ракомет

Објавени номинациите за најдобар ракометар во 2021 година

Меѓународната ракометна федерација (ЕХФ), ги откри ракометарите кои се во конкуренција за најдобар играч во 2021 година.

За наградата ќе конкурираат пет имиња од четири држави. Тоа се Данците Никлас Ландин и Матијас Гитсел, Алекс Душебаев од Шпанија, Лудовик Фабрегас од Франција и Швеѓанецот Џим Готфридсон.

Гласањето за изборот кој започнува на 7. март ќе го вршат ракометните фанови, а победникот ќе биде објавен на 28.март.

https://twitter.com/FCBhandbol/status/1498251397132869640?s=20&t=3az9EeA9G0mfjrh_Ks2bcg

Петров од Металург позајмен на РК Вардар 1961

Екипата на ракометниот клуб Вардар 1961 донесе уште едно засилување во своите редови. Станува збор за пивотменот на Металург Костадин Петров, кој за „црвено-црните“ ќе настапува како позајмен играч до крајот на сезоната.

 Според договорот на двата клуба, 29-годишниот Петров после завршувањето на сезоната ќе се врати во екипата на Металург.


Стефан Додиќ е нов ракометар на Вардар 1961

Ракометниот шампион на Македонија, Вардар 1961 се засили со младиот среден бек, Стефан Додиќ.

Додиќ доаѓа од РК Охрид и ќе игра во дресот на Вардар до крајот на сезоната. Тој од следната сезона ќе биде член на полскиот Кјелце, но не е исклучено и негово останување во Вардар како позајмен играч.

Додиќ беше еден од најдобрите ракометари на Охрид и е најзаслужен за нивниот пласман во суперлигашкиот плеј-оф.


Исланѓанецот Елисон е замена за Манасков во Веспрем

Тимот на Веспрем доведе замена за Дејан Манасков.

Репрезентативецот на Исланд Бјарки Мар Елисон ќе го замени Манасков. Договорот на македонскиот репрезентативец му истекува на лето и истиот нема да биде продолжен.

Медиумите наведуваат дека во игра биле повеќе имиња, но на крајот изборот падна на Елисон. Ќе потсетиме Манасков веќе подлго време се опоравува од повредата на коленото, надвор од терените е уште од месец октомври минатата година.


Дејан Манасаков заминува од Веспрем

Македонскиот ракометен репрезентативец, Дејан Манасков, после завршувањето на сезоната ќе го напушти неговиот актуелен клуб Веспрем.

Од таборот на унгарскиот тим ја објавија информацијата дека нема да го продолжат договорот со Манасков. Тој во Веспрем пристигна во 2017 година од тимот на Рајн Некар. Поради тешката повреда на лигаментите од коленото, Манасков веќе подолг период е надвор од теренот и не настапи за македонската селекција на Европското првенство.


Бабиќ пред натпреварот со Ним: Очекувам подобро издание отколку првиот натпревар

Екипата на Еурофарм Пелистер утре во Франција ќе се сретне со тимот на Ним, во рамките на ЕХФ Европа лигата.

Тренерот на битолчани, Жељко Бабиќ, очекува подобро издание на неговиот тим, од првиот дуел со Ним кој се играше во Битола и во кој Еурофарм Пелистер доживеа убедлив пораз.

„Ним е физички јака екипа, играат многу „еден на еден“ и многу трчаат. Впрочем, играат во француското првенство, кое има свои карактеристики. Ние можеби го одигравме најлошиот натпревар против нив во првиот дел на Европската лига. Имаа изразито расположен голман, кој ни даде и три гола, и собра десет одбрани во првиот дел. Со една таква моќна екипа ние немавме шанси. Мислам дека ќе биде овојпат поинаку. Ние сме ментално многу цврсти, спремни и имаме наши шанси. Сакаме и верувам дека можеме да извлечеме позитивен резултат“, порачува Бабиќ.


Тунижанецот Хосни потпиша за Еурофарм Пелистер

Битолски Еурофарм Пелистер веќе носи засилувања за идната сезона 2022/2023. Денес битолчани објавија дека потпиша сле Усма Хусни кој ќе ги засили во сезоната 2022/2023.

Хусни потпишал договор на две години и во Битола доаѓа од француски Истр каде што настапуваше досега. Негов матичен клуб е Африкан од каде во 2017 година се пресели во Франција.

Зад себе Хусни има настапи на три Светски првенства и една африканска титула. За репрезентацијата на Тунис има 102 настапи и 125 гола.


Австриецот Билик и „зебрите“ од Кил заедно до 2024 година

Актуелниот германски шампион екипата на Кил се договори со Австриецот Никола Билик да остане дел од „зебрите“ до летото во 2024 година.

Тој е веќе шест години во клубот и ќе продолжи да работи, а во Кил се задоволни што ракометарот ќе продолжи да игра за тимот.

Билик се одлучи да го носи дресот на селекцијата на Австрија така што со оваа репрезентација веќе забележа настап на неколку големи натпреварувања.


РК Металург заработи суспензија за настап од ЕХФ

Ракометниот клуб Металург по барање на ЕХФ е суспендиран од настапи во домашното ракометно првенство поради неплатени обврски кон поранешниот играч Александер Шпенде и бившиот тренер на екипата Зоран Кастратовиќ.

Раководството на клубот од Скопје, на неколку пати бил опоменат од надлежните структури во ЕХФ бидејќи веќе подолг период не успеал да ги плати заостанатите обврски кон Шпенде и Кастратовиќ. 

Доколку Металург не ги исплати посочените обврски тогаш се соочува со исклучување од натпреварите на национално и европско ниво. 


Објавени годишните заработувачки на најдобрите светски ракометари

После завршувањето на Европското ракометно првенство на кое со шампионската титула се закити репрезентацијата на Шведска, а позади неа останаа великаните Шпанија, Данска и Франција, порталот „Тоталспорт“ објави листа со вкупна годишна заработка на најдобрите светски ракометари.

На врвот е најдобриот дански ракометар Микел Хансен со годишна заработка од 1,5 милиони евра, втор е Французинот Никола Карабатиќ со еден милион евра, додека на третата позиција се најде ветеранот Ханс Линдберг кој заработува 850 илјади евра.