фудбал

Aнчелоти повеќе нема доверба во Азар, Белгиецот заминува од Мадрид

Реал Мадрид сака ова лето да се ослободи од Еден Азар. Клубот веќе започнал преговори за спогодбен раскин на договорот со фудбалерот за кого платија 115 милиони евра.

Последниот натпревар во дресот на „кралевите“ Азар го одигра на 11-ти септември минатата година. Белгиецот не е во плановите на Карло Анчелоти и во интерес на сите е да си замине. Во Мадрид би можел да го задржи само евентуално заминување на Анчелоти.

Азар требаше да биде голема ѕвезда во Мадрид, но место тоа се покажа како една од најлошите инвестиции во историјата на „кралевите“.

Од неговото доаѓање летото 2019 година, до почетокот на 2023 година одигра само 73 натпревари за Реал. Оваа сезона на теренот беше само седум пати од кои двапати како стартер, собирајќи 296 минути.


Касемиро неизвесен за дуелот против Бетис

Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Касемиро би можел да го пропушти првиот натпревар од осминафиналето на Лига Европа против Бетис. Причина за ова е што Бразилецот заработи повреда на дербито со Ливерпул. Тој беше заменет во 77. минута од катастрофалниот меч за „црвените ѓаволи“, а на негово место се појави Марсел Забицер.

Касемиро, кој е клучен играч во тимот на Ерик тен Хаг, досега настапуваше на сите натпревари на Манчестер Јунајтед во Лига Европа. Беше клучен за елиминирање на Барселона во претходното коло.

Ако Бразилецот го пропушти дуелот на „Олд Трафорд“ во четврток, партнер во средината на теренот на Фред ќе биде некој помеѓу Мектоминеј и Забицер.

Касемиро го пропушти вчерашниот тренинг на Манчестер Јунајтед и е испратен на дополнителни тестови. Клубот се уште не објави официјална информација за неговата состојба.


Лапорт пред преселба во Барселона?

Најново име кое се поврзува со трансфер во фудбалскиот клуб Барселона е Америк Лапорт од Манчестер Сити.

Според информациите од шпанските медиуми, тренерот на Барса, Чави Ернандез, сака дополнително засилување на дефанзивната линија од тимот, а еден од играчите кои го привлекоа неговото внимание е репрезентативецот на „фуријата“.

Лапорт го носи дресот на Сити од 2018.година, и има освоено четири шампионски титули во Премиер лигата.


Жиру неизвесен за дуелот со Тотенхем во Лондон

Напаѓачот на Милан, Оливие Жиру може да го пропушти реваншот против Тотенхем во осминафиналето од Лигата на шампионите, кој ќе се одигра утре, 8 март. Французинот има висока температура, објавија медиумите во Италија.

Шведскиот ветеран Златан Ибрахимовиќ , кој неодамна за првпат излезе на теренот по долго опоравување од повредата, нема да учествува во натпреварот, бидејќи Росонерите не го пријавија за плеј-оф натпреварите во ЛШ. Во првиот натпревар, кој се одигра во Италија, избраниците на Стефано Пиоли беа подобри со минимален резултат. Стрелец на единствениот гол против Тотенхем беше Брахим Дијаз во седмата минута од средбата.

Сезонава Оливие Жиру одигра 33 натпревари за Милан во сите натпреварувања, постигна 11 гола, но имаше и четири асистенции.


Адеми го напушта Динамо Загреб

Капитенот на Динамо Загреб и македонски репрезентативец, Аријан Адеми, поле 12 години го напушта хрватскиот шампион.

Нова фудбалска дестинација на 23-годишниот Адеми ќе биде Кина и клубот Пекинг Гуан. Според информациите од медиумите во Хрватска, Динамо за овај трансфер би требало да добие обешететување од еден милион евра.

Договорот на Адеми со Динамо е со важност до 2026.година, а неговата цена на фудбалскиот пазар се проценува на околу четири милиони евра.


Хуман гест од Кристијано Роналдо за луѓето од Турција погодени од земјотресот

Познатиот светски фудбалер Кристијано Роналдо испрати авион полн со помош за луѓето кои загинаа во земјотресот што минатиот месец ги погоди Сирија и Турција  објави Дејли мејл.

Фудбалерот на Ал Насра реши на овој начин да ја изрази својата поддршка за Турција, каде загинаа повеќе од 50.000 луѓе.

Португалецот платил шатори, пакети со храна, перници, ќебиња, кревети, храна за бебиња, млеко, лекови и друг вид на помош, што би можело да биде корисно за жртвите од драматичните случувања во минатиот месец.


Футсалците ја совладаа Шведска во квалификационен дуел во Скопје

Македонската футсал репрезентација славеше над Шведска со 3-1 во последниот натпревар од квалификациите за Светското првенство.

Со овој триумф избраниците на Васко Скендеровски остануваат во игра за елитната рунда во мундијалските квалификации, односно ќе чекаат услуга од Италија која веќе ја има завршено својата задача.

Ако Италијаните слават против Шведска на 8 март, тогаш нашиот национален состав оди во наредната фаза.

Кога се работи за вечерашниот меч во СЦ „Јане Сандански“, Ранготов ни донесе водство од 2-0, потоа Диаз намали на 2-1, а конечните 3-1 ги постави Леовски во 38 минута.


Салах: Ми се исполни желбата, влегов во историјата на Ливерпул

Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах, изјави дека му се исполни желбата да стане најдобар стрелец во историјата на клубот во Премиер лигата.

Ливерпул во неделата на свој терен го декласира Манчестер Јунајтед со резултат 7:0, а репрезентативецот на Египет на мечот постигна два гола. Мохамед Салах со дадени 129 гола стана најдобар стрелец на Ливрпул во историјата на Премиер лигата. Тој го собори рекордот на легендарниот напаѓач на „црвените“, Роби Фаулер, кој за Ливерпул постигна 128 гола.

„Ова е многу важен и посебен момент за мене, нешто што го посакував од моментот кога пристигнав во Ливерпул. После мојата прва сезона во клубот размислував за рекордот. Она што е навистина неверојатно е тоа дека влегов во историјата на натпревар со Манчестер Јунајтед кој го добивме со 7:0“, изјави Салах.


Конте во јуни го напушта Тотенхем

Тотенхем нема намера да го продолжи договорот со Антонио Конте, пренесуваат медиумите на Островот.

Конте постојано ги одложуваше преговорите околу новиот договор со Тотенхем, а тоа е знак дека сака да го напушти клубот. „Газета дело Спорт“ ја открива причината и пренесува дека Конте сака на лето да се врати во Италија, а тоа му го соопштил и на раководството на Тотенхем.

Неговиот договор истекува на крајот на сезоната и како што сега стојат работите двете страни ќе се заделат на лето.

Тотенхем веќе ја започнал потрагата за нов тренер, а Конте најверојатно ќе се врати во Италија.


Модриќ ќе ја предводи Хрватска и во следните евро-квалификации

Лука Модриќ ќе продолжи да настапува за хрватската репрезентација и тоа не само на фајналфорот во Лигата на нации! Како што пишуваат хрватските медиуми, капитенот на „коцкестите“ ќе биде во составот и за квалификациите за ЕП со Велс на 25 март и против Турција три дена подоцна.

Селекторот Златко Далиќ му понуди да го одигра првиот меч на „Пољуд“, а потоа да се врати во Мадрид, за да не мора да патува во Бурса, но самиот Модриќ инсистира да игра и во Турција.

Влегувањето во „проектот Германија 2024“ сугерира дека Хрватска ќе може да смета на Модриќ и за ЕП 2024.