фудбал

Интер се вклучи во трката за Обамејанг

Пјер Емерик Обамејанг минатото лето пристигна во Челзи од Барселона, но неговата авантура на „Стенфорд Бриџ“ ќе трае кратко.

Тој дојде во Челзи по барање на Тухел и не добива голема минутажа оваа, па сигурно ќе ја промени средината на крајот на сезоната. Интерес за него покажуваат италијанскиот гигант Интер кој сака да ја искористи ситуацијата и да го доведе во своите редови.

Обамејанг на лето влегува во последната година од договорот, па Челзи е спремен да го пушти за симболична сума

Напаѓачот е спремен да се врати во Серија А, а Интер во него гледа идеална замена за Лукаку.


Нант го смени тренерот Комбуаре

Фудбалскиот клуб Нант на четири кола пред крајот на шампионатот реши да го смени тренерот Антоан Комбуаре.

Од клубот соопштуваат дека функцијата прв тренер привремено ќе ја преземи Пјер Аристуј кој досегаше го водеше резервниот тим на Нант.

Францускиот клуб во моментот е на позицијата број 17 во првата француска лига и се наоѓа во зоната за испаѓање. Нант оваа сезона стигна до финалето во купот на Франција каде беше поразен од Тулуз со 5:1. Екипата нема победа на претходните 11 лигашки натпревари и до крајот на сезоната ја очекува голема борба за опстанок.


Бускетс објавува крај на романсата со Барса

Серхио Бускетс веќе решил да ја напушти Барселона и го информирал клубот за својата одлука, тврди шпанскиот весник „Марка“.

Договорот на 34-годишниот играч за врска истекува на крајот на сезоната, а Барселона сакаше да го задржи уште една сезона. Тренерот Чави настојуваше Бускетс да го продолжи договорот бидејќи смета дека може де биде многу важен за тимот и следната сезона.

Сепак, тој донесе одлука да го напушти клубот на крајот на сезоната, а тоа само дополнително ги засили шпекулациите дека кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија заедно со Меси.

Бускетс е дете на Барселона и цели 15 години ги помина во првиот тим на Каталонците.


Емери го носи Пау Торес на „Вила парк“

Менаџерот на Астон Вила, Унаи Емери  сака да го доведе шпанскиот репрезентативец и дефанзивец на Виљареал, Пау Торес.

25-годишниот Шпанец се етаблираше во еден од најдобрите дефанзивци во Примера и го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Емери одлично го познава бидејќи соработуваа заедно во Виљареал и сака да го доведе во Астон Вила, а англискиот клуб спремил понуда од 30 милиони.

Јувентус исто така покажува серозен интерес за Шпанецот, но Торес преферира преселба во Премиер лигата. Торес минатото лето беше на мета на Манчестер Јунајтед, но сепак остана во Виљареал, а ова лето е спремен да ја промени средината.


„Чеканите“ го купуваат Французинот Гендузи

Вест Хем ќе ја разгледа можноста за купување на играчот од средниот ред на Олимпик Марсеј, Матео Гендузи. Клубот од Лондон внимателно го следи играчот и ги разгледува опциите како замена за нивниот играч Деклан Рајс, пренесува „Атлетик“.

Според изданието, Рајс, чиј договор со лондонскиот клуб истекува за една година може да замине во друг клуб, а интерес за него има од неколку клубови од Премиер лигата, меѓу кои Арсенал, Њукасл Јунајтед и Манчестер Јунајтед. Во случај на заминување на Рајс, на стручниот штаб на Вест Хем ќе му биде потребен централен играч за врска. Гендузи е соодветен кандидат да го замени миленикот на лондончани, бидејќи веќе има искуство во Премиер лигата и во тим од англиската престолнина.

Во летото 2018 година, францускиот играч од средниот ред се пресели од Лориент во Арсенал. Во шампионатот на Англија во две сезони успеа да одигра 57 натпревари и забележа две асистенции. Договорот на 24-годишниот фудбалер со Марсеј е до 2025 година. Трансфермаркт го цени играчот на 25 милиони евра.


Барса фаворит за потписот на Жоао Кансело

Барселона е силно заинтересирана за Жоао Кансело, и Чави го посочил како приоритет за летниот преоден рок.

Кансело пристигна во Баерн во јануари на позајмица од Манчестер Сити, а Баварците донесоа одлука да не го откупат на крајот на сезоната.

Со оглед на фактот дека за него повеќе нема место во Манчестер Сити после расправијата со Гвардиола, тој ќе мора да си бара нов клуб.

Таквата ситуација сака да ја искористи Барселона, која веќе стапиле во контакт со неговиот агент. Каталонците ќе се обидат да го донесат на позајмица со право на откуп после една година.


Леао го кани Мбапе во Милан

Рафаел Леао ја повика ѕвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе да му се придружи на „Сан Сиро“.

Неодамна Мбапе за медиумите изјави дека како мал бил навивач на Милан и дека во Италија би играл само за „росонерите“. Сега Леао на шега му порача на Килијан Мбапе да го напушти Пари Сен Жермен и да дојде на „Сан Сиро“ 

„Мбапе треба да дојде во Милан. И така веќе е фан на Милан“, изјави Леао одговарајќи на прашања на социјалните мрежи.

Ова е тешко возможно со оглед на фактот дека Милан нема финансиска моќ да си ја дозволи високата плата на Мбапе.


Џеко пред потпис на нов договор со Интер

Интер сака да го задржи Един Џеко во своите редови и спреми нов договор за искусниот напаѓач, пренесуваат италијанските медиуми.

36-годишниот напаѓач игра одлично оваа сезона, но неговиот договор со „нероаѕурите“ истекува на лето. Интер неодамна започна преговори за продолжување на соработката, а Џеко потврди дека не размислува за пензија и дека е среќен во Интер.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека напаѓачот ја прифатил понудата и наскоро ќе стави потпис на нов едногодишен договор тежок 5 милиони евра.

Џеко имаше понуди од други клубови како и од Саудиска Арабија, но одлучи да остане во Интер.


Рафиња се враќа во Премиер лигата, два клуба преговараат со Барса за негов трансфер

Челзи и Њукасл Јунајтед ќе се натпреваруваат за потпписот на крилниот напаѓач на Барселона Рафиња во летниот преоден рок, објави шпанскиот весник „Спорт“.

Според извор, Каталонците се подготвени да го продадат Бразилецот за 80 милиони евра. Во исто време, од Барселона првично побарале од 90 милиони евра од Челзи.

Забележано е дека самиот играч не сакал да ја напушти Барселона, но сега, со оглед на неговата позиција во тимот, тој е подготвен да се врати во Премиер лигата. Рафиња претходно настапуваше за Лидс Јунајтед.


Јуве ќе остане без бодови, но од почетокот на следната сезона

Јувентус би можел да се соочи со дополнителни казни за финансиска измама, тврди „Тутоспорт“. Овојпат на „бјанконерите“ ќе им бидат одземени 9 бода од активата во Серија „А“ доколку стапи на сила нова наредба.

Спортските власти во Италија посочија дека фудбалската федерација има целосно право да го отвори случајот како резултат на добивање нови докази. Исто така, се забележува дека моменталната одлука останува валидна. Многу е можно новата казна да стапи на сила од следната сезона.

Иако овојпат ќе бидат одземени помалку бодови од контото на тимот, клубот е подготвен повторно да поднесе жалба. Со оглед на фактот дека сезоната во Серија А веќе привршува, а работата за кривична постапка е премногу комплицирана, се очекува дури и „бјанконерите“ да бидат оштетени, тоа ќе се случи во наредната натпреварувачка сезона.