ракомет

Виран Морос замина во ракометна пензија

Легендарниот шпански ракометар Виран Морос заминува во играчка пензија. Шпанецот последните две сезони ги мина во швајцарскиот Фади Винтертур пред и официјално каже збогум на ракометот.

Морос има три титули во Лигата на шампионите со Сиудад Реал и Барселона, а со националниот тим освои осум медали од кои три од нив беа златни.

Морос настапуваше од Барселона, Теукро, Адемар Леон и Сиудад Реал во Шпанија, како и за францускиот ПСЖ, германскиот Фуксе Берлин и швајцарскиот Винтертур.


Познати групите за Светското клупско првенство во ракомет

Светската куќа на ракометот ИХФ ги извлече трите групи за Светското клупско првенство  кое ќе се одржи во Египет.

Група А: Веспрем (Унгарија), Замалек (Египет), Таубате (Бразил)

Група Б: Барселона (Шпанија), Ал-Ахли (Египет), Сиднеј Универзитет (Австралија)

Група Ц: Магдебург (Германија), Калеј (ОАЕ), Калифорнија Иглс (САД)

Настанот ќе се одржи од 27 септември до 3 октомври, а бранител на титулата е Магдебург кој е шампион трипати во низа.

Само еднаш во историјата екипа која не е од Европа го освоила турнирот, тоа е во 2002 година кога триумфира Ал-Сад.


Вујовиќ нов селектор на Катар

Ракометниот тренер на Вардар Веселин Вујови ќе стане селектор на Катар, а ќе биде промовиран во среда во Доха.

По Србија и Црна Гора, Македонија, Словенија и Иран, славниот Црногорец има нов селекторски ангажман во оваа земја.

Вујовиќ ќе го замени српскиот тренер Дарко Тавриќ, кој претходно го наследи Валери Ривера, кој речиси десет години беше селектор на Катар.


Тони Џерона нов селектор на Јапонија

Шпанскиот ракометен стратег Тони Џерона ќе биде селектор на машката репрезентација на Јапонија.

Тој доаѓа на местото на Aнтонио Ортега, кој беше селектор по заминувањето на Дагур Сигурдсон и ги водеше „самураите“ на Олимписките игри во Париз.

Херона беше без ангажман по заминувањето од селекторската позиција во Србија и од францускиот Шартр.


Мигуел Пинто мора на операција, се враќа на терените по два месеци

Португалското засилување за РК Вардар, Мигуел Пинто е
успешно опериран по повредата на менискусот на коленото и сега
ќе го започне процесот на рехабилитација.
Поради проблемите кои се појавија во подготвителниот период
пред сезоната, беше решено оперативниот зафат да биде
направен побрзо, и истиот го изврши др. Небојша Настов.
Се очекува Пинто да се врати на теренот за 8-10 седмици, кога би
требало да дебитира за Вардар.
Португалецот во тимот на Вардар пристигна од тимот на Агунас
Сантас од неговата татковина. Изминатата сезона на 30
натпревари постигна 74 гола.


Офтедал ја заврши професионалната кариера

Славната норвешка ракометарка, Стине Офтедал, заминува во спортска пензија со освоен златен медал од Олимписките игри во Париз.

Една од најдобрите средни бекови во светот се збогува со националниот тим на најубав можен начин, a пред само два месеца ја освои и Лигата на шампионите со унгарскиот Ѓер, што значи дека оваа сезона е една од најуспешните во нејзината богата кариера.

Офтедал беше прогласена и за најкорисна ракометарка во елитниот ранг (МВП), а сега го одигра последниот „танц“ во својата репрезентација и го освои најважното олимписко одличје.

Норвежанката е воедно трикратен светски шампион, петкратен европски шампион, а има и три медали од Олимписките игри – два бронзени и еден златен.

Нејзината кариера траеше повеќе од седумнаесет години, а најголем печат остави во тимот на Ѓер, каде се задржа цели седум години.


Познати групите на Струшкиот ракометен турнир

Oд 14 до 17 август ќе се одржи 52. издание на традиционалниот ракометен турнир во Струга. Организаторот денеска ги објави и групите за турнирот.

Вардар, Тиквеш и Ескилстуна Гуиф ќе се натпреваруваат во групата „А“, додека во групата „Д“ силите ќе ги одмерат Еурофарм Пелистер, Струга и грчки Паок.

Термините на натпреварите дополнително треба да бидат објавени.


Дувњак најави повлекување од националниот тим

Капитенот на хрватската ракометна репрезентација Домагој Дувњак со својата изјава најави дека може да се повлече од репрезентацијата и настапите во неа.

„Можевме многу повеќе од ова. Мое мислење е дека овој тим е добар. Затоа овој резултат го сметам за неуспех. Минимална цел беше четвртфинале, а ние не дојдовме до тоа. Тажен сум и разочаран, но животот оди понатаму. За овие момци ќе има уште многу шанси во иднина, за мене не. Ова беше моја последна Олимпијада. Доживеав многу работи на Олимписките игри, еве дочекав да испаднеме и во групи.

Мора да седнеме и да донесеме одлуки со ладна глава. Завршивме петти од шест екипи и тоа не е убаво. Ми беше убаво со овој тим, со овие момци, но дома ме чекаат три деца. Мора со ладна глава да размислам што ќе правам понатаму“, изјавил Дувњак пред хрватските новинари.


Радичевиќ најави дека ја игра последната сезона во кариерата

Црногорската ракометна репрезентативка Јованка Радичевиќ најави дека претстојната сезона ќе и биде последна во нејзината кариера.

„Сакам да кажам дека ќе играм уште една сезона. Потоа ќе останам во ракометот и верувам дека ќе можам да се пронајдам во друга улога. Се надевам дека ќе можам на младите генерации да им го пренесам долгогодишното искуство“, изјави Радичевиќ за РТЦГ.

Кариерата ја започна во Будуќност, играше две сезони во унгарскиот Ѓер, пет сезони во дресот на Вардар, а потоа беше дел од ЧСМ Букурешт, Кастамону, и во моментот игра за Крим.

Со Црна Гора освои злато на ЕП 2012 година, сребро на ОИ истата година, како и бронза на ЕП 2022 година.


Еурофарм Пелистер ќе настапи на „Купот на пријателството“ во Турција

Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер, доби покана втора година по ред да настапи на СЕХА турнирот – „Куп на пријателството“.

Турнирот е во термините 23 и 24 август е помеѓу Струшкиот турнир и ТВ-турнирот на шампионите во Добој.

„Купот на пријателството“ треба да се игра во градот Болу, и тоа по принцип на полуфинални и финални натпревари.