во јануари, но се свесни дека Лингард ќе замине на лето без обештетување.

Таквата ситуација сака да ја искористи Милан и веќе стапил во контакт со неговиот агент. „Росонерите“ се во потрага по засилување на десната крилна позиција и сака да го донесе Англичанецот.

Лингард дал согласност за трансферот, а минатата недела беше во посета на Милано и имаше средба со својот пријател Ибрахимовиќ.


Марсијал по крајот на сезоната ќе се врати во Манчестер Јунајтед

Францускиот напаѓач, Антони Марсијал, по крајот на тековната сезона ќе мора да се врати во редовите на Манчестер Јунајтед.

Иако играчот во јануарскиот преоден рок беше позајмен во тимот на Севиља, и се очекуваше да биде големо засилување за Шпанците, тој засега не ги исполни очекувањата.

Марсијал досега има само осум настапи и успеа да постигне еден гол и една асистенција. Севиља нема опција за откупување на неговиот договор, и по се изгледа дека после позајмицата тој ќе мора да се врати во Манчестер Јунајтед.


Едисон Кавани сака да игра во шпанската Ла Лига

Шпанскиот весник АС, пренесува дека напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Единсон Кавани е блиску до потпис со нов клуб.

Уругваецот сака да ја продолжи кариерата во Ла Лига, а веќе се појавија информации дека преговара со Реал Сосиедад.

Двете страни имале првични разговори и се оптимисти дека ќе се постигне договор. Баскијците најверојатно ќе го продадат нивниот најдобар напаѓач Александар Исак и сакаат да добијат докажан голгетер кој ќе го замени шведскиот репрезентативец.


Депај заминува од Барселона, веќе има две понуди на маса

Мемфис Депај на лето готово сигурно ќе ја напушти Барселона, а неколку европски гиганти веќе ја започнаа трката за неговиот потпис.

Каталонски „Спорт“ пренесува дека Тотенхем и Милан се силно заинтересирани за Холанѓанецот и веќе започнале преговори со неговиот агент.

Депај минатото лето се пресели на „Камп Ноу“ како слободен играч и одлично се вклопи во тимот. Меѓутоа, каталонскиот клуб има големи финансиски проблеми и не ја исклучува можноста да го продаде Холанѓанецот, особено поради фактот што го донесе без обештетување.

Чави не е симпатизер на неговата игра, ги доведе Торес и Обамејанг, па минутажата на Холанѓанецот сигурно ќе биде значително намалена.


Фенербахче загреан за потписот на Енис Барди

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Енис Барди, кој веројатно ќе го напушти Леванте доколку тимот испадне од Преимера Дивизион, може да се активира во туркиот Фенербахче.

Иако шпанскиот состав има клаузула да му го продолжи договорот за две сезони сосема е реално таа да не се искористи бидејќи според моменталната ситуација сите го гледаат Леванте како нов второлигаш.

Затоа, турскиот гигант според денешните најави ќе се обиде да дојде до потписот на Барди кој деновиве е дел од македонската репрезентација која во вторник ја очекува мечот со Португалија за место на Светското во Катар.


Канада после 36 години, повторно на Мундијал

Фудбалската репрезентација на Канада, после пауза од 36 години, повторно ќе игра на Светско Првенство. 

Канаѓаните своето место во Катар го обезбедија после домашната победа над Јамајка со 4:0, во рамките на КОНКАКАФ квалификациите.

Канада, на едно коло пред крајот на квалификациите го зазема лидерското место со 28 бодови, со што и математички обезбеди едно од првите три места.

Последно нивно учество на Светско фудбалско првенство беше она во Мексико 1986 година.


Бекам го посакува Меси и уште тројца други фудбалери во својот Интер

Англиската фудбалска легенда, Дејвид Бекам има големи планови за клубот Интер од Мајами, каде е еден од сопствениците.

Иако, клубот кој е основан во 2018 година засега не покажува битни резултати и не ги оправда големите очекувања во МЛС лигата, Бекам не крие дека сака да доведе познати фудбалски имиња како идни засилувања за екипата.

Како најголема желба на Бекам е доведувањето на суперѕвездата Лионел Меси, кој многу тешко се адаптира во екипата на ПСЖ. 

Покрај него на листата за нови трансфер цели се наоѓаат и Луис Суарез од Атлетико Мадрид, како и двоецот од Барселона, Серхио Бускетс и Жорди Алба.