фудбал

Хари Мегваер демантира дека сака да го напушти Манчестер Јунајтед

Англиските медиуми пренесуваат дека капитенот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер, ги демантирал гласините дека сака да го напушти „Олд Трафорд“ бидејќи е незадоволен од минутажата.

„Имав некои здравствени проблеми после моето враќање од Светското првенство во Катар. Сега се чувствувам подобро. Имаме доста добри штопери во екипата, и конкуренцијата е јака, но јас ќе продолжам да се борам за поголема минутажа на теренот“, порача Мегваер.

29-годишниот англиски дефанзивец е член на Манчестер Јунајтед од 2019. година, а претходно има настапувано за Лестер, Хул, Виган и Шефилд. 


Половина тим на Интер повреден пред Суперкупот против Милан

Хакан Чалханолу, Николо Барела и Ромелу Лукаку се повредија по
натпреварот на Интер против Монца.
Овие играчи во текот на денот ќе бидат подложени на тестови за да се
утврди колку се сериозни нивните повреди. Во моментов најголема
грижа е за Чалханолу, кој се жали на болки во бутот. Доколку се
покаже дека неговата повреда е посериозна, тој може да го пропушти
дури и натпреварот од Суперкупот на Италија против Милан.
Во однос на Лукаку се жали на проблем со коленото. Има надеж да се
опорави навреме за пресметката со Милан. Повредата на Барела се
чини дека е најлесна, бидејќи тој превентивно нема да игра против
Парма, но се очекува да биде достапен за средбата со Верона во
сабота.
Во исто време во амбулантата на Интер се уште Марсело Брозовиќ и
Самир Хандановиќ.


Лорис објави репрезентативна пензија

Уго Лорис долги години беше капитен на Франција и сите гледаа на
него како на вистински пример во тимот, но од денеска натаму, Дидие
Дешамп ќе мора да бара нов лидер во француската репрезентација.
Дешамп пред два дена го продолжи договорот со Франција и останува
национален селектор уште три години, а вечерва доби вест дека веќе
нема да може да смета на искусниот голман на Тотенхем.
Лорис реши да стави крај на репрезентативната кариера на 36-
годишна возраст, па така поразот во финалето со Аргентина е негов
последен меч за националниот тим.
„Едноставно доаѓа време кога мора да ги предадете ракавиците на
некој друг. Oтсекогаш сум велел и повторувал дека францускиот тим
не му припаѓа никому и мораме сите да се погрижиме да биде така.


Рио го советува Мегваер да си замине од Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед е во позитивна серија од пет последователни
победи по Светското првенство во Катар, а од сите пет меча, Хари
Мегваер беше стартер само на еден.
Ерик Тен Хаг на два натпервари одлучи да го игра Лук Шо како
стопер на местото на капитенот на Јунајтед, што според Рио
Фердинанд е повеќе од јасен сигнал дека Хари мора да си замине од
Манчестер.
Фердинанд се обиде да се стави во кожа на стоперот кој беше
стандарден стартер во тимот на Саутгејт на турнирот во Катар,
предолжувајќи му да го искористи овој јануарски преоден рок за да си
оди од клубот.
„Би му рекол на Хари да си оди веднаш. Да бев на негово место,
немаше да чекам. Лук Шо почна да игра како стопер на негово место.
Тоа е исто како јас да се вратам од Светско првенство, да играм добро,
а потоа на мое место да игра Патрис Евра во тимот“, рече Рио.


Недоразбирања на Чави и Лапорта околу Рубен Невеш

Евентуален трансфер на Рубен Невеш во Барселона може сериозно да ги наруши односите помеѓу тренерот Чави и претседателот Лапорта, пренесува „АС“.

Барселона мора да донесе замена за Бускетс, кој на крајот на сезоната заминува од клубот, па потрагата веќе започна. Чави инсистира како наследник на Бускетс да пристигне Асиер Иларименди од Реал Сосиедад. Во исто време претседателот Лапорта преферира да го купи Невеш од Вулверхемптон.

Невеш на лето влегува во последната година од договорот, па неговата цена драстично ќе се намали и тој трансфер ќе биде полесен за реализација.

Меѓутоа, Португалецот не е профил на играч за врска каков што сака 

Чави, па тоа може да донесе до голем конфликт помеѓу двајцата.


Реал му нуди нов договор на Марко Асенсио, но со помала плата

Реал Мадрид е подготвен да го задржи Марко Асенсио во својот тим и следната сезона. Договорот на играчот истекува на лето, но клубот е подготвен да му понуди нов. Сепак, тоа ќе биде на многу пониски финансиски параметри од оние што ги добива играчот од средниот ред во моментов, пишуваат медиумите од Шпанија.

Асенсио мора да процени дали таквата понуда му одговара. Во оваа фаза тој и неговиот агент Жорж Мендеш не брзаат да ја прифатат понудата на Реал Мадрид и сакаат да ги разгледаат сите можни опции. Исто така, можно е Асенсио да ја прифати понудата на Реал и да продолжи да игра на „Сантијаго Бернабеу“, по примерот на Серхи Роберто, кој на сличен начин прифати помала плата за да остане во Барселона.

Од друга страна, пак, Асенсио не е особено задоволен од неколкуте минути игра што ги добива и се чини дека тешко ќе се избори со конкуренцијата на Родриго и Феде Валверде за место на десното крило од нападот.


Челзи не запира, преговара со Борусија Менхенгладбах за Маркус Турам

Раководството на Челзи сака значително да го засили тимот во зимскиот преоден рок и работи на неколку трансфери.

Денес „сините“ постигнаа договор со Атлетико Мадрид за шестмесечна позајмица на Жоао Феликс, за која ќе платат 11 милиони евра. Меѓутоа, тоа не е се, бидејќи медиумите пренесуваат дека Челзи работи и на трансферот на Маркус Турам од Борусија Мехенгладбах.

Турам оваа сезона игра одлично, веќе има 10 гола во Бундеслигата, а неговиот договор истекува на крајот на сезоната.

Мехенгладбах не сака да го загуби Турам без обештетување, па е спремна да го продаде во јануари за „само“ 12 милиони евра.

За него интерес покажуваат неколку европски гиганти, но Челзи е спремен да ја победи конкуренцијата.


Хуго Лорис нема повеќе да настапува за Франција

Француските медиуми објавија дека голманот и капитен на француската фудбалска репрезентација, Хуго Лорис, става крај на својата репрезентативна кариера.

„ Не е лесна ваквата објава, но после 14 години носење на репрезентативниот дрес, кој го носев со огромно задоволство и гордост, со чувство на должност и одговорност, верувам дека стигнав до крајот“, изјави Лорис.

36-годишниот голман беше капитен на Франција на Мундијалот во 2018.година кога „триколорите“ станаа светски прваци. Тој беше капитен и на неодамна завршеното СП во Катар, каде Франција го освои второто место. Лорис одигра вкупно 145 натпревари за репрезентацијата на Франција.


Жоао Феликс заминува на позајмица во Челзи

Шпанскиот весник „Марка“ пренесува информација дека фудбалерот на Атлетико Мадрид и репрезентативец на Португалија, Жоао Феликс, до крајот на сезоната ќе настапува како позајмен играч во Челзи.

Челзи за услугите на Феликс ќе плати обештетување од 11 милиони евра. Клубот од Лондон се согласи да го исплаќа целосниот износ на платата на Португалецот, но во договорот не стои клаузула според која Челзи треба да го откупи играчот на крајот од сезоната.

Според Марка, во Атлетико Мадрид се свесни за желбата на Феликс да заигра за друг клуб, и ќе му дозволат на фудбалерот да замине на позајмица бидејќи не се потребни проблеми во тимската соблекувална.

Жоао Феликс е фудбалер на Атлетико од 2019.година. кога за 127 милиони евра беше доведен од Бенфика.


Претседателот на Француската федерација му се извини на Зидан

Претседателот на Фудбалската федерација на Франција, Ноел Ле Гре
се извини за нападот кон Зидан со изјавата која предизвика бура во
јавноста. „Немам што да кажам, нека оди каде што сака без разлика
дали е клуб или репрезентација. Мене тоа не ме интересира. Се
обидел ли да ми се јави? Не, но и да ме побара јас не би му се јавил“,
гласеше изјавата на Ле Гре.
По неговата изјава се огласи и Килијан Мбапе кој застана во одбрана
на Зидан.
„Зидан е Франција, ние не треба да покажуваме такво непочитување
кон нашите легенди“, објави Мбапе. Очигледно дека Ле Гре сфати
дека погреши, па брзо се извини.
„Ова беше недоразбирање. Би сакал лично да се изјава за овие
коментари, тие воопшто не го рефлектираат она што јас го мислам за
него како фудбалер и како тренер“.