Евротип и Голд Слот дел од спонзорите на меѓународниот фудбалски турнир за деца во Могила
Од 17-ти до 19-ти Јуни во општина Могила се одржа меѓународниот турнир во фудбал за деца – “Еден на Еден Могила Куп”.
На турнирот зедоја учество дури 72 екипи од 6 генерации или вкупно над 1000 деца од Македонија, но исто така од Србија, Албанија и Грција.
Спортските обложувалници Евротип и Голд Слот клубовите беа едни од главните поддржувачи на овој турнир со цел развивање на натпреварувачкиот дух и спортските навики кај младите генерации.
Евротип на „Пикник у Пелинце“
Многу музика, бројни диџеи, природа, чист воздух, многу забава и многу добивки од Евротип за присутните на настанот „Пикник у Пелинце“, кој се одржа во саботата во Пелинце, кумановско.
Евротип беше дел од овој настан, каде заедно со присутните придонесоа за уште подобра забава, со интерактивни игри, пронајди го кошот, ваучери, како и клуб картички кои беа предизвик за сите присутни.
Настанот започна точно на пладне во 12:00 часот, а заврши доцна во ноќта. Посетители имаше од сите краишта на државата, а Евротип како поддржувач на вакви настани, каде акцентот е ставен на младите и нивното урбано живеење продолжува и понатаму.
ФК Црно Буки ЗЛ е освојувач на Купот на ОФС Битола
Членот на Македонската Трета Лига-Југозапад, фудбалскиот клуб Црно Буки ЗЛ, е овогодишен освојувач на трофејот во Купот организиран од Општинскиот фудбалски сојуз Битола.
Играчите на Црно Буки ЗЛ во финалниот натпревар кој се одигра на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола беа поуспешни од екипата на ФК Кравари. Финалниот дуел во регуларниот дел заврши со резултат 1:1, а поуспешни во изведувањето на пеналите беа играчите на Црно Буки кои славеа со 4:2.
Претседателот на клубот Тодорче Кочишки после натпреварот изрази големо задоволство од освојувањето на победничкиот пехар кој е прв позначаен трофеј во клупските витрини. Тој истакна дека планот на клубот за наредната сезона е пласман во Втората Македонска Фудбалска Лига.
Освојувањето на Куп титулата предизвика огромна радост кај сите навивачи и поддржувачи на клубот од Црнобуки.
Еден од верните спонзори и поддржувачи на ФК Црно Буки ЗЛ се и спортските обложувалници Евротип кои подолг период ја помагаат работата на клубот. Овој успех е само потврда на големиот труд на раководните лица од клубот и сите членови на стручниот штаб и тимот.
Евротип од своја страна ќе продолжи со поддршката и помагањето на Црно Буки ЗЛ и во иднина со надеж дека клубот и понатаму ќе постигнува одлични резултати.
„Дарувај крв, спаси живот“ – денешното мото
Денес на 25. мај, во организација на компаниите Евротип, Голд Слот и Голд Фелициа од Битола, беше успешно спроведена шеста по ред хуманитарна акција на која и се приклучија и компаниите ЈК Травел и Сн Финансии. Акцијата „Дарувај крв, спаси живот“, беше успешно одржана во деловните простории на овие три компании. Покрај редовните крводарители, на хуманитарната акција имаше и граѓани кои доброволно се приклучија. На акцијата беа собрани 30 крвни единици, кои се директно дистрибуирани до одделението за трансфузиологија при Клиничкиот центар Битола. Со оглед на тоа дека ова беше шеста по ред крводарителска акција, со гордост можеме да истакнеме дека уште од првата хуманитарна акција па досега имаме собрани вкупно 180 крвни единици со најдрагоцената течност. Упатуваме голема благодарност до сите што учествуваа во оваа хуманитарна акција што значи живот. Во иднина ќе продолжиме со организирање на вакви акции и ги покануваме сите компании кои сакаат да учествуват нека ни се приклучат зошто дарување на крв спасува живот.
Јирген Клоп е тренер на сезоната во Премиер лигата
Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп ја доби наградата за најдобар тренер во Премиер лигата која ја доделува самата лига, а воедно Клоп го доби и трофејот Сер Алекс Фергусон за најдобар тренер според Здружението на тренери во Премиер лигата.
Германецот оваа година го одведе Ливерпул до титулите во Лига купот и ФА купот. Титулата во Премиер лигата на тимот од Енфилд му „избега“ во последното коло, а преостанува уште борбата за трофејот во Лигата на шампионите во финалето против Реал Мадрид
Шеста по ред крводарителска акција на Евротип, Голд Слот и Голд Фелициа
На 25.05.2022
(среда) од 9 до 13 часот трите
битолски фирми Евротип, Голд Слот и Голд Фелициа, по шести пат организираат
крводарителска акција. Од организацијата на овие фирми ги повикуваат своите
вработени, како и сите граѓани кои сакаат да даруваат крв, да дојдат во
канцелариите на Евротип, кои се наоѓаат во населбата Кланица, од страната на
реката Драгор и да учествуваат во акцијата.
После реализацијата
на крводарителската акција, собраните крвни единици ќе бидат дистрибуирани во
Трансфузиологија при Клиничката болница во Битола.
Досега овие три фирми во рамки на изминатите пет крводарителски акции, успеале да соберат над 150 крвни единици, што е рекорден број на дарување на крв, а ваквите акции продолжуваат и понатаму.
На оваа крводарителска акција како општествено одговорни компании се приклучуваат СН Финансии и ЈК Травел.
Голд Слот донира комплет дресови за Женскиот кошаркарски клуб „Трокал“ од Кавадарци
Женскиот
кошаркарски клуб „Трокал“ од Кавадарци, одигра доста успешна сезона, при што
успеа да се пласира во разигрувањето за пласман во Првата А кошаркарска лига.
Успехот на клубот беше препознат од Голд Слот Клубовите, кои одлучија нивниот труд и работа да го наградат со донирање на 15. комплети кошаркарски дресови, кои ќе помогнат во полесно функционирање на екипата. Кошаркарките на Трокал веќе имаа можност да ги облечат новите дресови на нивниот прв натпревар во разигрувањето за пласман.
Од Голд Слот
напоменуваат дека секогаш биле, и ќе продолжат да бидат достапни за нудење
помош и поддршка на спортските клубови и екипи, со цел нивно непречено делување
и постигнување на што подобри натпреварувачки резултати.
Спортските обложувалници ЕВРОТИП донираа спортска опрема на Македонија од Враништа
Фудбалот е за сите, и оние кои ги напаѓаат големите титули и оние кои имаат за цел да ги направат основните чекори кон професионализмот. Затоа, нашата компанија – спортските обложувалници Евротип потекна нова иницијатива.
Како општествено одговорна компанија се одлучивме за брендирање и комплетно екипирање на спортската опрема на клубот Македонија од Враниште. Ова е почеток на процес и соработка кои веруваме дека ќе траат и ќе се надградуваат.
„ФК Македонија од Враништа најискрено се заблагодарува на идејата и реализацијата на спонзорскиот договор меѓу спортските обложувалници Евротип и нашиот клуб. Нивниот пристап, професионалност и достапност го одушевуваат нашиот клуб и од срце посакуваме соработката да се надгради“, велат од клубот.
Оваа иницијатива е уште една од многуте во која нашата компанија рамномерно помага на масовниот и професионалниот спорт во сите центри во нашата земја.
Одржана акцијата за доброволно дарување крв, под мотото „Дарувај крв, спаси живот“
Денес, 21. јануари, во организација на компаниите
Евротип, Голд Слот и Голд Фелициа
од Битола, успешно беше спроведена петта по ред хуманитарна акција на
доброволно дарување крв.
Акцијата „Дарувај крв, спаси живот“, беше успешно одржана
во деловните простории на овие три компании.
Покрај редовните крводарители , акцијата беше посетена и од вработени од
Кавадаречкиот регион како и граѓани кои доброволно се приклучија. На акцијата беа
собрани 31 крвни единици, кои се дистрибуирани до одделението за
трансфузиологија при Клиничкиот центар Битола.
“Со оглед
на фактот дека ова беше петта по ред крводарителска акција, со гордост можеме
да истакнеме дека досега вкупно се собрани и донирани повеќе
од 150 единици со најдрагоцената течност. Упатуваме искрена благодарност до
сите учесници кои се придружија во акцијата, и можеме да потврдиме дека и во
иднина ќе продолжиме со организирање на вакви настани кои вклучуваат општествено
одговорни активности.” – вели Елена Трајчевска, организатор на акцијата.
Во овој период со
пандемија од Ковид-19, голема привилегија е да постојат компании чии вработени
имаат вака високо изразена свест за солидарност и хуманост.
Извонредни неколку денови за играчите на ВЛТ апаратите во Евротип спортските обложувалници
Во период од само 3 дена, обложувалниците Евротип им донесоа радост на двајца играчи кои својата среќа ја побараа играјќи на ВЛТ апаратите поставени во нашите објекти.
Имено, играчите ја имаа таа среќа и умешност да станат добитници на милионерски џекпот добивки на ВЛТ апаратите поставени во Евротип спортските обложувалници.
Првата џекпот добивка е остварена во Евротип објект лоциран во Скопје, каде среќниот добитник стана побогат за 1 422 577.00 денари, додека вториот износ со 1 336 670.00 денари е остварен во Прилеп.
Ова е само доказ дека најголемите шанси за добивки на високи износи од игрите на ВЛТ апаратите можете да ги остварите само во објектите на Евротип спортските обложувалници.
Уште еднаш честитики на среќните добитници и поголем успех на останатите наши верни играчи.