фудбал

На денешен ден е роден Вејн Руни

Роден: 24.10.1985 г

Место на раѓање: Ливерпул, Мерсисајд, Англија

Возраст: 37 години

Тој е еден од двајцата англиски фудбалери кои ја освоиле Премиер лигата, ФА Купот, Лигата на шампионите на УЕФА, Лига Купот, Лигата на Европа на УЕФА и Светското клупско првенство на ФИФА.


Кин: Кристијано Роналдо не е фолирант

Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, Рој Кин, застана во одбрана на Кристијано Роналдо кој е префрлен во вториот тим поради непромислениот потег на дуелот со Тотенхем кога пред време го напушти стадионот. „Се обидувам ги согледам работите од негова страна. Очигледно е дека ситуацијата во која се наоѓа му дојде „преку глава“. Tој е човек има недостатоци. Затоа сум на негова страна. Денешниот фудбал е полн со фолиранти, тој не е еден од нив. Тој е играч од светска класа“, потенцираше легeндата на „црвените ѓаволи“.


Гвардиола: Де Брујне може многу подобро од ова

Менаџерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, проценува дека Кевин де Бруин не ги покажува вистинските квалитети во тековнава сезона иако репрезентативецот на Белгија е лидер по бројот на асистенции.


„Кевин може многу подобро. Разговаравме за тоа и тој самио потврди. Свесен е дека не игра во најдобра форма“, потенцира Гвардиола. Вo летото во 2015 година Де Бруин му се приклучи на Манчестер Сити за клупски рекорд од 54 милиони фунти.


Тајсон Фјури купува третолигаш од Англија

Англискиот ББЦ пренесува дека светскиот боскерски шампон во тешка категорија во ВБЦ верзијата, Тајсон Фјури, има намера да го купи фудбалскиот клуб Морекомб кој настапува во третата англиска лига.

Фјури и самиот живее во градот Морекомб и навива за истоимениот клуб.

„Размислувам за купување на Морекомб. Во моментот играат во третата лига и затоа сакам да вложам неколку милиони во клубот и да му помогнам. Веќе сум сопственик на тренинг центар и теретана во клубот, па не гледам причина зошто да не го купам и целиот клуб и да станам сопственик“, изјавува Фјури.

Морекомб во моментот е на последното место во англиската Лига 1, кој е трета по ранг лига во Англија.


Јуве го стави Мекени на трансфер листа

Јувентус оваа сезона не игра според очекувањата, а главниот проблем се посочува во средниот ред на „бјанконерите“. Италијанските медиуми пренесуваат дека „жртва“ може да биде Винстон Мекени кој ќе биде ставен на трансфер пазарот.

Со враќањето на Погба на терените, Мекени ќе добива уште помала минутажа, па Алегри дал зелено светло за негова продажба.

Американецот исто така е спремен да ја промени средината, а интерес за него покажуваат Арсенал и Борусија Дортмунд.


Виктор Осимен прва опција за засилување на Баерн заминава

Баерн Минхен е сериозно заинтересиран по голгетерот на Наполи Виктор Осимен, пренесуваат германските медиуми.

Баварците се во потрага по нов напаѓач за следната сезона, а раководството верува дека Осимен ќе биде идеален избор.

Сепак, Наполи нема лесно да се откаже од него и за слободата на Осимен бара 100 милиони евра, но Баварците веќе стапиле во контакт со агентот и сакаат што поскоро да постигнат договор.

Осимен пред две години пристигна во Наполи за 70 милиони евра и се етаблираше во еден од најдобрите напаѓачи во Серија А.


Андреј Сантос од Васко де Гама ќе биде наследникот на Бускетс

Барселона ја продолжува по трагата по млади и перспективен дефанзивен играч за врска, кој ќе може да биде наследник на Серхио Бускетс.

Поради тоа Каталонците покажуваат силен интерес за бразилскиот талент на Васко де Гама, Андреј Сантос, пренесува „Мундо Депортиво“.

18-годишниот Сантос важи за голем талент и оваа сезона одигра 33 меча на кои постигна 7 гола, а Барселона во него гледа идеална замена за Бускетс.

Тој има договор со бразилскиот клуб до 2027 година, кој за неговата слобода бара 40 милиони евра.


Лукаку се враќа на терените по едномесечната пауза

Фудбалерот, Ромелу Лукаку, од вчера ги продолжи тренинзите со екипата на Интер.

Тој би можел да му се стави на располагање на тренерот, Симоне Инзаги, за саботниот дуел со Фиорентина иако менаџерот го планира првично за решавачкиот дуел со Викторија Плзен во Лигата на шампионите.

Белгиецот кој е надвор од терените од крајот на август поради повреда на мускулот, вчера доби дозвола од лекарскиот тим да се вклучи во подготовките.


Албанецот Броја од Челзи последна трансфер идеја на Малдини

Милан е силно заинтересиран за младиот напаѓач на Челзи, Армандо Броја, пренесуваат италијанските медиуми.

Приоритет на Милан следното лето ќе биде доведување на централен напаѓач, а на врвот на списокот е токму Армандо Броја.

21-годишниот напаѓач минатата сезона ја помина на позајмица во Саутемтон каде одигра одлично и го привлече вниманието на „росонерите“.

Оваа сезона е во Челзи, но не добива голема минутажа, па Милан сака да ја искористи ситуацијата и да го доведе на „Сан Сиро“.


Клоп го сака најдобриот фудбалер на Фламенго

Ливерпул е силно заинтересиран за играчот за врска на Фламенго, Жоао Гомес, пренесуваат англиските медиуми.

„Црвените“ имаат потреба од засилување на средниот ред, каде Клоп има малку алтернативи, па ќе се обидат да го донесат 21-годишниот талент во јануари. Гомес од 2020 година е во првиот тим на Фламенго и во последно време игра фантастично, па дури го истисна Видал од стартниот тим.

Тој има договор со Фламенго до 2025 година, но неколку европски гиганти покажуваат сериозен интерес.

Ливерпул сака да ја победи конкуренцијата и веќе стапил во контакт со неговиот агент. „Црвените“ сакаат да го доведат во јануари, а неговата цена во моментов е околу 15 милиони евра.