фудбал

Жиру добива нов договор на „Сан Сиро“

Напаѓачот на Милан, Оливие Жиру сака да го продолжи договорот со италијанскиот клуб до 2025 година. Според италијанскиот новинар Николо Шира, раководството на Милан ќе се сретне со агентот на Жиру во следните неколку недели за да разговараат за продолжување на договорот.

Двете страни се заинтересирани за продолжување на соработката. Платата на Французинот според новиот договор би можела да биде 4 милиони евра, а самиот француски напаѓач сакаше да потпише договор до 2025 година.

Жиру (36) е во Милан од 2021 година и веќе постигна 23 гола и запиша девет асистенции на 60 натпревари за „росонерите“.


Сопственикот на Евертон побара поддршка од навивачите за тренерот Лампард

Сопственикот на премиерлигашот Евертон, Фархад Мошири, ги повика навивачите на клубот да му
дадат поддршка на тренерот Френк Лампард.
„Понекогаш само треба да бидеме стрпливи. Ги отпуштивме Мартинез, Силва, Куман. Секој од нив
беше добар тренер. Мислам дека треба да му се даде поголемо време на тренерите. Лампард е
вреден и добар тренер, и ние мора да го поддржиме“, изјави Мошири.
Екипата на Евертон во моментот се наоѓа на 18.место на табелата во Премиер лигата со освоени
15 бода, и клубот нема победа на последните осум меча во сите натпреварувања.


Познати номинациите за ФИФА наградите во февруари

ФИФА ги објави номинациите во повеќе категории за најдобри во
2022 година. На церемонијата оваа година ќе бидат прогласени
најдобрите за сезоната 2021/2022, но и посебно најдобрите на
Светското првенство во Катар.
Во битката за најдобар фудбалер конкурираат: Нејмар, Халанд,
Алварез, Белингам, Бензема, Де Брујне, Хакими, Винициус,
Левандовски, Мане, Модриќ, Салах.
За признанието најдобар тренер во игра се: Гвардиола, Анчелоти,
Реграуги, Скалони, Дешамп. Гласањето ќе биде отворено на 3
февруари и ќе трае до 27 февруари.


Платини е кандидат за претседател на Фудбалската Федерација на Франција

Француските медиуми пренесуваат дека поранешниот прв човек на УЕФА, Мишел Платини, се
наоѓа меѓу кандидатите за претседател на Фудбалската Федерација на Франција.
Досегашниот претседател на ФФФ, Ноел ла Гре, си поднесе оставка на позицијата после
состанокот со Извршниот одбор на федерацијата.
Во информациите на медиумите се истакнува и дека претседателот на Франција, Емануел Макрон,
лично го прашал Платини дали е заинтересиран за лидерското место во францускиот фудбал.
67-годишниот Платини беше претседател на УЕФА од 2007.година, до 2015.година. Тој пред
половина година беше ослободен од судот во швајцарија, од обвиненијата за злоупотреба на
должноста и корупција.


Милан го продолжи договорот со Бенасер

Калчолигашот Милан објави дека официјално го продолжи договорот со фудбалерот Исмаел
Бенасер.
Новиот договор со алжирскиот фудбалер е со важност до 2027.година. Тој ќе заработува по 4,2
милиони евра по сезона, плус дополнителни бонуси. Од 2024 година ќе стане активна и откупната
клаузула за фудбалерот која ќе биде во износ од 50 милиони евра.
Бенасер е играч на „росонерите“ од 2017.година кога беше доведен од Емполи за сума од 17
милиони евра.


Почетино спремен да го преземе Челзи ако Потер добие отказ

Поранешниот менаџер на ПСЖ и Тотенхем, Маурисио Почетино е
подготвен да го преземе Челзи. Според „Сан“, 50-годишниот
фудбалски стручњак не би имал ништо против да стане селектор на
лондонскиот тим доколку управата го отпушти Греам Потер и го
повика на тренерската позиција.
Потер стана менаџер на Челзи во септември 2022 година. Во
натпреварот од третото коло од ФА Купот, тимот беше поразен од
Манчестер Сити (0-4) и е елиминиран од турнирот. Во Премиер
лигата „сините“ се на 10. место во Премиер со 25 бода од 17
натпревари.
Последното место на работа на Покетино беше ПСЖ. Тој беше
отпуштен од функцијата главен тренер на тимот во јули 2022 година.


Меси доби неморална понуда од Ал Хилал

Лионел Меси може да му се придружи на Кристијано Роналдо во
првенството на Саудиска Арабија.Според „Мундо Депортиво“, Ал-
Хилал сака да го ангажира напаѓачот на ПСЖ и е подготвен да понуди
плата од 300 милиони долари годишно. Значителен дел од оваа сума
ќе биде издвоен од државната каса. Договорот на Аргентинецот со
неговиот сегашен клуб е пресметан до крајот на оваа сезона. ПСЖ е
во преговори за продолжување.
Да потсетиме дека претходно Кристијано Роналдо се пресели во Ал-
Наср кој е главен ривал на Ал-Хилал во Саудиска Арабија.
Саудијците се надеваат дека потпишувањето на двајца играчи од оваа
големина значително ќе го зголеми интересот за лигата, а тоа, пак, ќе
ги зголеми шансите на земјата да биде домаќин на Светското
првенство во 2030 година.


Тео Хернандез не мрда никаде од Милан, тоа е идеалниот клуб за него

Мануел Гарсија кој му е агент задолжен за трансфери на Тео Хернандез, вели дека левиот бек може да остане до крајот на кариерата во редовите на Милан.

„Секој фудбалер има тим што му одговара. Откако Тео дојде во Милан, се чувствува сакан од сите навивачи и целата околина. Тоа беше совршена комбинација“, вели Гарсија.  

25-годишниот француски интернационалец ги брани боите на „росонерите“ од 2019 година. Досега има одиграно 113 мечеви и постигнато дваесет голови.


Амрабат сака да игра за Атлетико Мадрид

Фудбалерот на Фиорентина,  Софијан Амрабат, има желба да се пресели во Атлетико Мадрид иако за неговите услуги се заинтересирани англиските гиганти, Ливерпул и Тотенхем.

Репрезентативецот на Мароко кој имаше одлични настапи на Мундијалот во Катар, сака да работи под диригентската палка на Диего Сиемоне.

Договорот на Амрабат со „виолетовите“ е до јуни 2024 година. Во него има опција за продолжување за уште една година.


Скалони верува дека Меси ќе игра и на следното Светско првенство

Лионел Скалони не ја исклучува можноста Лионел Меси да учествува на Светското првенство 2026 година.

Меси има 35 години и сигурно ќе му биде тешко да истане на врвот, меѓутоа соиграчите како и селекторот Скалони се надеваат дека ќе биде достапен и за СП во САД, Мексико и Канада.

„Мислам дека Меси може да стигне до следното Светско првенство. Многу ќе зависи од тоа што сака, од тоа дали се чувствува добро. Вратите секогаш ќе бидат отворени. Но, тој е среќен на теренот и би било многу убаво за нас“, порача Скалони.

Меси ја однесе Аргентина до врвот на светот на Мундијалот во Катар, а тоа беше негов петти настап на Светските првенства.