Мбапе на 24 години е најдобар стрелец во историјата на ПСЖ
Килијан Мбапе стана најдобар стрелец во историјата на ПСЖ откако
вечерва погоди против Нант и стигна до погодокот број 201 во дресот
на „светците“.
Падна рекордот на Единсон Кавани, Килијан Мбапе вечерва испиша
нова историја, Французинот со само 24 години стана најдобриот
стрелец на ПСЖ.
Во самиот финиш од натпреварот против Нант, Килијан Мбапе доби
топка на пет метри, се сврте и биеше прецизно за 4-2.
Со овој погодок, Килијан Мбапе стигна до бројката од 201 во дресот
на „светците“ и стана прв стрелец во историјата на клубот од „Паркот
на принцовите“.
Сити ја одреди цената за Бернардо Силва
Бернардо Силва не е задоволен на „Етихад“ и сака на лето да ја
промени средината. Португалскиот фудбалер летово беше блиску до
преселба во Барселона, но каталонскиот клуб се откажа од
трансферот поради преголемата сума на пари што Сити ја бараше за
обештетување.
Сега и Манчестер Сити е расположен да го продаде Силва за сума од
околу 65 милиони евра, а Барселона не се откажува од Португалецот.
Проблем е финансиската ситуација на Каталонците, кои ќе мора да
продаваат фудбалери за околу 200 милиони евра за да можат да прават
трансфери.
Наводно за да ја собере таа сума Барселона е спремна на трансфер
листа да ги стави Френки де Јонг, Ансу Фати и Рафиња, а прва желба
е токму Бернардо Силва.
Мијатовиќ: Иниеста беше пред потпис со Реал Мадрид
Предраг Мијатовиќ откри дека се обидел да го ангажира Андрес
Иниеста. Мијатовиќ во 2006 година ја презема улогата на спортски
директор во Мадрид, по што имал преговори со многу фудбалери.
„Сакав да го донесам Иниеста во Реал Мадрид. Бевме блиску до
потпис на договор, а разговаравме и со татко му. Иниеста беше
неверојатен фудбалер“, кажа Мијатовиќ.
Иниеста изгради легедарен статус на „Камп Ноу“ и стана еден од
најтрофејните фудбалери во историјата на Барселона.
Мијатовиќ, исто така, ги пофали Педри и Гави од Барселона за кои
смета дека се наследници на Иниеста и Чави.
Суарез: Убеден сум дека Нејмар ќе освоеше „Златна топка“ ако останеше во Барселона
Луис Суарез зборуваше за моментот кога Нејмар одлучи да се пресели
во Пари Сент Жермен.
Во јуни 2017 година Бразилецот се пресели во ПСЖ за рекорден
трансфер, а тоа беше крај на триото „МСН“, кое и донесе големи
успеси на Барселона.
Суарез сега тврди дека ако Нејмар останел на „Камп Ноу“ сигурно ќе
ја освоел „Златната топка“.
„Пред да замине во ПСЖ, му реков на Нејмар „ако сакаш да
освојуваш повеќе трофеи, остани со мене и со Лео“ Во тој момент
Меси беше најдобар на светот, а Нејмар беше втор најдобар веднаш
зад него. Беше подготвен да ме слуша мене и Меси и сакаше да
остане. Ние како пријатели го советувавме да остане, но неговото
семејство реши да ја напушти Барселона “, изјави Суарез.
„Ако Нејмар останеше во Барселона тој сигуно ќе ја освоеше
„Златната топка“. Едноставно сум сигурен во тоа“, додаде Уругваецот.
Миленковиќ примарна цел на Фиорентина во летниот преоден рок
Примарна цел на Интер во летниот преоден рок ќе биде доведување
на дефанзивец, пренесуваат италијанските медиуми.
Интер на лето ќе остане без Скриниар, кој заминува во ПСЖ како
слободен агент, а најверојатно ќе замине и Де Врај. Поради тоа Интер
сака да доведе најмалку еден дефанзивец, а примарна цел е
Миленковиќ од Фиорентина.
Србинот веќе неколку сезони игра одлично во Серија А и смета дека е
вистински момент за чекор напред во кариерата.
Интер веќе стапил во контакт со неговиот агент и спрема понуда од 15
милиони евра, додека
УЕФА казни единаесет клубови заради неподмирени долгови кон фудбалерите
Финансиското тело на УЕФА ги суспендира : Арис (Грција), Астана
(Казахстан), Борац Бања Лука (БиХ), Клуж (Романија), Флоријана
(Малта), Коњаспор (Турција), Жар (Казахстан), Олимпија Љубљана
(Словенија), Осијек и Ријека (Хрватска) и Валмира (Летонија).
Одлуката е донесена по детална анализа и поради непочитување на
финансиските регулативи пропишани за сезоната 2022/23. Станува
збор за долгови за плати и за направени трансфери.
Сите ќе добијат дополнителна казна од 10.000 евра доколку не ги
исплатат долговите до крајот на месецов.
Скалони првпат го повика Гарначо во репрезентацијата на Аргентина
Селекторот на фудбалската репрезентација на Аргентина, Лионел
Скалони денеска го објави списокот на играчи за претстојните
пријателски натпревари против Панама и Курасао.
Во првите натпревари по освојувањето на светското првенство во
Катар, Аргентина ќе игра со Панама на 23 март на „Монументал“ во
Буенос Аирес, додека пет дена подоцна ќе биде домаќин на Курасао
во Сантијаго дел Естеро.
На списокот на Скалони, меѓу другите, се Лионел Меси, Анхел ди
Марија и Алехандро Гарначо, кој го доби првиот повик по одличните
настапи за Манчестер Јунајтед.
Претходно оваа недела федерацијата му го продолжи договорот на
Скалони до 2026 година.
Реал Мадрид најверојатно нема да се вклучи во евентуално наддавање
за ѕвездата на Борусија Дортмунд, Џуд Белингам, пренесува „АС“.
Се очекува Белингам да биде најбараниот фудбалер ова лето, а за него
интерес покажуваат Реал Мадрид, Ливерпул и клубовите од
Манчестер, додека Борусија за неговата слобода бара 150 милиони
евра.
Поради тоа Реал се откажал од Белингам и ќе се фокусира на
ангажман на друга ѕвезда.
Реал нема намера да потроши рекордна сума за Белингам, а најавите
се дека Модриќ и Крос ќе останат уште една сезона во „кралскиот“
клуб.
Тоа не значи дека Реал дефинитивно се откажал од Англичанецот, но
не е спремен да понуди повеќе од 100 милиони евра.
Икарди се враќа во Италија, Милан и Рома загреани да го доведат
Мауро Икарди на лето би можел да се врати во Серија А, пренесуваат
италијанските медиуми. Икарди оваа сезона игра во Галатасарај како
позајмен фудбалер од ПСЖ и во Турција си ја „оживеа“ кариерата.
Аргентинецот е во извонредна форма и оваа сезона на 13 меча
постигна 9 гола и 6 асистенции. Икарди на лето ќе се врати во ПСЖ,
но јасно е дека за него нема повеќе место во Париз, а интерес за него
покажуваат италијанските клубови.
Неговата менаџерка, Ванда Нара за италијанските медиуми потврди
дека Милан и Рома ја контактирале и покажале силен интерес за
напаѓачот.
29-годишниот напаѓач сака да се врати во Италија и е спремен да
прифати помала плата за повторно да игра во Серија А.
Барса пак мора да продава за да преживее
Медиумите во Шпанија објавија дека челниците на фудбалскиот
состав Барселона ќе мора да се ослободат од повеќе играчи за да
можат да го балансираат лимитот за плати и со тоа да купат
засилувања.
Според непотврдени информации, Каталонците се во големи долгови
и со сегашниот ростер дефинитивно не може да ги исполнат
условите.
Во текстовите се вели дека шпанскиот гигант ќе мора да се ослободи
од играчи чија вкупна вредност надминува 200 милиони евра.