ракомет

Дејвис: Агуаш Санташ одигра одлична партија, ремито е реален исход

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер одигра само нерешено со Агуаш Санташ (27-27) на домашен терен во рамките на осмото коло од Лига Европа. Иако „зелено-белите“ пред почетокот на средбата важеа за фаворити, сепак на крајот изборија само реми.

Свој коментар за текот и исходот од натпреварот, даде средниот бек на Еурофарм Пелистер, португалскиот интернационалец Вилсон Дејвис.

„Агуаш Санташ ни направи многу проблеми денес, одигра одличен натпревар. Ова беше тежок дуел за нас, особено во првиот дел. Потоа во продолжението успеавме да фатиме ритам, а одбраната на крајот го одлучи натпреварот и резултатот е реален“, истакна Дејвис.

Еурофарм Пелистер до крајот на групната фаза го очекуваат уште два дуели, и тоа со Фуксе Берлин на гостински терен, и дома со Мотор Запорожје.


Пешевски: Спремни сме и верувам дека ќе победиме

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер денеска на домашен терен го игра натпреварот од Лигата на Европа против португалскиот претставник Агуаш Санташ.

Македонскиот репрезентативец во таборот на битолчани, Жарко Пешевски, е сигурен дека со помош на домашната публика, Еурофарм Пелистер ќе слави победа.

„По подолго време се враќаме во нашиот спортски храм. Имавме тешки натпревари во гости, блиску бевме до подвиг на дел од тие натпревари, но малку и среќата ни го сврте грбот. Без среќа во спортот не може и треба овие натпревари да ни бидат поука како да се подобриме. Агуас Санташ ме изненади со победата против Бидасоа Ирун, но оваа екипа има квалитет и игра подобро отколку во првиот дел на сезоната. Во Португалија по макотрпна борба ги освоивме бодовите. Спремни сме и, со поддршка од битолската публика, верувам дека ќе се радуваме“, вели Пешевски.


Официјално: Данецот Кисум претставен во Еурофарм Пелистер

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер официјално го претстави најновото засилување во екипата, данскиот ракометар, Каспер Кисум.

30-годишниот Кисум, во тимот од Битола пристигна од составот на Сондерјиске, и настапува на позицијата лев бек. Тој се очекува да биде замена за повредените Руди Сери и Емилијан Ѓорговски, кои се опоравуваат од повреди.

Данецот Кисум веднаш ќе му се стави на располагање на тренерот Ларс Валтер, кој добро ги познава квалитети на својот сонародник.


Еурофарм Пелистер доведе нов бек од Данска

Ракометниот вицешампион на Македонија, Еурофарм Пелистер, објави дека доведе ново засилување во тимот.

Станува збор за данскиот ракометар Каспер Кисум, кој игра на позицијата лев бек. 30-годишниот Кисум во екипата од Битола, доаѓа од редовите на Сондерјиске, а претходно има настапувано за Рингштед, Нордсјеланд, Флензбург, Битенфелд, Хановер и Феникс Тулуз.

Данецот за неколку денови ќе пристигне во Битола и ќе му се стави на располагање на тренерот Ларс Валтер за натпреварите од домашното првенство, и дуелите во Европската и СЕХА лига.


Продадени 40.000 билети за првиот натпревар на следното ЕП во ракомет

Следното Европско првенство во ракомет во машка конкуренција е во 2024 година, а земја домаќин ќе биде Германија.

Првиот меч на домашната селекција е речиси распродаден. Истиот ќе се игра на стадионот „Дизелдорф“, а до сега се продаде 40.000 карти, остануваат во слободна продажба уште 10.000.


Червар: Бев закана за некого и затоа ме сменија

Легендарниот Лино Червар беше разрешен од позицијата координатор на сениорската репрезентација со одлука на сојузот, кој му врачи отказ и на досегашниот селектор Хорват.

За медиумите, Червар разочаран, ја кометираше одлуката:

„Гобац ме отстрани затоа што мисли дека е татко на ракометот! Мислеше дека сум му опасност, но не сум опасност за никого. Јас се занимавам со ракометот, немам никакви амбиции“, изјавил лутиот Червар, кој се чини дека ја завршува својата ера во хрватскиот ракомет.

Червар е еден од најтрофејните тренери во Европа и дефинитивно очекуваше сосема поинаков третман од Хрватскиот сојуз.


Француски Безансон нов клуб на Леонида Гичевска

Леонида Гичевска кариерата ја продолжува во четирикратниот француски шампион Безансон.

Гичевска во овој шампионат прави трансфер од екипата на Локомотива Загреб со која играше во Лигата на шампионите. За 24-годишната ракометарка ова нема да биде прво искуство во Франција затоа што веќе играше за Самбре-Авесноа и Ле Пузин.

„Среќна сум што пристигнувам во Безансон. Ова е клуб со долга и убава историја. Клубот има големи цели и задоволство ќе ми биде да играм тука и да го дадам најдоброто од себе, со нетрпение чекам да ја започнам авантурата“, изјави Гичевска.

Во овој момент Безансон е на седмото место во француското првенство, а во минатото четири пати ја освојувал шампионската титула.


Раул Гонзалес останува тренер на ПСЖ до 2025 година

Шпанскиот ракометен тренер Раул Гонзалес, ја продолжи соработката со Париз Сен Жермен. Поранешниот стратег на Вардар останува на кормилото на екипата од Париз до 2025.година.

„ Горд сум што можам да ја продолжам работата што ја започнав во 2018. година, и што ќе останам во клубот уште две сезони. Мојата амбиција е  оваа екипа да настапува на највисоко национално и европско ниво, и да ги израдува навивачите со нови високи достигнувања“, изјавува Гонзалес.

Шпанскиот стручњак пристигна во Париз Сен Жермен во 2018.година.


Валтер: Покажавме физичка инфериорност со Војводина

Ракометарите на Еурофарм Пелистер, загубија на гостувањето кај екипата на Војводина со резултат 29:24, во првото коло од новата сезона во СЕХА лигата.

Тренерот на битолската екипа, Ларс Валтер, во својата изјава после натпреварот вели дека поразот бил заслужен, и дека ракометарите уште не ја имаат достигнато правата натпреварувачка форма.

„Агресивната 6-0 одбрана на Војводија ја „уби“ нашата флуидност. Од таа агресивност не можевме да напаѓаме како што планиравме. Не трчавме многу без топка и покажавме физичка инфериорност. Сепак, тоа е заслуга и на нашиот противник. Не работевме комплетни овој месец и ритамот ни е пореметен. Но, нема изговори, загубивме од подобар тим и треба само да работиме за да се подобриме“, изјави Валтер.


Матиас Гидсел е МВП на Светското првенство – ИХФ ја објави идеалната постава

Еден час после завршувањето на финалниот натпревар од Светското ракометно првенство, во кое Данска ја совлада селекцијата на Франција, и по трет пат стана првак на Светот, Меѓународната ракометна Федерација (ИХФ), на својата фејсбук страница, ги објави информациите за идеалната постава и најдобриот играч на турнирот.

Репрезентативецот на Данска, Матиас Гидсел покрај признанието за најдобар стрелец, ја освои и титулата за најкорисен играч на турнирот.

Идеалната постава е следната:

  • МВП: Матиас Гидсел – Данска
  • Лево крило: Анхел Фернандез – Шпанија
  • Лев бек: Симон Питлик – Данска
  • Среден бек: Недим Ремили – Франција
  • Пивот: Лудовик Габрегас – Франција
  • Десен бек: Алекс Дујшебаев – Шпанија
  • Десно крило: Никлас Едберг – Шведска
  • Голман: Андреас Волф – Германија
  • Најдобар млад играч: Јури Кнор – Германија
  • Најдобар стрелец: Матиас Гидсел – Данска