фудбал

Јуве купува уште еден Србин, Павловиќ доаѓа во Торино

Јувентус во зимскиот преоден рок сака да ја засили одбраната и приоритет е доведување на еден централен дефанзивец. Италијанските медиуми пренесуваат дека прво име на списокот на Алегри е српскиот репрезентативец Страхиња Павловиќ.

21-годишниот дефанзивец игра одличо во Салцбург, а Јувентус е спремен да понуди 25 милиони евра за неговиот потпис.

Павловиќ пристигна во Салцбург од Монако за 10 милиони евра, но неговата цена драстично порасна со неговите одлични настапи.

Доколку се реализира овој трансфер Павловиќ ќе им се придружи на своите сонародници Костиќ и Влаховиќ во Торино.


Чави во јануари купува замена за Бускетс

Барселона е во потрага по квалитетен играч за врска кој ќе може да го замени Серхио Бускетс, пренесуваат каталонските медиуми.

Чави сака уште во јануари да донесе засилување на таа позиција, бидејќи Бускетс најверојатно ја игра последната сезона на „Камп Ноу“.

Тренерот на таа позиција уште ги користи Кеси и Де Јонг, но не е задоволен од нивните дефанзивни квалитети, па сака поинаков профил на играч за врска.

Раководството следи неколку играчи меѓу кои, Жоржињо, Рубен Невеш и Канте, но тешко дека некој од нив може да пристигне во јануари. Многу е поверојатно трансферот да биде реализиран на крајот на сезоната.


Дресот на Марадона од финалето 1986. вратен во Аргентина

Дресот на легендарниот фудбалер Диего Армандо Марадона кој го носеше во финалето на Мундијалот во Мексико 1986. година, после 36 години е вратен во Аргентина.

Некогашниот репрезентативец на Германија Лотар Матеус тогаш го го размени својот дрес со Марадона во финалето во кое Аргентина ја совлада Германија со 3:2 и стана Светски првак.

Матеус во август 2022.година реши да го донира дресот во аргентинската амбасада во Мадрид, од каде потоа беше вратен во Аргентина.


Гравенберх веќе сака да си оди од Минхен

Рајан Гравенберх пристигна во Баерн Минхен од Ајакс и стави потпис на договор до јуни 2027 година.

20 годишниот холандски репрезентативец имаше понуди и од други европски гиганти, но се одлучи кариерата да ја продолжи во Минхен. Талентираниот играч за врска играше одлилно во предсезоната, но сега не добива голема минутажа и не е среќен со својот статус.

„Билд“ пренесува дека Гравенберх сака да ја промени средината и неговиот агент веќе разговарал со раководството на Баварците.

Многу веројатно дека Холанѓанецот во јануари ќе го напушти Баерн, само прашање е дали ќе биде испратен на позајмица или ќе биде продаден.


Лукаку се врати на тренинзите со Интер

Белгискиот фудбалер и напаѓач на Интер, Ромелу Лукаку, повторно започна да тренира со екипата откако на крајот од август заработи повреда и мораше да паузира од настапите.

Лукаку се враќа на тренинзите точно на еден месец до почетокот на Светското првенство во Катар.

Во Интер се надеваат дека Лукаку би можел да се најде во составот на екипата на првенствениот дуел против Фиорентина.

Последниот натпревар за Интер, Лукаку го одигра на 26.август кога нероазурите беа поразени од Лацио со 1:3.


Ждрепката за Куп-четвртфиналето во вторник, Вардар единствен второлигаш

На 25 октомври (вторник), во просториите на Фудбалската федерација на Македонија, ќе се одржи ждрепката за четвртфиналето од Купот на Македонија. Познато е дека и во оваа фаза нема да има привилегирани екипи.

Инаку во шеширот за четвртфиналето се седум прволигаши: Струга ТЛ, Шкендија, Шкупи, Македонија ЃП, Силекс, Брегалница и А. Пандев, и единствениот второлигаш, Вардар.


Кеита се враќа во составот на Ливерпул

Ливерпул врза две премиерлигашки победи над Манчестер Сити и Вест Хем, а за викендот тимот предводен од Јирген Клоп ќе му гостува на Нотингем Форест и се очекува продолжување на победничката серија.

Како добра вест за тимот и тренерот Клоп е информацијата дека Наби Кеита наскоро се враќа на теренот и ќе ги запише првите минути во Премиер лигата оваа сезона.

27- годишниот Кеита е веќе четврта сезона во Ливерпул, но големиот број на повреди го спречуваа да ги прикаже своите вистински фудбалски квалитети. Тој во Ливерпул пристигна како големо засилување од Лајпциг во 2018.година за 60 милиони евра.


Гави е добитник на наградата „Златно момче“ за 2022 година

Играчот на Барселона и шпански репрезентативец Гави е добитник на признанието „Златно момче“ за 2022 година, кое се доделува од страна на италијанскиот весник Тутоспорт.

Гави пред неколку дена ја доби и наградата за најдобар млад фудбалер од Франс фудбал, кога доби повеќе гласови од Белингем и Мусиала.

Гави е трет фудбалер на Барселона кој ја добил наградата Златно момче, а истата минатата година му припадна на Педри.


Левандовски ја надмина бројката од 600 постигнати голови во кариерата

Напаѓачот Роберт Левандовски во победата на Барселона против Виљареал, ја премина границата од 600 постигнати голови во кариерата.

Барса на дуелот со Виљареал славеше победа од 3:0, а полскиот фудбалер Левандовски на натпреварот го постигна својот 600. и 601. гол во кариерата.

34-годишниот Левандовски стана само третиот играч од 2000.година па досега кој ја премина границата од 600 гола во кариерата. Тоа го имаат постигнато уште Лионел Меси и Кристијано Роналдо.

Левандовски оваа сезона во дресот на Барселона има постигнато 16 голови на 14 натпревари.


Мањан пак се повреди, ќе го пропушти Мундијалот во Катар

Голманот Мајк Мањан доживеал повторување на повредата на левата тетива, откако тој веќе беше надвор од теренот минатиот месец откако заработи повреда на левата тетива за време на настапот за репрезентацијата на Франција.

Тој беше подготвен за кам-бек овој викенд во Серија А против Монца, но почувствува болка за време на тренингот и тестовите покажаа повреда на мускулот на потколеницата. Првично беше објавено дека новата повреда е на десната нога, но сега е потврдено дека се работи за старата повреда.

Состојбата на Мањан, наводно, ќе треба повторно да се процени за десет дена, што сериозно ги намалува шансите за негов настап на Светското првенство во Катар со селекцијата на Франција.