ракомет

Лазаров на „Ѕидот на шампионите“ во Нант

Кирил Лазаров последните години од кариерата му ги посвети на Нант и беше испратен како „крал“ од францускиот клуб.

Актуелниот македонски селектор сега се најде и на „ѕидот на легендите“. Нант ги објави имињата на ракометарите кои оставија посебна трага во клубот а Кире заслужено се најде во стартната седморка.

Во неа се уште и Бруно Соуза, Фредрик Дол, Алберто Ентрериос, Махмуд Гарби, Доминик Клајн и Рок Фелијо.


Српски стручњак е замена за Ривера во Катар

Српскиот ракометен тренер Горан Ѓокиќ, е нов предводник на селекцијата на Катар, која ја очекува настапот на Азиското ракометно првенство.

Некогашниот играч на Пролетер Зрењанин, Динамо Панчево и низа шпански клубови, веќе долго време живее и работи во Катар.

Тој е предводник на Ал Духаил, со кој ги има освоено сите домашни трофеи и е еден од најтрофејните тренери во Катар.

По неуспехот да се пласираат на Олимписките игри, челниците на катарската федерација решија дека е време да ја прекинат десетгодишната соработка со Валеро Ривера.


Балканските земји кандидати за Европските првенства во ракомет

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги откри првите кандидатури за организација на Европските првенства во 2030 или 2032 година. Како што е објавено на сајтот на ЕХФ, потврдени се досега добиените кандидатури за организација на Европското првенство во 2030 и 2032 година, во двете конкуренции.

Се додава дека сите нови пријави ќе бидат прифатени до први јуни, кога и официјално ќе заврши можноста за испраќање кандидатури.

Кога станува збор за организацијата на женското Европско првенство во 2030 година, досега кандидатура испратиле Србија , Црна Гора, Швајцарија и Турција. Додека за 2032 година поднеле Србија, Данска, Германија Црна Гора, Полска и Швајцарија.

Можно е двете споменати првенства да бидат заеднички организирани од две или повеќе земји, како што е случајот оваа година, кога Македонија беше еден од ко-организаторите.

Што се однесува до Европското првенство во машка конкуренција, кандидати за 2030 година се: Австрија, Хрватска, Чешка Данска, Естонија Франција Германија, Полска и Швајцарија. За ЕП 2032 година, кандидатури поднесоа: Словенија Австрија, Хрватска, Естонија, Франција, Германија, Швајцарија и Турција.

Се додава дека сите нови пријави ќе бидат прифатени до први јуни, кога и официјално ќе заврши можноста за испраќање кандидатури.

Кога станува збор за организацијата на женското Европско првенство во 2030 година, досега кандидатура испратиле Србија , Црна Гора, Швајцарија и Турција. Додека за 2032 година поднеле Србија, Данска,


Мирхол почна тренерска кариера во родната Норвешка

Еден од легендите на норвешкиот ракомет, кружниот напаѓач Бјарте Мирхол, ќе има нов предизвик во својата кариера.

Искусниот ракометар, кој најголемиот дел од својата кариера го помина во бундеслигашот Рајн Некар и во данскиот суперлигаш Скјерн, од следната сезона ќе биде тренер во својата татковина.

Мирхол од сезона 2024/25 ќе го предводи амбициозниот тим од Норвешка, Рунар. Станува збор за клуб кој што моментално се наоѓа на 5. позиција во норвешкиот шампионат, а во минатата сезона во Европскиот Куп стигна до полуфинале.

41-годишниот Мирхол со раководството на Рунар се договори на тригодишна соработка, па така екс репрезентативецот на Норвешка ќе има полни раце работа.


Обрван именуван за селектор на женската хрватска репрезентација

Управниот одбор на Хрватскиот ракометен сојуз (ХРС) денеска едногласно го разреши Ненад Шоштариќ од селекторската функција на женската сениорска репрезентација, а веднаш за нов селектор го избра Ивица Обрван (57).

Шоштариќ веќе има нова работа и тоа на клупата на Загреб кој игра во ЛШ во иста група со Пелистер, додека на негово место доаѓа поранешен предводник на македонската машка селекција.

Обрван во досегашната кариера предводеше екипи како Метковиќ, Медвешчак, Загреб, Горење Велење и Шамбери, а освен на Македонија беше и селектор на Босна и Херцеговина.

Женската репрезентација на Хрватска за еден месец ја очекува настан на Светското првенство (СП) во Шведска, Данска и Норвешка, па на новиот селектор му останува исклучително кратко време да ја подготви репрезентацијата.


Ортега го продолжи договор со Барселона до 2026 година

Шпанскиот ракометен гигант Барселона го реши прашањето околу тренерското место, барем за наредните две сезони.

Актуелниот стратег Антонио Ортега реши да ја продолжи соработката со каталонскиот тим до 2026 година.

Тој го презема кормилото на Барса, по заминувањето на Чави Пасквал и ја одработува втората сезона, а сега потпиша нов договор на две сезони.

Минатата сезона Барса го заврши настапот во полуфиналето на Ф4 турнирот, а сезонава има послаб тим на хартија и ќе биде тешко да стигне до титулата во конкуренција на Веспрем, Магдебург, ПСЖ, Келце, Кил…


Храбра игра на Еурофарм Пелистер до самиот крај во синоќешниот дуел против Киелце

Храбра игра на Еурофарм Пелистер до самиот крај во синоќешниот дуел против Киелце. Зелено-белите беа блиску до изненадување, но првите бодови во Лигата на шампиони ќе ги очекуваме во некој нареден натпревар.
Супер атмосфера помеѓу публиката и бодрење во целиот натпревар.
Повторно голема поддршка од ЕВРОТИП, секогаш повеќе – секогаш заедно


Јовиќ: Ги исправивме грешките, подготвени сме за Колштад и ЛШ

Ракометниот шампион на Македонија Еурофарм Пелистер в понеделник во 14 часот напладне започнува со продажба на поединечните билети за првиот натпревар од Лигата на шампионите за сезоната 2023/24 против норвешкиот Колштад. Се бара билет повеќе, интересот е голем, а ракометарите и стручниот штаб во мир го подготвуваат дуелот со норвешкиот шампион. Тренерот Јовиќ и капитенот Пешевски ги повикаа фановите за дебито на овој тим во овој формат во Лигата на шампионите. 

Александар Јовиќ

(тренер на Еурофарм Пелистер)

Колштад е екстра квалитетна екипа, која во своите редови има шест норвешки и еден исландски репрезентацтивец. Колштад гаи екстра динамична игра и мислам дека ќе биде задолвоство да се натпреварувањеме со нив. Верувам дека ќе се прикажеме во најдобро светло оваа сезона, пред нашата публика, во нашата реновирана сала. Се спремаме подолг период, игравме доста пријателски натпревари, игравме и променливо на некои од нив. Од натпреварите на кои не бевме на висина на задачата извлековме многу поуки. Анализитравме доста детали каде сите заеднички грешиме и мислам дека ќе ги исправиме со стартот на новата сезона во Европа и во Суперлигата. Еурофарм Пелистер ќе биде подготвен за предизвиците.  За најдобрата публика и најракометниот град во Европа ќе порачам дека ќе оставиме срце на терен, ќе се прикажеме во најдобро светло и нема да ги разочараме навивачите. 

Жарко Пешевски

(капитен на Еурофарм Пелистер)

Емоцијата може да биде проблем, но може да ти даде и некоја посебна сила за да бидеш подобар и посмирен од противникот, да му зададеш удар и да се радуваш на крајот. Играме против супер екипа како Колштад. Норвежаните негуваат агресивен и динамичен ракомет. Гостуваат во Битола и ние ќе направиме сè да му ја отежнеме работата. Се работи за тим составен од повеќе норвешки репрезентативци, на чело со Сагосен. Тој, Род и двајцата голмани се лидери во тимот. Имаат искалена агресивна одбрана, за која со видео анализи треба добро да се спремиме да ги пробиеме. Ако сè оди по планот, имаме шанси да се надигруваме и на крајот да се радуваме. Мислам дека ова наше место ни е заслужено како шампиони на Македонија по осумнаесет години. Ние и фановите треба заедно добро да се поставиме и ќе бидеме светла точка која гордо ќе ја претстави Битола.

Прваците на Македонија и Норвешка низ историјата никогаш не се сретнале меѓусебе во официјален натпревар.


Питлик зеде одмор од ракометот за да работи во столарија

Еден од најдобрите дански тренери Јан Питлик се реши за голема животна промена. Некогашниот тренер на ЖРК Вардар од 2016 година се реши за несекојдневен потег.

Питлик беше селектор на машката ракометна селекција на богатата Саудиска Арабија. Имаше и актуелен договор, но реши да си замине.

„Федерацијата ми понуди продолжување на договр, но јас не бев заинтерсиран. И овој договор го завршив предвремено поради тоа што немаше репрезенативни обврски“, истакна Питлик за данската телевизија „Спорт ТВ2“.

И кога јавноста како што е редот очекуваше да пронајде нова работа на струката, дојде изненадувачка вест. Питлик се реши да ја промени професијата.

Имено искусниот Данец, инаку двократниот олимписки победник со Данска во 2000 и 2004 година и светски шампион реши да работи како столар.


Ракометарите азиланти од Бурунди пронајдени во Белгија