ракомет

Дејан Милосављев е ракометар на годината во Србија

Ракометниот Сојуз на Србија ги поогласи најдобрите во ракометот за минатата година, а меѓу лауреатите беше и некогашенн ракометар на Вардар.

За најдобар ракометар е прогласен чуварот на мрежата на Фуксе Берлин, Дејан Милосављев, кој од Скопје го почна походот кон европскиот врв.

Милосављев прикажува блескави партии и во Бундес лигата и на европската сцена во дресот на „лисиците“, па заслужено беше избран за најдобар.


Јанц се повреди, Словенија без големиот ас на Европското првенство

Ракометната репрезентација на Словенија има голем проблем затоа што на Европското првенство кое ќе се игра во јануари ќе мора без најдобриот играч Блаж Јанц.

Десното крило кое е член на Барселона во последниот месец има проблеми со грбот. Поради нив го пропушти стартот на подготовките, а иако имаше оптимизам, сепак, нема да може да помогне на ЕП 2024.

„Да играм за репрезентацијата за мене е чест така што навистина ми е жал што ќе го пратам ЕП 2024 во улога на навивач. Иако срцето сака да биде поинаку, паметот вели дека не смее да се брза со работите кога повреда е во прашање. Им благодарам на сите за поддршката и на сите кои ми помогнаа на прегледите“, изјави Јанц.

Играчот дебитираше за репрезентацијата во 2016 година, а досега забележа 96 настапи на кои постигна 344 гола.


Кај Смитс се повреди, ќе го скокне Европското првенство во Германија

Еден од најдобрите во машката ракометна репрезентација на Холандија и во тимот на Фленбург, десниот бек Кај Смитс, нема да настапи на Европското првенство 2024 во Германија.

Од бундеслигашот соопштија дека извесен период ќе продолжат без Смитс, бидејќи репрезентативецот на Холандија има „поблаго воспаление на срцевиот мускул“, односно миокардитис.

Се уште не се знае колку точно ќе отсуствува Смитс од ракометните терени, но најверојатно неговиот камбек ќе биде во вториот дел од тековната сезона.

Холандија на Европското првенство во Германија во групната фаза ќе игра со репрезентациите на Шведска, БиХ и Грузија.


Миклер ќе го прескокне Европското првенство во јануари

Селекторот на машката сениорска репрезентација на Унгарија, Чема Родригез, го скрати списокот за настап на Европското првенство во Германија.

Стратегот на Унгарија на континенталниот собир нема да може да смета на искусниот голман Роланд Миклер.

Членот на ПИК Сегед го информирал селекторот и челниците на унгарската ракометна куќа дека го откажува настапот поради неговата здравствена состојба.


Дувњак го продолжи договорот со „зебрите“

Капитенот на хрватската ракометна репрезентација Домагој Дувњак
ќе биде дел од бундеслигашот Кил до 2025 година откако официјално
го продолжи договорот со тимот чиј дел е од 2014 година.
Хрватот не го криеше задоволството од продолжувањето на
соработката велејќи дека е горд што и понатаму ќе биде дел од тимот
каде што се чувствува како дома.
„Среќен сум што соработката продолжува. Мојата фамилија и јас тука
се чувствуваме многу добро. Кил е мојот втор дом. Горд сум што
можам да продолжам да помагам, што ќе ги оствариме целите за
најдобриот клуб во светот. Се веселам што ќе останам уште еден
година со нашите навивачи“.


Вујовиќ си замина од Иран по успешна работа од скоро две години

Веселин Вујовиќ по 20 месеци си замина од селекторската функција на иранската репрезентација. Легендарниот Вујо по азиските квалификации за Олимписките игри во Париз кои се играа во Доха одлучи да поднесе оставка. Од иранската федерација не сакале да ја прекинат соработката, меѓутоа Вујовиќ бил цврсто решен и не сакал да работи во услови на вонредна состојба поради политичките тензии на Блискиот Исток.

Вујовиќ зад себе имаше добро Светско првенство во 2023 година со Иран каде што оваа земја за првпат стигна до второто место завршувајќи на 24-тата позиција од 32 најдобри селекции на планетата.


Најдобрата романска ракометарка го пропушта Мундијалот

Една од најдобрите ракометарки на светот, репрезентативката на Романија, Кристина Неагу, можеби нема да игра на Светското првенство 2023, кое ќе започне на 29 ноември.

Неагу на 18 ноември во натпревар од Лигата на шампионите го повреди коленото и не настапи на турнир „Карпати куп“ на кој нејзината репрезентација имаше неколку тест натпревари.

Селекторот на репрезентацијата на Романија, Флорентин Пера, на местото на Неагу веќе ја повикал ракометарката на Слатина, Диана Ликсандроу.


Лекиќ влезе во клубот 1.000 на европскиот ракомет

Српската ракометарка Андреа Лекиќ, успеа да ја пробие
магичната граница од 1.000 погодоци во ракометната Лига на
шампионки.
Во убедливиот триумф на нејзиниот ФТЦ Ференцварош на гости
кај Заглебје во Полска, Лекиќ успеа да ја надмине
четирицифрената граница.
Овој момент не мина незапазен, па таа доби овации од верните
навивачи на клубот од Унгарија кој допатуваа на ова гостување.
Лекиќ стана само четврта ракометарка која има повеќе од 1.000
погодоци во елитното натпреварување. Претходно тоа им успеа
на Анита Гербиц, Кристина Неагу и Јованка Радичевиќ.


Рибера останува шпански селектор до 2028 година

Шпанската ракометна федерација официјално објави дека е продолжена соработката со Жорди Рибера, кој е еден од селекторите со најдолг стаж. Двете страни се договорија на нова, четиригодишна соработка, па така Рибера на чело на Шпанија ќе биде до 2028 година.

Рибера на кормилото на Шпанија дојде во 2016 година на местото на Маноло Каденас, а претходно ги водеше Бразил и Аргентина. На клупско ниво работеше во неколку шпански клубови –  Арате, Галдар, Бидасоа и Адемар Леон.

Со шпанската репрезентација досега освои шест медали на големите натпреварувања, а ќе има уште две шанси на ЕП 2024 и ОИ 2024.


Брестовац доби нов договор како селектор на ОАЕ

Данило Брестовац ја продолжи соработката како селектор на клупата на Обединетите Арапски Еримати најмалку до април 2024 година.

Македонскиот стратег неодамна го имаше првиот сериозен тест како селектор на ОАЕ, во квалификациите за Олиписките игри во Париз.

Иако ОАЕ не се пласираше на Олимпијадата, сепак но имаше добри натпревари, кои пак беа доволна препорака за раководството на тамошната федерација да му понуди нова соработка.

Азиското првенство што ќе се игра во јануари е вториот голем предизвик за него како селектор. Од тој шампионат, четири репрезентации ќе обебедат учество на Светското првенство во Хрватска/Норвешка/Данска што ќе се игра во јануари 2025.