Гидсел втора година по ред најдобар светски ракометар
Меѓународната ракометна федерација (ИХФ) ги соопшти победниците на четирите награди за најдобар светски играч за 2024 година. Гласаа навивачите, селекторите на националните репрезентации и Комисијата за тренери и методи на ИХФ.
Во изборот на најдобар ракометар победи Матијас Гидсел, кој имаше огромна предност во сите три категории, обезбедувајќи ја наградата пред Андреас Волф. Со овој успех данскиот ас испиша историја и стана првиот ракометар со МВП признание двапати по ред.
Кај дамите престижното признание заврши кај Хени Рајнстад, додека за најдобри млади ракометари се прогласени Петра Симон и Ренарс Ушчинс.
Пуштени во продажба билетите за скопското дерби, дуелот ќе има хуманитарен карактер
Ракометарите на Вардар на 2 април ќе го пречекаат составот на Алкалоид во дерби-меч во елитната конкуренција во нашава земја.
Натпреварот ќе биде одигран во СЦ Јане Сандански од 19:00 часот и ќе има хуманитарен карактер. Имено, „црвено-црните“ објавија на социјалните мрежи дека целиот приход ќе биде дониран за настраданите во големата трагедијатво Кочани.
Влезниците со популарни цени од 100 и 200 денари може да се купуваат од денеска.
Стојковиќ ја повика публиката на дуелот со Баја Маре
Максимално се подготвуваме за натпреварот против Баја Маре и се надевам на позитивен резултат и пласман во полуфиналето, изјави на денешната прес-конференција ракометарот на Алкалоид, Марко Стојковиќ пред реванш дуелот против романската екипа во четвртфиналето од Европскиот Куп на ЕХФ.
„Ја повикувам публиката да дојде во голем број и да ни даде поддршка, за на крајот заедно да славиме“, порача Стојковиќ.
Дуелот се игра на 30 март во салата „Автокоманда“ во Скопје со почеток од 19:00 часот.
Полски голман потпиша за Вардар 1961
Ракометниот клуб Вардар ќе се засили со полскиот голман Милош Валац кој се согласи на верност на клубот до 2027 година. Валац потпиша двегодишен договор со Вардар.
Тој доаѓа како играч на Кјелце, и за него Вардар плати обештетување за да го откупи договорот на играчот.
Голманот лани се врати во Кјелце, откако претходно беше позајмен во Вибжеже Гдањск и таму настапуваше две сезони.
Валац е второто засилување за екипата за следната сезона.
Лазаров: Многу сум претпазлив за она што следи во недела
Ракометниот клуб Алкалоид во недела на 30 март во салата „Автокоманда“ со почеток од 19:00 часот ќе игра важен меч против Минаур Баја Маре (Романија), за место во полуфиналето во рамки на Европскиот Куп на ЕХФ. Лазаров пред реваншот со Баја Маре: Многу сум претпазлив за она што следи во недела.
Првиот натпревар во Романија заврши нерешено 31-31 па екипата на Кирил Лазаров во Скопје ќе игра за пласман меѓу најдобрите четири екипи во ова натпреварување.
На прес-конференција пред натпреварот, тренерот на Алкалоид изјави дека овој меч е од големо значење за македонскиот ракомет и спорт и доста претпазливо ќе влезат во реваншот.
-Многу сум претпазлив за она што следи во недела. Ќе се обидеме да одиграме еден квалитетен натпревар. Секој нивни старт (во првиот натпревар) беше на раб на исклучување, а само двапати добија исклучување. Мора да вложиме додатен напор за да се пласираме во полуфинале. Очекувам поддршка од навивачите, изјави Лазаров.
Максимално се подготвуваме за натпреварот против Баја Маре и се надевам на позитивен резултат и пласман во полуфиналето, изјави на денешната прес-конференција ракометарот на Алкалоид, Марко Стојковиќ пред реванш дуелот против романската екипа во четвртфиналето од Европскиот Куп на ЕХФ.
-Ја повикувам публиката да дојде во голем број и да ни даде поддршка, за на крајот заедно да славиме, порача Стојковиќ.
Дуелот се игра на 30 март во салата „Автокоманда“ во Скопје со почеток од 19:00 часот.
Победникот од овој дуел ќе игра полуфинале против подобриот од дуелот Олимпијакос – Рунар.
Грчевски го одреди списокот за баражот со Полска
Селекторот на нашата женска репрезентација, Кристијан Грчевски, го објави списокот на ракометарки за баражот со Полска за место на Светското првенство.
Првиот меч ќе биде одигран во Полска на 9 април додека реваншот ќе биде три дена подоцна во Битола. Еве го списокот на ракометарки:
Еурофарм Пелистер потпиша со најдоброто бразилско десно крило
Бразилскиот репрезентативец Рудолф Хекберт е нов член на шампионот на Македонија, Еурофарм Пелистер.
Десното крило на најдобрата јужноамериканската селекција и четвртфиналист на последното Светско првенство потпиша договор на две сезони и од почетокот на сезоната 2025/26 ќе се приклучи во новата средина.
Се работи за 31-годишен ракометар со многу одличја во дресот на бразилската репрезентација. Рудолф е двоен шампион на Јужна Америка, медалист од Панамериканските игри и стрелец на преку 300 гола за „кариоките“.
Во клупскиот ракомет настапуваше во Бразил и Шпанија, а во АСОБАЛ лигата ги носеше дресовите на Ла Риоја од Логроњо, Хуеска и Куенка, клубот од кој доаѓа во Битола.
Рудолф потпиша договор на две години и ќе биде претставен во Битола на почетокот од подготовките за следната сезона, соопштија од клубот.
Алкалоид го совлада Охрид, пелистерци први влегуваат во плеј-офот
Екипите на Алкалоид и Охрид го комплетираа 22. коло во ракометната Супер лига, а домашниот тим успеа да го скрши отпорот на незгодниот противник и го заокружи првиот дел од сезоната со уште една победа за конечно 29-26.
Серафимов со 8 голови беше најефикасен во редовите на победничката екипа, додека Ивановски го заврши натпреварот со 6 голови.
Победата на Алкалоид му одговараше и на Еурофарм Пелистер, кој со ваков епилог ќе пренесе три бода во плејоф фазата, додека Алкалоид и Вардар ќе пренесат по два бод
Еурофарм Пелистер потпиша со полски десен бек
Полскиот ракометар, Анџеј Видовски, ќе биде ново име во составот на Еурофарм Пелистер за наредната сезона.
Станува збор за 22-годишен играч кој ќе дојде од екипата на Гвардиа Ополе. Десниот бек кој е висок 186 сантиметри настапува и за полската репрезентација.
Тој со битолчани ќе има договор до 2027 година.
Еурофарм Пелистер без мака го доби пелагониското дерби
Бранителот на титулата Еурофарм Пелистер издвојува убедлив триумф над Прилеп од 22-35 во натпреварот од 22. коло во Суперлигата.
„Зелено-белите“ немаа никакви проблеми за да ја остварат целта на ова соочување и веќе по првото полувреме имаа предност од десет гола (18:8). Тука веќе беше јасно дека вториот дел е чиста рутина, формалност, период во кој Прилеп беше поконкурентен, ама далеку од тоа да му се закани на фаворитот.
Најдобар стрелец кај пелистерци беше Цветан Кузманоски со пет гола, а Филип Кузмановски додаде четири гола. Манасков, Тајник, Борзаш, Радивојевиќ, Костески и Атанасијевиќ, сите имаа по три гола. Кај Прилеп, Христи Бикоски и Томислав Квастек погодија по четири пати.
Еурофарм Пелистер како и Вардар 1961 имаат идентичен учинок од 20 победи и 2 порази.