фудбал

Хендерсон одлучил да го напушти Ајакс

Некогашниот фудбалер на Ливерпул, Џордан Хендерсон може да се врати во англискиот фудбал. Хендерсон го напушти Ливерпул во 2023 година откако беше капитен до успехот во Премиер лигата и Лигата на шампионите, па замина во С. Арабија, за по кусо време да се врати во Европа и да потпише за холандски Ајакс.

Сега The Sun објави дека тој сака да го напушти холандскиот клуб по помалку од 12 месеци во Амстердам. 34-годишниот играч има само три настапи во лигата цела сезона.

Се зборува дека клубовите од Премиер лигата и некои амбициозни тимови од Чемпионшип се во состојба на готовност поради евентуален трансфер на Хендо во јануари.


Де Брујне доаѓа кај Роналдо во Ал-Наср

Ѕвездата на Манчестер Сити, Кевин де Брујне, би можел да го
напушти клубот и кариерата да ја продолжи во Саудиска Арабија.
Де Брујне влезе во последната година од договорот, а се уште не
ставил потпис на нов договор, а не исклучува трансфер во
Саудиска Арабија.
Медиуимите тврдат дека Кристиано Роналдо го убедил Ал Наср
да го доведе 33-годишниот Белгиец, кој во Саудиска Арабија ќе
добива 1 милион долари неделна плата.


Два европски гиганти го сакаат Дуран од Астон Вила

Левандовски ја игра последната година во Барселона, па
раководството на каталонскиот гигант веќе ја започна потрагата
по негов наследник.
Приоритет на Барселона следното лето ќе биде доведување на
врвен напаѓач, а најголема желба е ѕвездата на Астон Вила, Џон
Дуран.
Во Барселона веруваат дека 20-годишниот напаѓач може да стане
еден од најдобрите во светот, и поради тоа сакаат да ја победат
конкуренцијата.

Астон Вила неодамна потврди дека ова лето одбила дури 40
понуди за Колумбиецот, па на Каталонците нема да им биде
лесно да ја победат конкуренцијата. Дуран сезоната ја започна
одлично и неговата цена секојдневно расте, а Барселона верува
дека може да биде долгорочна замена за Левандовски.


ФИФА отвора трет преоден рок

Светската фудбалска централа (ФИФА) предлага отворање на нов преоден рок во периодот од 1 до 10 јуни и сите федерации можат да го искористат овој период, пренесува шпанскиот весник „Марка“.

Мотивот за новиот преоден рок е склучување договори пред Светското клупско првенство во 2025 година, како и продолжување на договорите на играчите кои истекуваат пред крајот на првенствата.

Новото издание на Светското клупско првенство следното лето ќе се одржи во САД, а натпреварувањето ќе започне на 15 јуни и ќе трае речиси еден месец. Со оваа мерка, ФИФА сака да им олесни на играчите да најдат нови тимови, како и да им даде повеќе време на клубовите да ги завршат сите зделки.


Џенова официјално понудена на продажба

Италијанскиот клуб Џенова на продажба, потврди извршниот директор Андрес Бласкуез.

Клубот од Серија А е во сопственост на инвеститорите од „777 Партнерс“ кои во 2021 година влегоа во клубот кога тој беше во Серија Б. Наредната сезона успеаа да ја вратат Џенова и во највисокиот ранг од натпреварувањето.

Бласкез во својата изјава се обиде и да ги смири навивачите истакнувајќи дека финансиската ситуација не е доведена во прашање, но истовремено порача дека не е сигурен дека нема да продаде ниту еден играч во зимскиот преоден рок.

Џенова под водство на Алберто Џилардињо во овој момент се наоѓа на 17. место на табелата во Серија А и е блиску до зоната за испаѓање.


Јовиќ ќе го менува повредениот Милик во Јувентус

Италијанските медиуми пишуваат дека Лука Јовиќ во јануарскиот преоден рок ќе го напушти Милан и ќе се пресели во големиот ривал.

Милан ова лето го продолжи договорот со Јовиќ, но потоа ги доведе Мората и Абрахам, па Србинот сега е трета опција во нападот.

Поради тоа „росонерите“ сакаат да се ослободат од него, а неговиот агент Рамадани веќе му бара нов клуб.

Најсилен интерес покажува Јувентус, кој го сака Јовиќ поради повредата на Милик.


Кавани доби нов договор во Бока Јуниорс

Уругвајскиот фудбалер Единсон Кавани официјално го продолжи договорот со Бока Јуниорс до 2026 година.

Кавани пристигна во Бока пред две една година и досега постигна 20 гола на 43 натпревари, со што бргу ги освои симпатиите на навивачите и стана еден од нивните миленици.

37-годишниот Уругваец претходно во кариерата беше дел од Данубио, Палермо, Наполи, ПСЖ, Манчестер Јунајтед и Валенсија. Новиот договор со Бока е со важност до 31 декември 2026 година.


Карвахал сериозно го повреди коленото и го чека долга пауза

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Дани Карвахал е тешко повреден по победата на неговиот тим над Виљареал со 2-0.

Десниот бек беше принуден да го напушти теренот со солзи во очите. Во текот на ноќта тој самиот на социјалните мрежи објави дека ги скинал вкрстените лигаменти на десното колено и дека треба да се оперира.

Тоа значи дека сезоната за дефанзивецот на Реал Мадрид завршува, пишува „АС“.


Погба ќе се врати на терените, но дали во дресот на Јуве?

Луѓето од Јувентус имаат намера да го раскинат договорот Пол Погба кој одлежува суспензија поради користење на допинг, велат последните најави од фудбалска Италија.

Причина за таа одлука е големата плата на фудбалерот кој има тековна соработка до летото 2026 година.

Судот за спортска арбитража (CAS) вчера ја намали суспензијата на Французинот од четири години на 18 месеци. 31-годишниот беше позитивен на тестостерон.


Левандовски добива нов двегодишен договор со Барселона?

Барселона ќе го задржи фудбалерот, Роберт Левандовски, до летото во 2026 година, објавија денеска медиумите во Шпанија.

Тоа значи дека полскиот голгетер ќе го одработи до крај тековниот договор со Каталонците. 36-годишниот ветеран во тековнава сезона одигра 10 натпревари на кои забележа 9 голови и направи две асистенции.

Според одредени проценки неговата пазарна вредност е 15 милиони евра.