фудбал

Симеоне од Верона ќе биде замената за Але во Борусија Дортмунд?

VERONA, ITALY – OCTOBER 30: Giovanni Simeone of Hellas Verona FC celebrates after scoring his team’s second goal during the Serie A match between Hellas Verona and Juventus at Stadio Marcantonio Bentegodi on October 30, 2021 in Verona, Italy. (Photo by Emmanuele Ciancaglini/CPS Images/Getty Images)

Сериозните здравствени проблеми на Себастиен Але ги принудија челниците на Борусија Дортмунд да бараат нов голгетер.

Фудбалерот кој беше купен од Ајакс за 31 милион евра има тумор на тестисите и ќе мора да оди на хемотерапија. Прашање е дали воопшто и ќе се врати на фудбалските терени.

Затоа „милионерите“ планираат да испратат понуда до Џовани Симеоне. 27-годишниот играч на Верона во изминатата сезона имаше 17 голови и пет асистенции во Серија А.


За Роналдо има само два кандидати за првак на Италија

Легендата на бразилскиот и светскиот фудбал, Роналдо во интервју за „Газета дело Спортз“ зборуваше за новата сезона во италијанската Серија А.

За Роналдо екипата на Милан сезонава не е помеѓу главните кандидати за Скудетото, тој очекува со Лукаку Интер повторно да биде главниот фаворит. Покрај „нероаѕурите“ очекува во врвот да биде и Јувентус.

„Според мене Интер и Јувентус ќе водат жестока битка за титулата. Милан не го гледам како фаворит за Скудетото, иако секако никако не може да го отпишете актуелниот шампион.

За Интер добра вест е враќањето на Лукаку, веќе видовме дека може да направи голема разлика во Серија А. Знаеме каков тандем можат да бидат со Лаутаро. Од друга страна Јувентус не смее да си дозволи уште една лоша сезона“, изјави Лукаку.


Њукасл се вклучи во трката за Вернер

Њукасл Јунајтед влезе во прелиминарни преговори за позајмица на напаѓачот на Челзи, Тимо Вернер со опција за откуп на крајот на сезоната, пишува Мирор.

Претходно беше објавено дека напаѓачот е подготвен да се врати во РБ Лајпциг, каде на последните 45 натпревари одиграни на теренот постигна 34 гола. Сепак, ниту Њукасл ниту РБ Лајпциг не се подготвени да го задоволат барањето на германскиот напаѓач и да му плаќаат 270.000 фунти неделно. Потоа се покажа дека Вернер сè уште е подготвен да се согласи за намалување на платата за да се пресели во германското првенство.

Во 37 натпревари во сите натпреварувања минатата сезона Тимо Вернер постигна 11 гола и даде шест асистенции. Неговиот договор со лондонскиот клуб истекува во 2025 година. Пазарната вредност на напаѓачот се проценува на 35 милиони евра.


Ибрахимовиќ: Ќе умре фудбалот ако се откажам

Златан Ибрахимовиќ моментално е на одмор на Сардинија, но тоа не го спречи уште еднаш да ја покаже својата самодоверба.

На прашањето на еден фан на социјалните мрежи кога планира да ја заврши кариерата, шведскиот напаѓач напиша: „Никогаш! Ако се откажам, фудбалот ќе умре“.

Ибрахимовиќ неодамна потпиша нов договор со Милан до летото 2023 година, иако претрпе тешка операција на коленото и се уште не е јасно кога може да се врати на терените.


Челзи му го „краде“ Де Јонг на Манчестер Јунајтед?

Шпанскиот весник Спорт пренесува дека фудбалерот на Барселона Френки де Јонг би можел својата кариера да ја продолжи во Челзи.

„Спорт“пренесува дека Челзи пронајде начин како да го доведе Де Јонг во Барса, откако еден од сопствениците на клубот од Лондон Тод Боели и претседателот на Барселона Жоан Лапорта наводно се договориле Де јонг да се пресели во Челзи во замена за пари плус фудбалерите Маркос Алонсо и Цезар Азпиликуета.

Да се потсетиме дека Барселона претходно се договори со Јунајтед во врска со трансфер на Де Јонг, меѓутоа холандскиот фудбалер одби да прејде во екипата од Олд Трафорд.


Трансферот на Кукуреља во Сити пред пропаѓање

Првите луѓе на фудбалскиот состав Брајтон одлучија да ги прекинат преговорите со Манчестер Сити за фудбалерот Марк Кукуреја додека не ги добијат бараните 50-те милиони фунти.

Бидејќи „Граѓаните“ остануваат на понудените 30-ет, веројатно трансферот нема да се реализира, објавија денеска медиумите во Англија.  

Кукуреја кој потекнува од школата на Барселона, пред да дојде на Островот за 15 милиони евра играше во екипата на Гетафе.


Артета најави уште засилувања за новиот Арсенал

Тренерот на фудбалерите на Арсенал, Микел Артета, посакува уште две засилувања за да може да направи баланс на теренот.

„Топчиите“ во текот на летово ги купија Жезус и Зиченко од Манчстер Сити, потоа Фабио Виеира, голманот Тарнер и Маркоњос за околу 140 милини евра.

„Сакам совршен баланс на екипата. Ќе видиме што ќе понуди трансфер-пазарот до крајот на летото“, рече Артета.


Кевин Трап прва желба за голманското место во Наполи

Наполи доколку не успее да го ангажира Кепа Аризабалага од Челзи, ќе се насочи кон голманот на Ајнтрахт, Кевин Трап.

32-годишниот  фудбалер во претходната сезона 2021/22, прими 61 гол на 45 натпревари во сите конкуренции.

Германецот, кој е поранешен член на Пари Сен Жермен, се проценува на 7 милиони евра.


Фирмино останува во Ливерпул и покрај понудата на Јуве

Роберто Фирмино одговори на шпекулациите дека би можел да го напушти Ливерпул. Интерес за него има од Јувентус, а Бразилецот има договор со „црвените“ на уште една година.

Јирген Клоп нема желба да се раздели со него, но според англиските медиуми тој ќе биде пуштен ако сака да си замине.

Фирмино вчера стартуваше на мечот за „Комјунити шилд“ кој Ливерпул го доби со 3-1 против Манчестер Сити. По натпреварот тој беше прашан од бразилски новинар за неговата иднина.

„Го сакам овој клуб, градот и навивачите. Сакам да останам, секако“, одговори Фирмино.


Голманот Лено го напушта Арсенал

Новинарот Фабрицио Романо јавува дека голманот Бернд Лено дефинитивно го напушта Арсенал и ќе потпише за Фулам.

Иако од Арсенал за услугите на Лено бараа 13 милиони евра, сепак решија да ја намалат цената после преговорите и да го продадат во Фулам за 9,5 милиони евра.

Бернд Лено во Арсенал пристигна од Леверкузен во 2018 година за 25 милиони евра. Првите три сезони беше прв голман во тимот, но потоа го загуби местото од неговиот колега Рамсдејл.