По петти пат крводарителска акција на Евротип, Голд Слот и Голд Фелициа
Трите битолски фирми Евротип, Голд Слот и Голд Фелициа, по петти пат организираат крводарителска акција. Во време на пандемија оваа акција е и повеќе од потребна, затоа од организацијата на овие фирми ги повикуваат своите вработени, како и сите граѓани кои сакаат да даруваат крв, да дојдат во канцелариите на Евротип, кои се наоѓаат во населбата Кланица, од страната на реката Драгор и да учествуваат во акцијата.
Акцијата ќе се реализира на 21.01.2022 (петок) од 09 до 13 часот, а собраните крвни единици ќе бидат дистрибуирани во Трансфузиологија при Клиничката болница во Битола.
Досега овие три
фирми во рамки на изминатите четири крводарителски акции, успеале да соберат
над 120 крвни единици, што е рекорден број на дарување на крв, а ваквите акции
продолжуваат и понатаму.
Над 300 пакети со облека, храна и играчки, донирани од околу 800 вработени
Над 300 пакети со облека, храна и играчки, беа донирани до семејства од ранливи категории во пресрет на новогодишните празници.
Хумани граѓани, вработени во трите битолски фирми, Евротип, Голд Слот и Голд Фелициа, кои имаат претставништва во Битола, Скопје, Гевгелија, Охрид, Струга, Радовиш, Валандово, Куманово, Струмица, Штип, Тетово, Прилеп, Кавадарци, Гостивар, Кичево и Велес и останати помали градови, како и рурални средини, се здружија и покажаа дека она што за еден е малку, за друг е многу. Акцијата беше во соработка со Црвен Крст, а се донираше онаму каде што Црвениот крст одлучи дека тоа е најпотребно.
Под мотото „Подари среќа, подари радост“, беше организирана оваа акција, која заврши со одличен исход, а беше донирана во очи празникот Св. Никола.
Од Црвен крст истакнаа, дека оваа хуманитарна акција е една од најголемите која била спроведена во државата, се заблагодарија на соработката, и посочија и останатите компании, организации, поединци и останати хумани луѓе да донираат и да помогнат да нема гладни сограѓани.
„Секој заслужува радост и среќа особено за време на празниците. А ние сакавме да ја покажеме нашата хуманост и да ги поттикнеме останатите компании и ннивните вработени во Македонија да го следат нашиот пример. Затоа што добрите дела остануваат засекогаш, а среќните лица на оние кои се најранливи, се глетка која навистина ја топли душата. Токму заради ова, оваа хуманитарна акција ќе биде традиционална и ќе ја организираме секоја година. Им посакуваме на сите Среќна Нова година и Божиќни празници!“, посочи менаџментот на овие фирми.
Овие три фирми од Битола, донираат и помагаат во континуитет, до сега помогнале на бројни семејства и поедницни, како и инситуции, цркви и манастири, а успешно и секоја година организираат акција за дарување на крв, каде последниот пат беа собрани над 120 единици со крв.
Дејан Наумоски избран за најдобар оператор за 2021 во Евротип, а Кренар Шаини од Голд Слот Клуб за цела Македонија
Евротип и Голд Слот за своите вработени низ цела Македонија организира предновогодишни забави на кои се одбира вработен на годината, со цел истакнување на вредностите на нашите вработени, така и оваа го направи изборот за „Најдобар оператор за 2021 година“, за Евротип и за Голд Слот Клуб.
Во потесниот круг за Евротип влегоа 16 вработени и тоа:
Од Гостивар Ѕвездан Димоски, Битола – Биљана Степановска, Кавадарци – Данче Груева, Охрид – Маја Бимбилоска, Кичево – Николина Панделеска, Штип – Влатко Тодосов, Струмица – Ице Черкезов, Струга – Кире Лазароски, Гевгелија – Слободан Кржев, Скопје – Дејан Стојановиќ, Велес – Томислав Петровски, Радовиш – Ели Ристева, Дебар – Леши Бленди, Куманово – Лидија Младеновиќ, Тетово – Елена Евросимоска, Валандово – Добрила Јанакиева, а за најдобар оператор беше одбран Дејан Наумоски од Прилеп.
За Голд Слот клубовите, во потесниот круг за најдобри оператори влегоа:
Катерина Каровска од Кавадарци, Надица Наунчева од Велес, Христина Петровска од Битола – Широк Сокак, Симона Стојкоска од Тетово, Ивона Трајковска од Охрид, Валентино Георгиевски од Кичево, Марио Трајковски од Прилеп, Милена Богатиноска од Гостивар, а како најдобар оператор од Голд Слот Клуб беше одбран Кренар Шаини од Дебар.
Најдобрите оператори беа наградени со благодарница, рачен часовник и ваучер за летување во Грција од ЈК Травел. Со прогласувањето на „Најдобар оператор на годината“ се стимулира позитивното однесување на вработените, а она е тоа кон што се стреми оваа компанија.
Во пресрет на новата 2022 заедно со нашите вработени наздравуваме за сите успеси со желба дека следи година во која сите заедно ќе ги оствариме сите свои лични, професионални, приватни и службени цели, и понатака заедно ќе растиме и секоја наредна ке заокружуваме нова страна од нашата успешна приказна!
Драган Спасевски избран за вработен на годината во Евротип, Голд Слот и Голд Фелициа
Евротип, Голд Слот и Голд Фелициа за своите вработени организира предновогодишна забава на која се одбираа вработени на годината, со цел истакнување на вредностите на нашите вработени, така и оваа го направи изборот за „Најдобар вработен за 2021 година“.
Во потесниот круг влегоа 8 вработени и тоа: Дејан Војводич, Илија Цветановски, Жарко Нацевски, Магдалена Ристевска и Благој Наумовски, како и тројцата наградени, Севги Ајазовски, Томислав Тасевски и најдобриот вработен на годината Драган Спасевски.
Најдобрите вработени беа наградени со благодарница, златен прстен и ваучер за летување во Грција од ЈК Травел.
Со прогласувањето на „Најдобар вработен на годината“ се стимулира позитивното однесување на вработените, а она е тоа кон што се стреми оваа компанија. Во пресрет на новата 2022 заедно со нашите вработени наздравуваме за сите успеси со желба дека следи година во која сите заедно ќе ги оствариме сите свои лични, професионални, приватни и службени цели, и понатака заедно ќе растиме и секоја наредна ке заокружуваме нова страна од нашата успешна приказна!
Донација на новогодишни пакетчиња
Во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници нашите три фирми Евротип, Голд Слот и Голд Фелициа, им донираа новогодишни пакетчиња на децата од дневниот центар за лица со поцебни потреби во Кичево.
“Традицијата за донирање во оваа установа ја
продолжуваме и оваа година. Во 2019 година им
дониравме специјална компјутерска столица за нивните секојдневни потреби.”– изјави ТомасЈованоски, менаџер на Евротип и Голд Слот клубовите во Кичево
Во
Кичевскиот дневен центар секојдневни активности имаа 20 деца со попреченост.
Празничниот период е време кога сите ние
треба да си помогнеме меѓусебе. Евротип,Голд Слот и Голд Фелициа и понатаму ќе ја продолжат својата мисија и општествена
одговорност, да помагаат онаму каде што е најпотребно.
Ова се вика добитен тикет, погоди 19 парови и заработи бонус повисок од добивката
Играч од Богданци состави мајсторско ливче на
кое успеа да погоди 19 парови со вкупен коефициент од 4523,92 и со уплата од 30
денари стана добитник на вкупно 238.794 денари.
Тој при уплата на тикетот ја искористи и
Евротип картичката која со евробонусот што следува со неа си ја зголеми
добивката за неверојатни 107 % или точно 145.215 денари. На тој начин
исплатениот бонус реално стана поголем од самата основна добивка.
Уште
едно големо браво за добитникот и неговата умешност во уплатата.
Зошто КЕШАУТ? Недела вечер – време за кеш-аут на викенд тикет!
Сите го познаваме чувството кога го чекаме последниот пар на тикет за добивка. Има суми за кои вреди да се ризикува, но има суми кои не сакаме да ги изгубиме и да останеме без ништо. Цел викенд поминал со добитни типови и останало уште малку пред добивката која сме ја посакувале.
Евротип нуди единствена можност за предвремена исплата на тикет. Што значи тоа? Доколку сте погодиле повеќе натпревари или коефициент кој наближува до вкупниот на тикетот, алгоритмот на Евротип ви нуди одредена сума од потенцијалната добивка која можете да ја повлечете без да чекате на исходот на последните натпревари или имате можност и да не ја прифаќате истата и да се решите да ризикувате за крајната добивка.
Кешаут опцијата е достапна во секое уплатно место со приложување на тикетот кај операторите и за истата нема воопшто чекање, или, на веб страната www.evrotip.mk со најава на вашиот кориснички профил доколку поседувате Евротип Клуб Картичка каде можете да ја проверите понудената сума и да ја прифатите или одбиете за потоа да ја подигнете од уплатно место доколку ви одговара истата.
На сликата подолу ви претставуваме еден пример од тикет на еден наш верен играч од Кавадарци кој преку својата Евротип клуб картичка ја искористи Кеш аут опцијата претходниот викенд и тоа добро го наплати. Со уплата од само 20 денари неговата вкупна добивка изнесуваше нешто повеќе од 135 илјади денари, а последен тип на тикетот пред исплата беше натпреварот Еибар – Малага кој беше типуван 1-1 (водство на домаќинот во прво полувреме и победа на крај). Типувачот ја прифати кешаут понудата за предвремена исплата и подигна над 94 илјади денари, а натпреварот имаше исход со водство на домаќинот на полувреме но заврши нерешено на крај. Честитки за добитникот, и за сите оние кои се усреќиле користејќи ја оваа можност.
Искористете ја можноста за предвремена исплата на Вашиот активен тикет, #CashOut во Вашата омилена локална #Евротип спортска облоложувалница.
600.000 ДЕНАРИ ДОНАЦИЈА ОД АСОМ Помош за семејствата на настраданите и повредените патници во Бугарија
Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) донира 600.000 денари за семејствата на настраданите и повредените патници во трагичната сообраќајна несреќа кај Струма, во Република Бугарија.
Согласно одлуката на членките на АСОМ, парите ќе бидат префрлени на сметката на Црвениот kрст, a организацијата ќе ги распредели на повредените патници и на семејствата на настраданите, државјани на Македонија.
– Со длабоко жалење ја примивме веста за трагичната сообраќајна несреќа која се случи кај местото Струма, во Република Бугарија, во која животот го загубија наши сограѓани, а неколкумина се повредени. Загубата на човечки животи е ненадоместлива, но како организација, која во многу наврати ја покажала својата општествена одговорност, веднаш и без двоумење одлучивме да обезбедиме помош на оние на кои, во овие моменти, помошта им е навистина потребна. Изразуваме благодарност до Црвениот крст кој и овојпат логистички ќе ја поддржи нашата донација и ќе овозможи парите да бидат распределени до сите семејства на настраданите, како и до повредените патници кои се државјани на нашата земја – истакнуваат од АСОМ.
Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија е активен чинител во општеството и заедно со своите членки работи одговорно, создава услови за работа и кариера, придонесува во економијата и активно делува на полето на општествената одговорност за поддршка на заедницата.
За потсетување, Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија неодамна донираше по 60.000 денари на семејствата на настраданите во пожарот во тетовската болница, а во 2019 година Асоцијацијата донираше пари за семејствата на настраданите, како и за повредените патници во сообраќајната несреќа која се случи кај селото Ласкарци.
Хуманитарна акција на вработените во Евротип, Голд Слот и Голд Фелициа, во соработка со Црвен Крст
Под мотото „Подари среќа, подари радост“, а во пресрет на новогодишните празници, вработените во фирмите Евротип, Голд Слот и Голд Фелициа започнуваат хуманитарна акција, со донирање на облека и конзервирана или спакувана (нерасиплива) храна.
Во објектите на
овие фирми, кои ги има низ повеќе градови низ државата, ќе бидат поставени
пакети, каде ќе се собираат донациите.
Собраните
донации ќе бидат распределени и доставени онаму каде според Црвенот крст на
Македонија ќе биде најпотребна.
Акцијата започнува од петок
(26.11.2021) и ќе трае до 14.12.2021.
Регистрирај се и добиј ваучер!
Веќе е познато
дека сите членови и корисници на Евротип клуб картичката добиваат бројни
привилегии, а сега тоа можат да го добијат и сите оние кои досега можеби и не
знаеле за истите, но ќе се одлучат да станат дел од Евротип клубот.
Од 17 Ноември па до 24 Ноември, Евротип за
своите верни играчи во Гостивар започна промоција со која доколку станете дел и
добиете нова Евротип клуб картичка, добивате и вредносен ваучер кој можете да
го искористите во било која обложувалница на Евротип!
Но, нивните
изненадувања не застануваат тука, утре со почеток од 19:00 часот бидете дел од организираното гледање
на натпревар во уплатната локација Малеарди.
Покрај тоа, ќе имате можност и да ги искористите големиот број на предности кои ги имаат членовите на Евротип клуб, како што е бонусот кој може да достигне висина од неверојатни 467%, како и опцијата „Cashout“, со која можете да извршите предвремена исплата на Вашиот тикет и најново е тоа што може да побарате „Cashout“ од било кој уред во било кое време од денот!
Не размислувајте, станете дел од Евротип клубот уште денес и искористете ги можностите кои Ви ги нуди! www.evrotip.mk