ракомет

Потврдено пристигнувањето на Павел Андреев во Вардар

Актуелниот македонски ракометен шампион Вардар 1961, го потврди новото засилување  за наредната сезона. Станува збор за Русинот Павел Андреев кој настапува на пикерската позиција.

29-годишниот досегашен член на тимот Чеховски Медведи има големо искуство со настапите на клупски, но и на репрезентативен план со селекцијата на Русија.

Андреев е четвртиот ракометар кој пристига како засилување во скопскиот тим. Претходно Вардар ги договори трансферите на Цехте, Анѓелиќ и Дуарте. 


Филип Миркуловски станува помошник тренер во Вецлар

Ракометарот Филип Миркуловски на крајот од сезонава ќе добие нова улога во својот клуб Вецлар. Имено тој ќе биде асистент на главниот тренер на екипата, со што и официјално ќе започне со својата тренерска кариера.

„Среќен сум што ќе започнам со тренерската работа во Вецлар. Му благодарам на клубот за дадената шанса. Со нетрпение го очекувам стартот на новата сезона и соработката со стручниот штаб и играчите“, изјави Миркуловски.


Куни Моралес го продолжи договорот со Вардар 1961

Кубанецот Куни Моралес, кој настапува на позицијата десен бек, го продолжи договорот со ракометниот клуб Вардар 1961, и ќе остане во тимот и наредната сезона.

Моралес со своите одлични игри во црвено-црниот дрес како во Лигата на шампионите така и во домашното првенство, ги задоволи критериумите на раководството на клубот од Скопје кое се одлучи да го задржи во тимот уште една година.


Русинот Андрееев го потврди трансферот во Вардар

Вардар почна да гради силен тим за следната сезона, а веќе е потврдено четвртото засилување.

Вардар веќе ги договори Божо Анѓелиќ, Нејц Цехте, како и Жилберто Дуарте, а денес Русинот  Павел Андреев потврди дека има договор со македонскиот клуб.

Андреев кој досега ги бранеше боите на Чеховски Медведи, настапи за најдобрата руска репрезентација на Европското првенство во 2020 година и потврди дека веќе потпишал за Вардар.


Вардар се засили со ракометен репрезентативец на Португалија

Македонскиот ракометен шампион Вардар 1961 година, како ново засилување на левата бековска позиција го доведе Португалецот Жилберто Дуарте.

31-годишниот португалски репрезентативец, доаѓа од екипата на Монпеље каде му заврши договорот и не доби понуда за продолжување на истиот.

Дуарте претходно настапуваше за екипите на Порто, Висла Плок и Барселона. Тој е член на португалската репрезентација со која има 91 настапи.


Кјелце е вториот патник на ракометниот Фајнал-фор во Келн

Екипата на Кјелце од Полска, е вториот учесник на фајнал-фор турнирот во ракометната Лига на шампионите кој и годинава ќе се одржи во Келн.

Тимот на Кјелце својата карта за Келн ја потврди со повторна победа над францускиот Монпеље кого го совладаа и по вторпат, сега на домашен терен со 30:22.


Еурофарм Пелистер се раздели со тренерот Бабиќ

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер, соопшти дека ја прекинува соработката со тренерот на екипата, Жељко Бабиќ.

Хрватот Бабиќ беше главен тренер на битолските ракометари во последниве две и пол години, но неговото заминување од клубот беше очекувано после неуспехот во првенството и Купот на Македонија, каде Пелистер ја загуби битката за трофеите од скопски Вардар.

Од Еурофарм Пелистер изразуваат јавна благодарност до Бабиќ за неговата работа во развојот на клубот, а името на новиот тренер ќе биде соопштено во најскоро време.


Божо Анџелиќ е нов член на РК Вардар 1961

Репрезентативецот на Црна Гора, Божо Анџелиќ е новото засилување во екипата на Вардар за следната сезона.

30-годишниот Црногорец игра на позицијата среден бек, а во Вардар пристига од тимот на Ференцварош од Унгарија.

Договорот со Анџелиќ е потпишан на една сезона, со можност за продолжување на уште една. Тој е второ засилување на тимот за следната сезона, после Словенецот Цехте.


Манасков со демант за неговиот премин во Динамо Букурешт

Македонскиот ракометен репрезентативец, Дејан Манасков, ги демантираше информациите дека заминува во Романија и од следната сезона ќе го облече дресот на Динамо Букурешт.

Манасков во моментот е на опоравување од тешката повреда, и јасно е дека по завршувањето на сезонава, тој ќе си замине од тимот на Веспрем, каде беше член изминативе пет години.

Не е познато каде Манасков ќе ја продолжи својата ракометна кариера, но самиот тој истакнува дека тоа нема да биде Романија и Динамо Букурешт.


Кузмановски повторно во тимот на колото на ракометната Бундеслига

Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски, игра во одлична форма за својот тим Хановер, па така тој по втор пат се најде во идеалниот тим на колото во германската Бундеслига.

Кузмановски, своето место во идеалниот тим и местото најдобар среден бек го заслужи со извонредната партија во победата на гостински терен против Мелсунген. Нашиот репрезентативец постигна шест гола и запиша неколку одлични асистенции.