фудбал

Руни и Лампард меѓу кандидатите за менаџер на Евертон

Раководството на Евертон му се заблагодари на Рафа Бенитез за соработката во неделата, а лицитацијата за тоа кој би можел да седне на клупата на „карамелите“ е во тек.

Искусниот шпански стручњак очекувано доби отказ по серијата лоши резултати и само пет победи во 15 премиерлигашки натпревари сезонава.

„Скај Спортс“ објави дека во потесниот избор се најдоа потесниот круг за нов менаџер на тимот од Ливерпул, се легендата на клубот и актуелен тренер на Дерби Каунти, Вејн Руни, Френк Лампард, менаџерот на Брајтон, Греам Потер, селекторот на белгиската репрезентација Роберто Мартинез и Руди Гарсија.

Шеесет и едногодишниот Бенитез дојде во Евертон во јули 2021 година наместо Карло Анчелоти, кој се пресели на клупата на Реал Мадрид.

„Карамелите“ се само 16-ти во англиското првенство со 19 бодови, шест повеќе од Норич кој е во зоната за испаѓање.


Чехот Барак интересен за двата милански гиганти

Интер и Милан водат битка за играчот од средниот ред на Верона, Антонин Барак, пренесуваат италијанските медиуми.

Барак е еден од најдобрите играчи на Верона оваа сезона, а особено се истакна на последниот меч против Сасуоло кога постигна хет-трик.

Чешкиот играч за врска ги воодушеви Инзаги и Пиоли, кои сега го означија како примарна цел за следното лето. Верона е спремна да го пушти на крајот на сезоната и за неговата слобода бара 20 милиони евра.

Миланските гиганти уште сега ги започнаа преговорите и сакат да го обезбедат потписот на Барак во јануари, а да го доведат по завршување на сезоната.


Кристијано Роналдо доби специјална награда од ФИФА како рекордер во голови за својата репрезентација

Ѕвездата на светскиот и португалскиот фудбал, Кристијано Роналдо доби специјална награда на манифестацијата The BEST која е организирана од ФИФА, за неговиот рекорд во постигнати голови за репрезентацијата на Португалија.

36-годишниот напаѓач на Манчестер јунајтед досега за својата репрезентација има постигнато 111 гола со што го собори досегашниот рекорд на Али Даеи кој за селекцијата на Иран во својата кариера има дадено 109 голови.

„Ви благодарам за наградата, и сакам да им се заблагодарам на сите мои соиграчи во текот на  овие 20 години. Никогаш не мислев дека ќе го подобрам овој рекорд. Специјалната награда на ФИФА е голема чест. Да се ​​биде голгетер број еден во историјата на репрезентативниот фудбал е нешто неверојатно“, изјави Роналдо.


Гатузо во можна комбинација за нов тренер на Евертон

Поранешниот италијански фудбалер а сега професионален тренер, Џенаро Гатузо се најде на списокот на Евертон како нов тренер на екипата. 

По отказот на Рафаел Бенитез, веднаш се започна со лицитација на можни кандидати за негова замена а меѓу нив се најде и доскорешниот тренер на Наполи, 44-годишниот Гатузо.

Освен Гатузо, како останати кандидати за преземање на клупата на „карамелите“ се споменуваат и Роберто Мартинез, Вејн Руни и Пауло Фонсека.

Италијанските медиуми тврдат дека Евертон веќе стапил во контакт со менаџерот на Гатузо, Хорхе Мендез.


Реал Мадрид дефинитвно се откажува од доведување на Халанд

Според пишувањата во шпанските медиуми, претседателот на гигантот Реал Мадрид, Флорентино Перез донел одлука клубот и дефинитивно да се откаже од битката за потпис на голгетерот Ерлинг Халанд ова лето и сите сили ќе ги насочи кон доведување на ѕвездата на Париз Сен Жермен, Килијан Мбапе.

Како една од причините за откажувањето на Реал за доведување на Норвежанецот Халанд бил и менаџерот на играчот, Мино Рајола.

Рајола бил во лоши односи со претседателот на „Кралскиот клуб“ Перез, и тоа со сигурност би ги отежнале преговорите за евентуален трансфер на Халанд од Борусија Дортмунд.


Диего Коста се враќа во Премиер лигата како играч на Арсенал?

Бразилецот со шпански пасош, Диего Коста е можно повторно да заигра во англиската Премиер лига, и тоа во дресот на Арсенал.

На тимот од Лондон очајно му е потребен уште еден напаѓач во тимот поради недоразбирањето со Обамејанг кој е веќе отстранет од екипата и поради фактот што нивната главна трансфер мета, Србинот Влаховиќ сеуште не одлучил дали ќе прифати да се пресели во Арсенал.

Поради ова, се појавија шпекулации дека „топџиите“ би му понудиле краткорочен договор на Диего Коста кој во моментот е слободен играч по неговото заминување од бразилскиот шампион Атлетико Минеиро.

Контроверзниот Коста, во минатото настапуваше во Премиер лигата како член на Челзи.


Интер започнал преговори со Дибала за ангажман од следната сезона

Во последниве денови се погласни се шпекулиациите дека Интер ќе се обиде да ја донесе ѕвездата на Јувентус, Пауло Дибала.

„Газета дело Сппорт“ пренесува дека директорот Бепе Марота, кој е бивш директор на Јувентус, ќе се обиде да го донесе Дибала како слободен агент на Џузепе Меаца.

Иднината на Пауло Дибала во Јувентус е неизвесна бидејќи неговиот договор истекува на крајот на сезоната. Аргентинецот беше подготвен да го продолжи договорот, но Јувентус ги промени условите, па односите помеѓу двете страни се нарушија.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер започнал преговори со неговиот агент и веќе испратил понуда за 5-годишен договор тежок 7,5 милиони евра по сезона.


Ван де Бек ја одби понудата од Њукасл

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Дони ван де Бек ја одбил можноста да му се приклучи на Њукасл како позајмен играч до крајот на сезоната. 

Англиските медиуми пренесуваат дека Њукасл покажал интерес и контактирал со посредниците на Холанѓанецот ван де Бик, но тој ја одбил понудата и покрај ветувањето дека тој ќе биде еден од главните играчи на црно-белите доколку се реши за премин во нивниот тим.

Една од причините за одбивањето е и фактот дека од Манчестер Јунајтед не сакаат да губат играчи на сред сезона, но и фактот дека самиот играч сака да се избори за место во тимот од Олд Трафорд.


Трент Александер-Арнолд рекордер по асистенции во Премиер лигата

Десниот бек на Ливерпул, Трент Александер-Арнолд успеа да забележи историски рекорд во Премиер лигата.

Имено, репрезентативецот на Англија викендов успеа да му асистира на Фабињо за 1:0 на средбата против Брентфорд.

Оваа асистенција за ТАА беше десетта во Премиер лигата за и 13-та во сите натпреварувања од почетокот на сезонава.

Со ова, 23-годишниот Александер-Арнолд стана првиот одбрамбен играл во историјата на англиската Премиер лига кој во три различни сезони успеал да реализира 10 или повеќе асистенции.


Флорентино: Куртоа е најдобар голман во светот

Лука Модриќ доминираше во финалето на шпанскиот Суперкуп во кој неговиот Реал Мадрид го победи Атлетик Билбао со 2-0.

Модриќ повторно играше на високо ниво, го постигна првиот гол на натпреварот и заслужено доби пофалби од шпанските медиуми, но и претседателот на клубот Флорентино Перез. Перез го прокоментира новиот трофеј на Реал Мадрид, а посебно ги истакна Модриќ и Куртоа.

„Не би сакал да се фалам, но двајцата се најдобри во светот на своите позиции. Го имаме најдобриот голман, а Модриќ игра со формата со која ја освои Златната топка“, изјави Перез.