фудбал

Бобан негира дека саудиски екипи ќе играат во ЛШ

Италијанскиот „Кориере дело Спорт“ вчера објави дека УЕФА донела одлука следната сезона еден арапски тим да игра во Лигата на шампионите, но денес Звонимир Бобан кој е еден од главните оперативци во европската куќа на фудбалот ги демантираше овие најави.

Во изјава за „Вечерњи лист“, Бобан истакна дека станувало збор за глупости и измислици кои немаат врска со реалноста.

„Тоа се глупости и измислици од наводно сериозен весник од Италија. Сериозни новинари или новински куќи прашуваат дали е нешто вистина или не, не пишуваат глупости.

Во Лигата на шампионите, како и сите други натпреварувања на УЕФА ќе играат само европски клубови, тоа го повторил и претседателот Чеферин повеќе пати“, изјавил Бобан.


Познати трите кандидати за играч на сезоната според УЕФА

УЕФА ја објави листата на тројца финалисти за изборот на „Фудбалер на годината“ на церемонијата која ќе биде одржана на 31. август за време на ждрепката за групната фаза за Лигата на шампионите.

Лионел Меси кој ја предводеше Аргентина до освојување на Светското првенство ќе води битка со Ерлинг Халанд и Кевин Де Брујн од Манчестер Сити.

Покрај тројцата финалисти гласови добиле уште: Илкај Гундоган (129), Родри (110), Килијан Мбапе (82), Лука Модриќ (33), Марсело Брозовиќ (20-), Деклан Рајс (14), Алексис Мекалистер (12) и Хесус Навас (6).

УЕФА ќе избира и тренер на годината, а за ова признание ќе се борат Пеп Гвардиола, Лучијано Спалети и Симоне Инзаги. Нема дилеми дека Гвардиола кој го водеше Сити до европската и англиската титула е главен фаворит.


Андоновски си поднесе оставка по американскиот неуспех на Мундијалот

Нашиот фудбалски тренер, Влатко Андоновски, ќе го напушти
кормилото на селекцијата на САД откако не успеа да влезе ниту во
четвртфиналето на Светското првенство.
Неговиот тим беше елиминиран од Шведска по изведувањето на
пенали. Според најавите, Андоновски може да го преземе кормилото
на Канзас Сити.

Тој ја доби селекторската улога во САД во 2019 година.


Луиз Максимијано од Лацио се сели во Алмерија

during the Serie A match between SS Lazio and Bologna FC at Stadio Olimpico on August 14, 2022 in Rome, .

Луис Максимијано ќе си замине од италијанскиот Лацио и ќе застане
меѓу стативите на голот на Алмерија, потврдија од шпанскиот
фудбалски клуб преку социјалните мрежи.
24-годишниот голман треба да остане во Примера Дивизион една
сезона а потоа има можност да биде откупен за околу 10 милиони
евра.
Луис во претходната сезона во дресот на „римските орли“ бранеше на
шест натпревари.


Луис Хол од Челзи се сели во Њукасл

Њукасл испратил понуда за постојан трансфер на талентираниот
дефанзивец на Челзи, Луис Хол, информира „Скај Спортс“.
Лондончани процениле дека 18-годишниот лев бек вреди минимум 30
милиони фунти но, дека е најдобра варијанта првично да оди на
позајмица.
Од друга страна, младинскиот репрезентативец на Англија сака
перманентен трансфер. Интересно е тоа што Хол пред само две
недели потпиша нов шестгодишен договор со „сините“.


Барса и Ансу Фати најавија разделба уште ова лето

Ансу Фати важеше за еден од најголемите таленти на „Ла Масија“, но до сега не го покажа во целост својот потенцијал.

После уште една слаба сезона падна во втор план кај Чави и е спремен да го напушти клубот ова лето.

Барселона исто така е спремна да слушне понуди, па неговиот агент Жорге Мендеш веќе му бара нов клуб. Мендеш не е задоволен од третманот кој го има неговиот клиент во Барселона и веќе разговарал со неколку клубови.

Најсилен интерес за шпанскиот талент има од Премиер лигата, а Барселона очекува понуди во наредните денови.


Тимбер мора на операција, го чека долга пауза

Новото засилување на фудбалскиот тим Арсенал, Јуриен Тимбер, имаше малерозен старт на сезоната и заработи потешка повреда.

Тој ги оштети лигаментите на десното колено и ќе мора да оди на рехабилитира барем неколку месеци, потврдија денеска – „топчиите“. Голгетерот се повреди на средбата против Нотингем Форест во првото коло од Премиер лигата.

Ќе потсетиме дека Холанѓанецот беше купен од Ајакс за 38 милиони евра вклучително и бонуси.


Зиелински одби да премине во Саудиска Арабија и ќе остане во Наполи

Полскиот фудбалски репрезентативец, Пјотр Зиелински, ја одбил понудата на Ал-Ахли од Саудиска Арабија само за да остане во Наполи, тврдат денеска Скај Спорт Италија и Калчомеркато.

29-годишниот играч од средниот ред се согласил да добие помала плата само да ја продолжи соработката со италијанскиот шампион.

Иако имаше шпекулации дека за неговиот потпис е заинтересиран и Лацио, Полјакот нема намера да ја менува средината.


Бјелица го враќа Адеми во Европа, македонскиот репрезентативец во Трабзонспор?

Velika Gorica, 081221. Zracna luka Franjo Tudjman. Odlazak GNK Dinama u London na utakmicu 6. kola skupine H UEFA Europske lige protiv domacina West Hama. Na fotografiji: Arijan Ademi. Foto: Ronald Gorsic / CROPIX

Аријан Адеми би можел наскоро да се врати во Европа бидејќи
интерес за него покажал Трабзонспор.
Според информациите на турските медиуми, Трабзонспор
започнал преговори со Пекинг Гуан за позајмица на македонскиот
репрезентативец. Засега нема најави каков би бил исходот на
преговорите.
Сепак, турските медиуми истакнуваат дека Трабзон по секоја цена
сака да се засили со искусен играч за врска кој ќе помага и во
одбраната. Покрај Адеми во игра се уште неколку имиња, но
нашиот фудбалер е прва мета поради хрватскиот стратег Ненад
Бјелица.


Деко промовиран во нов спортски директор на Барселона

Португалецот Деко кој со голем успех го носеше дресот на
Барселона од 2004 до 2008 година се врати во Каталонија и сега
ќе има улога на спортски директор.
Деко денес беше промовиран за нов спортски директор, а
договорот кој го потпиша е со важност на три години. Ова
именување на Деко за спортски директор не е преголемо
изненадување затоа што Португалецот од мај помагаше во
трансферите на Барселона.
На позицијата Деко го наследува Метју Алемани кој официјално
ќе си замине на 2-ри септември, односно со завршувањето на
летниот преоден рок. Дотогаш Деко и актуелниот спортски
директор ќе работат заедно.