фудбал

Севиља ја одби понудата на Њукасл за Диего Карлос

Њукасл се приближува до договор за дефанзивецот на Севиља, Диего Карлос, откако упати понуда од над 30 милиони фунти за бразилскиот дефанзивец. Сепак, предлогот бил сличен на еден од ривалите во Премиер лигата и најверојатно двата ќе бидат одбиени.

Се очекува шпанскиот тим да прифати понуда блиску до 40 милиони евра, за која првично рекоа дека би сакале да ја добијат за својот дефанзивец.

28-годишниот фудбалер ќе избере со кој клуб сака да потпише, но се верува дека засега договор нема.


Обамејанг го напушта Арсенал во наредните неколку дена?

Напаѓачот на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг по се изгледа дека нема да се приклучи на тимот кој за брзо заминува во тренинг кампот во Дубаи и е можно да го напушти клубот во наредните неколку денови.

Обамејанг неодамна се врати во Лондон по учеството во Купот на афрички нации, но тој и понатаму останува надвор од плановите на тренерот Артета.

Бројни се информациите дека Обамејанг добил неколку понуди за заминување на позајмица во клубови од Блискиот Исток кои се спремни да ја покријат високата плата која фудбалерот ја прима во Арсенал. Но 32-годишниот играч од Габон не е заинтересиран за заминување од Европа и очекува понуда од клуб кој игра во најсилните европски лиги. 


Ансу Фати одбра терапија пред операција по повредата во Билбао

Фудбалерот на Барселона, Ансу Фати одлучил да не оди на операција поради повредата на бицепсната тетива на левата нога, пренесува „Мундо Депортиво“.

Крилниот напаѓач го направил својот избор по состанокот со медицинскиот персонал на клубот во понеделникот, на кој присуствуваше и неговото семејство. Фати поради повредата на левото колено не сака повторно да оди на операција. На ист став се и клупските лекари.

Каталонскиот весник „Спорт“ смета дека шпанскиот репрезентативец ќе се обиде со конзервативен третман, но во исто време побарал повеќе време за својата конечна одлука. Барса, пак, бара операција за да може 19-годишниот Фати целосно да се опорави и да започне свеж во новата сезона.


Повредата на Бензема не е од сериозна природа

Најдобриот напаѓач во екипата на Реал Мадрид, Карим Бензема, е сигурен дека повредата што ја заработи на натпреварот против Елче, не е сериозна.

Францускиот репрезентативец поради повреда на мускулот, беше заменет во 58.минута од средбата, во која при резултат 0:0 тој не успеа да реализира пенал за Реал Мадрид.

Меѓутоа Бензема во изјава за медиумите по крајот на средбата, искажа оптимистичко мислење дека повредата не е сериозна и дека тој ќе има доволно време да ја санира истата. Во полза му оди и фактот дека следува кратка зимска пауза во шпанската Ла Лига по што следува куп средбата со Атлетико Билбао на 3.февруари.


Милан го купи талентот на Црвена Звезда, Марко Лазетиќ

Челните луѓе на српскиот фудбалски гигант Црвена Звезда, ја потврдуваат веста дека клубот се согласи да го продаде играчот Марко Лазетиќ во Милан.

18-годишниот напаѓач Лазетиќ важи за еден од најголемите таленти во екипата на Звезда и тој ќе замине во тимот на Милан за 5 милиони евра. 

Претходно, за младиот Лазетиќ интерес прикажа и екипата на Торино, но условите кои ги понуди миланскиот гигант беа клучни при неговиот избор.


Хоџсон ќе го менува Раниери во Вотфорд

Вотфорд одлучи да го отпушти Клаудио Раниери, а веќе се најавува кој би можел да биде нивни нов менаџер.

Според најавите од Англија играчите веќе биле информирани дека на клупата ќе седне Рој Хоџсон. Хоџсон има 74 години, а неговиот последен ангажман беше во Кристал Палас.

Доколку се случи Хоџсон да седне на клупата на Ватфорд тоа ќе биде негов 17-ти клуб во кариерата. Треба да се спомене дека Хоџсон го држи рекордот за најстар менаџер во Премиер лигата.


Венгер: ПСЖ требаше порано да го продаде Мбапе

Арсен Венгер, ја коментираше ситуацијата околу Пари Сен Жермен и Килијан Мбапе.

Договорот на напаѓачот истекува за неколку месеци а раководството напорно работи за да го убеди да остане на – „Паркот на принцовите“.

„Мбапе е незаменлив за ПСЖ и нивниот начин на игра. Останува малку време и сега може да потпише со кого сака. Тие во летото одбија понуда од 180 милиони евра од Реал а тоа се многу пари дури и за нив“, вели Французинот.


Влаховиќ го одбрал Јувентус, трансферот пред реализација

Душан Влаховиќ својата кариера ја продолжува најверојатно во дресот на Јувентус.

Српскиот напаѓач игра фантастично оваа сезона и со своите настапи го привлече вниманието на многу европски клубови. Влаховиќ многу се поврзуваше со Арсенал кој за него беше спремен да плати 70 милиони евра, но напаѓачот порача дека не сака да ја продолжи кариерата во лондонскиот клуб.

Иако се обидуваа да го убедат не успеаа. Од вчера вечер сите најрелевантни италијански медиуми објавуваат дека Влаховиќ е пред потпис со Јувентус. Исто така Влаховиќ од својот опис на профилот го тргна делот дека е играч на Фиорентина и само дополнително ги зголеми најавите.

Информациите од Италија се дека Јувентус ќе го доведе Влаховиќ за сума од 67 милиони евра, пкус бонуси.


Дуван Запата од Аталанта се сели во Њукасл

Екипата на Њукасл е со големи шанси на го доведе на позајмица напаѓачот на Аталанта, Дуван Запата.

Самиот Запата пред извесно време изрази желба да заигра во Премиер лигата и по се изгледа дека овој трансфер е пред реализација.

Тренерот на Њукасл, Еди Хауи, има намера овој месец да го засили нападот на екипата која ја очекува тешка борба за опстанок до крајот на сезоната.

Црно-белите се подготвени да го ангажираат Запата како позајмен играч до крајот на сезоната а потоа за 30 милиони фунти и трајно да го откупат неговиот договор.

Се очекува екипата од Бергамо да ја прифати оваа понуда за 30-годишниот фудбалер и тој до крајот на месецот да се пресели во Англија.


Никлас Зуле во јуни го напушта Баерн Минхен

Играчот од одбраната на Баерн Минхен, Никлас Зуле, го информирал менаџментот на клубот дека не планира да ја продолжи соработката по завршувањето на сезонава.

Зуле ја игра последната година од договорот со Баварците и тој како слободен играч може да бара нова средина.

Според информациите има голем број на екипи кои се заинтересирани за дефанзивецот, а како најсериозни се истакнуваат Барселона и Челзи.