galerija

Евротип предлог тикет – Недела 02.05.2021

Еден од најдобрите спортски новинари во државата и регионот – Зоран Мишевски селектира дел од понудата за денешните натпревари и ни даде свое гледиште како би се одвивале истите. Украдете дел од идеите или преземете ги неговите типови, па се надеваме на добивки. Предлог тикетот во ЕВРОТИП носи околу 58 коефициент:

Монако – Лион 0-2
Уште еден директен дуел во борбата за титулата и борбата за влез во Лигата на шампионите. За разлика од дербито со Лил, овојпат веројатно ќе биде позатворен натпревар и нема да има многу голови. Квалитетот е на страната на гостите, но во одлична форма се домаќините од Монте Карло.

Тотенхем – Шефилд Јунајтед 1-1, 3+
По поразот во финалето на Карабао Купот, Тотенхем има конечно противник против кој може да го истури бесот. Квалитетот е неспорно на страна на домаќините, а им треба и добра партија за самодоверба. Секој резултат освен домашна победа за Кејн, Сон и другарите ќе биде сензација.

Наполи – Каљари 1, 4-6
Дуелот на „Сан Паоло“ редовно носи многу голови, а често и изненадувања. Наполи ја стабилизира играта и рамноправно се бори за место во Лигата на шампионите со северните клубови. За очекување е отворен натпревар, многу голови и домашна победа.

Манчестер Јунајтед – Ливерпул 0-2

Многу дерби натпревари оваа сезона во Премиер лигата завршија со мал број на голови, а често и со непопуларни 0-0. Бодовите им се понеопходни на гостите, а тие се и поодморни, бидејќи „ѓаволите“ играа во четвртокот во Лига Европа. Екипата која прва ќе постигне гол ќе има голема предност да дојде до бодовите.

Ајакс – Емен 1, 1+ПП1+ВП
Ајакс ќе биде старо-нов шампион на Холандија и има големи шанси со домашна победа да ја прослави титулата. Емен е противник по мерка, па тимот на Тен Хаг има домашен натпревар за убедлива победа и прослава на уште една титула во Ередивизие.


Евротип предлог тикет – Сабота 01.05.2021

Еден од најдобрите спортски новинари во државата и регионот – Зоран Мишевски селектира дел од понудата за денешните натпревари и ни даде свое гледиште како би се одвивале истите. Украдете дел од идеите или преземете ги неговите типови, па се надеваме на добивки. Предлог тикетот во ЕВРОТИП носи околу 42 коефициент:

Лил – Ница 1
Пресвртот и победата во Лион им даде „ветер в грб“ на фудбалерите на Лил. Сега работите се во нивни раце во обидот сензационално да ја освојат титулата во Лига 1. Ница е првиот следен и до крајот на сезоната најсериозен ривал. Победата е императив, а фудбалерите на Галтие треба да покажат и ментална снага во трката со ПСЖ и Монако.

ПСЖ – Ленс 1-1, 3+
Поразот од Манчестер Сити остави последици врз шампионот на Франција. Екипата на Почетино мора да реагира и воедно да ги одмори најголемите ѕвезди за натпреварот во Манчестер во вторник. Се очекува шанса да добијат Икарди, Кин, Херера, Дракслер. Сепак, Ленс е ривал по мерка за победа и добра клима пред клучните мајски битки.

Брајтон – Лидс ГГ, 3+
Две екипи со офанзивни карактеристики ќе ги одмерат силите во Брајтон. Тешко е да се прогнозира победникот, но натпревар со многу голови, веројатни и во двете мрежи, може да се претпостави. Нашиот Алиоски треба да започне од првата минута по добриот натпревар против Манчестер Јунајтед.

Милан – Беневенто 1, 1+ПП1+ВП
Милан не смее да си дозволи нов кикс по поразите од Сасуоло и Лацио. Екипата на Пиоли веќе има тежок распоред и Беневенто на Пипо Инзаги е лесен ривал за тоа какви следуваат во последните четири кола. Ибра се очекува да настапи, а неговото присуство само по себе носи сигурност во екипата.

Бешикташ – Хатајспор 1-1
Шампионската титула во Суперлигата во Турција треба да се врати во областа Бешикташ. Домашниот дуел на „Водафон Арена“ против Хатајспорт е идеална можност за почеток на славјето. Екипата на Серген Јалчин има неспорен квалитет, многу поголем од Хатајспор, а и предноста од шест бода може да им дозволи помирен пристап и растеретеност во играта.


Евротип и светска кошарка = најдобра комбинација!

Се наближува завршницата од сезоната во најдобрите кошаркарски клупски натпреварувања ширум светот, а спортските обложувалници Евротип и понатаму ја имаат најдобрата и најбогата понуда само за Вас.
Евролига, Еврокуп, НБА и сите останати најпопуларни натпреварувања се дел од понудата, а единственото место на кое можете да комбинирате типување на натпревар, а воедно на ист тикет да типувате и од понудата за кошаркари, нивниот учинок во поени, дуели на поени, како и да се обложувате на број на асистенции и скокови кај играчите.
Покрај комбинирањето на овие игри кое го нуди само Евротип, Ве очекува и широка палета на останати игри, како и различни граници на вкупно поени и повисоки коефициенти.
Според денешната понуда изборот паѓа на Евролига – четвртфинале, Еврокуп – финале и натпревари од регуларната сезона во НБА.
Посетете ја најблиската Евротип обложувалница до Вас, побарајте ја понудата за кошарка од операторот, или пак подгответе го Вашиот тикет на www.evrotip.mk и само уплатете го во уплатното место.
Најдобрата понуда и најдобрите коефициенти Ве очекуваат во Евротип!


Евротип и Голд Слот со помош за црквата Св.Недела

Спортските обложувалници Евротип и Голд Слот клубовите уште еднаш се во акција. Овој пат, во пресрет на Велигденските празници, направен е зафат за осветлување на црквата Св. Недела, еден од најпосетуваните храмови во Битола.
Со поставувањето на рефлектори и осветлувањето на храмот, се подобрува целосната слика за истиот, храм кој е основан во 1863. година.
Евротип, заедно со Голд Слот клубовите како општествено-одговорни компании, како досега така и во иднина продолжуваат со своите акции за подобрување на општествениот живот во секој поглед. Овој пат, тоа се направи преку поставувањето на рефлекторите за осветлување на овој храм, а во иднина се планираат и дополнителни акции, со кои ќе се помогне секаде каде што помошта ќе биде потребна.
Во оваа прилика, спортските обложувалници Евротип и Голд Слот клубовите ги честитаат Велигденските празници, посакувајќи здравје, мир и благосостојба, апелирајќи празниците да се дочекаат одговорно и во согласност со препораките на Владата за време на пандемија.


Евротип предлог тикет – Недела 25.04.2021

Еден од најдобрите спортски новинари во државата и регионот – Зоран Мишевски селектира дел од понудата за денешните натпревари и ни даде свое гледиште како би се одвивале истите. Украдете дел од идеите или преземете ги неговите типови, па се надеваме на добивки. Предлог тикетот во ЕВРОТИП носи над 40 коефициент:

Астон Вила – ВБА 1-1, 3+

Неиграњето на Грилиш остави трага врз играта на Астон Вила во клучниот дел на сезоната. Клубот до Бирминген ја загуби креацијата, а во една доза и самодовербата. Дуелот со градскиот ривал ВБА е идеална шанса за почеток на нова победоноста серија.

 

Анжер – Монако 2

Со оглед на шансата за освојување на титулата покрај ПСЖ и Лил, Монако мора да верува во пет победи до крајот на Лига 1. Екипата на Ковач има за цел влез во Лигата на шампионите, а ако се укаже шанса, зошто да не и трофеј во шампионатот. Анжер е идеална шанса за продолжување на победоносната серија, бидејќи разликата во квалитет е очигледна.

 

Аталанта – Болоња 1, 3+

По несреќно загубените два бода во Рим против Рома, Аталанта има противник по мерка. Во Бергамо доаѓа екипа која игра отворен фудбал и нема по секоја цена да се затвори. Тоа им одговара на момците на Гасперини и верувам дека ќе „наплатат“ со победа со многу голови.

 

РБ Лајпциг – Штутгарт 1

По непредвидените киксови минатата недела и само еден бод против Хофенхајм и Келн, екипата на РБ Лајпциг дефинитивно ја загуби трката за титулата со Баерн. Сепак, Нагелсман е тренер кој секогаш го сака најдоброто од своите фудбалери и победа против Штутгарт е императив.

 

Интер – Верона 1-1

Реми средбите против Наполи и Специја во гости се само очекуван стоп на позитивната серија на Интер. Веројатно новиот првак на Италија има противник по мерка за победа. Иако Верона подобро игра со посилните тимови сезонава, сепак против Интер не се
изнаигра на првиот натпревар. Очекувам нова победа на тимот на
Конте.


Евротип предлог тикет – Сабота 24.04.2021

Еден од најдобрите спортски новинари во државата и регионот – Зоран Мишевски селектира дел од понудата за денешните натпревари и ни даде свое гледиште како би се одвивале истите. Украдете дел од идеите или преземете ги неговите типови, па се надеваме на добивки. Предлог тикетот во ЕВРОТИП носи над 92 коефициент:

Ливерпул – Њукасл 1-1

Низ историјата овие две екипи одиграле многу легендарни натпревари. Секако дека фаворит е Ливерпул, но и последниот натпревар против Лидс потврди дека екипата е надвор од ритам. Но, неуспех со Њукасл значи збогум од шансите за Лигата на шампионите.

 

Мец – ПСЖ 2, ГГ

Со оглед на заостанувањето зад Лил, ПСЖ мора да ги добие сите натпревари до крајот на Лига 1 ако сака да ја одбрани титулата. Мец е екипа со далеку поскромен квалитет, па и да ротира Почетино, бодовите ќе заминат за Париз.

 

Валенсија – Алавес 1, 3+

„Лилјаците“ се благи фаворите, а на Алавес му „гори под нозе“. Низ историјата на „Местаља“ нема многу бодови за малиот баскиски клуб од Виторија, а не би требало да биде поразлично и сезонава. Иако играа тврдо со Абелардо, по тренерската смена очекувам поинакво издание на Алавес.

 

Волфзбург – Борусија Дортмунд ГГ 3+

Двете екипи знаат дека ова е натпревар со голем влог и многу работи за иднината на двата клуба зависат од овие 90 минути. Сепак, и Волфзбург и Борусија Дортмунд не знаат да играат тактички и верувам во натпревар со многу голови.

 

ПСВ Ајндховен – Гронинген 1, 3+

Важен натпревар за домаќинот, кој сезонава не се истакна премногу на големите натпревари. И постигнува и прима многу голови, па затоа верувам во уште еден натпревар со многу голови. Домашна победа е императив.


Спортските обложувалници Евротип, Gold Slot клубовите, СН Осигурителен брокер и СН Финансии помагаат во првиот регионален центар за вакцинација во салата „Билјанини извори“ – Охрид

Интензивно се работи во салата „Билјанини извори“ која наскоро ќе стане првиот регионален центар за вакцинација.

Во салата се поставени сите:
14 паравани за физичко одделување на лицата при вакцинација,
14 пункотви за 28 вакцинални места.

Деновиве ќе се инсталира компјутерскиот систем за потребите на министерството за здравство. Ќе биде донесен агрегатот за фрижидерот каде ќе се чуваат вакцините и по извршената дезинфекција салата ќе биде отворена за граѓаните. Според планираното истата треба да биде готова до петок.

Огромна благодарност до компаниите СН Осигурителен Брокер и спортските обложувалници Евротип, Gold Slot клубовите и SN Финансии кои не само што ги донираа сите паравани туку и сами ги наместија. Во овие моменти од исклучителна важност е солидарноста на општествено одговорните компании. Со нивен допринос овој вакцинален пункт ќе ги услужи граѓаните од општините Охрид, Струга, Вевчани, Дебар, Ресен и Кичево.


Евротип предлог тикет – Недела 18.04.2021

Еден од најдобрите спортски новинари во државата и регионот – Зоран Мишевски селектира дел од понудата за денешните натпревари и ни даде свое гледиште како би се одвивале истите. Украдете дел од идеите или преземете ги неговите типови, па се надеваме на добивки. Предлог тикетот во ЕВРОТИП носи над 50 коефициент:

Арсенал – Фулам 1, 3+

Лондонското дерби е незгоден тест за фаворитот, посебно затоа што во четвртокот „топџиите“ имаа патување во Чешка и тешко прво полувреме против Славија. Но, Арсенал е во налет, игра се подобро и победата не би требало да биде оспорена.

Нант – Лион 0-2

Тврд натпревар и малку голови очекувам во дуел на две традиционални екипи од Лига 1. Доменек не игра гледливо и секогаш играта на резултат му е пред спектаклот. Квалитетот е на страната на гостите, но којзнае дали можат тоа да го покажат. Затоа играта на малку голови е добра опција.

Лацио – Беневенто 1, 3+

Двата тима кои играат офанзивен фудбал се среќаваат меѓусебе на „Олимпико“. Нема дилеми дека фаворит е Лацио, но не е исклучена можноста дека и Беневенто ќе биде опасен, па и дека ќе постигне погодок. Победата на домаќините не би требало да биде доведена под знак прашалник.

Борусија Дортмунд – Вердер 1, 3+

Елиминацијата од Лигата на шампионите само дополнително ги засили вредностите на младите фудбалери на Борусија Дортмунд. Против себе имаат една од најлошите екипи во лигата и со тоа предвидувам натпревар со голови и со домашна победа.

Хетафе – Реал Мадрид 2

Целосно трансформирана е сезоната на „кралевите“ и беза разлика што ги стигна замор, календарот им подава рака. Градското дерби против Хетафе е шанса да играат некои од фудбалерите кои поретко добиваат шанса. Но, и така квалитетот и традицијата е на страна на гостите од Мадрид.


Евротип предлог тикет – Сабота 17.04.2021

Еден од најдобрите спортски новинари во државата и регионот – Зоран Мишевски селектира дел од понудата за денешните натпревари и ни даде свое гледиште како би се одвивале истите. Украдете дел од идеите или преземете ги неговите типови, па се надеваме на добивки. Предлог тикетот во ЕВРОТИП носи над 32 коефициент:

Волвс – Шефилд Јунајтед 1-1

„Волците“ се многу поквалитетна екипа и да не ги снајдеа многу повреди сезонава, веројатно ќе се бореа за европските места. Против последнопласираната екипа на табелата екипата на Нуно Еспирито Санто има императив да ги освои трите бода.

 

Каљари – Парма 1

Директен дуел за опстанок во Серија А, а на домашниот тим му „гори под нозе“. Иако има големи имиња, Каљари игра лоша сезона, менува тренери пречесто и нема тимска хемија. Сепак, овој натпревар е финале и квалитетот на фудбалери како Годин, Наинголан, Симеоне треба да дојде до израз.

 

Волфзбург – Баерн Минхен 2

Елиминацијата од Европа остави трага кај Баварците и потребна е реакција по ремито со Унион Берлин и лошиот крај во Париз. Левандовски уште неколку дена нема да настапи, но и без него Баерн е апсолутен фаворит во северна Германија.

 

Црвена Звезда – Радник 1,3+

Прашање на време е кога Црвена Звезда ќе ја освои титулата во српската Линг-лонг Суперлига. Радник е ривал по мерка за убедлива победа и настап за душа на фановите.

 

Бенфика – Жил Висенте 1-1

Борбата за титулата во Примеира веројатно е загубена за Бенфика, но само три бода е дистанцата со второпласираниот Порто, а второто место води во Лигата на шампионите. Тимот на Жорж Жесус е огромен фаворит против Жил Висенте и единствена разумна опција е домашна победа.


Евротип предлог тикет – Недела 11.04.2021

Еден од најдобрите спортски новинари во државата и регионот – Зоран Мишевски селектира дел од понудата за денешните натпревари и ни даде свое гледиште како би се одвивале истите. Украдете дел од идеите или преземете ги неговите типови, па се надеваме на добивки. Предлог тикетот во ЕВРОТИП носи над 27 коефициент:

Шефилд Јунајтед – Арсенал 2
Неиграњето на Одегард остави сериозна трага врз „топџиите“ и не блескаа во организацијата и реализацијата против Славија. Норвежанецот нема да игра и во Шефилд, но Пепе и Обамејанг ќе добијат шанса од првата минута. Секој резултат освен победа на клубот од Лондон ќе биде големо изненадување.

Лион – Анжер 1-1
Збрката на врвот на табелата му дава шанса и Лион да се надева на титулата. Формата на момците на Руди Гарсија не е во нагорна линија и тоа загрижува пред гостувањето на Анжер на „Групама Стадиум“. Сепак, индивидуалната класа на Депај, Палета, Токо-Екамби треба да дојде до израз.

Интер – Каљари 1, 3+
Интер има десет победи по ред, па победува и кога игра добро, но и кога има проблеми. Со Каљари низ минатото се соочувал со грижи, но овојпат формата на клубот од Сардинија е очајна, не помогна многу ни тренерската смена, па бодовите треба да останат на „Сан Сиро“.

Бетис – Атлетико Мадрид 2
Суарез се повреди на тренинг и нема да игра три недели. Тоа е уште еден тежок удар за Симеоне по поразот од Севиља пред една недела. Но, Бетис не е Севиља и екипата на Пелегрини ќе мора да одговори во одбраната ако сака да остане непоразена. Очекувам реакција и три бода за лидерот.

Виљареал – Осасуна 1-1
Иако акцент фрла на Лига Европа, екипата на Унаи Емери има идеална шанса за лесни три бода против Осасуна, пред возвратниот дуел со Динамо Загреб. Не се очекуваат големи промени, ротацијата нема да биде комплетна и бодовите треба да останат на „Естадион де ла серамика“.