galerija

Евротип спорт кафе – уживање за сите вкусови!

Разгледувањето на богатата понуда на билтенот на Евротип и утринското неделно кафе секогаш одат „рака под рака“. А задоволството е уште поисполнето со следење на сите најактуелни спортски настани и Вашиот уплатен тикет. Евротип спорт Кафе е катче за уживање во сите објкети на Евротип спортските обложувалници кои Ви ги нудат сите услови за спортско уживање. Тие се создадени според сите светски стандарди и со почитување на сите мерки и препораки за време на пандемијата, Ве очекува заедно со Вашето друштво да се релаксирате со кафе или друг вид на пијалак, по одлични цени, да проследите некој спортски натпревар, а во исто време и да заработите со Вашиот добитен тикет.

Дојдете, уживајте во Вашето кафе во пријатна атмосфера, во исто време следете ги сите спортски натпревари од целиот свет и уплатете го својот тикет.

Сето тоа на едно место! Добивката со понудата на Евротип е најголема! Обложувајте се во Евротип и искористете ги најголемите бонуси кои достигнуваат и 467%, а максималната добивка е шест милиони денари! Евротип спорт кафе – место создадено за вистинските уживатели во обложувањето!


Евротип предлог тикет – Сабота 20.03.2021

Еден од најдобрите спортски новинари во државата и регионот – Зоран Мишевски селектира дел од понудата за денешните натпревари и ни даде свое гледиште како би се одвивале истите. Украдете дел од идеите или преземете ги неговите типови, па се надеваме на добивки. Предлог тикетот во ЕВРОТИП носи околу 30 коефициент:

Мец – Рен 2

Тешко е да се очекува дека Рен ќе ја врати формата од минатата сезона, но сепак квалитетот на клубот од Бретања преовладува против Мец. Формата на Камавинга е во надолна линија, нападот не е на висината на задачата, па овој натпревар е шанса за излез од кризата.

 

Баерн Минхен – Штутгарт 1&ГГ

Конечно сите повредени и ковид-позитивни се вратија во стројот и Баварците се комплетни. Штутгарт му лежи како противник и европскиот првак има шанса за нова голеада и убедлива победа.

 

Ваљадолид – Севиља 2

Победата над Елче во средата ја враќа Севиља во победнички колосек, по катастрофалната прва половина на месецот. Екипата на Лопетеги има нова шанса за триумф, бидејќи традиционално добро игра против Ваљадолид.

 

Хајдук – Шибеник 1

Можеби се далеку од врвот и не се мотивираат најмногу кога играат против малите клубови, но фудбалерите на Хајдук викендов имаа ривал по мерка. Шибеник е еден од полошите гости во лигата и на „Пољуд“ нема што да бара.

 

Келн – Борусија Дортмунд ГГ3+

Натпреварите на соседите од Рурската област секогаш носат многу голови, па често посигурна е опцијата дека двете екипи ќе постигнат гол(ови), отколку конечен тип. Борусија Дортмун е фаворит, но одбраната на Терзиќ и толку ранлива што тешко може да одигра натпревар без да прими гол.


Нова крводарителска акција на Евротип и Голд Слот во Битола

Дарувањето на течноста која живот значи, во било кој момент е од огромно значење, а посебно во време на светска пандемија со која се соочуваме.
Токму затоа, спортските обложувалници Евротип и Голд Слот клубовите се одлучија за организирање на нова крводарителска акција, откако претходно организираните поминаа со значителен успех.
Акцијата ќе се организира 24 март од 10 до 13.30 часот, во неколкуте досегашни акции учествуваа бројни искусни крводарители, некои даруваа за прв пат, а на новата акција се очекува уште поголем број на оние кои ќе ја покажат својата хуманост.
Досега, преку крводарителските акции на Евротип и Голд Слот беа собрани над 70 крвни единици.
Евротип и Голд Слот како општествено одговорни компании се водат по принципот на негување на хуманитарните вредности, што се покажува со досегашните акции, но и оние кои ќе следат во иднина.
Организаторите се надеваат дека акциите од ваков карактер ќе бидат поттик и за останатите компании да го следат нивниот пример и да го направат најхуманиот гест кој може да се направи.


Само во Евротип, ЕКСТРА заработка со ЕКСТРА тип!

Најбогатата понуда на спортските обложувалници Евротип денеска и со можност за ЕКСТРА добивка. Во својата понуда, Евротип за сите свои верни обложувачи ги има таканаречените игри „ЕКСТРА ТИП“ и „ЕКСТРА ТИП ПЛУС“. Денеска на програмата, покрај натпреварите од Лига Европа, има и останати низа фудбалски, но и кошаркарски, тениски натпревари, а сите тие се дел од можноста за поголема заработка.
Преку понудата „ЕКСТРА ТИП“, одберете еден натпревар со повисока квота од регуларната понуда, одиграјте уште дополнителни три натпревари и дојдете до значително повисока добивка.

Доколку пак составите тикет со повеќе натпревари, одиграјте два од понудата „ЕКСТРА ТИП ПЛУС“ со повисоки квоти, додадете уште шест натпревари, па добивката ќе биде уште поголема.

Не заборавајте, искористете ја Вашата Евротип клуб картичка при уплаќањето на тикетите, па искористете ја можноста и за бонус на тикетите во висина од 467%, како и можноста за предвремена исплата на тикетот, популарниот „кеш аут“. Сето тоа, само во спортските обложувалнци Евротип кои се на чекор до Вас!


ЕВРОТИП СПЕЦИЈАЛ: Пенал во Лондон? Одлична квота за тоа!

Челзи вечерва во реванш натпреварот од осминафиналето на Лигата на шампионите ќе го дочека Атлетико Мадрид, откако на првиот натпревар со голот на Оливие Жиру славеше со 0:1. Томас Тухел е непоразен откако седна на клупата на Челзи и го замени Лампард, а Германецот е непоразен и во натпреварите во кои својата екипа ја водел против шпански противник (две победи и три нерешени натпревари). Јасно е како ден дека Суарез и другарите ќе мораат да нападнат на „Стемфорд Бриџ“, а спортските обложувалници Евротип како по обичај за дерби натпреварите и натпреварите од големите фудбалски натпреварувања подготвија специјални квоти за Вас и за овој натпревар. Очекувајќи дека Атлетико ќе нападне со сите сили кон голот на Менди, Евротип нуди квота од 2,20 за Атлетико да има барем пет удари во рамки на голот на Челзи. Притоа, очекувајќи тежок натпревар со голем број на прекршоци, не е занемарлива ниту квотата од 2,90 за да биде досуден пенал на натпреварот. Не заборавајте!

Вечерва и Баерн Минхен ќе го дочека Лацио во Лигата на шампионите, а специјални игри се подготвени и за тој натпревар!

Овие квоти, специјални игри како почетен удар, прва замена, жолти картони, корнери и многу други најдете ги на www.evrotip.mk и во најблиската Евротип обложувалница до Вас!


Квота 2,65 само за еден погодок на Манчестер Сити – Менхенгладбах?!

Денешната понуда од фудбалската Лига на шампиони ни носи натпревари на офанзивни екипи, а спортските обложувалници Евротип ви нудат можност за одлична заработка, а да не морате да го следите ниту првото полувреме до самиот крај! Манчестер Сити на Пеп Гвардиола ја дочекува екипата на Борусија Менхенгладбах. Двете екипи се исклучително офанзивни, а Евротип во својата понуда „БРЗИ ПАРИ“ нуди квота од 2,65 да биде постигнат погодок во првите 15 минути од натпреварот! Можеби кога се обложувате на натпревари од нокаут фазата не сакате толку да ризикувате и барате „зицер“? Тогаш играта да има барем еден погодок на натпреварот пред истекот на 30. минута е вистинска за Вас. Токму за таа игра, за овој натпревар Евротип ви нуди квота од 1,55! Од друга страна, Реал Мадрид ќе ја дочека Аталанта која во Шпанија ќе брка негатива од еден гол. Евротип ви нуди можност да се обложувате на квота од 2,85 за да видиме барем еден погодок во Мадрид во првите 15 минути, додека квотата 1,65 за еден погодок пред 30. минута е исто така примамлива! Не пропуштајте, исплатете го Вашиот тикет по само 15 минути игра, само со „БРЗИ ПАРИ“ на спортските обложувалници Евротип! Целосната понуда можете да ја најдете на www.evrotip.mk или на шалтер во најблиската Евротип обложувалница до Вас.


Само во Евротип, со бонус си ја „дуплираше“ добивката!

Бонусите кои ги нудат спортските обложувалници Евротип се дефинитивно највисоките кои може да се најдат, а кој знае тоа да го искористи, може добро и да заработи!
Доказ за тоа е добивката на обложувач во Македонска Каменица, кој својот „викендашки“ тикет од 17 натпревари, со влог од 100 денари го претвори во добивка од над 150 илјади денари!
Користејќи ја својата Евротип клуб картичка, тој стигна и до бонус на својата добивка од 80%, односно нешто повеќе од 80 илјади денари!

Поволностите кои ги нуди клуб картичката на Евротип и бонусите кои следат на секој тикет, ги искористи и „мајстор“ за НБА од Скопје.
Тој, комбинирајќи конечни типови, како и типувајќи на најбогатата понуда на НБА играчи, со 11 погодени натпревари стигна до добивка од над 200 илјади денари, вклучувајќи и бонус од 17%, или скоро 35 илјади денари!

Не заборавајте, секој Ваш тикет уплатете го со Евротип клуб картичка и искористете ги бонусите кои се во висина од дури 467%!


Евротип предлог тикет – Недела 14.03.2021

Еден од најдобрите спортски новинари во државата и регионот – Зоран Мишевски селектира дел од понудата за денешните натпревари и ни даде свое гледиште како би се одвивале истите. Украдете дел од идеите или преземете ги неговите типови, па се надеваме на добивки. Предлог тикетот во ЕВРОТИП носи околу 18 коефициент:

Саутемптон – Брајтон | 1
Променливата форма на Саутемптон може да биде прекината со домашна победа против Брајтон. Поразот од Сити не е мерило за формата на „светците“, па затоа победа е лекот.

Баер Леверкузен – Арминија Билифилд | 1, 3+
Иако не е истиот тим кој „газеше“ до пред неколку месеци, сепак Баер Леверкузен е моќен офанзивен тим кој може лесно да му даде 2-3 гола на секој бундеслигаш. Победа над Арминија, и тоа изразена со многу голови е и тоа како реална опција.

Штутгарт – Хофенхајм | 1+ПП&1+ВП
Во натпревар во кој нема фаворити, Штутгарт ќе се обиде да му застане на патот на фудбалерите на Хофенхајм. Предвидувам голови и надигрување, а тешко е да се каже победникот.

ПСЖ – Нант | 1-1
Се чека враќањето на Нејмар и најдобриот ПСЖ сезонава. Нант не е достоен ривал, а првакот на Франција ги загуби сите кредити. Верувам дека бодовите нема да заминат од Париз.

Фенербахче – Генчербирлиги | 1
Иако играат променливо и се без неколку стандардни првотимци, фудбалерите на Фенербахче секогаш умееле со Генчербирлиги на домашен терен. Така и овојпат верувам во очекувани домашни бодови и продолжување на трката за титулата.


Евротип предлог тикет – Сабота 13.03.2021

Еден од најдобрите спортски новинари во државата и регионот – Зоран Мишевски селектира дел од понудата за денешните натпревари и ни даде свое гледиште како би се одвивале истите. Украдете дел од идеите или преземете ги неговите типови, па се надеваме на добивки. Предлог тикетот во ЕВРОТИП носи над 60 коефициент:

Лидс – Челзи | ГГ, 3+
Натпревар на две екипи со офанзивен стил и тренери со филозофија да играат за гол повеќе. Затоа очекувам големо надигрување и многу голови. Челзи можеби малку повеќе ќе внимава, бидејќи следи дуелот со Атлетико Мадрид и постојат шанси Тухел некого да сочува за следниот натпревар.

Фулам – Манчестер Сити | 2-2
Лидерот е во налет и заборавен е поразот од Манчестер Јунајтед минатата недела. Фулам игра отворено, се надигрува и со подобри од себе и веројатно тоа е адутот на Сити дека против себе ќе има ривал кој ќе се надигрува.

Олимпик Марсеј – Брест | 1, 1+ПП&1+ВП
Сампаоли седна на клупата на Олимпик Марсеј и дебитираше со победа. Следниот ривал е по мерка за уште една победа и квалитетот на поранешниот европски првак треба да дојде до израз.

Хетафе – Атлетико Мадрид | 2
Победата над Атлетик Билбао го врати лидерот во колосек и календарот му оди во прилог. Градското дерби против Хетафе е ривал по мерка на момците на Симеоне и верувам дека лесно ќе слави победа и ќе се доближи до освојување на титулата.

Зенит – Ахмат Грозни | 1-1
Најсилната руска екипа е огромен фаворит против незгодниот Ахмат Грозни. Тимот на Семак мина низ одлични подготовки и не би требало да има проблем со ривали како денешниот.


Евротип предлог тикет – Недела 07.03.2021

Еден од најдобрите спортски новинари во државата и регионот – Зоран Мишевски селектира дел од понудата за денешните натпревари и ни даде свое гледиште како би се одвивале истите. Украдете дел од идеите или преземете ги неговите типови, па се надеваме на добивки. Предлог тикетот во ЕВРОТИП носи околу 33 коефициент:

Ливерпул – Фулам 1-1

Англискиот шампион е во вертикален пад, но не може вечни да губи. Во последно време подобро игра на гостински терен, отколку на „Енфилд“. Сепак, Фулам е еден од најлошите гости и против нападот на „црвените“ нема што да бара.

 

Динамо – Ријека 1, 3+

Иако „модрите“ размислуваат за Тотенхем и европскиот дуел во четврток, сепак Ријека е во голема криза и не би требало да може да се спротистави на „ Максимир“. Секој резултат освен победа на тимот на Адеми и Ристевски ќе биде големо изненадување.

 

Рома – Џенова ГГ, 3+

„Волчицата“ игра одлична сезона, посебно во нападот и не би требало да ја смени тенденцијата и в недела против Џенова. Ретко кога екипата на Фонсека игра тврдо и без голови, па и овојпат вистински тип е тип на голови во двете мрежи.

 

Реал Сосиедад – Леванте 1

Елиминацијата од Купот на Кралот и на тоа на толку суров начин веројатно остави трага врз екипата на Барди. Гостувањето во Сан Себастијан не е вистински момент и тешко дека Леванте може да остане непоразен.

 

Атлетик Билбао – Гранада 1

Можеби се уморни и слават две финалиња на Купот во април, но фудбалерите на Атлетик Билбао се на „седмо небо“ и имаат енергија за овој дуел. Гранада може да чува сили за европскиот дуел в четврток, па затоа Баскијците се фаворити.