фудбал

Пандев потврди дека ќе игра уште една сезона за Џенова заради фановите

Нашиот фудбалски интернационалец, Горан Пандев, во последното интервју наведе кој бил клучниот фактор за продолжување на соработката со италијанскиот состав Џенова.

„Сакам да му заблагодарам на претседателот на клубот, тренерот и стручниот штаб, моите тимски колеги и сите навивачи на клубот. Поради вашата поддршка, ме убедивте да останам уште една сезона. Со нетрпение ја чекам новата сезона на „Луиџи Ферарис“, напред Џенова“, порача Горан Пандев.

Ќе потсетиме дека популарниот, Гоче, по настапот на Европското првенство најави дека ќе се прости со репрезентативниот дрес.


Лапорт најави заминување од Манчестер Сити

Емерик Лапорт дефинитивно сака да си замине од редовите на Манчестер Сити. 27-годишниот дефанзивец кој има договор за уште четири сезони, главно седи на клупата за резерви откако Џон Стоунс и Рубен Диас се зациментираа во првата постава.

Емерик сака да се врати во Шпанија бидејќи за неговите услуги се заинтересирани: Барселона, Реал и Атлетико Мадрид.

Наводно, Лапорт влегува и во радарот на Јувентус, но, неговата висока плата од 160.000 фунти, претставува голем проблем за „старата дама“.


Керер се враќа во Бундеслигата, Баерн го договори дефанзивецот на ПСЖ

Дефанзивецот на ПСЖ, Тило Керер е блиску до преселба во Баерн, пишува „Л’Екип“.

Според изворот, претставници на 24-годишниот германски фудбалер се состанале со раководството на Баерн Минхен минатата недела. Керер очекува да добие поголема минутажа во германскиот шампион. Наводно, страните се договориле за тригодишен договор. Претходно, Керер одби да се пресели во Баер Леверкузен, бидејќи сака да игра во Лигата на шампионите на УЕФА.


Агуеро одбра дрес со број 19 во Барселона сезонава

Напаѓачот на Барселона, Серхио Агуеро, не сакал да го земе дресот со број 10 во Барселона, со кој до оваа сезона настапуваше Лионел Меси. Според извори од Барселона, Агуеро одлучил да настапува со дресот со број 19.

Агуеро се пресели во Барселона во јули оваа година како слободен фудбалер. Претходно стана јасно дека Агуеро ќе го пропушти почетокот на новата сезона поради повреда. За време на медицинскиот преглед на аргентинскиот интернационалец, лекарите открија сериозна повреда на лигаментите на глуждот.


Осуден криминалец е новата трансфер желба на Вулверхемптон

Желбата на Вулверхемтон да го доведе Рубен Семедо во своите редови најверојатно нема да се оствари, тврдат англиските медиуми, потсетувајќи на криминалното минато на поранешната надеж на Португалскиот фудбал.

Проблемите што се појавија при реализација на тој трансфер се однесуваат на неможноста да се добие работна дозвола за играчот, кој криминалот го одведе зад решетки.

Семедо е стопер кој игра за Олимпијакос од 2019. година, но и кој беше осуден од судот во Валенсија со условна затворска казна од пет години и забрана за влез во Шпанија од осум години.

Тој беше уапсен во 2018 година додека играше за Виљареал, и беше пуштен од затвор откако плати кауција од 30.000 евра. Потоа му беше изречена условна казна од пет години затвор и забрана за влез во Шпанија.


Раул Хименез: Докторите ми рекоа дека чудо е што играм фудбал

Раул Хименез, кој се лекуваше подолг период по скршеницата на черепот, проговори за тоа што го преживеал во изминатиот период.

„Лекарите детално ме информираа за ризиците. Тоа не се работи што сакам да ги слушнам, но, тие си ја вршат работата. Ми рекоа дека е чудо што сум тука. Секогаш мислев дека по рехабилитацијата ќе се вратам на теренот, не сум помислил да се повлечам од фудбалот“, потенцираше фудбалерот на „волците“ кој неодамна се врати во игра.


Сити го објави изгледот на третиот дрес, навивачите го прогласија за најлош во историјата

Манчестер Сити го претстави третиот дрес за оваа сезона, а на мнозинството навивачи не им се допаѓа она што имаа прилика да го видат.

Навивачите на социјалните мрежи пишуваат дека ова е најлошиот дрес во историјата и дека повеќе изгледа на опрема за тренинг отколку како дрес во кој би требале да се играат натпревари. Навивачите, освен изгледот, ги боли и тоа што на предната страна од дресот го нема грбот на клубот, туку стои само голем знак на спонзорот.

Дали вам ви се допаѓа новиот дрес на англискиот шампион?

https://twitter.com/ManCity/status/1428044017724399627



Левандовски сака да го напушти Баерн?!

Роберт Левандовски сака да го напушти Баерн Минхен, пишува Скај Спортс.

Одличниот напаѓач за два дена ќе наполни 33 години и сака нов предизвик. Во Германија стана вториот најдобар стрелец во историјата на Бундеслигата, а минатата сезона постигна 41 погодок во германското првенство и така го собори рекордот на Герд Милер.

Сепак, се чини дека желбата на полскиот фудбалер нема да биде исполнета. Баерн за него бара 100 милиони евра, што е износ кој никој нема да го плати. Скај пишува дека Левандовски е фрустриран бидејќи Баварците не сакаат да го продадат, но нема да форсира трансфер како не би ги нарушил добрите односи со клубот.

Треба да се нагласи дека Левандовски не е несреќен во Баерн, но сака да проба нешто ново. Тешко дека тоа ќе го направи ова лето, па целта му е да го промени клубот најдоцна до својот 35. роденден. За тоа има уште две години, колку што му трае и договорот со клубот од Минхен.


Рамос веќе ги иритира во ПСЖ со своето однесување

Новото засилување на Пари Сент Жермен, Серхио Рамос успеал да го навлече гневот на сите во клубот со своето арогантно однесување, пренесува „Кадена Сер“.

Рамос, кој се пресели во ПСЖ како слободен играч од Реал Мадрид успеал многу брзо да го навлече гневот од соиграчите и вработените во клубот.

35-годишниот дефанзивец се однесувал надмено, арогантно, што предизвикало незадоволство кај останатите.

„Кадена Сер“ открива дека Рамос може и да не добие место во стартниот состав ако не го промени однесувањето.


Анри: ПСЖ не ги реши проблемите со Меси, одбраната е неубедлива

Тјери Анри се осврна на трансферот на Лео Меси во францускиот гигант, ПСЖ. Поранешниот напаѓач на „триколорите“ не е убеден дека „светците“  со така наречениот дрим-тим, ќе ја освојат Лигата на шампионите.

„ПСЖ не ги реши проблемите со ангажманот на Меси.  Играв со него,  луѓето забораваат дека тогаш не примавме многу голови. ПСЖ и натаму го има тој проблем во одбраната. Тие мора да го поправат тој сегмент. Донесоа неколку засилувања и мора да направат баланс со играта во одбраната“, нагласи поранешниот голгетер.