фудбал

Два гигант се распрашуваат за Џамал Мусиала од Баерн

Реал Мадрид и Ливерпул покажуваат сериозен интерес за младата ѕвезда на Баерн Минхен, Џамал Мусиала, пренесува „Билд“.

Весникот тврди дека Баварците воопшто не размислуваат за продажба на својот „бисер“ и планираат да му понудат нов договор кој му истекува во 2026 година. Пред неколку месеци Баерн започна преговори со агентот на Мусијала, но преговорите во моментов се во застој.

„Билд“ тврди дека Мусијала не е задоволен од статусот кој го има во тимот бидејќи и покрај добрите игри често е на клупата за резерви.

Ливерпул и Реал сакаат да ја искористат таквата ситуација и да го доведат во своите редови.


Синот на Антонио Рејес потпиша професионален договор со Реал

Хозе Антонио Рејес Лопез, 16-годишниот син на легендарниот Хозе Антонио Рејес стави потпис на првиот договор со Реал Мадрид.

Пред само неколку дена тој го прослави својот 16. роденден, а веќе може да се пофали со договр со „кралевите“. Синот на Рејес во школата на Реал Мадрид пристигна како 11-годишник, недолго откако неговиот татко во сообраќајна несреќа го загуби животот.

Легендарниот Рејес имаше одлична кариера носејќи ги дресот на Севиља од каде што премина во Арсенал и беше дел од „непобедливите“ во сезоната 2003/04. Од Арсенал, Рејес направи трансфер во Реал Мадрид каде што ја освои шампионската титула во сезоната 2006/2007, еден период настапуваше и за Атлетико.

Животот Рејес го загуби во 2019 година во сообраќајна несреќа откако поради голема брзина изгуби контрола над своето возило. Подоцна истрагата покажа дека до несреќата дошло поради дефект на автомобилот.


Работнички продаден на турската компанија Џевахир

Вториот најтрофеен македонски фудбалски клуб, Работнички, од вчера и официјално има нов сопственик. Македонска берза објави дека се продадени сите клупски акции.

Купувач е турската компанија Џевахир, која акциите на „Херојот од Дебар Маало“ ги плати дури 24 пати поскапо во однос на номиналната цена, односно за нив исплати вкупно 600.000 евра.

Групацијата Џевахир има големи амбиции со Работнички и ќе се обиде да го врати на врвот на македонската фудбалска сцена.


Нејмар ги повреди лигаментите, го чека долга пауза

Бразилецот Нејмар доживеа тешка повреда на синоќешниот меч против Уругвај во квалификациите за Светското првенство. Тој во еден дуел незгодно падна и пошто с ефати за коленото, а според неговите гестикулации, јасно беше дека станува збор за сериозна повреда.

Цел во солзи, Нејмар на носилки беше изнесен од теренот, па сега почна неизвесноста околу тоа колку ќе отсуствува од терените. Според првите информации, играчот на Ал Хилал доживеал сериозна повреда на вкрстените лигаменти на левото колено и менискусот, по што најверојатно го чека операција и повеќемесечна пауза.


Се враќаат повредените, Тухел со комплетен тим по репрезентативната пауза

Тренерот на Баерн, Томас Тухел доби добри вести пред продолжението на првенството. Напаѓачот Серж Гнабри и дефанзивецот Матијас де Лихт ги продолжија тренинзите со тимот.

Гнабри се врати за првпат по три недели откако ја скрши раката, додека Холанѓанецот Де Лихт се опорави од проблемот со коленото. И двајцата ќе бидат подготвени за саботниот натпревар од Бундеслигата против Мајнц.

Голманот Мануел Нојер, кој беше надвор од терените откако ја скрши ногата на скијање во декември, исто така целосно тренира и исто така може да се врати на голот за мечот со Мајнц.


Њукасл добива големо засилување од Манчестер Сити?

Калвин Филипс би можел да го засили Њукасл.

Англиските медиуми истакнуваат дека Њукасл е најконкретен во преговорите со Филипс кој претходно се поврзуваше и со Вест Хем, но и со други премиерлигашки клубови. Не е исклучена можноста Филипс да оди на позајмица до крајот на сезоната кога Њукасл и Манчестер Сити би преговарале за потенцијален откуп.

Филипс не е задоволен од својата минутажа во тимот на Гвардиола, посебно затоа што не добиваше многу прилика и кога Родри заработу суспензија од три натпревари на натпреварот против Нотингем.

Негова желба е да ја претставува Англија на Европското првенство во 2024 година и заnтоа е неопходно е од јануари да биде стандарден во својата екипа. Њукасл во овој момент изгледа како одлична дестинација за таква опција.


Артета бара две нови имиња за зимскиот преоден рок

Иако до новиот преоден рок остануваат уште два месеци, Микел Артета веќе почна да работи на нови засилувања. Така барем тврди трансфер експертот Фабрицио Романо. Имено, тој тврди дека Артета подготвил голема понуда за еден од поранешните играчи на Манчестер Сити и дека сака да го види во Арсенал.

Минатото лето Топџиите потрошија многу, а најголемиот трансфер во клупската историја „падна“ затоа што го доведоа Деклан Рајс од Вест Хем за 105 милиони фунти.

Дополнително, тие потрошија многу пари за да го доведат Каи Хаверц, кој моментално не ги оправда уплатените пари. Иако Артета го засили средниот ред со овие два големи трансфери, Артета намириса дека треба да донесе уште еден голем фудбалер.

Според Фабрицио Романо, Артета веќе почнал да работи на доведување на играчот на Астон Вила, Даглас Луиз.

Покрај тоа, на неговиот радар има и фудбалер на Вулверхемптон кој игра на крилните позиции и тоа Педро Нето.


Атлетико бара 80 милиони за Жоао Феликс

Барселона во последниот ден од преодниот рок успеа да го доведе Жоао Феликс од Атлетико Мадрид на едногодишна позајмица.

Феликс одлично се вклопи во тимот на Каталонците и Чави сака да го задржи во тимот и за следните сезони. Барселона ќе се обиде да го откупи, а Атлетико веќе ја поставил цената за Португалецот.

Имено, „јорганџиите“ бараат 80 милиони евра за откуп, или 40 милиони евра да остане во Барселона до јуни 2025 година.


Осимен еден месец надвор од теренитe

Напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен го повреди бутниот мускул на десната нога на мечот на својата репрезентација и би можел да отсуствува околу еден месец.

„Осимен беше подложен на нови прегледи, кои открија лезија од среден тип на десната бутина. Напаѓачот започна со рехабилитација во клупскиот тренинг центар“, се додава, без дополнителни детали.

Како што објави „Кориере дел спорт“, Осимен би можел да отсуствува еден месец и да пропушти четири првенствени натпревари и два натпревари од Лигата на шампионите.

Најдобриот стрелец од минатата сезона во Серија А се повреди во петокот на пријателскиот натпревар меѓу Нигерија и Саудиска Арабија во Портимао, јужна Португалија, кој заврши нерешено 2-2.

Нигериецот оваа сезона постигна шест гола на 10 натпревари. Наполи моментално е на 5. место во италијанската Серија А, со седум бода помалку од лидерот Милан.


Лaвија го чека долга рехабилитација

Фудбалерот од средниот ред на Челзи, Ромео Лавија, повторно се здоби со повреда на зглобот и ќе биде надвор од терените, пренесуваат островските медиуми.

Клубот го очекува враќањето на 19-годишниот играч во ноември како најоптимистичка прогноза. Белгискиот играч за врска во изминатото лето се пресели од Саутемптон во Челзи.

19-годишникот настапи на 34 натпревари на кои постигна еден гол и направи една асистенција.