фудбал

Кејн ќе ги одбие сите понуди и ќе потпише нов договор со Тотенхем

Хари Кејн е спремен да стави потпис на нов договор и да ја продолжи верноста со „спарси“, пренесуваат медиумите на Островот.

Договорот на Кејн со Тотенхем истекува во 2024 година, но 29-годишниот Англичанец донел одлука да го продолжи својот престој во клубот.

Во медиумите се појавија шпекулации дека Кејн на лето може да го напушти Тотенхем и да се пресели во Баерн Минхен, а наводно интерес за Кејн покажува и Челзи. Меѓутоа, Тотенхем не сака да дозволи најголемата ѕвезда на лето да влезе во последната година од договорот и веќе започнал преговори за продолжување на соработката.


Клинсман: Бразил е фаворит за освојување на титулата во Катар

Поранешниот германски репрезентативец и селектор, Јирген Клинсман, е на мислење дека селекцијата на Бразил има најголеми шанси за освојување на титулата на претстојното Светско првенство во Катар.

Клинсман како играч со Германија ја освои титулата на СП 1990.година, а како селектор на популарните панцири, стигна до трето место на Мундијалот 2006.година.

„Имав голема среќа да учествувам на три Мундијали како играч и на два како тренер. Германија за ова СП има млад тим кој може да стигне далеку, па и да го освои СП. Но според мене фаворит за титулата е Бразил. Јас сум импресиониран како тие ги минаа квалификациите во Јужна Америка кои важат за најтешки. Сигурно тука е и Аргентина со Меси кој може да му донесе титула на својата земја што е неговa голем цeл. Што и да се случи ќе имаме драматично Светско првенство“, изјави Клинсман.


ПСВ Ајндховен негира понуда од Тен Хег за Гакпо

Директорот на ПСВ Ајндховен Марсел Брандс откри дека се сретнал со претставници на Манчестер Јунајтед во летото 2022 година за напаѓачот Коди Гакпо. ПСВ сакаше 50 милиони евра за својот играч.

„Манчестер Јунајтед нема дадено официјална понуда“, рече Брандс во изјава за новинарот Фабрицио Романо на Твитер.

23-годишниот Коди Гакпо е дел од школата на ПСВ Ајндховен. Напаѓачот оваа сезона има 23 настапи во сите натпреварувања, постигнувајќи 13 гола и 17 асистенции.

Договорот меѓу двете страни истекува во 2026 година. Претходно беше објавено дека Манчестер Јунајтед покажува голем интерес за потписот на холандскиот интернационалец.


Сопствениците на Ливерпул го продаваат клубот

Англискиот спортски портал „Атлетик“ пренесува дека компанијата Фенвеј спортс груп (ФСГ) која е сопственик на Ливерпул, одлучила да го продаде славниот фудбалскиот клуб.

Ливерпул е во сопственост на ФСГ од 2010 година кога за купување платија 300 милиони фунти.

Според информациите, сопствениците на клубот ги повикале сите заинтересирани страни да поднесуваат свои понуди. Минатата година „Форбс“ ја процени вредноста на клубот на 4,45 милијарди долари. Компанијата ФСГ одлучи дека во случај на добра понуда е подготвена за продажба на Ливерпул.


Бразил го објави списокот на фудбалери за Катар

Селекторот на бразилската фудбалска репрезентација, Тите, го соопшти конечниот список од 26 фудбалери кои ќе настапат на Мундијалот во Катар.

Екипата која според многу проценки е најголем фаворит за титулата ќе ја предводи Нејмар. На списокот се најде и Габриел Жезус, а како изненадување е името на ветеранот Дани Алвес. Од списокот се изоставени Роберто Фирмињо и Фелипе Кутињо.

Од 26 играчи, само 10 веќе имаат играно на СП, а останатите 16 ќе имаат деби на Мундијалот. Бразил својот собир го започнува идната недела во Торино, каде неколку дена ќе тренираат во тренинг центарот на Јувентус и потоа заминуваат за Катар. 

Бразил во Катар ќе биде во група со Србија, Швајцарија и Камерун.


Чави: Повторно го добивме најтешкиот противник во Лига Европа

Тренерот на Барселона Чави Ернандез изјави дека пред неговиот тим е огромен предизвик, во двомечот од нокаут фазата во Лига Европа против Манчестер Јунајтед.

„Мораме да се натпреваруваме, одиме во Манчестер против квалитетен ривал и клуб со богата историја кој многу напредна со доаѓањето на Ерик тен Хаг. Тие имаат сјајни индивидуалци и повторно го добивме најтешкиот ривал во Лига Европа“ изјави Чави.

Барселона на првиот натпревар на 16.февруари ќе го пречека Јунајтед на Камп Ноу, а реваншот е седум дена подоцна на Олд Трафорд.


Артета сруши рекорд на легендарниот Венгер

Тренерот на лондонскиот Арсенал, Микел Артета, го предводеше тимот до победа во натпреварот од 15. коло од англиската Премиер лига со Челзи (1-0).

За 40-годишен тренер ова беше 87. победа во 150 средби на кормилото на тимот. Според овој показател, тој е најдобар тренер на Арсенал: Арсен Венгер, кој го зазема второто место во оваа ранг листа, има 82 победи. Исто толку победи има и Џорџ Грем (82). Артета беше играч на Арсенал од 2011 до 2016 година, кога ја заврши кариерата. Подоцна, тој беше дел од стручниот штаб на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити, а од декември 2019 година ја започна својата самостојна тренерска кариера во Арсенал.

Оваа сезона тимот под негово водство има освоеноа 34 поени во 13 натпревари од шампионатот на Англија и го зазема првото место на табелата пред Манчестер Сити (32 бода).


Потер не смета на Денис Закарија, во јануари го враќа во Јуве

Челзи ќе се обиде да ја прекине позајмицата на Денис Закарија уште во јануари, пренесуваат медиумите на Островот.

25-годишниот играч за врска пристигна на „Стенфорд Бриџ“ од Јувентус во последните денови од преодниот рок и тоа по желба на Томас Тухел.

Англиските медиуми пишуваат дека Закарија нема да остане во Челзи затоа што не бил во плановите на Потер, кој сака да ја прекине позајмицата уште во јануари.


Артета: Сега може да кажам дека сме кандидати за титулата

Пред почетокот на актуелната сезона се очекуваше дека Ливерпул ќе биде најблиску до Манчестер Сити во борбата за титулата во Премиер лигата, но ситуацијата не е таква.

После 13 одиграни кола Арсенал е лидерот на табелата. Избраниците на Артета имаат 11 победи, едно реми и еден пораз.

„Точно, денес може да се каже дека се бориме за титулата, но утре ќе биде тешко. Треба да видите што направи Манчестер Сити во изминатите шест години.

Го имаат најдобриот тренер и најдобриот тим во светот, покажаа континуитет во секое натпреварување. Ние растеме и стануваме подобри како тим, имаме добри резултати, но сезоната е долга“, изјави Артета.


Кристал Палас го враќа Арон Ван-Бисака

Бекот на Манчестер Јунајтед, Арон Ван-Бисака би можел да му се приклучи на Кристал Палас на позајмица во јануарскиот преоден рок, објави Дејли Меил.

Според изворот, фудбалерот ја загубил довербата кај главниот тренер на „црвените ѓаволи“ Ерик тен Хаг. Ван-Бисака оваа сезона е надвор од првиот тим на Јунајтед бидејќи Португалецот Диого Дало е стартер како десен бек.

Кристал Палас не е единствениот кој се труди да го добие Бисака на позајмица, бидејќи за него се интересира и Њукасл.