фудбал

Неморална понуда од Саудиска Арабија за Лионел Меси

Напаѓачот на ПСЖ, Лионел Меси добил рекордна понуда од Саудиска Арабија. Во моментов предлогот од Саудиска Арабија е единствениот што го добил Аргентинецот. Предложениот договор е за две сезони со сума од 600 милиони евра. За трансферот наводно се разговарало и за време на неговото непланирано патување во Саудиска Арабија.

За самиот Аргентинец, секоја понуда од Европа е приоритет бидејќи сака да продолжи да игра на највисоко ниво до Копа Америка во 2024 година.

Враќањето во Барселона е потенцијална опција, но овој потег е многу проблематичен за Каталонците поради финансиската ситуација.

Меси оваа сезона одигра 37 натпревари за ПСЖ во сите натпреварувања, постигнувајќи 20 гола и 19 асистенции.


Компани добива нов договор во Барнли

Барнли на поранешниот играч на Манчестер Сити, Винсент Компани, го обезбеди првото место во Чемпионшип и следната сезона ќе игра во англиската фудбалска елита. Тоа беше и причина плус за раководството на тимот да ја продолжи соработката со белгискиот стратег.

Челниците на клубот сакаа да го наградат Компани со продолжување на договорот. Како што официјално е потврдено, тој викендов потпиша нов договор, кој ќе биде со важност до 30 јуни 2028 година.

Барнли собра вкупно 98 бодови во досегашниот тек од сезоната, со 28 победи, 14 нерешени и три порази.


Манчестер Јунајтед издвојува 53 милиони фунти за дефанзивец на Наполи

Медиумите од Англија пренесуваат дека Манчестер Јунајтед е подготвен да понуди 53 милиони фунти за доведување на играчот на Наполи Ким Мин Jae.

Јужно корејскиот дефанзивец оваа сезона прикажува фантастични партии во дресот на Наполи и е еден од најзаслужните играчи во освојувањето на шампионската титула во Серија А. Откупната клаузула за фудбалерот изнесува 40 милиони фунти.

Поранешниот играч на Фенербахче во Наполи пристигна минатото лето како замена за Калиду Кулибали кој замина во Челзи.


Ако Кејн потпише во Јунајтед, негова замена ќе биде Абрахам

Англиските медиуми пренесуваат дека Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за напаѓачот на Рома, Тами Абрахам.

Приоритет на „Спарси“ ова лето ќе биде доведување на напаѓач со оглед на фактот дека Хари Кејн најверојатно ќе биде продаден.

Прв избор на раководстворо е Абрахам, кој не е во најдоби односи со Мурињо, па е спремен да ја промени средината.

Рома исто така е спремна да го продаде за 70 милиони евра, а „Спарси“ се спремни да ја платат таа сума.

Тотенхем веќе стапил во контакт со агентот на Абрахам, кој е спремен да се врати во Премиер лигата.


Зенит петти пат по ред е првак на Русија

Екипата на Зенит го освои руското фудбалско првенство петтипат по ред.

Клубот од Санкт Петербург на домашен терен го победи Спартак (3:2) во 26. коло од Премиер лигата на Русија и предвреме ја обезбеди титулата.

Зенит стигна до 64 бода и стана недостижен за конкурентите на четири кола пред крајот на првенството. ЦСКА има 51 бод, Ростов 50, а Спартак 49.

Зенит го освои петтиот наслов по ред (2018/19, 2019/20, 2020/21, 2021/22, 2022/23), сите под водство на тренерот Сергеј Семак. Само Спартак (М) имаше подолга серија од шест последователни титули во низа во периодот од 1996 до 2001 година.


Бруно Гимараеш добива нов договор во Њукасл

Англиски Њукасл во моментов работи на продолжување на договорот на бразилскиот централен играч за врска Бруно Гимараеш. Фудбалерот кој пред година и пол настапуваше за францускиот Лион, па се пресели во Англија, сега е алфа и омега во тимот на Еди Хау.

25-годишниот фудбалер кој има 36 настапи за Њукасл сезонава, постигнувајќи четири гола и пет асистенции е приоритет околу кого ќе се гради шампионскиот тим на Њукасл. Челниците на тимот одлучија дека клучниот играч веќе заслужува подобрена понуда за нов договор, а покачувањето на платата ќе му овозможи да остане уште две дополнителни години во англискиот клуб (до 2028 година).


Нагелсман на чекор од потпис со Тотенхем

Јулијан Нагелсман е се поблиску до преземање на Тотенхем, пренесува германски „Скај Спортс“. Претседателот на „мамузите“ Даниел Леви е дециден дека Германецот е вистинско решение за тимот и наскоро треба да има финални преговори.

Германскиот новинар Флоријан Плетенберг тврди дека Нагелсман го преферира Тотенхем пред останатите понуди, затоа што го смета за голем клуб со голем потенцијал.

Единствено што го загрижува е колку ќе биде вклучен во трансферите и формирањето на клупската политика. Германскиот гигант Баерн Минхен прилично ја изненади фудбалската јавност кога на крајот на март го отпушти 35-годишниот Јулијан Нагелсман и го замени со Томас Тухел.


Ола заминува од претседателското место во Лион по 36 години

Жан-Мишел Ола повеќе не е претседател на француски Лион. Тој го напушта претседателството по 36 години на чело на францускиот клуб и ќе биде заменет од американскиот бизнисмен Џон Текстор.

Одлуката била донесена на 5 мај за време на состанокот на бордот на директори на клубот, чиј главен акционер е Текстор – сегашен мнозински акционер.

„Господинот Жан-Мишел Ола ќе биде именуван за почесен претседател“, се наведува во соопштението на тимот од Лион.

За време на неговото долго претседателство, Лион освои 50 трофеи со машкиот и со женскиот тим. Под водство на Ола, Лион доживеа низа на успеси како оној што го доведе до освојување на седум последователни титули во француската Лига 1 меѓу 2002 и 2008 година.


Мурињо го убедил Хусем Ауар да дојде во Рома

Рома работи на трансферот на плејмејкерот на Лион, Хусем Ауар, пренесуваат италијанските медиуми.

24- годишниот плејмејкер до минатото лето беше на радарот на многу европски гиганти, но реши да остане во Лион. Ауар влезе во последната година од договорот и на крајот на сезоната ќе биде слободен агент, а веќе се договорил со Рома.

Мурињо го убедил да пристигне на „Олимпико“, а Французинот веќе ги минал лекарските прегледи.

Ауар наскоро ќе стави потпис на 5-годишен догвор и ќе биде прво летно засилување за „волчицата“.


Барса изготви трансфер листа од пет заминувања

Во текот на летниот преоден рок, раководството на Барселона планира неколку продажби на играчи со цел да ја оптимизира финансиската состојба на клубот. Ова го објави новинарот Фернандо Поло на Твитер. 

Според изворот, од Барселона се расположени за разговори околу продажба од Франк Кеси, Рафиња, Маркос Алонсо, Ерик Гарсија и Феран Торес.

Продажбата на овие играчи ќе и помогне на Барселона да ги почитува правилата за фер-плеј на шпанскиот шампионат, а соодветно на тоа, да потпише со нови играчи. Меѓу новајлијата може да биде и напаѓачот на ПСЖ, Лионел Меси, чиј договор со парижаните истекува на крајот од сезоната. Меси беше дел од Барселона од 2000 до 2021 година.