фудбал

Џерард ја презема клупата на Ал-Итифик

Поранешниот менаџер на Ренџерс и Астон Вила, Стивен Џерард, ќе го преземе саудискиот клуб Ал-Итифак, објави Атлетик.

Според изворот, клупските челници се оптимисти за нивните шанси да го добијат Џерард, кој претходно, според неговите зборови, одбил понуда од Саудиска Арабија. Се забележува дека минатонеделните разговори ги убедија челниците на Ал-Итифак дека Стивен Џерард на крајот ќе се согласи со нивниот предлог.

Поранешниот играч за врска и капитен на Ливерпул ја започна својата тренерска кариера во 2017 година во младинскиот тим на клубот од „Енфилд“. Во 2019 година, англискиот специјалист беше на чело на Ренџерс, а три години подоцна дојде во Астон Вила, каде работеше помалку од една година – во октомври 2022 година, Џерард беше отпуштен поради незадоволителните резултати на тимот.


Брозовиќ официјално претставен како фудбалер на Ал-Наср

Играчот од средниот ред на Интер, Марсело Брозовиќ потпиша договор со клубот од Саудиска Арабија Ал-Наср. За трансферот на хрватскиот фудбалер клубот платил 18 милиони евра.

Во сезоната 2022/23 Брозовиќ има 40 настапи за Интер во сите натпреварувања, во кои постигна три гола и шест асистенции. Договорот на играчот со миланскиот клуб е со важност до крајот на јуни 2026 година. Проценетата цена на овој фудбалер, според интернет порталот Трансфермаркт е 25 милиони евра.

Претходно беше објавено дека има проблем во процесот на трансфер на играчот од средниот ред на Челзи, Хаким Зијеш во Ал-Наср. Исто така излезе информација дека Барселона била заинтересирана за Брозовиќ, но не можела да го плати неговиот трансфер.


Падна договор: Јошко Гвардиол ќе игра за европскиот првак

Јошко Гвардиол ќе биде новото засилување на Манчестер Сити. Пеп Гвардиола реши следната сезона да го има Јошко Гвардиол во срцето на одбраната, а управата на Манчестер Сити му ја исполни желбата.

Хрватскиот репрезентативец во наредните денови ќе пристигне на „Етихад“, ќе направи лекарски преглед и потоа ќе потпише договор со актуелниот европски шампион.

Веста практично ја потврди и спортскиот директор на Лајпциг, Макс Еберл.

„Желбата на Јошко е да премине во Манчестер Сити. Точно е дека сме во преговори со Манчестер Сити. Станува збор за цифра од 100 милиони евра плус бонуси. Јошко Гвардиол ќе заврши во рацете на Пеп“, изјави Еберл.

Гвардиол на тој начин ќе стане најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот, бидејќи ќе го надмине трансферот на Мегваер во Манчестер Јунајтед за 87.000.000 евра.


Баерн испраќа нова понуда за Кејн

Германските медиуми пренесуваат дека Баерн Минхен во наредните денови подготвува нова повисока понуда за напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн.

Според информациите, преговорите за доведување на англискиот голгетер во редовите на Баерн, ги води легендата Карл Хајнц Румениге.

Претходно од Тотенхем ја одбиле првата понуда од шампионот на Германија, во висина од 70 милиони евра.

Договорот на Хари Кејн со лондонскиот клуб е со важност до крајот на наредната сезона и прашањање е дали тој ќе ја промени средината како би можел да освои трофеј во својата кариера.


Стефан Костов го засили Пелистер

Македонскиот второлигаш Пелистер го потврди трансферот на Стефан Костов кој игра на стоперската позиција. Фудбалерот кој претходно има настапувано за Тиквеш, Академија Пандев, Ренова и за Брегалница доаѓа во Битола.

“Веќе подолг период сум во преговори со Пелситер кои конечно се реализираа. Имаме заедничка цел, а тоа е да го вратиме Пелистер во ПМФЛ и среќен сум што ќе можам да дадам придонес и да помогнам во тоа”, изјави Стефан Костов.

Пелистер претходно го доведе и Симеон Христов.


Буфон веројатно ќе одбере пензија пред богатата понуда од Ријад

Џанлуиџи Буфон е блиску до пензионирање откако неодамна ги одби понудите од клубовите од Саудиска Арабија.

Според извештајот на „Кориере дела Сера“, Буфон сака да остане блиску до своето семејство и изразил незаинтересираност за понудите од Саудиска Арабија кои наводно изнесуваат и до 30 милиони евра годишно.

45-годишниот голман во моментов размислува за својата иднина и ќе ги земе предвид факторите како кондиција, ментална енергија и притисок пред да донесе конечна одлука дали да продолжи или да се пензионира.


Дориев ја напушти Шкендија и потпиша за Согдиана од Узбекистан

Љупче Дориев официјално е нов играч на узбекистанскиот прволигаш ФЦ Согдиана од Јизах.

Дориев се раздели со Шкендија по завршувањето на соработката, а во новиот клуб 27-годишниот крилен офанзивен играч ќе заработува 300.000 евра годишно плус годишна плата.

За Дориев ова ќе биде прв интернационален предизвик во кариерата. Шкендија се обидуваше да го задржи во своите редови, меѓутоа понудата од узбекистанскиот клуб финаниски беше далеку подобра.

Пред Шкендија, Дориев беше дел од струмичките клубови Хоризонт Турново и Академија Пандев.


Мурињо ја обновува кариерата на Мејсон Гринвуд

Мејсон Гринвуд беше ослободен од обвинувањата и тоа значи дека 21-годишниот фудбалер може да продолжи да игра фудбал.

Гринвуд беше суспендиран од Манчестер Јунајтед во текот на случајот, а „црвените ѓаволи“ потврдија дека тој повеќе нема иднина во клубот.

Раководните луѓе во клубот сметаат дека повторното враќање на Гринвуд во тимот може да предизвика проблеми во соблекувалната, па ќе го раскинат договорот.

Интерес за него покажува Рома, а Мирињо е спремен да го донесе во својот тим и да му ја спаси кариерата, бидејќи верува во неговиот потенцијал.

Според „Сан“, Мурињо му се јавил на Гринвуд и разговарал со неговиот татко за можна преселба во Рим.


Буфон доби астрономска понуда од Саудиска Арабија

Италијанските медиуми објавија дека легендарниот голман, Џанлуиџи Буфон, добил понуда да се пресели во Саудиска Арабија.

Изворот наведува дека 45-годишниот чувар на мрежата на Парма може да заработи 30 милиони евра доколку се определи во текот на летово да ја напушти „Чизмата“.

Буфон кој има уште една сезона од договорот со „млекарите, претходно играше за Јувентус и ПСЖ и беше стандарден голман на италијанската репрезентација.


Рафаел Леао ја добива десетката во Милан

Поранешниот италијански шампион, Милан преку социјалните мрежи потврди дека Рафаел Леао е новата „десетка“.

Бројот кој во Милано има легендарен статус го носеше Брахим Дијаз кој сега се врати во Реал Мадрид по крајот на позајмицата.

Овој број во минатото го носеа Кларенс Сидорф, Руи Коста, Звонимир Бобан, Паоло Ди Канио и уште многу други големи имиња, додека во поново време пред Дијаз беше на грбот на Чалхноглу и Боатенг.