фудбал

Иранецот Тереми прва опција за нападот на Милан

Милан е во потрага по напаѓач за следната сезона, а на врвот на листата желби е Мехди Тареми од Порто.

Иранскиот напаѓач веќе неколку сезони блеска во дресот на Порто и минатата сезона постигна 31 гол, па го привлече вниманието на многу европски клубови.

Милан сака да ја победи конкуренцијата и веќе постигнал договор со агентот на 30-годишниот напаѓач, а преговорите со Порто се во напредна фаза.

Првата понуда на Милан од 15 милиони евра била одбиена бидејќи Порто за слободата на Тареми бара 20 милиони евра.

Сепак, се очекува двата клуба да ја надминат разликата во следните денови.


Eл Шарави го продолжи договорот со Рома

Стефан Ел Шарави и по ова лето ќе остане член на Рома откако денес клубот од Рим потврди дека напаѓачот потпишал нов договор.

Новиот договор на Ел Шарави е со важност од две години.

„Со задоволство можеме да соопштиме дека Стефан Ел Шарави го продолжи договорот до 2025 година“, објави Рома.

Во дресот на Рома, Ел Шарави одигра 231 натпревар и постигна 58 голови со што е на 19-тото место на вечната листа стрелци во римскиот клуб.


Огромен приход на Реал Мадрид за сезоната 2022/23

Реал Мадрид го објави финансискиот извештај за сезоната 2022/2023.

Приходите на мадридскиот клуб, без трансфери, изнесуваат 843 милиони евра.Ова е најдобар показател за Кралскиот клуб во периодот од почетокот на пандемијата. Во сезоната 2018/2019 година, приходот на Реал Мадрид изнесуваше 757 милиони евра. Треба да се напомене дека според резултатите од сезоната 2022/2023, Реал Мадрид отиде во плус – добивката изнесуваше 12 милиони евра, а нето долгот на клубот се намали од 263 милиони на 47 милиони евра.

Реал Мадрид заврши на второто место во шпанската лига со 78 поени и беше само еден поен пред Атлетико Мадрид. Шампион беше каталонската Барселона која освои 88 поени, 10 повеќе од мадридскиот тим.


Роналдо нема намера да замине во репрезентативна пензија

Напаѓачот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо изјави дека нема да ја заврши кариерата во португалската репрезентација.

„Мојата иднина во португалската репрезентација? Секогаш имам што да докажам. Кога немаме што да докажуваме, тоа е знак дека сме духовно мртви. Секоја година секогаш имам што да докажам. Докажувајќи дека можам да дадам пример за долговечност, со 38 години, мислам дека сè уште можам да правам корисни работи. Што точно? Голови, асистенции, добро учество на квалификацискиот турнир, добар настап во квалификациите, добро Европско првенство. Ќе продолжам да го правам она што го правев во мојата 21-годишна кариера, а тоа е да уживам во фудбалот. Сè уште се чувствувам корисно и важно. Продолжувам да уживам во фудбалот, кој најмногу ми се допаѓа во животот“, изјави Роналдо за „Рекорд“.


Сити ги обнови преговорите со РБ Лајпциг за Гвардиол

Манчестер Сити ги продолжува преговорите за дефанзивецот на РБ Лајпциг, Јошко Гвардиол. Привлекувањето на Хрватот е приоритет за Пеп Гвардиола и клубот прави се за да го доведе на „Етихад“, објави Фабрицио Романо.

Двете страни допрва треба да ја финализираат цената на играчот. РБ Лајпциг инсистира да добие 100 милиони како фиксна сума, додека „граѓаните“ се надеваат дека ќе се договорат за одложено плаќање или помала сума, плус бонуси. Засега клубовите се уште не можат да најдат точка на вкрстување, но тоа не значи дека преговорите се завршени, а тие ќе продолжат и во наредните денови.

Инаку, самиот Гвардиол веќе ги прецизираше сите детали од договорот со Манчестер Сити. Тој веќе изрази желба да го носи дресот на „граѓаните“ и се надева дека двата клуба ќе се разберат и трансферот ќе се реализира пред крајот на преодниот рок.


Николас Пепе не е дел од плановите на Артета во Арсенал

Францускиот напаѓач Николас Пепе беше најскапото засилување на Арсенал до доаѓањето на Деклан Рајс од Вест Хем. Во 2019 година лондонскиот клуб го донесе од Лил за 80 милиони евра. Пепе денес има 28 години и е малку заборавен. Последниот натпревар за англискиот клуб го одигра во август од минатата година, а потоа беше испратен на позајмица во Ница.

Тој не импресионираше на враќањето во Франција, каде што постигна осум гола и покрај проблемите со повреди во текот на сезоната, а Микел Артета сега одлучи да не го однесе на претсезонската турнеја на Арсенал. Англиските медиуми пишуваат дека ова е сигурен знак дека тој заминува. Неговиот договор истекува за една година, а неговата вредност е 18 милиони евра.

На десното крило, која е идеалната позиција на Пепе, во Арсенал е зацементиран младиот Англичанец Букајо Сака, кој игра феноменално во изминатите две сезони. Во добра форма на крилните позиции се и Мартинели, Тросард и Реис Нелсон.


Рашфорд на „Олд Трафорд“ до 2028 година

Манчестер Јунајтед постигнал договор со напаѓачот Маркус Рашфорд за продолжување на неговиот актуелен договор. Новиот договор на 25-годишниот Англичанец ќе биде со важност до летото 2028 година.

Рашфорд е во Манчестер Јунајтед од јануари 2016 година. Неговиот актуелен договор беше до 30 јуни 2024 година.

Во сезоната 2022/23 Рашфорд одигра 55 натпревари на кои постигна 30 голови и 6 асистенции.


Севиља фаворит за потписот на Де Геа

Откако пред неколку дена му истече договорот со Манчестер Јунајтед, Давид Де Геа е слободен агент и наскоро ќе избира нов клуб.

Јунајтед и самиот голман ја потврдија разделбата пред десетина дена, по што стана јасно дека клубот од Манчестер, ќе донесе нов голман, а по се судејки, тоа ќе биде Андре Онана од Интер.

32 годишниот голман ќе може да избира нов клуб, а откако првично се шпекулираше дека е пред трансфер во Саудиска Арабија, во клубот каде што настапува и Кристијано Роналдо, сега работите се менуваат.

Давид Де Геа е повторно на идеја да се врати во својата родна земја, во Шпанија. Според медиумот „Fichajes“, се верува дека Давид Де Геа е интересен за Севилја, која се обидува преку агентот на голманот, да постигнат договор на две сезони.

Пред заминување од Манчестер, во емотивна порака, Де Геа ги поздрави „црвените ѓаволи“: Секогаш за мене беше чест кога го носев овој дрес, чест беше да ја водам оваа фдбалска институција, еден од најголемите светски клубови, а тоа го имаат само неколку среќни фудбалери. Ова беше неверојатно и успешно искуство и период во мојата кариера. Не мислев дека како млад ќе го напуштам Мадрид и ќе освојам се што освоив овде. Манчестер секогаш ќе биде во моето срце, останувам фан на овој клуб до крајот“, порача Де Геа.


Интер Мајами ги претстави Меси и Бускетс

Лионел Меси синоќа и официјално беше претставен како нов фудбалер на Интер Мајами. Презентацијата се одржа во неговиот нов дом, на стадионот ДРВ ПНК, а Меси беше пречекан од илјадници фанови на неговиот нов клуб. Иако на Флорида времето беше многу лошо, а се очекуваше дождот да го натера клубот да го одложи претставувањето на Меси, тоа не се случи.

„Пред десет години го започнав моето патување со намера да изградам нов тим во МЛС. Тогаш реков дека сонував да донесам големи играчи во Мајами.

Сакав тие да бидат играчи кои ја делат нашата амбиција да ни помогнат да изградиме фудбал во оваа земја. Многу сме среќни што сите сте тука да го прославите овој неверојатен момент. Ве молам простете ми што сум емотивен вечерва. Ова е остварување на сонот за мене. Меси е во Интер Мајами”, рече Бекам.

Сепак, синоќа не беше само претставувањето на Лео Меси, туку и уште еден феноменален играч и неговиот пријател од Барселона.


Квадрадо го изневери Јуве и потпиша за конкурентниот Интер

Пред 20-тина дена Јувентус се раздели со Хуан Квадрадо, а сега Колумбиецот е пред потпис со еден од најголемите ривали на клубот од Торино.

Како што пренесуваат Џанлука Ди Марцио и Фабрицио Романо, Квадрдо ќе остане во Италија и ќе го облече дресот на Интер. Осум години го носеше дресот на Јувентус, па сигурно нема да добие добар пречек кога со Интер ќе гостува во Торино.

Во кариерата претходно, Квадрадо играше за Челзи, Фиорентина, Лече, Удинезе и Индепендиенте од Меделин. Meдицинските прегледи во Милано за фудбалерот се закажани за во текот на утрешниот ден.

Според најавите, Квардадо ќе потпише договор на една година. Интересно е што овој трансфер доаѓа по најавите дека Ромелу Лукаку би можел да го облече дресот на Јувентус.