фудбал

Ливерпул се интересира за Копмајнерс од Аталанта

Теун Копмајнерс прераснува во најголемата ѕвезда на Аталанта и неговиот голгетерски ритам не останува незабележан од пошироката спортска јавност, што прави да има интерес за неговите услуги и од најбогатата лига во светот.

Холанѓанецот вчера постигна нова фантастичен гол против Болоња и го најави пресвртот на својот тим, па како нова голем фудбалски миленик во Бергамо, сега успеа да ги смири тифозфите.

Копмајнерс вели дека е почестен од интересот кој го пројавил фудбалски великан како Ливерпул, но во моментов не размислува и не планира да си замине од Аталанта.

„Ги видов вестите и гласните кои ме поврзуваат со Ливерпул. Навистина е убаво да се слушне тоа и почестен сум, но јас максимално сум посветен и фокусиран на Аталанта. Пресреќен сум што сум тука и што играм за Аталанта“, изјави Копмајнерс.


Обамејанг се враќа во Шпанија оваа зима

Напаѓачот на лондонски Челзи, Пјер-Емерик Обамејанг, кој неодамна се пресели во таборот на лондончани, може да ја промени клупската средина во овој преоден рок.

Според „Дејли Мејл“, неколку шпански клубови се заинтересирани за 33-годишниот фудбалер, а трансферот на Жоао Феликс би можел значително да ги намали шансите на Габонецот да влезе во стартниот тим и да има значително влијание за евентуален преселба.

Исто така е јасно дека меѓу овие тимови е и Атлетико Мадрид, што би можело да значи потенцијална размена на играчи меѓу клубовите. Да потсетиме дека Обамејанг пред оваа сезона се пресели во Челзи од Барселона. Пјер-Емерик  Обамејанг има 15 настапи за лондончани во сите натпреварувања и постигна три гола.


Рио го советува Мегваер да си замине од Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед е во позитивна серија од пет последователни победи по Светското првенство во Катар, а од сите пет меча, Хари Мегваер беше стартер само на еден.

Ерик Тен Хаг на два натпервари одлучи да го игра Лук Шо како стопер на местото на капитенот на Јунајтед, што според Рио Фердинанд е повеќе од јасен сигнал дека Хари мора да си замине од Манчестер.

Фердинанд се обиде да се стави во кожа на стоперот кој беше стандарден стартер во тимот на Саутгејт на турнирот во Катар, предолжувајќи му да го искористи овој јануарски преоден рок за да си оди од клубот.

„Би му рекол на Хари да си оди веднаш. Да бев на негово место, немаше да чекам. Лук Шо почна да игра како стопер на негово место. Тоа е исто како јас да се вратам од Светско првенство, да играм добро, а потоа на мое место да игра Патрис Евра во тимот“, рече Рио.


Интер бара 50 милиони евра за Дензел Дамфрис

Челзи и Баерн Минхен се силно заинтересирани за холандскиот
репрезентативец и играч на Интер, Дензел Дaмфрис.
Холаѓанецот оваа сезона се етаблираше во еден од најдобрите десни
бекови, а одигра одлично и на Мундијалот. Интер има финансиски
проблеми, па доколку пристигне понуда повисока од 50 милиони евра
е спремен да го продаде на лето.
Баерн и Челзи се спремни да ја платат таа сума и веќе ја започнаа
битката за неговиот потпис.
Интерес за Дaмфрис покажуваат уште и Манчестер Јунајтед и
Барселона, па се очекува голема битка за неговиот потпис.


Лукаку има воспаление на коленото, го чека нова пауза

Ромелу Лукаку ова лето се врати во Интер како големо засилување, само една година откако беше продаден за 115 милиони евра.

Меѓутоа, Белгиецот нема среќа оваа сезона со повредите, па го пропушти готово целиот дел од сезоната пред мундијалската пауза. После Мундијалот одигра два меча и се очекуваше конечно да се врати во старата форма, но повторно се пожали на повреда.

Лекарскиот тим на Интер утврдил дека Лукаку има воспаление на коленото, па 29-годишниот напаѓач ќе мора да паузира уште некое време.

Лукаку ќе мора да мирува и не е познато кога точно ќе се врати на терените.


Андреа Пирло е кандидат за селектор на Белгија

Италијанските медиуми пренесуваат дека сегашниот тренер на турскиот клуб Фатих Карагумрук, Андреа Пирло, може да стане нов селектор на белгиската фудбалска репрезентација.

Репрезентацијата на Белгија остана без селектор после оставката на Шпанецот Роберто Мартинез, кој ја напушти позицијата по завршувањето на Мундијалот во Катар.

43-годишниот Пирло, претходно како тренер го водеше и гигантот Јувентус со кој го освои Купот и Суперкупот на Италија.


Ренато Санчез по една сезона заминува од Париз

Ренато Санчез ова лето беше блиску до трансфер во Милан, но на крајот се одлучи за Пари Сент Жермен.

Меѓутоа, Португалецот не добива голема минутажа во Париз и главно ја грее клупата за резерви, па не доби повик и за Мундијалот. Бидејќи не може да се избори со големата конкуренција во ПСЖ, Санчез е спремен да ја промени средината уште во јануари. Најсилен интерес за него покажуваат Милан и Јувентус, кои веќе стапиле во контакт со неговиот агент и работат на трансферот.

Италијанските гиганти треба да се изборат со конкуренцијата бидејќи интерес за Португалецот покажуваат и неколку клубови од Премиер лигата.


„Бомба“ во Премиер лигата: Кејн од јуни се сели во Манчестер Јунајтед?

Манчестер Јунајтед на лето е спремен да направи „бум“ на трансфер
пазарот и ќе има голем буџет за трансфери.
„Скај Спорт“ пренесува дека главна мета на „црвените ѓаволи“ е
напаѓачот на Тотенхем и англиската репрезентација Хари Кејн.
Кејн е прв избор на Тен Хаг, а „ѓаволите“ се спремни да понудат 100
милиони фунти за неговиот потпис.
Кејн пред две години беше на чекор од трансфер во Манчестер Сити,
но тогаш „спарси“ за неговата слобода бараа 150 милиони фунти.
Меѓутоа, Кејн се уште не ставил потпис на нов договор, а Јунајтед е
спремен да му понуди многу повисока плата.
Поради тоа Тотенхем ќе биде приморан да ја прифати понудата,
особено ако не избори пласман во Лигата на шампиони.


Руди Гарсија: Му посакувам на Кристијано да ужива во играта

Кристијано Роналдо пред крајот на 2022 година потпиша договор со Ал Наср од Саудиска Арабија и го доби најбогатиот договор во историјата. Роналдо потпиша договор до 2025 година, а ќе заработува по 200 милиони евра годишно и ќе биде главна ѕвезда во Саудиска Арабија.

Тренерот на Ал Наср, Руди Гарсија кажа што му посакува на Роналдо пред почетокот на новата авантура.

„Единствено нешто што му посакувам на Роналдо е да го откриe задоволството од играњето и повторно да се насмее. Ако го пронајде тоа задоволство, тогаш целта ќе биде постигната“, изјави Гарсија.


Хари Мегваер демантира дека сака да го напушти Манчестер Јунајтед

Англиските медиуми пренесуваат дека капитенот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер, ги демантирал гласините дека сака да го напушти „Олд Трафорд“ бидејќи е незадоволен од минутажата.

„Имав некои здравствени проблеми после моето враќање од Светското првенство во Катар. Сега се чувствувам подобро. Имаме доста добри штопери во екипата, и конкуренцијата е јака, но јас ќе продолжам да се борам за поголема минутажа на теренот“, порача Мегваер.

29-годишниот англиски дефанзивец е член на Манчестер Јунајтед од 2019. година, а претходно има настапувано за Лестер, Хул, Виган и Шефилд.