фудбал

Перишиќ заминува од Тотенхем зимава, еуфорија меѓу сплитските фанови

Најавата за трансфер на Иван Перишиќ во Хајдук повторно е актуелна. Хрбатот уште во јануари би можел да го напушти Тотенхем и да се пресели во татковината.

Според новинарот Аласдаир Голд од „Фудбал Лондон“, Перишиќ размислува за таков чекор. Преодниот рок во Хрватска започнува на 18 јануари ќе трае до 15 февруари.

Неодамна тренерот на Тотенхем Постекоглу порача дека клубот нема намера да му стои на патот на Перишиќ, но најави и дека веројатно тој веќе го одиграл последниот натпревар за Тотенхем.

Дресот на Тотенхем, Перишиќ го носеше на 50 натпревари во кои постигна еден гол и подели 14 асистенции. Во овој момент тој е на рехабилитација по операцијата од тешката повреда на предните вкрстени лигаменти на десното колено кон средината на септември 2023 година.


Чави го сака Рабио во Барса

Барселона се вклучи во трката за ѕвездата на Јувентус и француската репрезентација, Адриен Рабио, пренесуваат италијанските медиуми. Рабио влезе во последната година од договорот и нема најави за продолжување на соработката, па на лето ќе замине како слободен агент. 

Барселона е во потрага по квалитетен играч за врска и гледа шанса да донесе големо засилување без обештетување. Поради тоа Каталонците наскоро ќе стапат во контакт со агентот на Рабио, бидејќи сакаат да ја победат конкуренцијата.


Александер-Арнолд се повреди на Куп-дуелот со Арсенал

Трент Александер-Арнолд е уште еден клучен играч на Ливерпул кој заработи повреда што ќе го оддалечи најмалку три недели од стадионите,  соопшти Пеп Линдерс, помошник на Јирген Клоп.

Десниот бек заработи повреда на коленото на дербито од третото коло во ФА Купот со Арсенал. На тој начин, „црвените“ остана без бекови по долгогодишните повреди на Енди Робертсон и Костас Цимикас.

„Трент има мало кинење на страничните лигаменти на коленото и ќе му треба време да се опорави. Ќе одмара неколку недели и потоа се надевам дека ќе се врати во истата форма“, вели Линдерс.


Конте би прифатил предизвик да го преземе Наполи

Медиумите од Неапол сега шпекулираат дека Наполи ќе добие нов тренер, но дури налето.

Поразот од Торино во последното коло од трибините го гледал и Антонио Конте, кој е насериозен кандидат да седне на клупата на Наполи од следната сезона.

Тие дури и го прашале Конте дали се точни шпекулациите, а тој дипломатски им одговорил: „Тоа може да се оствари, но јас сакам работите да одат како што треба.“, веројатно алудирајќи на тоа дека во моментов не би го презел тимот со играчи кој ги донел некој друг.

Антонио Конте е без тренерски ангажман од март минатата година, кога го напушти Тотенхем.


Баерн го договори најголемиот талент на Шалке 04


Дашмир Елези потпиша за Локомотива Загреб

Eден од најталентираните фудбалери на Шкендија и голема надеж на овој клуб, 19-годишниот Дашмир Елези кариерата ја продолжува во Хрватска.

Елези ќе игра за тимот на Локомотива Загреб, трансферот утрово го потврди тетовскиот клуб.

„Шкендија со задоволство објавува дека постигна договор со НК Локомотива Загреб за трансфер на Дашмир Елези. Клубовите ја договорија оштетата, а Шкендија ќе добие и 10% од потенцијалниот следен трансфер на Елези“, објави тетовскиот клуб.

Вниманието на македонската јавност Елези го привлече кога на само 16 години доби шанса и стана најмладиот стрелец во историјата на клубот на официјален натпревар. Иако има 19 години тој зад себе собра веќе 90 официјални натпревари.

Минатата година се пресели во Торпето Кутаиси од Грузија, меѓутоа набрзо по барање на играчот трансферот се откажа и Елези продолжи со Шкендија.


Терачано официјално претставен во Милано

Милан и официјално го потврди потписот со 20-годишниот дефанзивец Филипо Терачиано од Верона. Терациано потпиша договор до летото 2028 година и ќе го носи дресот со број 38 во првите неколку месеци од престојот на Сан Сиро, потврдија од Милан.

Последните информации говорат дека „росонерите“ платиле вкупно 5 милиони евра за трансферот, како и уште 10% од секоја идна продажба на фудбалерот.


Тотенхем – Сити дерби на четвртата рунда од ФА Купот

Синоќа со ждрепка беа одредени и двојките за 4. коло од натпреварите во ФА Купот на Англија. Меѓу најинтересните дуели секако се двете големи премиерлигашки пресметки Тотенхем – Манчестер Сити и Челзи и Астон Вила.

Меѓу поинтересните дуели од оваа рунда се и натпреварите:

Ватфорд – Саутемптон

Блекбурн против Рексам

Борнмаут – Свонси

Вест Бромвич – Брентфорд/Вулверхемптон

Вест Хем/Бристол – Нотингем/Блекпул

Лестер – Хал Сити/Бирмингем

Шефилд Венсдеј – Ковентри Сити

Челзи – Астон Вила

Ипсвич – Мејдстон Јунајтед

Ливерпул – Норич/Бристол Роверс

Тотенхем – Манчестер Сити

Лидс – Плимут

Кристал Палас/Евертон – Лутон/Болтон

Каунти Њупорт – Манчестер Јунајтед

Шефилд Јунајтед – Брајтон

Фулам – Њукасл


Борусија Дортмунд ќе го позајми Але во Бешикташ

Себастијан Алер е подготвен да ја напушти екипата на Борусија Дортмунд и да се пресели во Бешикташ на позајмица до крајот на сезоната, тврдат медиумите во Турција.

Според информациите, Бешикташ, кој е на шестото место на табелата во турската Суперлига, целосно ќе ја покрие платата на Алер.

Французинот во тимот од Истанбул треба да го замени Камерунецот Винсент Абубакар, кој беше ослободен минатиот месец.


Дибала уште месецов се сели во Челзи?

Пауло Дибала во зимскиот преоден рок би можел да го засили Челзи.

Италијанските медиуми пренесуваат дека лондонскиот клуб е заинтересиран да го доведе Аргентинецот кој во својот договор има клазула од 12 милиони евра која не важи само за клубовите од Серија А.

Дибала во Рома пристигна како слободен играч, па така побара во неговиот договор да има клазула која лесно ќе може некој клуб да ја плати. Клазулата важи до 15-ти јануари, па така Челзи ако е навистина заинтересиран нема многу време.

Маурисио Покетино има пролбеми во нападот, Николас Џексон и Армандо Броја не се на потребното ниво, додека Кристофер Нкуку повторно е повреден и ќе паузира три месеци.

Дибала би можел да биде решение, иако не е класичен напаѓач. За Рома во досегашниот дел од сезоната постигна шест голови и додаде исто толку асистенции на 17 натпревари во сите натпреварувања.