фудбал

Велшанецот е „Златна канта“ за 2021 година во Серија А

Арон Рамзи е добитник на наградата „Златна канта“ во Серија А.

Оваа награда во Италија се доделува секоја година на фудбалерите кои најмногу разочарале во најсилната италијанска конкуренција. Рамзи победи со 2686 гласа, а зад него се најде фудбалерот на Лацио Ведад Муричи.

Сезонава Рамзи за Јувентус одигра само 112 минути и може да се каже дека ја заслжи. Во Јувентус Рамзи е од 2019 година кога пристигна од Арсенал и од тогаш одигра 70 натпревари, постигна шест гола и подели шест асистенции.


Фелаини пред враќање во Премиер лигата

Маруан Фелаини е многу блиску до враќање во Премиер лигата, бидејќи интерес за него покажува Њукасл. 34-годишниот Фелаини моментално настапува во кинеското првенство во дресот на Шандонг Луненг, но е спремен да се врати во Европа.

Њукасл, кој е во потрага по засилувања во борбата за опстанок, сака да го врати Фелаини во Премиер лигата.

Фелаини има договор со кинескиот клуб до 2025 година, но Њукасл нема да жали пари и ќе му ги понуди истите финансиски услови.

Англиските медиуми пренесуваат дека Фелаини веќе ја прифатил понудата на Њукасл, па останува уште двата клуба да се договорат.


Иско ќе го предаде Реал и ќе премине во конкурентната Барселона

Плејмејкерот на Реал Мадрид, Иско има договор со Барселона, пренесува новинарот на „Ел Чирингито“, Едуардо Инда.

29-годишниот Иско има договор со Реал Мадрид до крајот на сезоната, но е на маргините и сигурно ќе си замине на лето како слободен агент.

Едуардо Инда, тврди дека Иско ги договорил финансиските детали со Барселона и на лето како слободен агент ќе се пресели на „Камп Ноу“.

Барселона го сакаше Иско и во 2013 година, но тогаш Шпанецот реши да се пресели во Реал, каде освои 4 титули во Лигата на шампиони и две во Примера.


Париз Сен Жермен ја следи ситуацијата со Рашфорд

Од францускиот вицешампион Пари Сен Жермен будно ја следат ситуацијата со напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд. 

Лондонскиот весник Тајмс пренесува дека тренерот на ПСЖ Маурисио Почетино веќе подолго време е љубител на стилот на игра кој го има англискиот репрезентативец, па дури и имал разговори со спортскиот директор Леонардо околу можноста за негов трансфер во тимот од Париз.

Според весникот, Рашфорд на „Паркот на принцовите“ би пристигнал како замена за Килијан Мбапе, кој се очекува ова лето да се пресели во Реал Мадрид како слободен играч.


Адис Јаховиќ заминува од Гезтепе

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Адис Јаховиќ, се очекува овој месец да го напушти неговиот сегашен клуб Гезтепе, откако двете страни се договориле за спогодбен раскин на договорот.

За Јаховиќ интерес изразиле неколку прволигашки екипи од Турција, а како фаворити за негов ангажман се истакнува Бурсаспор.


Арсенал го посакува Тилеманс од Лестер

Медиумите во Англија пренесуваат дека Арсенал е заинтересиран за играчот на Лестер Сити, Јури Тилеманс.

Доколку изборат пласман во Лигата на шампионите, тимот од Лондон се надева дека ќе може да го привлече во своите редови репрезентативецот на Белгија кој веќе најави дека нема намера да го продолжува договорот со Лестер и е можно да си замине ова лето.

Тилеманс е еден од најдобрите играчи од средината на теренот кои настапуваат во Премиер лигата, и оваа сезона во дресот на „лисиците“ постигна 5 гола на14 натпревари.


Кимих пред Хаверц во изборот за најдобар германски играч

Германскиот фудбалски сојуз објави дека играчот на Баерн Минхен, Џошуа Кимих е избран за најдобар германски фудбалер во 2021 година.

Изборот се изврши според добиените гласови од страна на фановите. За 26-годишниот Кимих гласале 33.8%, додека на втората позиција се најде Каи Хавертц од тимот на Челзи со 22.7% од гласовите. На третата место се пласира соиграчот на Кимих од Баерн, Лерој Сане со освоени 13.6 проценти.


Бонучи казнет заради испадот во Суперкупот

Леонардо Бонучи е казнет со 10.000 евра поради конфликтот со техничкиот секретар на Интер, Кристијано Моџило, на крајот од финалето на италијанскиот Супер-куп.

Бонучи по поразот се вмеша во физичка пресметка со човек од централата на Интер кога Алексис Санчез го постигна победничкиот гол за а Моџило се радуваше пред дефанзивецот. -Што правиш? Дали си нормален да се радуваш пред мене? Ќе те убијам!“, му рекол италијанскиот репрезентативец според медиумите на Апенините.

Интер е казнет со 5.000 евра затоа што дозволил член на персоналот да биде на клупата во близина на теренот.


Бесник Ферати најново засилување на Шкупи

Шкупи денес го претстави Бесник Ферати како ново засилување.

За 21-годишниот фудбалер за врска ова е враќање во Чаир после неколку години. Ферати со Шкупи потпиша договор на една ипол година.

„Среќен сум што се враќам во тимот на Шкупи. Доаѓањето во овој клуб за мене носи посебна емоција и се надевам дека ќе имам успеси. Убеден сум дека ќе продолжиме со добрата работа. Ќе се обидам да дадам максимум за дресот кој за мене е посебен“, изјави Ферати.

Ферати доаѓа од редовите на Академија Пандев, инаку е член и на репрезентацијата до 21 година.


Анчелоти: Му се налутив на Пике по натпреварот и лично му ги кажав причините за тоа

Реал Мадрид се пласираше во финалето на шпанскиот Суперкуп, откако ја совлада Барселона со 3-2 по продолженија во Саудиска Арабија.

Тренерот Карло Анчелоти е задоволен поради победата на неговите избраници, па по дуелот даде кратка изјава.

„Мислам дека Барселона не играше добро. Тие напаѓаа преку контра-напади, додека ние седевме длабоко за да може да искористиме некоја контра, што се покажа како продуктивно. Како што кажав претходно, пресингот е тежок за нас поради фудбалерите за врска. Создадовме доволно шанси и постигнавме три квалитетни голови“, кажа Анчелоти.

Италијанецот доби прашање од шпанските новинари и за конфликтот кој го имаше со Жерар Пике, кога Барселона не ја исфрли топката, иако Винисиус Жуниор беше повреден.

„Му бев лут на Пике и му кажав зошто. Требаше да ја исфрли топката како што ние направивме во првото полувреме. Тој ми кажа дека никогаш не ја исфрлале топката надвор од игра во таква ситуација и се извини“, открива Италијанецот.