фудбал

Ал-Итихад ќе биде новиот клуб на Карим Бензема

Карим Бензема наредната сезона ќе го носи дресот на Ал-Итихад кој сезонава ја освои шампионската титула пред Ал Наср на Роналдо.

Експертот за трансфери, Фабрицио Романо утрово само ги потврди најавите. Карим Бензема веќе потпиша поголем дел од документацијата за трансфер во Ал-Итихад, а наскоро ќе биде официјализирана и соработка до 2025 година. Французинот е во Саудиска Арабија каде што ја чека промоцијата во новиот клуб.

За договорот на две години освојувачот на „Златната топка“ ќе заработува неверојатни 400 милиони евра.


Тен Хаг го враќа Мане во Премиер лигата?

Садио Мане е незадоволен во Германија, не се снајде најдобро во Баерн Минхен и после само една година може да го напушти клубот.

Баерн го ставил Сенегалецот на трансфер листа, а тој преферира да се се врати во Премиер лигата и да игра во Лигата на шампиони.

Интерес за него покажува Манчестер Јунајтед, кој веќе стапил во контакт со неговиот агент. „Црвените ѓаволи“ сакаат да ја победат конкуренцијата, бидејќи за Мане интерес покажува и Њукасл.

Самиот фудбалер преферира преселба на „Олд Трафорд“,па може да се пресели во најголемиот ривал на Ливерпул.


Ели Ваи од Монпелје на радарот на два италијански гиганти

Напаѓачот на француски Монпелје, Ели Ваи ова лето би можел да се пресели во Серија А.

Според информација на италијанските медиуми, два од најголемите италијански состави Јувентус и Милан во моментов се во голема битка за потписот на 20-годишниот фудбалер. Минатава сезона, Ваи на 33 натпревари за Монпелје постигна 19 гола и стана најдобар стрелец во екипата.

Според информациите, Јуве е во предност во преговорите. „Старата Дама“ сака да го донесе Ваи како замена за Душан Влаховиќ, кој би можел да го смени клубот ова лето.


Почетино го сака Онана: Челзи нуди пари и Менди во трансферот

Според информациите во Франција, Челзи е подготвен да понуди Едуард Менди плус пари за голманот на Интер, Андре Онана, кој исто така е трансфер цел на Манчестер Јунајтед.

Онана беше донесен како слободен играч минатото лето кога му истече договорот со Ајакс. Камерунецот беше одличен сезонава, помагајќи им на „нероаѕурите“ да го освојат Купот на Италија, Суперкупот на Италија и да стигнат до финалето во Лигата на шампионите против Манчестер Сити.

Понудата на „сините“ од Лондон до италијанскиот тим ќе биде Менди плус одредена сума на пари за Онана.


Лукас Хернандез преговара за трансфер во ПСЖ

ПСЖ е во преговори за ангажирање на дефанзивецот на Баерн (М) и француски репрезентативец, Лукас Ернандез. Според инсајдерот Фабрицио Романо, поранешниот одбор на директори на Баерн со Салихамиџиќ и Кан сакал да го задржи 27-годишниот фудбалер, но, откако тие заминаа, работите се променија.

Забележано е дека преговорите меѓу Ернандез и ПСЖ се во ќорсокак, а фудбалерит има желба да си замине. Французинот за Баерн игра од 2017 година. Оваа сезона има 11 настапи во сите натпреварувања, постигнувајќи еден гол и една асистенција.


Реал Мадрид размислува за Каи Хаверц

Фудбалерот на Челзи, Каи Хаверц, може да добие понуда да се пресели во Реал Мадрид, наведува денеска весникот – „ Marca“.

„Белите“ наводно, ќе се обидат да го купат 23-годишниот играч доколку не успеат во намерите да ги ангажираат Хари Кејн или Рандал Коло Муани. Германецот во сезоната што заврши одигра 47 мечеви во сите натпреварувања. Тој постигна девет голови и направи една асистенција.

Договорот на играчот со „сините“ е до крајот на јуни во 2025 година. Неговата трансферна сума е околу 60 милиони евра.


Луис Енрике фаворит за испразнетото место во ПСЖ

Кристоф Галтие синоќа против Клермон за последен пат ја водеше екипата на Пари Сен Жермен, а „светците“ веќе ја почнаа потрагата по нов тренер.

Француските медиуми најавуваат дека најголеми шанси за преземање на екипата има поранешниот тренер на Барселона и шпански селектор, Луис Енрике.

ПСЖ веќе почнале преговори со Луис Енрике и се очекува во наредните денови Шпанецот официјално да биде промовиран во нов кормилар на тимот.

Претседателот Насер Ал-Келаифи смета дека Енрике има квалитет да им го донесе европскиот пехар на „Паркот на принцовите“.


Рамос не прифатил нов договор заради најавената улога на резерва

Вчера беше потврдено дека Серхио Рамос нема да го продолжи договорот со Пари Сен Жермен и по две сезони си заминува.

Договорот на Рамос истекува на 30-ти јуни и тогаш ќе го напушти клубот како слободен агент, натпреварот против Клермонт за него е последен. Француските медиуми по вчерашната објава на Рамос се занимаваа со иднината на дефанзивецот, а открија и зошто одбил да потпише нов договор.

Според информациите понудата на ПСЖ за нов договор била со значително пониска годишна плата од сегашната, но освен тоа бил известен дека најверојатно нема да биде стартер. Засега според информациите нова дестинација на Рамос ќе биде Саудиска Арабија од каде што има понуда од Ал Хилал за двегодишен договор вреден наводно 100 милиони евра.


Гундоган наместо во Барса може да заврши во Милан

Илкај Гундоган како што стојат работите наредната сезона нема да го носи дресот на Манчестер Сити, а во претходниот период најмногу се поврзуваше со Барселона, но сега се појавија нови информации.

Имено, според „Кориере Дело Спорт“, Милан влегол во напредни преговори со германскиот фудбалер. Договорот на Гундоган со Манчестер Сити истекува ова лето и засега нема најави дека ќе го продолжи.

Италијанскиот новинар Фабио Мандарини, тврди дека Милан влегол во напредни преговори и според него големи се шансите Германецот да биде засилување за „росонерите“.

Како и да одлуката за тоа каде ќе продолжи Гундоган сигурно нема да ја донесе пред завршувањето на финалето во Лигата на шампионите.


Почетино го носи Митровиќ на „Стемфорд бриџ“

Приоритет на Челзи во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен голгетер.

Тен Хаг сака да донесе робусен напаѓач, а меѓу желбите е напаѓачот на Фулам и српски репрезентативец, Александар Митровиќ.

Митровиќ има одлична сезона каде одигра 28 натпревари, постигна 15 гола и забележа четири асистенции. Српскиот репрезентативец има актуелен договор со Фулам до 2026 година, па клубот нема лесно да го пушти, но и тој самиот сака да направи чекор напред во кариерата.