фудбал

Чави го враќа Обамејанг на „Камп Ноу“?

Пјер Емерик Обамејанг ова лето пристигна во Челзи од Барселона, но набрзо може да направи нов трансфер.

Тој дојде во Челзи по барање на Тухел и не добива голема минутажа кај Потер, па сака во јануари да ја промени средината. Шпанските медиуми пренесуваат дека Обамејанг стапил во контакт со Чави и сака да се врати во Барселона.

Каталонците се отворени повторно да го доведат на „Камп Ноу“, но неможат да прават трансфери во јануари поради финансискиот фер-плеј.

Раководството на клубот испратило барање до Ла Лига дали ќе му биде дозволен трансфер на Обамејанг доколку се ослободат од Мемфис Депај или Франк Кеси, па така да отворат простор за неговата плата.


Конте не го пушта Пепе Сар во Салернитана

Менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте, нема да го пушти  20-годишниот фудбалер Папе Сар да си замине во зимскиов трансфер период, објави денес „Скај спорт Италија“.  

За играчот од средниот ред е заинтересирана италијанската Салернитана која има намера да го земе на позајмица.

Репрезентативецот на Сенегал во изминатиот месец забележа три настапа во сите натпреварувања – два во Премиер лигата како замена и еден во ФА Купот како стартер.


Емери го носи својот миленик Гендузи на „Вила парк“

Играчот за врска на Олимпик Марсеј, Матео Гендузи е голема трансфер цел на Астон Вила.

Раководството на Марсеј потврди дека пристигнала понуда од англиски клуб и дека ја разгледува. Гендузи играше во Арсенал и добиваше голема минутажа кај Унаи Емери, а кога Шпанецот замина тој се пресели во Марсеј.

Гендузи игра одлично во Марсеј и доби повик за Светското првенство, а Емери сака повторно да го има во својот тим.

Самиот играч дал согласност за трансферот, па сега треба да се договорат двата клуба.


Меси се израмни со Роналдо

Аргентинецот Лионел Меси повторно заигра за својот клуб Париз Сен Жермен, после освојувањето на светската титула со својата репрезентација. Меси беше стрелец на гол во победата на ПСЖ од 2:0 над Анже. 

За најдобриот фудбалер на Мундијалот во Катар, овај гол беше 696 кој го постигнал за екипи од петте најдобри лиги. Со оваа бројка, Меси се изедначи со Кристијано Роналдо.

Меси во кариерата има постигнато 672 гола во дресот на Барселона, а 24 за ПСЖ. Роналдо има дадено 145 гола за Манчестер Јунајтед, 450 за Реал Мадрид, и 101 во дресот на Јувентус.


Вегхорст пристигнува во Јунајтед

Холандскиот напаѓач Вут Вегхорст постигна договор со Манчестер Јунајтед каде ќе настапува како позајмен играч на Барнли. Оваа вест ја објави познатиот спортски новинар Фабрицио Романо.

Манчестер Јунајтед ја презеде обрската да му исплати обештетување од три милиони евра на Бешикташ, каде Вегхорст играше на позајмица.

Тренерот на Јунајтед, Ерик тен Хаг, ги забележа добрите игри на Вегхорст во дресот на Бешикташ и во националниот тим на СП во Катар, после што се одлучи на негов ангажман до крајот на сезоната.


Астон Вила се засили со Морено од Бетис

Англискиот премиерлигаш Астон Вила преку својот Твитер профил потврди дека во своите редови го доведе фудбалерот Алекс Морено.

Морено во клубот од Бирмингем доаѓа од Бетис, и неговиот трансфер изнесува 15 милиони евра фиксно, плус два милиони евра со дополнителни бонуси.

Тренерот на Астон Вила, Унаи Емери, уште од самото доаѓање на клупата на англискиот клуб, инсистирал да се доведе офанзивен лев бек, а Шпанецот Морено му беше прва желба.


Жоао Феликс пристигна на позајмица во Челзи

Фудбалерот на Атлетико Мадрид и португалски репрезентативец, Жоао Феликс, до крајот на сезоната ќе настапува како позајмен играч во Челзи.

Пред да пристигне во Челзи, Жоао Феликс го продолжи договорот со клубот од Мадрид до јуни 2027. година.

„Челзи е еден од најголемите светски клубови, и се надевам дека ќе му помогнам на екипата да ги исполни своите цели. Среќен сум и многу возбуден што ќе играм на Стемфорд Бриџ“, истакна Феликс.

23-годишниот Португалец својата кариера ја започна во Бенфика, а во Атлетико Мадрид пристигна во 2019.година. За репрезентацијата на Португалија има одиграно 28 натпревари.


Депај ќе биде замената за Жоао Феликс во Атлетико Мадрид?

Атлетико Мадрид денес се раздели со Жоао Феликс, кој замина во Челзи на позајмица со крајот на сезоната.

„Јорганџиите“ сега се во потрага по нов офанзивен фудбалер како негова замена, а прво име на списокот е Мемфис Депај од Барселона. Депај е во втор план па сака да ја промени средината, а и Барселона сака да го продаде во јануари бидејќи на крајот на сезоната ќе замине без обештетување.

Барселона сака да го пушти во јануари и за неговата слобода бара само два милиони евра, а Атлетико Мадрид е спремен да ја искористи ситуацијата.

Интерес за Холаѓанецот покажуваат и неколку клубови од Премиер лигата, но Атлетико сака да ја победи конкуренцијата.


Џерард ја презема полската репрезентација?

Репрезентацијата на Полска беше една од оние што останаа без селектор по завршувањето на Светското првенство, а сега со клупата на оваа репрезентација се поврзува Стивен Џерард.

Чеслав Михниевич не доби продолжување на договорот иако стигна до нокаут-фазата. Тој беше критикуван за премногу дефанзивната тактика со која игра и поради која до израз не може да дојде голгетер како Левандовски.

Од друга страна Џерард е без ангажман откако доби отказ во Астон Вила во октомври. Информациите се дека Полјаците веќе ги оствариле првите контакти. Се очекува да има нова средба на која ќе се види колку Џерард е блиску да стане селектор на Полска.

Ако се оди во добра насока Џерард би можел да биде промовиран во нов селектор на Полска до крајот на месецот.


ПСЖ подготвува нов мега договор за Меси

Шпанска „Марка“ објавува дека таткото на Лео Меси, Хорхе, кој воедно е и негов менаџер,  наводно дал согласност за продолжување на договорот на најдобриот светски фудбалер со Париз Сен Жермен. Актуелниот договор на Меси со клубот од Париз истекува на крајот од сезоната.

Според информациите на „ Марка“, челниците на ПСЖ подготвиле мега понуда за Меси, за која сметаат дека ќе биде невозможно да биде одбиена од Аргентинецот. 

Лео Меси во последните свои изјави вели дека се чувствува среќен во Париз и дека неговото семејство нема против да го продолжи својот престој во главниот град на Франција.