фудбал

Хофенхајм го продолжи договорот со Денис Гајгер

Германскиот фудбалски состав Хофенхајм ја обнови соработката со играчот од средниот ред, Денис Гајгер, за уште една година или до 2023 година.

23-годишниот играч кој потекнува од Академијата на Хофенхајм  пред четири години дебитираше за сениорскиот состав.  Поранешниот капитен на младинската репрезентација на Германија има одиграно 57 натпревари Хофенхајм.

Спортскиот директор ,Александар Розен, рече дека развојот на Гајгер во клубот е „исклучителен“ додека самиот фудбалер наведе дека Хофенхајм е идеално место за негов развој.


Убедлив пораз на стартот на квалификациите за женската репрезентација

Македонската женска А репрезентација загуби со убедливи 8:0 од топ фаворитот Англија на „Ст. Мери“ во Саутемптон во 1. коло од квалификациите за СП 2023 година.  

Нашите фудбалерки имаа негатива од еден гол до 40-тата минута, но силната домашна селекција сепак убедливо славеше на воведниот меч од групата. Англичанките имаа целосна доминација во играта и преку Тун во 12. минута го отворија резултатот. Предноста ја удвои Вајт, а Живиќ со автогол им донесе 3:0 на полувреме на англичанките.

Во второто полувреме продолжи опсадата кон нашиот гол. Повторно погоди Вајт, а во продолжението нашата мрежа два пати ја затресе Ингланд. Коларовска си постигна автогол, а конечните 8:0 ги постави Бетани Мед во судиското продолжение.

Следниот натпревар го играме против Австрија на домашен терен на 21. септември.


Барса го сака Чарли Патино

Младиот играч за врска на Арсенал, Чарли Патино може да биде повикан за првиот тим. Менаџерот Артета има намера да го повика 17-годишниот Англичанец после информациите дека играчот е на мета на Барселона.

Патино дојде во академијата на Арсенал на 11 годинишна возраст. Минатата сезона тинејџерот одигра 14 меча за младинскиот тим и веднаш го привлече вниманието на себе.

Артета сака да го повика во првиот тим со цел да му даде до знаење дека има иднина за него на „Емирати“.


Шевченко кандидат за селектор на Турција

Некогашниот селектор на украинската репрезентација Андри Шевченко е еден од кандидатите за селектор на Турција, тврди „Кикер“.

За оваа позиција се кандидира и Штефан Кунц, кој го предводи германскиот младински тим до 21 година. Тој веќе ја посети Турција на покана од фудбалската федерација на оваа земја, но не е постигнат договор. Турската репрезентација ја предводеше Шенол Ѓунеш. Тој ја напушти функцијата откако претрпе срамен пораз од Холандија со 1:6 во квалификацискиот натпревар за СП 2022 година.

44-годишниот Андри Шевченко работеше со репрезентацијата на Украина од 2016 година. Под негово водство, тимот стигна до четвртфиналето на Евро 2020, по што не го продолжи договорот и ја напушти функцијата.


Кавани од следната недела се враќа во тренажен процес

Оле Гунар Солскјер откри кога напаѓачот Единсон Кавани ќе може да се врати на терените. Уругваецот претходно се повреди на пријателскиот натпревар против Стоук Сити, кој се одржа зад затворени врати.

„Се надеваме дека Единсон Кавани ќе започне со тренинзи со тимот овој викенд, или можеби во понеделник. Можеби тој ќе излезе на терен во среда. Кавани имаше неверојатна измината сезона. Кога беше во форма, имаше огромно влијание врз играта. Но, на почетокот на оваа сезона, тој се повреди. За Кавани да го одигра својот најдобар фудбал, треба да се опорави 100%. Ние не го брзаме. Имаме силен состав за да се справиме со отсуството на повредените играчи. Кавани со нетрпение очекува да се врати на теренот, работи многу напорно“, изјави Оле Гунар Солскјер.

Во среда, 22 септември, Манчестер Јунајтед ќе игра против Вест Хем Јунајтед во Лига Купот на Англија.


Барса пријави загуба од 481 милиони евра за една сезона

Барселона издаде соопштение по состанокот на бордот на директори на клубот кој се одржал вчера. Каталонскиот гигант потврди дека на крајот од сезоната 2020/2021 загубиле 481 милиони евра.

Одборот на директори го одобри буџетот на клубот за оваа сезона во износ од 765 милиони евра, но тој мора да помине низ дополнителна постапка за одобрување на Собрание на делегати. На 6 октомври ќе започне целосна проверка на работите на клубот за да се најдат одговорните за финансиските проблеми. Тимот сериозно има намера да го среди она што се случи за да ги отстрани сите тешкотии за работењето на клубот во сезоната 2021/22.

Да потсетиме, во септември Каталонците ќе одиграат четири натпревари – со Гранада, Кадиз и Леванте во шпанското првенство, како и со Бенфика во Лигата на шампионите. Доколку тимот не постигне позитивни резултати, Лапорта може да се одлучи за одредени промени.


Како Ливерпул прими два гола во две минути? Клоп има одговор!

Во првото коло од Лигата на шампионите Ливерпул и Милан одиграа одличен меч, а црвените после пресврт славеа со 3:2.

Но, претходно пресврт направи и Милан, кој откако имаше негатива од 1:0, поведе со 1:2. Токму околу головите во краток период во мрежата на својот тим говореше Јирген Клоп.

„Прекрасна фудбалска вечер на Енфилд, почнавме одлично, но нас на крајот на првото полувреме не стигна казната поради опуштање. Не понесе нашата одлична игра и ја изгубивме дисциплината. Затоа ги примивме тие два гола“– изјави Германецот, па додаде:

„Верував дека можеме да се вратиме и да победиме во продолжението. Постигнавме одлични голови и заслужено победивме.“


Дани Алвес и Сао Паоло го раскинаа договорот

Сао Паоло го потврди раскинувањето на договорот со поранешниот дефанзивец на Барселона и Јувентус, Дани Алвеш. Договорот меѓу двете страни беше раскинат денес.

„Официјална изјава: Фудбалскиот клуб Сао Паоло објавува дека денес е потпишан договор за отпуштање на играчот Даниел Алвеш, кој беше поврзан со клубот со договорни обврски до декември 2022 година“, објави прес-службата на Сао Паоло на Твитер. Да потсетиме дека поради пандемијата на коронавирус, клубот ги намали платите на играчите, вклучувајќи го и Алвеш.

Со договор меѓу двете страни, беше договорено сумата да биде исплатена подоцна. По Олимписките игри во Токио, Дани Алвеш рече дека Сао Паоло го одложува плаќањето на долгот. После тоа, односот помеѓу играчот и клубот се влоши. Фудбалерот одби да се врати во базата на клубот додека не ги добие ветените пари.


Серија А е следната дестинација на Иско

Иско ја игра последната сезона во Реал Мадрид и на лето како слободен агент ќе го напушти клубот. Иско не е во плановите на Карло Анчелоти и добива мала минутажа, па донесе конечна одлука да го напушти „кралскиот“ клуб.

Шпанските медиуми од извори блиски до фудбалерот пренесуваат дека Иско веќе се договорил со Милан, кој му ветува дека ќе има важна улога во тимот.

„Росонерите“ се спремни да го донесат следното лето како слободен агент, но не е исклучено трансферот да се реализира уште во јануари.

Милан е во одлични односи со Реал Мадрид и ќе се обиде да го реализира трансферот во јануари за симболична сума.


Ибрахимовиќ за прв пат во кариерата со ваква изјава!

Златан Ибрахимовиќ оваа сезона ја започна со големи проблеми со повреди, поради што одигра само половина час во дрестона Милан. Го немаше во првото коло на Лигата на шампионите, во кој Милан беше поразен на Енфилд со 3:2.

Росонерите следниот голем првенствен дуел го имаат во Торино против Јувентус. Новарот на „MilanNes“ го праша дали ќе се врати за тој меч.

„Се уште не сум сигурен, но одам ден по ден. Не е никаква тајна дека имам проблем со тетивата и не сакам да се влоши таа ситуација.“

После тоа даде изјава која ни по ништо не е карактеристична за него.

„Сакам да бидам во форма целата сезона и морам да внимавам, не сум Супермен. Иако, проблем е што многу и тешко работам и уживам во тоа.“