фудбал

Цела европска елита го сака Гнабри од Баерн Минхен

Четири од најголемите клубови во Европа ја следат ситуацијата околу една од ѕвездите на Баерн, Серж Гнабри.

Вчера се појави информација дека крилниот напаѓач и Баварците не се многу блиску до договор за продолжување на договорот на играчот со германскиот гигант. Договорот на Гнабри со Баерн истекува во летото 2023 година.

Според информациите кои доаѓаат од Германија, Реал Мадрид, Барселона, Ливерпул и Манчестер Јунајтед ја следат ситуацијата, но се очекува Гнабри да остане на „Алијанц Арената“. Фудбалерот сака иста плата како Кингсли Коман и Лерој Сане, кои можат да се пофалат со бруто плата од 15 милиони евра, без бонуси. Тренерот на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман сака Гнабри да остане во тимот.


Ренова го претстави Мевљан Мурати

Како и што беше најавен во претходните денови Мевљан Мурати вториот дел од сезоната ќе го помине во Ренова.

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија ќе го носи дресот на „гипсарите“ како позајмен фудбалер од Шкендија. Денес покрај Мурати Ренова го промовираше и Кахирмановиќ и се очекува и двајцата да бидат одлични засилувања во продолжение од сезоната.

Мурати во клубот пристигнува како засилување на десната бековска позиција.


Џердан Шаќири ја продолжува кариерата во Америка

Швајцарскиот репрезентативец, Џердан Шаќири,размислува за повторна промена на клубот.

30-годишниот футбалер, пред помалку од шест месеци направи трансфер од Ливерпул во Лион,  каде очекуваше борба за титулата во француското првенство.

Меѓутоа Лион се наоѓа на седмата позиција од табелата и Шаќири веќе веќе размислува за заминување од Франција. Како негова следна дестинација се споменува американската МЛС лига и клубот Чикаго Фајр.

Џердан Шаќири во својата кариера настапуваше за екипите на Базел, Баерн Минхен, Интер, Стоук, Ливерпул, и сега за Лион. За репрезентацијата на Швајцарија одигра 100 натпревари и постигна 26 гола.


Чеферин: Нема да дозволам Мундијал на секои две години

Џани Инфатино и ФИФА немаат намера да се откажат од идејата за Мундијал на две години и покрај тоа што има негодувања од Европа и Јужна Америка.

Првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин уште еднаш порача дека нема да дозволи такво нешто. Од моментот кога оваа идеја се појави во јавноста УЕФА и Чеферин цврсто се против. На нејзината страна застанаа КОНМЕБОЛ, но и главните фудбалски здруженија, клупската ЕКА, ФИФПро, здружението на клубови ЕФЛ…

„Идејата за Мундијал на две години е против фудбалот. Тоа е против спортскиот дух. Затоа тврдам дека Светско првенство на две години никогаш нема да има“, изјави Чеферин.


Нагелсман: Би сакал Зуле да остане во Баерн

Тренерот на фудбалерите на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман, жали што германскиот дефанзивец, Никлас Зуле, ќе го напушти клубот.

„Би сакал да остане со нас. Затоа игра толку многу. Се уште гледам многу квалитети во него”, изјави Нагелсман пред денешниот натпревар против РБ Лајпциг во 21. коло на Бундеслигата.

Ќе потсетиме дека 26-годишниот фудбалер по четири сезони не го продолжи договорот и во текот на летото ќе си замине од Минхен.


Бендтнер загубил 400.000 евра на рулет за нешто повеќе од еден час

Никлас Бендтнер, иако никогаш не беше помеѓу најдобрите фудбалери во светот е играч кој привлекувал големо внимание. Така сега за медиумите зборуваше за адреналинот кој му го давало коцкањето. Данецот откри дека во една вечер изгубл 400.000 фунти за само час ипол на рулет.

„Имав многу проблеми со повредите. Не можев да ја најдам возбудата која ја имав кога играв пред 60.000 навивачи. Ништо не можеше да се замени со такво искуство. Нешто што ми беше најблиску е кога влегував во казино. Колку влоговите беа повисоки, толку беше поголем адреналинот“.

„Изгубив 400.000 фунти на рулет за 90 минути, до крајот на вечерта успеав да вратам голем дел од парите и си заминав со минус од 20.000 фунти. Таа вечер кога се вратив во хотелот добро размислив што моежеше да се случи и се откажав од таа лоша навика“, раскажа Бендтнер.


Лаказет нема да добие нов договор, Французинот заминува од Арсенал

Арсенал нема намера да му понуди нов договор на напаѓачот Александре Лаказет. Актуелниот договор на Французинот е до летото, кога ќе може да си замине како слободен играч од „Емирати“. Се чини дека токму тоа ќе се случи.

Арсенал моментално има само двајца типични напаѓачи во форма на Лаказет и Еди Нкетија, откако клубот се раздели со Пјер-Емерик Обамејанг за време на зимската пауза. Сепак, се чини дека на Емирати на лето подготвуваат сериозно обновување на составот и за таа цел мора прво да се разделат со некои од нивните сегашни играчи и Лаказет е еден од луѓето кои се очекува да си заминат.

Не недостига интерес за 30-годишниот голгетер, бидејќи претседателот на Лион неодамна призна дека ќе направи се за да го привлече на лето. Французинот пред извесно време се поврзуваше и со Атлетико Мадрид и Јувентус.


Барселона се договори со нов спонзор

Шпанскиот гигант Барселона е блиску до договор со нов моќен спонзор. Станува збор за шведската стриминг платформа „Спотифај“. 

Според информациите од Шпанија, логото на спонзорот ќе стои на дресовите на екипата, а компанијата ќе добие права и за името на стадионот „Камп Ноу“.

Иако официјалната информација за спонзорството се очекува следната недела, веќе се споменува дека Барселона со новиот договор ќе заработува 57 милиони евра годишно.


Интер го носи Луис Фелипе од Лацио како слободен играч

Продолжуваат шпекулациите околу иднината за централниот дефанзивец на Лацио, Луис Фелипе. Според италијанските медиуми, тој нема да го продолжи договорот со клубот од Рим, туку се очекува да прејде во Интер како слободен играч. 

Информациите говорат дека дека тој веќе постигнал договор со Нероазурите, кои му понудиле петгодишен договор со плата од 2,7 милиони евра по сезона.


Рудигер одбива неделна плата од 200 илјади фунти

Преговорите меѓу Челзи и Антонио Рудигер продолжуваат, но двете страни се уште се далеку од договор. 

Клубот од Лондон сака да го задржи дефанзивецот, но Рудигер за продолжување на соработката бара повисока плата од досегашната.

Моменталната плата на Рудигер изнесува 100 илјади фунти неделно, па сега претставниците на Челзи излегле со понуда од 200 илјади фунти, но по се изгледа дека и оваа понуда не била доволна за да го убеди играчот да остане на Стенфорд Бриџ. 

Договорот на Германецот со екипата на Челзи истекува ова лето и тој сега може да преговара и со други клубови.