galerija

КС Групација ја спроведе 13-та крводарителска акција

Евротип, Голд Слот, Голд Фелициа и Премиум Сејфти Солушн кои се дел од КС Групацијата денес успешно ја спроведија 13-та по ред крводарителска акција на која се собраа голем број на крвни единици.
Крводарителската акција се одржа во канцелариите на КС Групација во Битола и беше со отворен карактер. Оваа крводарителска акција како и сите предходни поттикна голем интерес кај вработените од Битола, но и кај вработените од другите градови. Кон оваа крводарителска акција се приклучија и вработените од Минт Финтек Груп.


Редовното организирање на крводарителските акции е составен дел на работењето на сите компании од КС Групацијата кои со личен пример сакаат активно да допринесат за зголемување на свеста кај останатите компании кон дарувањето на крв кое е од витално значење за спасување на човечките животи.

Од менаџерскиот тим на групацијата порачаа дека организирањето на крводарителските акции ќе продолжи и во иднина бидејќи хуманоста е еден од главните постулати на програмата за општествена одговорност на самата групација.


КС Групација со свој тим учествуваше на Трчај Бе

Евротип, Голд Слот и Голд Фелициа компании кои се дел од КС Групација се редовни поддржувачи на градската трка Трчај Бе која секој септември 6 години по ред се одржува во Битола.
КС Групација го поддржува спортот и спортските активности па во таа насока ги мотивира своите вработени да се пријават и како еден тим да учествуваат активно на трката.
Тимот кој ја претставуваше КС Групација оваа година броеше 17 тркачи.

КС Групација е задоволна од резултатот кој го постигнаа нејзините вработени кои во голема конкуренција ги постигнаја следниве резултати: женскиот тим заврши на 6 место, а машкиот тим се позиционира на 7 место.
Најдобар резултат на 5 километри од женскиот тим имаа: Марија Дабевска, Анѓела Гашовска, Јасна Весиќ и Анамарија Крстевска.
Најдобар резултат на 5 километри од машкиот тим имаа: Виктор Екимовски кој трката ја заврши со одличен резултат од 20:11, Томислав Дивјакоски, Христијан Деловски и Јован Димовски.
Останати членови на тимот кои трчаа на 5 километри се: Елена Трајчевска, Петар Божиновски, Соња Дојошевска, Илија Цветановски, Марија Бошевска, Ангел Ивановски и Дејан Николовски,

На 10 километри за КС Тимот трчаа Симона Цветановска во женска категорија која постигна одличен резултат и се пласираше на 8-мо место од вкупно 73 пријавени жени и Петар Павловски во машка категорија.

Во склоп на самата трка КС Групација имаше и свој настан “ТРЧАЈ БЕ ЗА ПИВЦЕ БЕ” кој беше организиран како место за дружба со музика, пивце и апетисани.
Тимот за навивање и подршка на тркачкиот тим КС Групација беше најоргинален. Маркетинг тимот на КС Групација имаше изработено свои пароли и таблички за навивање за секој член од својот тим. Според порталот Бабам Битола победник на овогодинешниот Трчај Бе е нашата Симона која имаше најуникатна навивачка парола „Трчај мамааа, умревме за јадење…“
КС Групација ќе продолжи и во иднина да ја поддржува оваа градска трка која веќе станува традиција.


Доделени наградите од наградната игра “Топ тикет за Топ одмор”

Во текот на оваа недела беа доделени наградите од наградната игра “Топ тикет за Топ одмор”. Наградната игра траеше од 01 до 31 август и им нудеше на учесниците шанса да освојат една од трите награди:

  1. Ваучер за годишен одмор од 90.000 денари
  2. Електричен велосипед и
  3. Sony PlayStation + FifaC 24

Среќниот добитник на главната награда – ваучерот за годишен одмор е Мојсе М. од Враниште.
Електричниот велосипед “отпатува” во рацете на Стојче С. од Неготино, а на третата награда и се израдува Шули П. од Крушево.

Доделувањето на наградите помина во весела атмосфера. Претставници од компанијата им честитаа со чаша шампањ на тројцата добитници и им порачаа и понатаму да учествуваат во наградните игри на Евротип Спортските Обложувалници.
Следете не на социјалните медиуми и бидете во тек со изненадувањата што следат.


Минатиов викенд во Битола се одржа спектакуларен баскет турнир.

Минатиов викенд во Битола се одржа спектакуларен баскет турнир во организација на Здружението за популаризација и промоција на кошарката „3×3 Basketball” и Општина Битола. Два дена додека траеше турнирот плоштадот Магнолија беше претворен во спортски терен на кој силите ги измерија повеќе екипи од Македонија и регионот. Овој спортски настан беше центар на одлична игра и забава кој предизвика големо внимание и интерес кај локалното население од сите генерации како и кај љубителите на кошарката. Секој натпревар беше исполнет со динамична игра, конкурентен дух и фер-плеј, а трибините беа преполни со енергични навивачи кои ги бодреа тимовите и придонесоа за позитивна атмосфера.

Тимовите учесници покажаа високо ниво на игра и страст, што донесе многу незаборавни моменти и извонредни баскет потези. Публиката уживаше во секоја секунда од натпреварите, а децата имаа можност да се инспирираат и да ги следат своите идоли. Победник на овој турнир беше екипата на Кино Влае од Скопје која ја однесе победата после финалната игра со екипата на Лесковац од Србија чии играчи покажаа одлична игра.
Компаниите Голд Фелиција, Евротип, Евротип Онлајн и Голд Слот кои се дел од КС Групацијата имаа чест да бидат спонзори на овој баскет турнир кој внесе живот на Плоштадот Магнолија каде сите генерации се забавуваа и уживаа во спортскиот дух.

КС Групацијата постојано ги поддржува спортските настани и манифестации и со гордост ги прифаќа сите повици за спонзорства. КС Групацијата преку својата прогама за опшествена одговорност не само што ги промовира здравите навики и активниот начин на живот, туку и ги поттикнува младите да се занимаваат со спорт што е од огромно значење за иднината на нашата заедница.


Евротип генерален спонзор на Че Трчаме – Прилеп

Евротип е генерален спонзор на атлетската трка Че Трчаме од нејзиниот почеток. Оваа година Евротип со здружени сили со Голд Слот ја продолжи својата поддршка на настанот и заеднички настапија како генерални спонзори на второто издание на трката.

Успешно одржаната атлетска трка Че Трчаме која се одржа во неделата во Прилеп беше вистинско празнување на спортот, здравиот начин на живот и заедништвото кој привлече околу 1500 учесници од Македонија и регионот. Со нашето спонзорство ја поддржавме локалната заедница и обезбедивме сигурност за одлична организација на самиот настан. Атмосферата за време на трката беше исполнета со ентузијазам, енергија и спортско – натпреварувачки дух. Учесниците се натпреваруваа со силна волја и посветеност, додека публиката ги бодреше со аплаузи и насмевки. Патеката низ улиците на Прилеп беше исполнета со весели лица, семејства и пријатели кои дојдоа да ги поддржат своите најблиски и да уживаат во овој прекрасен настан.

Евротип како и останатите компании од КС Групацијата со континуирана поддршка и посветеност кон спортот движат кон поттикнување на позитивни промени и алудираат кон промоција на здравите навики и активниот начин на живот.


Стипендисти на КС групација

КС Групација во чиј состав влегува и компанијата Евротип, минатата година ја започна програмата за стипендирање која е резултат на стратегијата за општествена одговорност чиј основен постулат е вложување во иднината на новите генерации. Стипендиите кои ги доделува КС Групацијата имаат формат на годишно стипендирање со исплати на месечно ниво вклучувајќи 10 месеци стипендирање плус 2 месеци платена пракса.

Практикантскиот дел од програмата за стипендирање претставува неверојатна прилика за стипендистите да стекнат практично искуство, да го зголемат своето знаење и да се подготват за идната кариера.
Од првиот ден, стипендистите се вклучени во реални проекти каде имаат прилика да го покажат своето знаење и вештини, но во исто време и да научат многу нови работи. Под менторство на искусните вработени од КС Групацијата, младите талентирани стипендисти успеваат да го прошират своето знаење и да ја искристализираат насоката на својот професионален развој.

Со искуствата и знаењата кои ги стекнуваат стипендистите за време на двомесечната пракса тие излегуваат подготвени за предизвиците во професионалниот свет, но и мотивирани да ја обликуваат иднината на индустријата.
Стипендистите кои имаа привилегија да бидат дел од програмата за стипендирање на Групацијата и кои веќе учествуваа во двомесечната пракса го опишуваат своето искуство како клучен момент во нивниот професионален развој. Со комбинација од теоретско знаење и практична примена на знаењето оваа пракса им понуди непроценлива можност да се запознаат со реалните предизвици и одговорности во професионалниот свет.

За време на праксата стипендистите работеа со професионалци од КС Групацијата, учејќи од нивните богати искуства и добивајќи повратни информации за своите задачи. Тие се соочија со диманичната природа на деловните процеси, а во исто време имаа прилика да се вклучат во различни проекти кои го продлабочија нивното разбирање за деловниот свет.

Менаџерскиот тим на КС Групацијата со голема радост ги поздравува напорите на овие млади индивидуалци признавајќи го нивниот труд и посветеност.


Евротип и Голд Слот со незаборавна Пивофест дружба: “Наздрави со нас – Гратис пивце за вас!”

Евротип и Голд Слот со свој штанд учествуваа на овогодинешното издание на Фестивалот на пивото – „Prilep Beer Weekend“ кој се одржа од 9-ти до 11-ти август во Прилеп.
Во текот на трите фестивалски денови во Прилеп од 21:00 до 23:00 часот пред Евротип – Катна во Прилеп беше поставен штандот на Евротип и Голд Слот кој беше вистински центар на вниманието.

Штандот на Евротип и Голд Слот стана епицентар на забава, благодарение на внимателно осмислената атмосфера која ги привлекуваше посетителите од сите страни. Со несебичност и гостопримство, беа делени бесплатни пива, промотивни картички и ексклузивен промотивен материјал, што дополнително ја збогатија фестивалската атмосфера која вибрираше на штандот. Музичката поддршка од DJ-от придонесе за уште поголема енергичност и ги поттикна посетителите да се задржат подолго време на штандот, уживајќи во добрата атмосфера.

Под мотото “Наздрави со нас”, Евротип и Голд Слот успеаја да создадат неповторливо искуство за сите присутни, додавајќи уште една успешна приказна во нивното портфолио на настани кои оставаат траен впечаток. Овие компании потврдија дека го разбираат пулсот на својата публика и знаат како да создадат незаборавни искуства.
Овој настан беше искористен и за промоција на новата наградна игра на Евротип “Топ Тикет за Топ одмор” која нуди одлична можност за добивка на ваучер за годишен одмор од 90.000 денари.


Евротип Спортските Обложувалници се поддржувачи на меѓународниот шаховски турнир Голд Фелициа 2024

Во неделата на 4-ти август во ресторанскиот дел на комплексот Голд Фелициа во Битола се одржа меѓународниот турнир во забрзан шах “Голд Фелициа 2024”.
Овој престижен настан, кој ги собра најталентираните  умови од повеќе земји, се покажа како извонреден тест за шаховските вештини и интелектуалната моќ на учесниците.

На турнирот учество зедоа 118 шахисти. Учествуваа шахисти од сите Македонски шаховски клубови, шахисти од балканските земји (Грција, Бугарија, Косово, Албанија и Србија) како и шахисти од Франција, Швајцарија и далечната Индија.

Турнирот се играше по Швајцарски систем од 9 кола, според правилата на Интернационалната Шаховска Федерација – ФИДЕ за забрзан (Рапид) шах при што турнирот беше пријавен и рејтингуван во ФИДЕ. Резултатите во реално време беа објавувани на официјалната веб страна на ФИДЕ (www.chess-results.com).

Модератор на настанот беше Никола Пројчески, а турнирот за отворен го прогласи битолскиот шахист Зоран Попчевски.

На овој меѓународен турнир учество зедоа нашите млади шахисти од сите 4 клубови во Битола кои покажаа дека се на висина на задачата, со своите одлични настапи и импресивни резултати.

Спонзори на овој турнир беа компаниите Голд Фелициа, Евротип Спортските Обложувалници, Голд Слот Клубовите и Премиум Сејфти Солушн – компании кои се дел од КС Групацијата и кои редовно ги поддржуваат сите спортски настани во градот Битола, а и пошироко низ Македонија.

Евротип како горд спонзор на овој шаховски турнир е задоволен од високото ниво на организација на самиот настан како и од спортскиот дух што го покажаа сите учесници. Од менаџерскиот тим на Евротип изјавија дека меѓународниот шаховски турнир е одлична платформа за младите таленти да се докажат и да стекнат искуство на меѓународната сцена и нагласија дека ова е само еден од многуте настани што планираат да ги поддржат во иднина.

Турнирот заврши со свечена церемонија на доделување награди, на која најдобрите шахисти добија признанија за своите достигнувања. Присутните имаа можност да уживаат во натпреварите и да видат како младите умови ги надминуваат своите граници.
Првото место на овој меѓународен шаховски турнир му припадна на Геогиев Кирил од Бугарија.
Имињата на сите учесници како и добитниците на награди се објавени на следниот линк: https://chess-results.com/tnr960424.aspx?lan=1&art=1&rd=9&flag=30

Со овој настан, Битола уште еднаш докажа дека е град на спортот и интелектот, подготвен да поддржи и да промовира млади таленти кои ќе ја носат нашата гордост на меѓународната сцена.


Доделени наградите од наградната игра „Евротип Милионер“ на Евротип спортски обложувалници

Во петокот на 26-ти јули во луксузниот амбиент на Голд Фелициа во Битола со свечена церемонија беа доделени наградите од наградната игра „Евротип Милионер“. Модератор на настанот беше Зоран Мишевски.

Наградната игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР” траеше од 02.05.2024 до 15.07.2024 и имаше награден фонд од над 2 милиони денари. Се доделија вкупно 25 парични награди од кои главната награда изнесуваше еден милион денари. Играчот во кој “отпатува” главната награда е Александар од Кичево.

Со добитникот на милионот се направи кратка анкета со прашања за тоа како се стигнува до главна награда, како се чувствува после добивањето на милионот и кои совети би му ги дал на играчите на наградните игри на нашите спортски обложувалници.

На свеченото доделување на наградите покрај добитниците беа присутни и менаџерите од групациите каде отпатуваа наградите како и дел од менаџерскиот тим на Евротип Спортските обложувалници.

Евротип му честита на сите 25 добитници на наградите и им посака среќа на сите играчи кои ќе учествуваат во наредните наградни игри на Евротип спортските обложувалници.

Ви најавуваме бројни изненадувања набрзо, следете не на социјалните медиуми за повеќе информации.


Евротип дел од спонзорскиот тим на првата велосипедска тура “Манданата 2024”

Во неделата на 23ти јуни Клубот за планински спортови “Осоговски орел” од Кочани ја реализира првата планинска велосипедска тура “Манданата 2024” што се одржа во атарот на селото Речани на падините на Осоговските Планини. Оваа трка беше организирана во чест на македонскиот револуционер од илинденскиот период Стефан Мандалов – Манданата кој загинал во 1903та година во близина на селото Мишино.

Стартно-целна позиција на самата трка беше манастирот “Свети Илија” во месноста Бочвенец. На трката учествуваа стотина велосипедисти од десетина маунтбајк клубови од Македонија, при што се возеше на две патеки со должина од 26 и 36 километри.
За сите учесници кои успешно ја завршија трката беа обезбедени признанија, а организаторите најавија дека се планира оваа трка да стане традиционална и да добие меѓународен карактер.

Евротип компанијата која е дел од КС Групацијата како редовен подржувач на спортот и спортските настани беше еден од спонзорите на оваа трка.

Преку спонзорства и донации, Евротип значително придонесува за развојот на спортот и спортската култура меѓу широките народни маси. Секој настан поддржан од Евротип е доказ за нивната посветеност и љубов кон спортот, правејќи ги не само поддржувачи, туку и вистински амбасадори на спортскиот дух.