galerija

Гаја од Валенсија е првата трансфер желба на Барселона

Барселона нема пари за зимски трансфери, но веќе размислува за летната селекција на тимот. Шпанските медиуми пренесуваат дека Каталонците стапиле во контакт со Валенсија за да го потврдат интересот кон левиот бек Хосе Гаја. Барселона бара наследник на Жорди Алба, кој полека влегува во залезот на кариерата. Валенсија пак е спремна да го продаде Гаја за 15 милиони евра. Каталонците се надеваат да го продадат Жуниор Фирпо, за кого интерес покажува Милан и така да го финансираат трансферот на Хосе Гаја.


Измените на Законот за игрите на среќа, огромен ризик за нелегален пазар и стимул за сива економија

Пред неколку дена на Единствениот национален електронски регистер (ЕНЕР) се најдоа дел од новите предлог измени и дополнувања на Законот за игрите среќа, меѓукои, 500 метри оддалечување на објектите во кои се приредуваат посебните игри на среќа од основни и средни училишта и високообразовни институции.


Ако се воведе предложената дистанца, на индустријата на игрите на среќа и се заканува целосно затворање. Дислокацијата на деловните објекти на бараното растојание од школите и високообразовните институции во реалностa е апсолутно неприменлива, во Скопје заради густината на населението и по неколку образовни институции во населбите, а проблемот е уште поголем во помалите градови каде буквално има само една главна улица и неколку споредни. Образложението зад предложената дистанца е „заштита на младата популација од лоши и несоодветни навики за нивната возраст“, но треба да се земе предвид дека во сегашниот Закон за игри на среќа, во член 20, забраната за учество на малолетни лица во игрите на среќа е веќе детално утврдена, вклучувајќи ја и забраната за влез на малолетници во просториите каде што се организирани игрите на среќа. Па така, предложеното воведување растојание е непотребно преиспитување на оваа одредба.


Припредувачите на посебните игри на среќа сметаат дека доколку се усвојат овие измени, нема да се направат никакви подобрувања. Сосема спротивно, сигурно е дека ова ќе има многу негативни последици не само за приредувачите на игрите на среќа, туку и за државата и за општеството во целина. Посочуваат дека вакво законско решение значи ризик за отворање на нелегален пазар на игри на среќа. Велат, во моментов имаме регулирана индустрија, а според  нив новите мерки ќе го стимулираат развојот на сивата економија. Нејасно е, зошто Владата сака од целосно регулиран пазар да направи нерегулиран, бидејќи ефектот од вакво законско решение ќе биде токму тој. Со тоа, велат, многу повеќе се носат во ризик малолетниците и играчите воопшто, бидејќи игрите на среќа нема да запрат. Играчите ќе бараат алтернативни начини за обложување или уште поопасно ќе го прават тоа во нелегални објекти, каде државата ќе нема ниту увид, ниту контрола.

Од друга страна, истражувањата на Европската организација за игри на среќа покажуваат дека владините регулирани форми на обложување претставуваат најдобриот начин за безбедност на играчите и минимизирање на ризикот и можностите од нелегално обложување. За илустрација, во Албанија и Косово кои воведоа забрана на игрите на среќа, веднаш се создаде црн пазар, што претставува добар, негативен пример за политичарите кои размислуваат за забрани, наспроти  квалитетно регулирање на игрите на среќа.



Евротип предлог тикет – Недела 24.01.2021

Еден од најдобрите спортски новинари во државата и регионот – Зоран Мишевски селектира дел од понудата за денешните натпревари и ни даде свое гледиште како би се одвивале истите. Украдете дел од идеите или преземете ги неговите типови, па се надеваме на добивки. Предлог тикетот во ЕВРОТИП носи околу 28 коефициент:

Сент-Етјен – Лион 0-2
Едно од најголемите француски дерби соочувања предвидувам дека ќе мине во знакот на голема борба и малку голови. Лион е благ фаворит, посебно ќе дојде лут по поразот од Мец, но Сент-Етјен не смее да се отпише.

 

Лацио – Сасуоло ГГ, 4+
Натпреварите на Сасуоло се спектакл, преполни со голови и позитивна и офанзивна тенденција. Најтешко е да се предвиди конечниот исход, но најлесно дека ќе има доста голови.

 

Шалке 04 – Баерн Минхен 2-2
Иако со Грос на клупата и неколку зимски засилувања има видно подобрување, Шалке не може многу работи да очекува против Баерн. Секој резултат освен гостинска победа ќе биде сензација.

 

Елче – Барселона 2
„Ранета“ по поразот во Суперкупот и неубедливата победа во Купот на Кралот и без Меси, Барса гостува во Андалузија. Сепак, екипата на Куман е под императив, едноставно мора да се наметне, а и противникот тоа го дозволува. Само победа ја остава Барса блиску до Атлетико и Реал.

 

Бешикташ – Гезтепеспор 1-1
Конечно Бешикташ влезе во ритам, победи и неколку дерби натпревари и како огромен фаворит влегува во дуелот со Гезтепеспор. Иако во минатото клубот од Истанбул редовно имал проблеми со вакви ривали, верувам дека ќе се радува на бодовите.


АСОМ: Над 8.000 вработени на улица и отворање пат за нелегално обложување ако се усвојат предлог измените на Законот на игрите на среќа

По објавата на Единствениот национален електронски регистер на прописи (ЕНЕР) за почеток на процесот за подготовка на закон за измена и дополнување на Законот за игрите на среќа и забавните игри, Асоцијацијата на спортски обложувалници децидно стои на ставот дека се подготвуваат измени на законот кои се крајно неприфатливи и ќе доведат до целосно затворање на индустријата, губење на илјадници работни места и огромни загуби за државниот буџет.
„Ставот на АСОМ по однос на измените за одалечување на деловните објекти е целосно неприфатлив и на истиот силно се спротивставуваме. Растојанието од 500 м оддалеченост на нашите деловни објекти од училишта и високообразовни институции, според анализите кои ги направивме, значи затворање на 98% од уплатно-исплатните места, односно гасење на цела индустриска гранка. Со ова, директно се загрозува егзистенцијата на речиси 8.000 семејства, односно 8.000 вработени во индустријата на игрите на среќа кои преку ноќ ќе ја изгубат работата. Негативни последици ќе има и врз повеќе од 50.000 работни места во други стопански гранки, кои индиректно зависат од нашата работа.“– изјави Васко Илијевски, претседател на АСОМ.

Од Асоцијацијата предупредуваат дека ваквото законско решение широко ќе го отвори патот на сивата економија и нелегалното обложување. Нејасно е дали Владата сака од целосно регулиран пазар кој сега го имаме, да направи нерегулиран бидејќи ефектот од законот ќе биде токму тој. Затворањето на спортските обложувалници нема да го запре обложувањето. Играчите ќе бараат алтернативни начини, а обложувањето ќе се префли на нелегални локации. Така државата ќе нема контрола ниту врз средствата, ниту врз безбедноста на играчите и малолетниците, сметаат од Асоцијацијата.
Исто така, велат од АСОМ, со ваквиот закон се одзема стекнатото деловно право на компаниите кои имаат важечки лиценци за постоечките објекти и предупредуваат дека ќе има сериозни домашни и меѓународни правни импликации доколку се скрати ова право на компаниите.
Во однос на предлогот за зголемување на давачките, АСОМ потенцира дека приредувачите во РС Македонија и сега плаќаат највисоки даноци во Европа, а наведената причина за нивно зголемување е целосно контрадикторна со оддалечувањето на објектите.
„Зголемувањето на ионака, највисоките даноци во Европа кои и сега ги плаќаме, а со цел како што се наведува зголемување на средства во буџетот, воопшто не кореспондира со предлогот за оддалеченоста. Ако ние ставиме клуч на врата на нашите објекти, државата ризикува да ги изгуби сите средства со кои индустријата на игри на среќа и сега придонесува во државниот буџет, а тое се повеќе од 250 милиони евра по сите основи на работењето. Зошто се покачуваат даноци, ако практично планот е да се затворат објектите и кој би бил економскиот ефект од тоа. Сметаме дека предлог законот е направен без никакви економски и пазарни анализи и дека ќе има многу сериозни импликации врз државната економија, која ионака е силно погодена и дестабилизирана од ковид кризата.“ – истакнува Илијевски и ги повикува Владата и Министерството за финансии сериозно да размислат дали ваков закон оди во прилог на јакнење на кревката економија и намалување на стапката на невработеност.
Заклучоците на Асоцијацијата се дека ова не е европски закон, затоа што ниту еден европски закон не предвидува оддалеченост на објектите, бидејќи тоа нема никаков ефект врз навиките. Асоцијацијата на спортски обложувалници е подготвена да прифати било кој од европските закони во земјите членки на ЕУ, но закон кој има за цел затворање на индустријата нема да прифати.
„Ние како Асоцијација, во изминатите месеци делувавме конструктивно и доставивме предлози за унапредување на сите аспекти од работењето на индустријата кои се во интерес на сите чинители. Неколкупати побаравме средба во Владата и Министерството за финансии да ги образложиме истите, но не добивме одговор. Нашите предлози беа токму во делот на покачување на приходите на државата од игрите на среќа преку ефикасни европски модели на оданочување, поголема безбедност за играчите, едукација, како и трикратно повисоки казни за приредувачите кои ќе ги прекршат законите. За жал, ништо од тоа досега не е прифатено.“- истакнува Илијевски и бара итен прием на претставници на АСОМ во Владата и министерството за да ги аргументираат нивните предлози за закон по европски терк.
„Бараме стопирање на целиот процес на носење предлог закон и вклучување на сите засегнати страни во подготовка на нов предлог закон и транспарентна дискусија што и доликува на земја со европски аспирации„- заклучува Илијевски.


Евротип предлог тикет – Сабота 23.01.2021

Еден од најдобрите спортски новинари во државата и регионот – Зоран Мишевски селектира дел од понудата за денешните натпревари и ни даде свое гледиште како би се одвивале истите. Украдете дел од идеите или преземете ги неговите типови, па се надеваме на добивки. Предлог тикетот во ЕВРОТИП носи над 73 коефициент:

Монако – Олимпик Марсеј | 0-2
Иако е во криза, Олимпик Марсеј знае како се играат дерби натпревари и не верувам дека ќе го промашат пристапот. Предвидувам тежок и тврд натпревар, со мал број на голови.

Рома – Специја | 1-1
Елиминацијата во Купот на Италија е рана за „волчицата“, а Специја игра отворен фудбал со секој ривал. Затоа пет дена по победата од 2-4 на „Олимпико“, екипата на Стропа доаѓа во Рим, а таму ќе наиде на поквалитетен и помотивиран ривал отколку во Купот.

Мајнџ 05 – РБ Лајпциг | 2, 3+
Не им е лесно на фудбалерите на Мајнц 05, со четири сменети тренери во сезоната да фатат ритам. На гости им доаѓа еден од најдобрите тимови во лигата, па секој друг резултат освен победа на тимот на Нагелсман ќе биде изненадување.

Севиља – Кадиз | 1, 1+ПП&1+ВП
Иако игра неубедливо Севиља ретко губи бодови против таканаречените мали екипи. Затоа на Кадиз не му се пишува добро на „Санчез Писхуан“. Тимот на Лопетеги ја бара формата пред враќањето на Лигата на шампионите, па очекувам лесна победа.

Хуеска – Виљареал | 2, +3
Најслабата екипа во лигата го смени тренерот, а на гости им доаѓа еден од технички најдобрите тимови во лигата. Нема дилема дека победа на Виљареал е тип на кој многумина би се обложиле. Очекувам и натпревар со многу голови од двете страни.


Евротип ги додели наградите од големата наградна игра!

Спортските обложувалници Евротип ја завршија големата наградна игра која траеше во месец ноември и декември минатата година, а среќните добитници веќе ги добија своите заслужени награди.
Наградната игра, која беше организирана во соработка со ЈК Травел и СН Осигурување, донесе богати награди за оние чии недобитни тикети за еден натпревар, имаа највисок погоден коефициент, но не изостанаа ниту оние „добитниците“ чии добитни тикети имаа највисок коефициент.
Така, „најмалерозните“ со еден недобитен натпревар, сега се наградени со Samsung Galaxy Note 20, доделени се ваучери за патување, како и вредносни ваучери од СН Осигурување.
Оние кои пак имаа среќа и знаење да ги погодат сите натпревари, покрај викенд патување и вредносен ваучер од СН Осигурување, добија и Samsung Galaxy S10.
И повеќе од јасно е дека изненадувањата на спортските обложувалници Евротип не застануваат тука!
Во наредниот период, Ве очекуваат уште многу изненадувања, па затоа не заборавајте својот тикет да го уплатите во Вашата омилена обложувалница заедно со вашата клуб картичка, таму испијте го и вашето кафе со пријателите, а Евротип ќе се погрижи за останатото!


Евротип предлог тикет – Недела 17.01.2021

Еден од најдобрите спортски новинари во државата и регионот – Зоран Мишевски селектира дел од понудата за денешните натпревари и ни даде свое гледиште како би се одвивале истите. Украдете дел од идеите или преземете ги неговите типови, па се надеваме на добивки. Предлог тикетот во ЕВРОТИП носи околу 16 коефициент:

Лион – Мец | 1-1
Пред нешто повеќе од еден месец овие две екипи се сретнаа во Мец и Лион извојува лесна и убедлива победа. Фудбалот на Мец им лежи на момците на Руди Гарсија и очекувам нова лесна победа на лидерот.

Аталанта – Џенова | 1, 3+
Аталанта е во налет и случајот Папу Гомез воопшто не го поремети планот на тренерот Гасперини. Џенова ги чуваше клучните фудбалери на натпреварот од Купот против Јуве, но којзнае дали тоа ќе им биде доволно да остане непоразена во Бергамо.

Баерн – Фрајбург | 1, 1+ПП&1+ВП
По елиминацијата од Купот на Германија, Баерн ќе мора да се извади со вистински пристап не би требало да има проблеми со Фрајбург. Момците на Флик може да понудат натпревар со многу голови.

АЕК – Атромитос | 1-1
Грчкиот вицешампион и екипата која оваа сезона играше во групната фаза на Лига Европа е апсолутен фаворит и не би смеела да си дозволи кикс. На домашен терен во Атина, АЕК и оваа сезона е неприкосновен.

Мадервел – Ренџерс | 2
Лидерот во шкотската Премиер лига е во налет, а Џерард целосно го препороди гигантот во Шкотска. Мадервел е ранлив, прима многу голови и не може да одолее на најдорбиот шкотски напад.


Евротип кафе – Вашето ново катче за спортска забава!

Утринското кафе секогаш оди најубаво со новиот билтен и најбогатата понуда на Евротип. Попладневниот или вечерниот пијалак пак? Уште поубаво со сите најактуелни спортски настани и Вашиот уплатен тикет.

Веќе од овој викенд, Евротип Кафе е местото во Битола кое ќе Ви ги понуди сите услови за спортско уживање. Објектот кој се наоѓа на ул. Партизанска бр. 106,(наспроти Клиничка болница) создаден според сите светски стандарди, подготвено Ве очекува.

Свеченото отварање се одржа сабота (16.01), а за сите присутни беа подготвени бројни изненадувања.

Спортските обложувалници Евротип и понатаму продолжуваат со создавање на пријатни услови за уживање на сите верни посетители, а Евротип кафе е уште еден доказ за тоа.

Дојдете, уживајте во Вашето кафе и во исто време следете ги сите спортски натпревари од целиот свет и уплатете го својот тикет. Сето тоа на едно место! Добивката со понудата на Евротип е најголема и не заборавајте вашиот тикет да го уплатите на Евротип клуб картичката за да го добиете вашиот бонус!

Во исто време, не се заборавени ниту другите градови! Новите уплатни локации на спортските обложувалници Евротип Ве очекуваат во Скопје, Охрид, Штип, Тетово, Боговиње и Пирок!

Евротип кафе – создадено за вистинските уживатели во обложувањето!


Евротип предлог тикет – Сабота 16.01.2021

Еден од најдобрите спортски новинари во државата и регионот – Зоран Мишевски селектира дел од понудата за денешните натпревари и ни даде свое гледиште како би се одвивале истите. Украдете дел од идеите или преземете ги неговите типови, па се надеваме на добивки. Предлог тикетот во ЕВРОТИП носи над 61 коефициент:

Вест Хем – Барнли | 1
По победата во ФА Купот, Вест Хем се засили и со нетрпение очекува победничка серија и во Премиер лигата, „Чеканите“ се големи фаворити против Барнли, иако и тимот на Дајч скапо ја продаде кожата против Манчестер Јунајтед во средата. Домашна победа е најреална опција.

Олимпик Марсеј – Ним | 1, 3+
По поразот во Суперкупот на Франција, тимот на Андре Виљаш Боаш мора да го реши најголемиот проблем сезонава – победите против малите тимови. Ним е противник по мерка за враќање на победничките стази.

Анжер – ПСЖ | 2-2
Со Почетино на клупата ПСЖ доби препознатлива форма и победите оваа недела значеа нов почеток. Вчера тренерот на ПСЖ беше позитивен на ковид-19 и неизвесно е дали заразил и некои од фудбалерите. Сепак, Анжер не е противник заради кој шампионот треба да стравува и да игра максимално.

Борусија Дортмунд – Мајнц 05 | 1, 4-6
Враќањето на Халанд донесе и убедливи победи и препознатливи игри за Борусија Дортмунд. Мајнц е во голема криза, смени неколку тренери и не би требало да биде „тврд орев“ за „милјардерите“.

Камерун – Зимбабве | 1, 1+ПП&1+ВП
Почнува Африканскиот Куп на нации и првиот голем фудбалски настан во новата година. Камерун е изразит фаворит на првиот натпревар и еден од претендентите за највисок пласман. Убедлива победа на Камерунците е единствена реална опција.


Евротип предлог тикет – Недела 10.01.2021

Еден од најдобрите спортски новинари во државата и регионот – Зоран Мишевски селектира дел од понудата за денешните натпревари и ни даде свое гледиште како би се одвивале истите. Украдете дел од идеите или преземете ги неговите типови, па се надеваме на добивки. Предлог тикетот во ЕВРОТИП носи околу 34 коефициент:

Верона – Кротоне | 1
Во Торино во средата Верона пропушти можност да извојува победа, со што останува тим кој е „Ахилова пета“ за гигантите, но не блеска против таканаречените мали тимови. Кротоне е идеален ривал за прекин на оваа серија.

Леванте – Еибар | 1
Барди е спремен за враќање на терените по повредата, а Леванте нема право на грешка во вториот натпревар во новата година. Еибар е променлив, а важи и за еден од најлошите гости во Шпанија. Домаќинот останува со етикетата фаворит во овој дуел.

Аугсбург – Штутгарт | ГГ, 3+
Тешко е да се прогнозира финалниот скор на овој дуел, но затоа пак предвидливо е дека ќе паднат повеќе голови, а веројатно ќе ги постигнат двете екипи. Штутгарт е благ фаворит и се очекува дека непоразен ќе се врати од Баварија.

Мехелен – Антверпен | 4-6
Соседите играат меѓусебно дерби, но Антверпен како фаворит во дуелот. Сепак, одбраната не е силна страна на двете екипи, па се очекуваат многу голови на овој дуел.

Кроули – Лидс Јунајтед | 2
Нисколигашот силно ќе биде мотивиран, но Лидс има многу поквалитетен протовник и со сериозен влез во натпреварот ќе извојува победа. Секој резултат освен лесна победа на гостите ќе биде изненадување.