фудбал

Кеси сака да ја напушти Барселона бидејќи е незадоволен од минутажата

Фудбалерот на Барселона и репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска, Френк Кеси, сака да го напушти каталонскиот клуб веќе во јануари, бидејќи е незадоволен од добиената минутажа во екипата од Камп Ноу.

Кеси во Барселона пристигна ова лето како слободен играч после неговиот настап во Милан, и со клубот потпиша четиригодишен договор. Неговото обештетување за напуштање на Барселона изнесува 500 милиони евра.

Според изданието Калчомеркато, Кеси веќе побарал поголема минутажа од тренерот на Барса, Чави, и се заканил со напуштање на клубот во јануари. Кеси оваа сезона за Барселона одигра само 12 натпревари и најчесто е резервен играч на тимот.


Атлетико Мадрид ќе му понуди нов договор на Симеоне

Според вестите од шпанските медиуми, Диего Симеоне ќе добие нов договор од Атлетико Мадрид. На аргентинскиот тренер ќе му биде понуден договор со важност до 2026.година, и се очекува тој да го прифати истиот без двоумење.

Симеоне неколку пати претходно изјави дека сака да остане во Атлетико додека не ја освои Лигата на шампионите. Постоеја шпекулации дека поради лошите резултати на клубот,челниците на Атлетико би можеле да се одлучат за разделба со популарниот Чоло, меѓутоа е одлучено да му се продолжи довербата. Тимот од Мадрид во актуелната сезона веќе испадна од Лигата на шампиони, а во Ла Лига има големо заостанување во однос на Реал и Барса.


Анчелоти го сака Габриел Жесус во Мадрид

Реал Мадрид подготвува нова понуда за напаѓачот на Арсенал, Габриел Жесус. Бразилскиот голгетер и ова лето беше на радарот на Шпанците, но зделката пропадна поради проблемите со пасошот на напаѓачот.

Според веб-страницата „Гол“, Хесус се најде на списокот од пет играчи кои Карло Анчелоти ги бара да бидат доведени во Мадрид. Тренерот на Реал бара долгорочна замена за Карим Бензема.

25-годишниот Жесус се пресели во Арсенал, каде досега на 11 натпревари во Премиер лигата постигна 5 гола и даде 4 асистенции и малку веројатно е дека уште по една сезона ќе си замине од Емирати.


Македонија казнета од УЕФА за исвиркување на бугарската химна

Македонската фудбалска федерација ја дозна висината на казната која ја изрече УЕФА поради исвиркувањето на химната на Бугарија, во натпреварот од Лигата на нации кој се одигра во Скопје.

Изречената казна од УЕФА изнесува 10 илјади евра за исвиркување на химната како и дополнителни 4,5 илјади евра поради фрлање на предмети на теренот.

Дуелот помеѓу двете репрезентации заврши со победа на Бугарија со резултат 0:1.


Фудбалскиот Суперкуп на Шпанија ќе се одржува во Ријад од 11. до 15. јануари

Суперкупот на Шпанија, во кој оваа сезона ќе настапат екипите на Реал Мадрид, Барселона, Бетис и Валенсија, ќе се одржува од 11. до 15. јануари во Ријад, Саудиска Арабија.

Ова ќе биде трет пат како Суперкупот на Шпанија ќе се игра во Саудиска Арабија. Во полуфиналето на 11.јануари ќе се сретнат шампионот на Шпанија Реал Мадрид и финалистот во Купот на кралот Валенсија. Еден ден подоцна силите ќе ги одмерат Барселона која е вицешампион на Шпанија и освојувачот на Купот на кралот Бетис. Финалето ќе се одржи на 15.јануари.


Голгетерската низа на Левандовски му нуди нови бонуси на Баерн

Роберт Левандовски пристигна во Барселона како големо засилување од Баерн Минхен.

Новинарот Кристијан Фалк сега откри и клазула која била вклучена во договорот помеѓу Барселона и Баерн која веќе на гигантот од Минхен му исплати 45 милиони евра. Според информациите кои ги објави Фалк Барселона ќе му исплати дополнителни 1.25 милиони евра на Баерн за секоја сезона во која полскиот голгетер ќе постигне најмалку 25 голови.

Со Барселона Левандовски потпиша договор на четири години, а тоа значи дека од оваа клазула баварците би можеле да заработат дополнителни пет милиони евра.


Халанд ќе го скокне дуелот со Севиља заради повреда на стапалото

Maнчестер Сити со 0-1 славеше против Лестер, иако во составот не беше неверојатниот Норвежанец, Ерлинг Халанд.

Халанд се повреди во натпреварот од Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд, а Гвардиола по средбата истакна дека не е сигурен до кога ќе паузира.

„Не знам до кога ќе паузира. Има повреда на лигаментите на стапалото. Се чувствува подобро, имаме уште е дна недела. Со Севиља нема да игра затоа што секако се квалификувавме, се надевам ќе ни помогне со Фулам, ако не ќе игра против Челзи во Лига Купот“, изјави Гвардиола.


Проблеми за Енрике, Мората се повреди непосредно шред Мундијалот

Алваро Мората заработи повреда поради која мораше да го напушти теренот.

На гостувањето кај Атлетико во Кадиз, Мората мораше да го напушти теренот по само 10 минути игра. Првите прогнози не се познати, но Луис Енрике секако е загрижен, бидејќи Мората е прв напаѓач на неговата репрезентација, а Светското првенство започнува за три недели.

Се чекаат лекарски прегледи и повеќе детали. Шпанија е во групата Е каде се и Костарика и Јапонија. Шпанците го отвораат турнирот против Костарика на 23 ноември.


Барса склопи партнерство со компанија за трговија со криптовалути

Барселона ќе постави реклама за дигиталната компанија за трговија и кредити со криптовалути Нексо (Nexo) на ракав од дресоот.     Деталите од договорот не се откриени, но во план е да бидат обелоденети пред почетокот на Светското првенство во 2022 година. 

Вреди да се напомене дека зделката е слична на онаа со Беко – ова партнерство на Барселона и донесе 19 милиони евра по сезона. Раководството на каталонскиот фудбалски гигант бара начин да се консолидира по запаѓањето во финансиска криза во последниве две-три години.


Павличенко ја заврши професионалната кариера

Поранешниот напаѓач на Спартак Москва, Тотенхем и руската фудбалска репрезентација, Роман Павличенко ја заврши кариерата на 41-годишна возраст, објавија руските и британските медиуми.

Павличенко настапуваше за рускиот третолигаш Знамја од Ногинск, а поради тоа што доби осум натпревари суспензија поради напад на противник и употреба на навредлив јазик, реши да престане да игра фудбал.

Русинот во кариерата играше и за Динамо Ставрополј, Ротор од Волгоград, Спартак Москва, Тотенхем, Локомотив Москва… За репрезентацијата на Русија, Павличенко забележа 51 настап на кој постигна 21 гол.