galerija

Новогодишниот хуманитарен базар во Голд Фелициa

По повод новогодишните празници под организација на КС Групацијата изминатата Недела се одржа Новогодишениот хуманитарен базар во просториите на Голд Фелициа.
Програмата на Новогодишниот базар беше направена од различни активности во кои дечињата навистина уживаа. Новогодишната работилница беше под раководство на Весела Богдановиќ – соработник од ОУ “Кочо Рацин” од Општина Могила.

Децата му пишуваа честитки на Дедо Мраз, правеа шеќерна шума, ги бараа разликите, плетеа кукле, шалче и белегзија, сложуваа сложувалка и уште многу други игри.
За радоста да биде уште поголема ги посети Дедо Мраз со неговите помошници и ги израдува со пакетчиња.

Додека децата се забавуваа, возрасните уживаа во греено вино и ракија, топол чај, вкусно печени костени. Под мотото “Дегустирај и донирај” се собираа средства во поставените кутии.

Оваа слика за да биде комплетна, како опшествено одговорни компании ја поддржаа Голд Фелициа, Евротип, Голд Слот, КС Сервис, Витаминка, Далвина, Колид, Краш, Агро Леска, Сандеј, Даути, Прилепска Пивара, Фреш ап, Пеар Натурал, Здраужение “Галоп”.
Но, највредни беа вработените на цела КС Групација кои вредно ја поставија целата слика да изгледа како бајка .

Средствата кои беа собрани од овој базар, како и продуктите кои беа донирани од нашите вработени, ќе бидат подарени на семејствата на кои им се најпотребни.
КС Групацијата и во иднина ќе продолже со организација на хуманитарни настани.


НОМВРИ МЕСЕЦ НА ЕДУКАЦИЈА ЗА женското и машкото ЗДРАВЈЕ

Вработените се најголемото богатство за една компанија!

Затоа Евротип, Голд Слот, Голд Фелициа и КС Сервис како опшествено одговорни фирми кои се грижат за нивните вработени, спроведоа  едукативно предавање  кое  се одржа  на две теми: Канцер на дојка и Канцер на матка.

Предавањето   се одржа на 09.11.2022  во Голд Фелиција,  каде што професорите проф. д-р Горан Димитров, проф. Д-р. Нино Васев и проф. д-р. Гордана Ристевска – Димитровска, кои се врвни експерти  на бројната публика им дадоа едукација  и препораки  за зачувување на женското здравје.

Професорите д-р Горан Димитров, проф. Д-р. Нино Васев посочија кои се првите  се знаци и симптоми на канцер,  како  до рано откривање , превенција  и стадиуми на канцер.

Проф. Д – р.Гордана Ристевска – Димитровска  зборуваше за психолошкото здравје на личноста  како многу важен сегмент за тоа  како да се преживее и живее со канцер,  и како да се справат психички сите кои се соочуваат со ваков проблем.

Беше изработена и посебена  брошура со информации кои што секоја жена треба да ги знае, за тоа како се прави самопреглед  за рано откивање на ракот на дојка. Во прилог имаше месечен календар  за евиденција  на самопреглед  на градите  со цел  да се поттикне иницијатива жената  да биде подговорна и  да ја зголеми  самосвеста за  сопственото здравје.

Тројцата експерти  донесоа едносгласен заклучок  дека клучно е да се прават редовни прегледи, најмалку еднаш годишно, бидејќи раното откривање и следење на промените може да спасат живот.

Затоа  и препораката гласи:  Грижете се навремено за вашето здравје затоа што живот значи.

Вработените беа многу задоволни и посочија дека добро е кога работодавачот се грижи за нивното здравје.

Елена Трајчевска –  како главен организатор на овој едукативен настан посочи

Ние не застануваме тука, така што крајот на месец Ноември ќе го заокружиме со едукативно предавање за мажите (Мовембер)

Ние сме компанија која што секогаш ќе се грижи за здравјето на своите вработени и тука сме секогаш да организираме настани од ваков тип со цел да ја зголемиме свесноста за здравјето на нашите вработени.


Одржан SPARTAN RACE тим билдингот во Струга

Во саботата на 29.10.2022 во Струга се одржа уште еден успешен тим билдинг кој го реализираа спортските обложувалници Евротип, Голд Слот клубовите, СН финансиско друштво, ЈК Травел, P2P, како и домаќинот Интернационален Универзитет Струга, под името SPARTAN RACE 2022.

Тим билдингот беше од натпреварувачки карактер каде тимовите се надигруваа во физички и ментални вештини во универзитетскиот двор во Струга.

На тим билдингот зедоа учество 19 екипи каде преовладуваше натпреварувачкиот дух, а дружењето и забавата беа главниот акцент на настанот.

Најдобрите беа наградени од покровителите на настанот, а тоа беа:

  1. Томасова Банда
  2. СН Фит
  3. KS77 Warriors

Настанот заврши со дружба на ручек покрај езеро каде тимовите ги собираа своите впечатоци и се договараа веќе за нареден тим билдинг.

Честитки за сите!
Наскоро, се гледаме повторно!


Вигинс го продолжи договорот со Голден Стејт Вориорс

Кошаркарот на Голден Стејт Ендру Вигинс го продолжи договорот со клубот за дополнителни четири години.

Новиот договор со Вигинс, тимот на Вориорс ќе го чини 109 милиони долари, односно 143 милиони долари за петгодишна верност со играчот.

Ендру Вигинс беше важен член за Голден Стеј во освојувањето на НБА титулата минатата сезона. Кошаркарот во просек постигнуваше 17.2 поени, 4.5 скокови и 2.2 асистенции по натпревар.


МИЛИОН И ШЕСТОТИНИ ИЛЈАДИ ДЕНАРИ ИСПЛАТА!

Кога бонусот е поголем од добивката тогаш знаете дека Евротип е вистинското место за сите љубители на игри на среќа!
Е, ова е вистински викенд тикет… тикет на неделата, месецот, годината!

Тикетот е уплатен со Евротип Клуб Картичка (дознај повеќе тука), за што следеше заслужен ЕвроБонус од дури 107% или 972,275 денари што е повеќе пари од самата добивка (908,669), ДОБИВКА од вкупни 1,880,944 за што по оданочувањето се ИСПЛАТЕНИ 1,598,813 ДЕНАРИ!
Погоден е 12,980.00 коефициент!

Типувач од Битола уште во петок креира тикет за цело коло до понеделник на кој со само 70 денари уплата одигра на 18 фудбалски натпревари од кои 17 од нив се одиграни со тип 3+, а само еден натпревар е одигран на конечен тип 1 (и само тој натпревар не завршил со исход 3+ на тикетот).

После погодените 17 натпревари, на тикетот се чекаше само Лестер – Нотингем Форест (3+). Во тој момент играчот имаше предизвик на одлука дали да ризикува или да ја искористи можноста која ја нуди Евротип, а тоа е Кешаут кој во истиот момент изнесуваше дури 940,000 денари.

Играчот се реши да ризикува и да верува во својата среќа која го пратеше цело коло и за волја на вистината, не погреши. Лестер ја заврши работата уште пред крајот на првото полувреме и имаше веќе 3-0 над Нотингем Форест, па така среќниот добитник веќе на полувреме почна да слави огромна добивка.

Ова е доказ зошто лојалните играчи кои го препознаваат вистинското место за навистина големи добивки ги следи среќа, а тикетот е за пример!

Браво и секоја чест за добитникот!


Битолските браќа боксери на престижниот меѓународен турнир “Војводинска Златна Нараквица”

Битолските Боксери Браќата Ален и Ружди Рустемовски настапија на Силниот Меѓународен Боксерски турнир Војводинска Златна Нараквица на која учество зазедоа 24 земји од сите континенти.

Ален Рустемовски настапи во категоријата до 57кг против боксерот од Украина, Иван Завадски Ален и тесно загуби со 3:2.

Ружди Рустемовски настапи во категоријата до 60кг против боксерот од Казахстан, Анарбајев Бахтијар и исто така загуби, но 4:1.
Бахтијар беше финалист во Категоријата и најдобар Странски боксер на турнирот.

“Ова за нас беше големо искуство и докажавме дека можеме да се носиме со сите светски боксерски велесили.” – велат од боксерскиот клуб, по што искажаа голема благодарност до спонзорите како спортските обложувалници Евротип.


Сон се израмни по бројот на премиерлигашки хет-трикови со Кристијано Роналдо

Напаѓачот на Тотенхем, Хеунг-Мин Сон вчеравечер постигна три гола на натпреварот од 8. коло на шампионатот на Англија против Лестер (6-2).

Кореецот по трет пат во кариерата постигна три гола на еден натпревар во Премиер лигата. Фудбалерот во оваа статистичка категорија се израмни со Кристијано Роналдо од Манчестер јунајтед. Рекордот за најмногу хет-трикови во Премиер лигата го држи поранешниот напаѓач на Манчестер сити, Серхио Агуеро (12). Тотенхем е на делба на првото место во Премиер лигата со Манчестер сити, пред Арсенал кој има 15 бодови и натпревар помалку.


Поцеко: Мели е најдобар кошаркар на светот

Газета дело Спорт ја пренесува изјавата на селекторот на кошаркарската репрезентација на Италија, Џанмарко Поцеко, според кого Николо Мели е најдобриот кошаркар на светот.

Италија обезбеди учество во четвртфиналето на Европското првенство после победата над фаворитот Србија со 94:86.

Николо Мели на овој натпревар одигра одлична партија, и постигна 21 поен со шест скока и четири асистенции.

Италија во четвртфиналето на ЕП ќе игра против Франција.


Канатларовски ги избра У21 репрезентативците за турнирот во Хрватска

Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година во периодот од 21 до 26 септември ќе учествува на контролен турнир што ќе се одржи во Свети Мартин на Мура, Хрватска. Покрај нашата селекција, учество ќе земат и репрезентациите на Албанија, Саудиска Арабија и домаќинот Хрватска.


Селекторот на младата репрезентација на Македонија, Драги Канатларовски за претстојниот турнир во Хрватска се одлучи да ги повика следните фудбалери:
Голмани: Марко Алчевски (Академија Пандев), Иван Николовски (Воска Спорт), Александар Ангелкоски (Тетекс); Одбрана: Антонио Јанкулоски (Вастра Фролунда, Шведска), Аган Мјаки (Гронинген, Холандија), Стефан Деспотовси (Штурм, Австрија), Андреј Стојчевски (Жилина, Словачка), Мартин Величковиќ Радуловиќ (Слован Братислава, Словачка), Решат Рамадани (Шкендија), Виктор Крстевски (Гостивар), Кристијан Тасевски (Аугсбург);


Битолски браќа успешни на меѓународниот натпревар “Алексо Огненовски” во бокс

Битолските Боксери Браќата Ален Рустемовски и Ружди Рустемовски кои се Репрезентативци на Боксерската Федерација на Македонија настапија на Меѓународниот натпревар “Алексо Огненовски” кој се одржа во Охрид.
На натпреварот учество зедоја повеќе Европски Држави: Германија, Шведска, Швајцарија, Албанија и Една Африканска земја Еритреа. Ален Рустемовски настапи во Јуниоркса конкуренција до 57кг.
А, Ружди Рустемовски исто така настапи во Јуниорска конкуренција до 66кг.
Двата Боксери беа подобри од своите противници, Ален Рустемовски против Сухејб Матраку победа со прекин во првата рунда.
Ружди Рустемовски против Сајди Беголи убедлива победа на поени 5:0.
Двата се закитија со Злато, а Ален Рустемовски беше прогласен за најдобар Македонски Боксер на турнирот.
Нивниот тренер Јове Петровски Оцо е многу задоволен како боксерите настапија на овој турнир.
Наша следна цел е “Златна Војводинска Нараквица” за која се зборува дека е “мало светско првенство” со оглед на тоа дека доаѓаат земји од сите континенти.
– “Пред се да ја искористиме оваа прилика да му се заблагодариме на луѓето кои колку можат ама искрено не подржуваат”:
Евро Тип обложувалници
Голд Слот
Портал Кафе
Сендвичара Кико
Роса Вита Аптеки
– велат од клубот.