фудбал

Сити спремен да го продаде Бернардо Силва во Барса

Бернардо Силва, наводно, би можел да го напушти Манчестер Сити на лето поради прифатлива понуда од некој друг европски гигант.

Се чини дека Барселона ќе има убава шанса ова лето да тргне по потписот на Португалецот, со оглед на интересот кој го има кон него подолг период.

Играчот од средниот ред на Манчестер Сити е високо ценет од челниците на Барселона и тие се многу заинтересирани да го ангажираат ова лето. Според весникот Спорт, Пеп Гвардиола е подготвен да го продаде Силва ова лето, под услов да се добие прифатлива понуда.

Португалецот има уште две години од актуелниот договор со шампионот во Премиер лигата, па тие не се под притисок да го продадат уште ова лето доколку не добијат екстра-понуда, што може да биде проблем плус за Барса.


Јуве нема да го откупи Леандро Паредес

Јувентус е незадоволен од настапот на аргентинскиот играч за врска Леандро Паредес. Според новинарот Николо Шира, торинскиот клуб нема да го откупи договорот на играчот на ПСЖ и ќе го рати во Париз по завршувањето на сезоната.

Една од главните причини за завршувањето на неговиот престој во Италија е и неговата висока плата од 7 милиони евра годишно. На крајот од сезоната, аргентинскиот играч за врска ќе мора да се бори за место во ПСЖ или да бара нов клуб.

28-годишниот Паредес оваа сезона забележа 28 настапи за Јувентус во сите натпреварувања.


Тони пред казна од ФА за недозволено обложување

Англиската Федерација покрена истрага против фудбалерот, Иван Тони, за прекршување на правилото за обложување.

Тој се обложил точно 262 пати пред да пристигне во Премиер лигата во периодот од 2017-та до 2021-ва година а казната ќе стапи на сила при донесувањето на конечната одлука на ФА.

Напаѓачот на Брентфорд е трет најдобар стрелец во Премиер лигата со 14 постигнати голови колку што има и играчот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд.


Мурињо доби суспензија од два натпревари по црвениот картон во Кремона

Жозе Мурињо доби два натпревари суспензија и парична казна од 10.000 евра поради испадот во натпреварот против Кремонезе.

Рома на дуелот со Кремонезе беше поразена со 2-1 и тоа беше прва победа за овој тим во првенството сезонава. Мурињо беше исклучен на почетокот на второто полувреме по расправија со четвртиот судија. Португалецот беше исклучително бесен на Марко Сера (четвртиот судија). По нивната расправија главниот судија го испрати Португалецот на трибините.

Мурињо по натпреварот тврдеше дека бил жестоко навреден како никогаш претходно на еден натпревар, но не откри што точно му кажал Сера. Најави Жозе и судска постапка, но секако суспензијата ќе мора да ја испочитува, секако и паричната казна.


Познати паровите за четвртфиналето од англискиот ФА Куп

После одржаната жребка, Манчестер Јунајтед во четвртфиналето на ФА купот како домаќин ќе игра против тимот на Фулам.

Фудбалерите на Манчестер Сити на свој терен ќе се сретнат со второлигашот Барнли, четвртолигашот Гримзби како гостин ќе патува на дуел со Брајтон, додека Шефилд Јунајтед ќе игра против Блекбурн.

Четвртфиналните натпревари се закажани за 18.март.


Луис Енрике наследник на Симеоне?

Шпанските медиуми пренесуваат дека поранешниот селектор на Шпанија, Луис Енрике, би можел да биде нов тренер на Атлетико Мадрид.

Енрике е без ангажман откако поднесе оставка на местото селектор на Шпанија после неуспехот на Мундијалот во Катар.

Информациите од медиумите велат дека на Енрике му е понудено да го преземе Атлетико, доколку Диего Симеоне на крајот од сезоната го напушти клубот од Мадрид.

Луис Енрике претходно ги има водено екипите на Барселона, Селта и Рома.


Берлускони продава дел од акциите во Монца

Првиот човек на фудбалскиот состав Монца, Силвио Берлускони, сака да продаде дел од акциите за да донесе „свеж“ капитал и да ги покрие зголемените трошоци со играњето во Серија А.

Тој бара инвеститори кои ќе му помогнат на семејниот холдинг –  „Фининвест“ во покривање на растечките трошоци потребни за поддршка на Монца.

Поранешниот италијански премиер го презеде клубот 2018 година кога играше во третолигашката конкуренција.


Реал пак се интересира за Бруно Гимараеш од Њукасл

Реал Мадрид е силно заинтересиран за играчот на Њукасл и бразилски репрезентативец, Бруно Гимараеш.

25-годишниот играч за врска игра фантастично и го привлече вниманието  на многу европски гиганти. После заминувањето на Каземиро, Анчелоти верува дека неговиот сонародник ќе биде идеална замена и сака да го донесе на „Сантиаго Бернабеу“.

Реал е во потрага по квалитетен играч за врска, а со оглед на фактот дека Белингам е премногу скап, „кралевите“ сега ќе се насочат кон Бруно Гимараеш.


Хојлунд би дошол во Јуве ако Влаховиќ биде продаден

Јувентус покажува дека е заинтересиран за 20-годишниот дански фудбалер Расмус Хојлунд кој во сезонава постигна 13 гола во дресот на Аталанта.

Станува збор за одличен напаѓач за кого се заинтересирани и луѓето од Милан и Рома.

„Старата дама“  го гледа младиот играч како евентуална замена за Душан Влаховиќ, кој веројатно во текот на летото ќе замине во друг состав.


Голем интерес од цел континент за Грузиецот Кварацхелија

Фудбалерот на Наполи, Квиша Кварацхелија, кој има блескава сезона, влегува во радарот на англиските состави Манчестер Сити и Њукасл, објави новинарот на „CBS Sports“ – Бен Џејкобс, во неговата последна колумна.

Интернационалецот од Грузија се уште не размислува да ја промени средината иако дел од гигантите сакаат да дојдат до неговиот потпис. Се очeкува италијанскиот тим за слободата на Кварацхелија да бара повеќе од 100 милиони евра.

„Нема сомневање дека ќе има многу опции на лето. Но, Наполи е совршен клуб за Кварацелија во моментов“, напиша Џејкобс.