фудбал

Европскиот првак спремен да преговара за потписот на Фирмино

Роберто Фирмињо на лето ќе биде слободен агент и веќе ја започнал потрагата по нов клуб.

Актуелниот договор на Бразилецот истекува на крајот на сезоната и Бразилецот донесе одлука да замине како слободен агент. Интерес за него покажуваат неколку клубови ширум Европа, а сега во трката се приклучи и Реал Мадрид.

„Кралевите“ бараат напаѓач кој ќе биде алтернатива за Бензема, па веруваат дека Фирмињо идеално ќе се вклопи во таа улога.

Бразилецот е искусен, но се уште може да игра на највисоко ниво, па Реал наскоро ќе стапи во контакт со неговиот агент.


Тотенхем е во игра за потпис со Хаким Зијеш од Челзи

Крилниот напаѓач Хаким Зиеш се наоѓа во незавидна позиција во клубот од Стемфорд Бриџ, бидејќи нема настап за сините од поразот од Тотенхем со 2-0 во месец февруари.

30-годишниот интернационалец од Мароко е под договор со Челзи до 2025 година, но сега Тотенхем се вклучува за трката за потпис со фудбалерот и се очекува да понуди 20 милиони фунти за неговите услуги.

Тотенхем, заедно со Вест Хем и Фулам, се заинтересираните клубови од Премиер лигата кои би сакале да го видат Мароканецот во своите редови , но според многумина Париз Сен Жермен останува најверојатниот купувач на играчот ова лето.

ПСЖ повторно ќе го разгледа својот интерес за поранешниот член на Ајакс, откако нивната понуда во јануари пропадна во последен момент.


Бускетс прифати трипати помала плата за да остане во Барселона

Серхио Бускетс продолжува да размислува за својата иднина, но преферира да остане на „Камп Ноу“.

Опциите се тој да остане во Барселона, да се пресели во Интер Мајами или пак да се пресели во Саудиска Арабија каде има понуди од Ал-Наср и Ал-Нилал.

Барселона сака да го задржи, но проблем се финансиите, па му нуди нов договор со три пати помала плата.

Бускетс е спремен да прифати значително намалување на платата за да остане во Барса, а неговата одлука многу ќе зависи и од евентуалното враќање на Меси на „Камп Ноу“.

Аргентинецот е голем пријател со Бускетс и сака повторно да играат заедно во ист тим.


Јуве нема да го откупи и ќе го врати Паредес во ПСЖ

Јувентус нема да го откупи договорот на Паредес на крајот на сезоната.

Аргентинецот игра во италијанскиот клуб како позајмен фудбалер од Париз Сен Жермен до крајот на сезоната со опција за откуп на лето.

28-годишниот Паредес во последно време често е на клупата за резерви, а влегол и во расправија со тренерот Алегри.

Поради тоа раководството нема намера да го откупи и смета дека е подобро да инвестира во друг играч за врска.


Рашфорд ќе го пропушти првиот четвртфинален натпревар против Севиља

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд, поради повреда на мускулот нема да може да учествува на првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на Европа со шпанска Севиља. 

Средбата ќе се одигра , утревечер. Екипите ќе играат на стадионот „Рамон Санчез Писхуан“ во Севиља (Шпанија). Натпреварот започнува во 21:00 часот.

Се истакнува дека проценката на повредата покажала дека Маркус ќе биде недостапен неколку натпревари. Во тековната сезона од англиската Премиер лига Рашфорд одигра 29 натпревари, постигна 15 голови и четири асистенции. Исто така напаѓачот одигра осум натпревари во Лига Европа, со учинок од шест гола и една асистенција.


Реал го продава Менди во летниот преоден рок

Реал Мадрид одлучил во летото кое следи да го продаде Ферланд Менди, левиот бек кој во 2019 година пристигна во кралскиот клуб од Лион во трансфер вреден 50 милиони евра.

И покрај добрите настапи на стартот од сезоната, францускиот репрезентативец подоцна имаше големи проблеми со повредите, а конкурентите за неговата позиција во тимот тоа го искористија за да се наметнат кај Анчелоти.

Исто така Фран Гарсија следната сезона ќе игра за Реал, па просторот за Менди дополнително ќе се намали. Шпанските медиуми тврдат дека одисејата на Менди во Реал е завршена и додаваат дека клубот ќе се обиде да го продаде за сума слична на онаа што беше издвоена за него пред четири години.

Менди одигра вкупно 130 натпревари за Реал и беше двократен шампион на Шпанија и освојувач на Лигата на шампионите.


Ливерпул се откажува од купување на Белингем

Некои од медиумите во Англија ја пренесуваат информацијата дека фудбалскиот клуб Ливерпул се откажал од трката за купување на Џуд Белингем од Борусија Дортмунд.

Според објавите, клубот од Дортмунд за 19-годишниот англиски репрезентативец наводно бара повеќе од 100 милиони евра. Тој во бундеслигашот пристигна од Бирмингем за 25 милиони евра кога имаше 17 години.

Челниците на Ливерпул и тренерот Јирген Клоп биле со став дека сумата за ангажман на Белингем е превисока и дека поисплатлива варијанта би било купување на Алексис Мекалистер од Брајтон, Мејсон Маунт од Челзи или Матеус Нуњез од Волвс.

Очајната сезона на Ливерпул е сигурен знак дека англискиот вицешампион ќе мора да прави голема реконструкција на тимот за наредната сезона.


Ајнтрахт бара сто милиони за Коло Муани

Рандал Коло Муани е на мета на голем број европски гиганти.

Сезонава 23-годишниот напаѓач на Ајнтрахт постигна 12 гола и 9 асистенции во Бундеслигата, а и на Мундијалот остави одличен впечаток.

Баерн Минхен е во потрага по напаѓач и Муани е на врвот на листата желби, бидејќи има искуство во Бундеслигата. Притоа, интерес за Французнот покажуваат уште Манчестер Јунајтед и Челзи.

Спортскиот директор на Ајнтрахт, Маркус Крос истакна дека 80 милиони се мала сума за Муани, а „Билд“ прнесума дека клубот за неговата слобода ќе бара најмалку 100 милиони евра.


Манчестер Јунајтед и Баерн во трка за Рамос од Бенфика

Напаѓачот на Бенфика и репрезентативец на Португалија, Гонзало Рамос, многу веројатно на крајот од сезоната ќе си замине од клубот.

За 21-годишниот играч кој на 38 натпревари сезонава за Бенфика постигна 25 гола, голем интерес покажуваат европските фудбалски гиганти, меѓу кои предничат Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен.

Договорот на фудбалерот со Бенфика има важност до 2026 година, па така цената која клубовите ќе треба да ја платат за негов ангажман би била околу 90 милиони фунти.


Халанд со нов рекорд

Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, стана нов рекордер меѓу играчите од англиската Премиер лига, по бројот на постигнати голови во една сезона.

Норвежанецот во победата на Манчестер Сити над Баерн Минхен со 3:0 во четвртфиналето од Лигата на шампиони, го постигна својот 45.гол во сезоната во сите напреварувања. Халанд така ги престигна Руд ван Нистелрој кој во дресот на Манчестер Јунајтед во сезоната 2002/03 постигна 44 гола, и Мохамед Салах кој за Ливерпул во 2007/18  постигна 44 погодоци.

Халанд до крајот на оваа сезона со Манчестер Сити го очекуваат уште најмалку 11 натпревари, па така најверојатно тој дополнително ќе ја зголеми својата бројка на постигнати голови.