фудбал

Манчестер Јунајтед заинтересиран за ветеранот Џеко

Според пишувањата на Калчо Меркато, фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед ќе се обиде да го привлече напаѓачот на Интер, Един Џеко.

Раководството на „црвените ѓаволи“ и тренерот Тен Хаг се во потрага на голгетер кој ќе го замени Кристијано Роналдо кој го напушти клубот и остави празнина на таа позиција во тимот.

36-годишниот босански ветеран има договор со Интер до летото 2023 година, и можно е да пристигне во Јунајтед за поволна цена. Претходно е објавено дека екипата од Олд Трафорд е зинтересирана и за напаѓачите Вут Вергхорст и Венсан Абубукар.

Одлуката за тоа кој од овие напаѓачи ќе потпише договор со Манчестер Јунајтед се очекува во наредните денови.


Ал-Наср го сака и Пепе во своите редови

После пристигнувањето на Кристиjано Роналдо, Ал-Наср сака да
направи респектабилен тим и да доведе други звучни имиња.
Роналдо секако ќе има големи влијание и на трансфер политиката во
клубот и во доведувањето на нови фудбалери. Имено тој побарал од
челниците на Ал Наср да го доведат Пепе, неговиот голем пријател, со
кого заедно играа во Реал Мадрид.
Пепе иако е во фудбалска зрелост се уште игра на високо ново, тоа го
покажа и на Мундијалот, па е отворен да му се придружи на Роналдо
во Саудиска Арабија.


Американецот Муса желба на Клоп за зимско засилување на Ливерпул

20-годишниот играч на Валенсија, Муса, може да добие покана да се пресели во редовите на Ливерпул.

Фудбалерот кој е роден во Њујорк има 84 настапи, 5 голови и 3 асистенции за шпанскиот клуб. Американецот има договор со Валенсија до 2026 година а неговата цена трансферна цена е околу 25 милиони евра.

Според медиумите, за потписот на Муса се заинтересирани и челниците на Челзи.


Мегваер нема да замине од Манчестер Јунајтед зимава

Фудбалерот, Хари Мегваер, нема да го напушти составот на Манчестер Јунајтед иако се појавија шпекулации дека за неговиот потпис се заинтересирани челниците на Астон Вила.

Англискиот дефанзивец иако главно седи на клупата за резерви, сепак ќе ја доигра сезоната на стадионот – „Олд Трафорд“. Тој има скромни 13 настапи.

Тренерот на „црвените ѓаволи“, Тен Хаг, неодамна изјави дека корпулентниот халф ќе биде во комбинација за  продолжението од шампионатот.


Реал во јуни го продава Ферлан Менди

Ферлан Менди според многумина е „најслабата алка“ во овој тим на Реал Мадрид и „кралевите“ на лето ќе се обидат да му пронајдат замена.

„Марка“ пишува дека Реал Мадрид одбил да му го продолжи договорот кој му истекува во 2025 година и логично е поради тоа Французинот да не е негов приоритет. Напротив, Менди на лето ќе биде на трансфер листата. Французинот игра слабо обаа сезона, не беше повикан и на СП, а во вчерашниот пораз од Виљареал беше директен виновник за првиот гол на „жолтата подморница“.

Шпанските извори тврдат дека Менди сигурно ќе биде продаден и Анчелоти на лето ќе бара нов лев бек.


Лапорта негира дека Барса ќе купува во зимскиот преоден рок

Жоан Лапорта во интервју за каталонските медиуми ги коментираше
сите актуелни теми во клубот.
Лапорта призна дека се уште не се во линија со параметрите за

Финансиски фер-плеј и потврди дека нема да има трансфери во
јануари.
„Нема да правиме трансфери во јануари, освен ако не се случи нешто
неочекувано. Ја завршивме работата во летото и имаме тим кој е
способен да се бори за титули. Осман Дембеле не е на продажба исто
како и Ансу Фати. Што се однесува до Бернардо Силва ние нема да
дадеме 80 милиони евра за него. Морав да ги поставам интересите на
Барселона над најдобриот играч во историјата. Немав можност да го
задржам и тоа беше најдобрата одлука за клубот. Сега Меси е дел од
ПСЖ и не би сакал да зборувам за него, фокусиран сум на
Барселона“, изјави Лапорта.


Елмас: За доброто на Наполи би играл и голман

Елиф Елмас имаше значително влијание во победата на Наполи синоќа против Сампдорија на гостувањето, каде победија со 0-2.

Македонскиот интернационалец беше стрелец на вториот гол, погоди од пенал и ја потврди одличната форма, негова и на клубот, а со овие бодови, Наполи се промовираше во есенски шампион во Серија А.

Очигледно дека расположен, позитивен и во форма Елмас, им е потребен на Наполи.

„Беше тешко, но ги заслуживме бодовите. Пенал шутира тој кој е сигурен дека ќе погоди, јас бев сигурен во тоа. Тренерот ми дава задачи на повеќе позиции и јас немам проблем со тоа. Доколку тренерот ме стави и на голманската позиција, нема да имам проблем и да бидам голман, секогаш ќе го дадам максимумот за овој тим“, порача Елиф Елмас.


Бенфика под полициска истрага за местење натпревари

Португалскиот фудбалски гигант Бенфика, е под истрага на полицијата од оваа земја поради сомневање за наместени натпревари од 2016. и 2020. година.

Основа за започнување на истрагата биле информациите кои стигнале во јавноста после хакерските напади на голем број клупски документи. Под истрага се сите членови на управата на Бенфика од тој период, меѓу кои и актуелниот претседател Руи Коста, како и поранешниот челник Луис Фелипе Вијеира.

Според информациите од португалската полицијата, истрагата е започната на 3.јануари оваа година.


Гвардиола му даде поддршка на Потер по дуелот во ФА Купот

Манчестер Сити го елиминира Челзи од ФА Купот со 4-0 во натпревар во кој лондонскиот клуб дозволи само еден удар кон противничкиот гол.

Гневните навивачи на Челзи го скандираа името на поранешниот менаџер Томас Тухел, разочарани од настапите на тимот под водство на Греам Потер, а во одбрана на Потер дојде менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола.

„Му треба време. Би му рекол на сопственикот на Челзи, Тод Боли дека мора да му даде време на Греам. Знам дека резултатите се важни во големите клубови, но дајте му време на човекот. На сите тренери им треба време. Особено во првата сезона. Имав резултати во Барселона, но јас го имав Лионел Меси и тоа е доволно“, изјави Гвардиола.

Потер го презеде Челзи во септември и во 18 натпревари претрпе шест порази со осум победи. Челзи моментално е на десеттото место во Премиер лигата и заостанува 10 бода зад Манчестер Јунајтед кој го држи местото кое води во Лигата на шампионите.


Арсенал убеден во договор со Михаило Мудрик

Познатиот спортски новинар Фабрицио Романо изјави дека лондонски Арсенал е сигурен во потписот на напаѓачот на Шахтјор, Михаило Мудрик во зимскиот преоден рок.

„Секако дека Арсенал е уверен и Артета исто така е сигурен во овој договор. Но, постигнувањето договор со Шахтјор е клучно. Тие беа толку силни во преговорите дури и во август кога одбија 30 милиони евра од Евертон, што беше одлична понуда. Во овој момент од преговорите, не беше спомената временска рамка, тие продолжуваат“, напиша Фабрицио Романо во својата колумна.

Да напоменеме дека лондонскиот тим се нарекува главен претендент за потписот на 21-годишниот фудбалер. Самиот Мудрик е исто така заинтересиран за преселба во Арсенал, во кој е неговиот сонародник Александр Зинченко.