фудбал

Легендарниот Клосе почнува тренерска кариера, ќе го води австриски Алтах

Мирослав Клосе кој важи и за еден од најдобрите голгетери во историјата на фудбалот како што стојат работите ќе се врати на тренерската работа.

Клосе од март е без ангажман откако доби отказ во австрискиот клуб Алтах.

Според информациите на германскиот „Скај“, Клосе е еден од кандидатите за нов тренер на германскиот второлигаш „Скај“. На клупата на овој тим светскиот шампион од 2014 година би го наследил Дирк Шустер.

Во овој момент Кајзерслаутен е на 11. место на табелата со 18 бодови и серија од три порази во низа. В сабота ги очекува натпреварот против Магдебург на гостински терен.


Белингам се здоби со нова повреда, се жали на болки во зглобот

Ѕвездата на Реал Мадрид, Џуд Белингем има нов проблем. Англичанецот има болки во скочниот зглоб уште од мечот со Наполи, пишува „Кадена Сер“.

Играчот од средниот ред се појави на денешниот тренинг на мадриѓани, но не учествуваше во тренингот со главната група. Наместо тоа, трчаше сам, а потоа се врати во соблекувалната.

Според тренерот Карло Анчелоти, Белингем е под лекарски надзор и ќе биде на располагање за претстојниот натпревар со Гранада.


Нико Вилијамс го продолжи договорот со Атлетик Билбао

Шпанскиот репрезентативец и член на Атлетик Билбао, Нико Вилијамс, потпиша нов договор со клубот. Офанзивниот фудбалер се обврза на верност кон Баскијците до летото 2027 година.

Актуелниот договор на 21-годишниот играч беше до лето. Интерес за него имаше од повеќе клубови, меѓу кои и Барселона, но тој реши да им остане верен на Баскијците.


Чалоба ги лекува раните во одбраната на Милан

Милан се соочува со голем број на повредени фудбалери, особено во дефанзивата, па приоритет во зимскиот преоден рок ќе биде доведување на дефанзивец.

Прв на листата желби е младиот дефанзивец на Челзи, Тревор Чалоба кој не добива голема минутажа на „Стенфорд Бриџ“.

Тој не добива голема минутажа кај Почетино, па Челзи е спремен да слушне понуди за него.

Миланскиот гигант веќе стапил во контакт со неговиот агент и сака да го доведе на позајмица со право на откуп.


Ндиди од Лестер интересен за големата Барселона

Барселона е силно заинтересирана за дефанзивниот играч за врска на Лестер, Вилфред Ндиди, пренесуваат медиумите на Островот.

Чави сака еден играч од средниот ред со дефанзивни карактеристики, но клубот нема голем буџет на располагање. Ндини игра одлична сезона со Лестер во Чемпионшип, а договорот со Лестер му истекува на крајот на сезоната, па Барселона сака да го доведе во јануари за симболична сума.

Нигериецот своевремено беше доведен како наследник на Канте, а и минатата сезоната беше една од ретките светли точки во тимот.


Евертон ризикува нова казна со одземање бодови

Евертон неодамна беше казнет со одземање на 10 бодови поради регулативите за финансиски фер-плеј а до крајот на годинава ќе треба да испрати финансиски извештај за сезоната 2022/23.

Ако се утврдат нови нерегуларности, „карамелите“  повторно ќе бидат казнети со одземање на бодови.

Евертон во период од три години ја помина дозволената финансиска граница на Премиер лигата кога станува збор за негативно салдо.


Донел Мален е во бележникот на Јирген Клоп

Луѓето од Ливерпул планираат во наредното лето да испратат понуда до фудбалерот на Борусија Дортмунд, Мален, велат последните информации на „Билд“.

24-годишниот играч и пред две сезони влегуваше во плановите на „црвените“ но, трансферот не се случи.

Крилниот напаѓач за „милионерите“ има одиграно 91 натпревар со ефект од  24 голови и 16 асистенции.


Алиоски во јануари се враќа во швајцарскиот фудбал?

Репрезентативецот на Македонија, Езџан Алиоски во јануарскиот преоден рок најверојатно ќе има нов клуб, а според најавите од Швајцарија тој би можел по седум години да се врати во оваа земја.

Алиоски во овој момент е под договор со Ал-Ахли, меѓутоа веќе некое време не е во плановите на клубот од саудиска Арабија и скоро и да не добива минутажа. Сега се најавува дека би можел да се врати во Швајцарија каде што во минатото го носеше дресот на Лугано, Шафхаузен и Јанг Бојс. Самиот Алиоск иво изјава за швајцарскиот „Спорт“ потврди дека опцијата за враќање во Швајцарија е отворена.

„Зошто да не? Се е отворено…Со Швајцарија имам многу заеднички работи. Среќен сум во Саудиска Арабија, имам валиден договор, меѓутоа работите во фудбалот брзо се менуваат. Ќе видиме што ќе се случува“, изјави Алиоски.


Гросо доби отказ по само седум натпревари во Лион

Фабио Гросо ќе ја напушти тренесраката функција во екипата на Лион. Според информациите кои се објавени, управата на францускиот клуб донела ваква одлука поради незадоволителните резултати на тимот. 

Отказот на 46-годишниот тренер ќе биде официјално објавен во следните неколку часа. В.д. тренер ќе биде назначен Пјер Сејџ, кој моментално работи во академијата на Олимпик Лион.

Да потсетиме, Фабио Гросо го презеде францускиот клуб на 16 септември оваа година. Претходно, тој помина две години од својата играчка кариера во Лион – од 2007 до 2009 година.

Откако ја заврши кариерата во 2012 година, Гросо беше тренер на младинскиот тим на Јувентус, како и на Бари, Верона, Бреша, Сион и Фросиноне, со кои ја освои титулата во Серија Б на крајот од минатата сезона.


Се воведува портокалов картон во фудбалскиот свет

Меѓународнот тим за фудбалски правила потврди дека во фудбалот покрај жолт и црвен ќе се воведе и портокалов картон.

Портокаловиот картон ќе значи привремено исклучување и ќе се добива за недолично однесување.

Фудбалерот кој ќе добие портокалов картон ќе мора да оди на „ладење“ десет минути, а потоа ќе се врати на теренот. Интересно е што овој карто нема да го покажува главниот, туку четвртиот судија на теренот.

Овој новитет прво ќе почне да се користи во вториот ранг на англиски фудбал, Чемпионшип и тоа од сезоната 2024/25.