фудбал

Диаби на чекор од потпис со Астон Вила

Астон Вила и Баер Леверкузен постигнале начелен договор за Муса Дијаби, пренесуваат медиумите во Англија.

Според истите, Англичаните и Германците си подале рака за сума од 50 милиони евра. Астон Вила ја преставува новиот шеф за фудбалските операции Рамон Мончи сака да ја заврши зделката што е можно поскоро, бидејќи се верува дека и арапските шеици од Ал-Наср се во потрага по Дијаби, бидејќи овој клуб веќе понудил 33 милиони евра за играчот на Баер Леверкузен.

Самиот Дијаби допрва треба да донесе конечна одлука, но Баер Леверкузен ќе го повика играчот да направи избор веднаш штом ќе добие втора понуда од Ал-Наср. Дијаби минатата сезона имаше 48 настапи за Баер Леверкузен во сите натпреварувања, постигна 14 гола и даде 11 асистенции, а е под договор до јуни 2025 година.


Гонзало Рамош од Бенфика прв избор на Луис Енрике за напаѓачката позиција

Примарна цел на ПСЖ ова лето ќе биде доведување на врвен напаѓач и „светците“ веќе ја почнаа потрагата.

Луис Енрике бара засилување во нападот бидејќи Меси замина, а иднината на Мбапе е несигурна. Најново име на списокот на ПСЖ е ѕвездата на Бенфика и португалски репрезентативец, Гонзало Рамош.

Португалецот оваа сезона постигна 26 гола и запиша 12 асистенции, а остави одличен впечаток и на Мундијалот.

ПСЖ наскоро ќе започне преговори со Бенфика и спрема понуда од 75 милиони евра.


Насер Ал Келаифи испрати порака до Мбапе: Клубот е над секој фудбалер

Претседателот на Пари Сен Жермен, Насер Ал Келаифи, јасно му стави до знаење на Килијан Мбапе дека нема да му дозволи да си поигрува со угледот на клубот.

Еден од најдобрите играчи на денешницата доби услов од ПСЖ – или да го продолжи договорот или да си замине ова лето за клубот да заработи од неговиот трансфер. Мбапе тврдеше дека сака да остане, а останува да се види што ќе се случува.

Ако и дефинитивно не постигне договор за продолжување на соработката, клубот ќе тргне во акција на негова продажба, засега Реал Мадрид е главниот фаворит. Во медиумите се шпекулираше и дека ПСЖ може да го остави Мбапе цела сезона надвор од тимот ако не потпише нов договор, а остане.

„Клубот е поголем од сите, секој кој не сака да биде тука и кој не ги почитува нашите вредности, не би требало да биде тука. Тука се најдобрите фудбалери во светот, нема изговори. Ништо не недостасува. На тренинзите мора да се работи 200%. Ако сите даваме максимум резултатите ќе дојдат“, изјави Ал-Келаифи.


Осимен се согласи да остане и следната сезона во Наполи

Виктор Осимен, најдобриот стрелец во италијанската Серија А и следната година ќе игра во Наполи.

Одличниот Нигериец беше еден од најзаслужните што Наполи го освои скудетото по пауза од 33 години. Голем беше интересот за него од европските гиганти, но и понатаму ќе го гледаме под Везув. Де Лаурентис не сакаше да слушне за преговори за сума под 150 милиони евра, но и водеше преговори со менаџерот на фудбалерот за продолжување на соработката. Тие преговори според последните информации вродиле со плод.

Главниот услов за останувањето на Осимен беше неговата откупна клазула идната година да изнесува 120 милиони евра што е сума која е прифатлива за европските гиганти, секако ако ја задржи формата од последната сезона.


Интер се вклучи во трката по Алваро Мората

Откако пропаднаа преговорите за Ромелу Лукаку, Интер е во потрага по нов напаѓач, а најголема желба е Алваро Мората.

Откако пропадна трансферот на Лукаку, сега „нероаѕурите“ се насочуваат кон шпанскиот репрезентативец и сакаат да го доведат на „Џузепе Меаца“. Мората е искусен напаѓач кој го познава италијанскиот фудбал и на двапати го носеше дресот на Јувентус.

Шпанецот сака да се врати во Италија и ги одбил сите други понуди, а Интер веќе почнал преговори со неговиот агент.

Со оглед на фактот дека Мората влезе во последната година од договорот, во Интер веруваат дека ќе можат да го доведат за 15 милиони евра.


Американецот Јунус Муса на пат кон „Сан Сиро’

Милан е во напредни преговори со Валенсија за трансфер на играчот за врска, Јунус Менса, пренесуваат италијанските медиуми. 20-годишниот американски репрезентативец одигра одлична сезона и го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Менса има само 20 години и според карактеристиките наликува на Франк Кеси, а Милан го следи веќе подолго време.

„Росонерите“ испратиле понуда од 18 милиони евра до Валенсија, а медиумите пренесуваат дека двата клуба ги договараат последните детали.


Рајан Гигс ослободен од сите обвинувања

Рајан Гигс, човек кој е еден од легендарните фудбалери на Манчестер Јунајтед, е ослободен од обвиненијата за напад што ги поднесоа неговата поранешна девојка Кејт Гревил и нејзината сестра.

Имено, одлуката е донесена денеска, а одлучено е Гигс да не е виновен по сите три точки од обвинението. Така сета оваа приказна конечно заврши и нема да има ново судење кое требаше да започне на 31 јули во Манчестер. Медиумите од Англија наведуваат и дека Гигс не се појавил пред судот бидејќи му било дозволено да не присуствува на судењето.

Гигс отсекогаш негирал какво било обвинување за било каков вид на психичко или физичко малтретирање на неговата девојка.

Покрај тоа, тој негирал и дека ја нападнал нејзината сестра Ема, а на крајот се што кажал испаднало вистина.

Кога се се случи и излезе во јавност, Гигс поднесе оставка од функцијата селектор на репрезентацијата на Велс.


Тен Хаг има нова желба: Амрабат од Фиорентина на пат кон „Олд Трафорд“

Манчестер Јунајтед почнал преговори за ѕвездата на Мароко, Софијан Амрабат.

Мароканецот потврди дека ова лето ќе ја напушти Фиорентина, а Манчестер Јунајтед сака да ја победи конкуренцијата. Амрабат беше желба на неколку европски гиганти во јануари, после одличните настапи на Мундијалот, но Фиорентина одлучи да го задржи до крајот на сезоната.

Сега за неговата слобода бара 30 милиони евра, сума која нема да биде проблем за Манчестер Јунајтед.


„Чеканите“ го сакаат Горецка како замена за Рајс

Вест Хем бара замена за Деклан Рајс кој замина во Арсенал. Клубот ќе добие 105 милиони фунти за играчот од средниот ред и има за цел да ангажира сериозни имиња. Сепак, една од целите изгледа прилично амбициозна.

Според „Скај Германија“, Вест Хем е заинтересиран за играчот од средниот ред на Баерн Минхен, Леон Горецка. Баварците се подготвени да го продадат за сума меѓу 40 и 50 милиони евра. Тој имаше несигурна минатата сезона, а на некои натпревари беше и на клупа. Томас Тухел планира да го користи новото засилување Конрад Лајмер покрај Џошуа Кимих во средниот ред.

Горецка има договор со Баерн до 2026. 28-годишниот фудбалер нема желба да го напушти клубот и не покажува интерес за трансфер. Дури и да се покаже како вишок, Леон веројатно нема да се одлучи за преселба во Вест Хем. 


Договорен трансферот на Онана, Камерунецот на пат за „Олд Трафорд“

Голманот на Интер, Андре Онана ќе му се приклучи на Манчестер Јунајтед во летниот преоден рок, кој го договори неговиот трансфер за 51 евра + 4 милиони во вид на бонуси.

Официјалното преставување на 27-годишниот Онана најверојатно нема да се случи во наредните денови бидејќи Манчестер Јунајтед продолжува да ги решава малите детали од договорот, вели изворот. 

Онана ќе потпише петгодишен договор со опција за продолжување на уште една сезона. Тој многу сакаше да му се приклучи на Манчестер Јунајтед за повторно да работи под водство на Ерик тен Хаг, кого го познава од Ајакс.

Во сезоната 2022/2023, Онана, заедно со Интер, стигнаа до финалето на Лигата на шампионите, каде загубија од Манчестер Сити (0-1).