ракомет

Маргуч ќе ги скокне Олимписките игри во Париз

Машката ракометна репрезентација на Словенија ќе биде ослабена на Олимписките Игри во Париз, откако стана јасно дека Гаспер Маргуч нема да може да ја санира повредата на стапалото.

Десното крило на Веспрем подолго време има проблеми со повредата на стапалото, работеше по индивидуална програма на стартот на подготовките, но како минуваше времето така стана јасно дека нема да биде подготвен за напорите.


Заради Обрван, ЕХФ го блокира босанскиот ракомет

Ракометниот сојуз на БиХ објави соопштение во се кое вели дека
ЕХФ ќе ги суспендира сите нивни репрезентации, клубови и
службени лица доколку до 15 август му биде исплатен долгот на
нивниот поранешен селектор Ивица Обрван, инаку некогашен
селектор и на Македонија.
Долгот на РС на БиХ кон Ивица Обрван комплентно сега изнесува
околу нешто помалку од 139.000 евра.
Сојузот на БиХ во соопштението нагласува дека ова е проблем
што нема да може да го реши сам и бара помош за спас на
ракометот.


ПСЖ го задржа капитенот уште две сезони

Раководството на ПСЖ и 36-годишниот Лука Карабатиќ се договорија на двегодишна соработка, па така кружниот напаѓач во тимот на Раул Гонзалез ќе остане најмалку до јуни, 2026 година.

ПСЖ во првото коло од Лигата на шампионите ќе гостува кај Еурофарм Пелистер.

Првото соочување меѓу францускиот и македонскиот шампион ќе биде на 11/12 септември во Битола, додека последното на крајот од сезоната, односно на 5/6 март, 2025, во Париз.


Хосни по една година се врати во Еурофарм Пелистер

Ракометарот од Тунис, Усама Хосни повторно ќе биде дел од македонскиот шампион Еурофарм Пелистер.

Бекот беше дел од „зелено-белите“ во натпреварувачката 2022/23 со која ја освои титулата во Македонија по што имаше кратки епизоди во Катар и Кувајт за да сега се врати во добро позната средина со едногодишен договор.

Тој ќе биде претставен во Битола на крајот на месец јули.

Претходно Пелистер ги договори голманите Никола Митревки и Филип Ивиќ, но и кружниот напаѓач Кајо Цикатиќ.


Веспрем го потврди трансферот на Циндриќ

Лука Циндриќ, во следните две сезони ќе го носи дресот на унгарскиот шампион Веспрем, објави хрватски „Германијак“.

Раководството на Веспрем и Циндриќ се договориле на двегодишна соработка, а активирана е клаузулата во која стоеше дека Хрватот може да си оди од Динамо Букурешт ако си замине и Пасквал.

Искусниот среден бек во изминатата сезона настапуваше за амбициозниот проект, со тимот од Романија играше во второто по ранг европско клупско натпреварување, Европската лига.


Кил го враќа Волф во Бундеслигата

Весникот „Билд“ објави дека Кил испратил и официјална понуда до Киелце. Во неа, германскиот гигант нуди 600.000 евра за потписот на Андреас Волф, плус како дел од трансферот да го испрати својот прв голман Белосен во Киелце.

Французинот имаше низа одлични настапи на голот на „зебрите“ и би ја имал улогата на прв голман и кај Душебајев, па останува да се види одговорот на Полјаците, кои се соочуваа со сериозни финансиски проблеми во минатото и продажбата на Волф може да намали дел од главоболките на челниците на Киелце.


Србинот Ѓукиќ претставен во Букурешт

Искусниот ракометар и раководството на Динамо Букурешт се договорија на соработка, која ќе биде со важност од една сезона.

Србинот со своето големо искуство би требало да биде еден од главните адути на тренерот Давид Дејвис.

Ѓукиќ и Дејвис соработуваа во Вардар, па така десното крило нема да има никаков проблем да се прилагоди во системот на Шпанец.


Еурофарм Пелистер ќе игра на турнирот на шампионите во Добој

Македонскиот машки ракометен шампион Еурофарм Пелистер ќе
учествува на популарниот „Турнир на шампионите“ кој ќе се игра
во Добој, Босна и Херцеговина.
Турнирот ќе се одржи од 28 август до 1 септември, а на
натпреварувањето ќе учествуваат и Веспрем, Татабања,
Бешикташ, Загреб, Војводина, Слога и Ал-Ахли.
Пелистер во минатото двапати го освојуваше популарниот турнир,
и тоа во 1996 и 1997 година.


Хрватот Брозовиќ пред потпис со Динамо Букурешт

Романскиот  ракометен шампион Динамо Букурешт договори уште едно засилување пред стартот на новата сезона.

По Бранко Вујовиќ, Ханиел Лангаро, Јонут Јанку и тренерот Давид Дејвис, најново име на листата засилувања е хрватскиот кружен напаѓач Илија Брозовиќ.

Брозовиќ е искусен ракометар, доаѓа од Хановер, а претходно беше дел од Загреб и Кил, а со неговото доаѓање станува јасно дека нова средина ќе си бара белорускиот пивот Вјачеслав Бокан.


Миклер добива нов договор во ПИК Сегед

Унгарскиот вицепрвак ПИК Сегед ја продолжи соработката со искусниот голман Роланд Миклер и за наредната сезона.

Иако се шпекулираше со негово заминување во Ференцварош или Ѓер, сепак тоа нема да биде случај, барем не ова лето.

За разлика од штотуку завршената сезона, Миклер ќе има друг партнер на голот, откако Емил Инсгард заминува од ПИК Сегед по само една сезона.

Тој ќе настапува за новиот суперлигаш во Данска, ХОЈ, кој меѓу другите засилувања, го донесе и легендарниот Ханс Линдберг. Миклер ќе брани во тандем со шведскиот репрезентативец Тобијас Тулин.