ракомет

Гичевска потпиша за романска Стинта Букурешт

Леонида Гичевска, една од нашите најдобри ракометарки во следната сезона ќе биде дел од романскиот шампионат.

Последната сезона Гичевска ја мина во Франција во редовите на Бесанкон, а сега одлучи да се придружи на Стинта Букурешт.

Првите ракометни чекори македонската репрезентативка ги направи во Свети Николе, подоцна настапуваше уште за Вардар, Металург и Куманово на домашната ракометна сцена, додека од странските клубови беше дел уште од францускиот Ле Пузен и Локомотив Загреб од Хрватска.


Ивлечени групите на Струшкиот ракометен турнир

Новата натпреварувачка сезона во најсилната ракометна лига секогаш се најавува со традиционалниот турнир кој се игра во Струга, за што беа извлечени групите за 51-то издание.

Струшкиот турнир секогаш е извонредна увертира за она што следи во новата сезона и последна добра подготовка за македонските тимови, но како и по обичај, повторно има и странски гости кои ќе учествуваат крај езерото.

Алкалоид и Вардар успеаја да се избегнат во групната фаза и се најдоа во различни групи, па тоа значи дека ако бидат стопроцетни, може да се сретнат само во финалето.

Вардар се најде во групата Б заедно со домаќинот Струга и со шведскиот тим Ескилскуна Гуиф, додека во групата А е Алкалоид.

Еурофарм Пелистер лани славеше над Целје, а сега во групната фаза ќе игра Алкалоид кој во групата е со АЕК и Динамо Панчево.


Гедбан: Во Битола се чувствувам како дома

Еурофарм Пелистер направи неколку промени во играчкиот кадар за престојнава сезона, а едно од новите имиња е голманот Калифа Гедбан.

Гедбан во минатото го носеше дресот на Вардар, стана европски шампион со „црвено-црните“, па за него ова е камбек во Македонија со тоа што сега ќе игра за „фармацевтите“ од Битола.

„Многу сум среќен што се вратив во Македонија, овојпат во друг клуб – Пелистер. Навистина сум среќен. Имаме добар тим, мора да се бориме за домашната титула, ќе играме и во Лигата на шампионите. Нема да биде лесна сезона, но мора да се бориме на секој натпревар.

Од претходно го знаев градот, Битола е убава. Сум бил тука 3-4 пати претходно, а сега живеам тука. Ми се допаѓа градот, луѓето, не се чувствувам како странец, туку како да сум дома.

ЛШ е најважното натпреварување во ракометот. За Пелистер е многу е важно што ќе игра во оваа сезона. Ќе биде интересен и голем предизвик за нас“, порача Гедбан.


Алкалоид ќе ја отвори Европската лига против Војводина

Македонскиот вицепрвак Алкалоид во моментов е единствениот сигурен учесник во фазата по групи во Европската лига на ЕХФ.

Ракометарите на Алкалоид дебито на европската сцена ќе го имаат на 17 октомври во Скопје, а противник е шампионот на Србија, Војводина.

Во следното коло на 24 октомври, Алкалоид и гостува на Ла Риоха, а еден месец подоцна следува и соочувањето со Силкеборг во Скопје. Во последните две рунди на 28 ноември, Алкалоид гостува во Нови Сад, а на петти декември на домашен терен игра против Ла Риоха.

Доколку ракометарите на Вардар успеаат да ја минат првата пречка во квалификациите Рајн Некар Левен, настапот во фазата по групи би го отвориле на 17 октомври со гостување во Крисијанштад, а седум дена подоцна следува и домашен натпревар против Нант.


Алжирецот Гедбан потпиша за Еурофарм Пелистер

Голманот Калифа Гедбан, кој беше дел од екипата на Вардар при освојувањето на втората шампионска титула во Лигата на шампионите 2019 година , следната сезона ќе ги брани боите на Еурофарм Пелистер. Алжирскиот голман Гедбан повторно ќе настапува во Лигата на шампионите, но овој пат во дресот на битолскиот тим.

Еурофарм Пелистер преку официјално соопштение го промовира Гедбан. Голманот веднаш ќе му се приклучи на тимот во Маврово, откако во наредните денови ќе пристигне во Македонија.

„Ни претставува задоволство што во нашиот тим во иднина ќе настапува уште еден европски шамшион. Алжирскиот репрезентативец и долгогодишен учесник во Лигата на шампионите, Калифа Гедбан е нов голман на Еурофарм Пелистер! 26-годишниот голман на алжирската репрезентација доаѓа како слободен ракометар, а последната сезона ја помина во првакот на Романија и учесник во Лигата на шампионите, Динамо Букурешт. Гедбан потпиша договор на една сезона, со опција за уште една. Калифа ќе им се приклучи на Урбан Лесјак и Марко Кизиќ на голманската позиција во нашиот клуб.Гедбан е висок 200 сантиметри, а тежок 110 килограми и веќе пет сезони е дел од европскиот ракомет. Две сезони мина во Вардар 1961 и стана шампион на Европа. По добрите настапи во Македонија се пресели во култниот шпански клуб Адемар Леон, а неговите добри настапи му донесоа трансфер во Динамо Букурешт. Во последните две сезони со успех го носеше дресот на романскиот гигант. Калифа Гедбан деновиве доаѓа во Македонија и веднаш ќе му се приклучи на екипата на подготовките во Маврово. Неговото официјално претставување е предвидено на почетокот од месец август. Алжирскиот голман е шесто засилување на Еурофарм Пелистер оваа сезона по Цехте, Борзаш, Нилсен, Петровиќ и Ѓорговски“, стои во соопштението на клубот. 

Гедбан е шесто ново име во таборот на „зелено-белите“. Претходно Еурофарм Пелистер ги доведе Цехте, Борзаш, Нилсен, Петровиќ и Ѓорговски. Во новата сезона пелистерци се враќаат во Лигата на шампионите откако станаа прваци на Македонија. Во елитното натпреварување битолчани се во групата А со екипите на ПСЖ, Киелце, Кил, Алборг, ПИК Сегед, ППД Загреб и Колштад.


Силни противници за македонските женски клубови во евро-куповите

Македонските ракометни преставници во женска конкуренција, ЖРК Ѓорче Петров, Куманово и Чаир, ги дознаа своите противници во второто коло од Европскиот куп. Во пресрет на ждрепката само шампионот ЖРК Ѓорче Петров ја имаше улогата на носител и за противник го доби тимот на Тиват од Црна Гора.

ЖРК Куманово, пак, кој во ова натпреварување влегува како вицешампион на Македонија, ќе игра двомеч со Херцогенбухсе од Швајцарија. Последниот наш тим, ЖРК Чаир, ќе одигра двомеч со холандскиот тим Венло. 

ЖРК Чаир и ЖРК Куманово своите први натпревари ги играат на домашен терен, додека ЖРК Ѓорче Петров прво ќе гостува во Црна Гора.

Првите натпревари од второто коло се закажани за 23 и 24 септември, додека реваншите се седум дена подоцна.


Трпчевски се врати од Шпанија и потпиша за Еурофарм Пелистер 2

Стефан Трпчевски се врати во Битола и потпиша договор со Еурофарм Пелистер 2.

26-годишниот ракометар потекнува од школата на битолскиот и се враќа во Битола по неколку интернационални искуства. Во претходните неколку сезони играше за шпанскиот Бургос, финскиот БК-46, израелскиот Хапоел Кирјат Оно и грчкиот Фаикас Корфу.

Трпчевски во македонскиот ракомет ги бранеше боите на Пелистер, Вардар Јуниор, Вардар, Охрид, Струга и Тиквеш.

Трпчевски ќе се јави на прозивката на тренерот Михаил Петровски на 24 јули, а официјално ќе биде претставен во август оваа година.


Божидар Мојсов го презеде суперлигашот Прилеп

РК Прилеп официјално го потврди Божидар Мојсов како нов тренер на тимот. Поранешен помошен тренер на актуелниот шампион Еурофарм Пелистер следната сезона ќе биде на клупата на прилепчани.

Мојсов богата кариера ја започна како помошен тренер уште со формирањето на Еурофарм Работник и ја продолжува со спојувањето на “Пелистер” и нивните бројни успешни пласмани во македонската суперлига. Своето искуство го надополнува и со бројни настапи во европската лига и СЕХА лигата.


РК Еурофарм Пелистер доби пеколна група во Лигата на Шампиони

Денеска во Виена беа извлечени групите за новата сезона од ракометната ЛИГА НА ШАМПИОНИ.

Македонскиот шампион и наш претставник во Лигата на шампиони Еурофарм Пелистер, ќе настапува во група А, заедно со гигантите Киелце, ПСЖ, Кил, Загреб, Алборг, ПИК Сегед и Колштад.

Натпреварите од новата сезона во ЛШ започнуваат на 13 и 14 септември.


Нигериски десен бек потпиша за Тиквеш

Ракометниот суперлигаш Тиквеш следната сезона ќе биде наш претставник на меѓународна сцена, денеска донесе уште едно засилување. Станува збор за Обина Ани, интернационалец и репрезентативец на Нигерија.

Управата на кавадарчани периодов засилено работи на комплетирање на ростерот за следната сезона, како со обновување на договорите на актуелните играчи, така и со доведување на адекватни засилувања кои ќе го кренат квалитетот на екипата на едно сосема друго ниво.