ракомет

Еурофарм Пелистер слави во битолското дерби во плеј-офот

Ракомет – Суперлига (плеј-оф) – Шесто коло Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер 2 28-21 (14-10) Спортска сала „Боро Чурлевски“ – Битола Судии: Даниело Божиновски и Виктор Начевски Еурофарм Пелистер ја запиша петтата победа во шестиот натпревар на плеј-офот, откако во првото битолско дерби сезонава го совладаа Еурофарм Пелистер 2 со 28-21 (14-10). Натпреварот беше коректен и натпреварувачки, а квалитетот и долгата клупа на фаворитот дојдоа до израз. Домаќините уште од самиот старт ја покажаа разликата во квалитет и во ниту еден момент не му дозволија на противникот да го доведе до прашање победникот на натпреварот. Стипе Мандалиниќ со осум гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените Павле Атанасијевиќ заврши со четири гола.
Еурофарм Пелистер: Хендави, Чаневски 1, Мараш 2, Ојлески 3, Маркоски, Маџовски, Кукуловски 1, Мандалиниќ 8, Кушан 3, Стјепановиќ 1, Периќ 5, Костески 2, Петровски, Велковски, Граџан, Ѓукиќ 2 Седмерци: 4/4 Исклучувања: 4 минути
Еурофарм Пелистер 2: Ивановски, Бардакоски, Петковски, Пав. Атанасијевиќ 4, В. Димитровски 2, Митревски 1, Петровиќ 2, Андонов 1, И. Димитровски 2, С. Талевски 1, Стоилевски 3, Пет. Атанасијевиќ, Дрогришки 3, Блажевски, Арсеновски 2 Седмерци: 2/1 Исклучувања: 6 минути Во следното седмо коло, Еурофарм Пелистер гостува во Охрид, а Еурофарм Пелистер 2 на домашен терен го пречекува Бутел Скопје.


Се собраа ракометарките пред баражот против Романија

Женската сениорска репрезентација на Македонија денеска на пладне во хотелот „Русија“ во Скопје имаше собир пред двомечот со Романија во битката за пласман на светското првенство во Шпанија кое ќе се одржи кон крајот на оваа година.
Селекторот Симе Симовски за овој двомеч со Романките повика 20 ракометарки на скратениот список објавен минатата недела, кои денеска треба да му се стават на располагање пред првиот дуел кој треба да го одиграме на гости.
Првиот натпревар сениорките ќе го одиграат во Букурешт в сабота на 17 април во 17:00 часот, а реванш натпреварот е закажан на 21 април во 17:00 часот во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.


Генсхајмер мора на операција, се враќа следната сезона

Уве Гансхајмер, кој ја има капитентската лента во тимот на Рајн Некар Левен, ќе мора да оди на операција на коленото, објавија денеска дел од германските медиуми. Тој ќе мора да го пропушти финишот од сезоната и нема да игра четвртфиналето во Европската лига против Чеховски Медведи. Во исто време, искусниот ракометар нема да се појави и во дресот на Германија на дуели против Босна и Херцеговина и Естонија во рамките на квалификациите за Европското првенство.


Симовски го објави поширокиот список за двомечот против Романија

Селекторот на женската ракометна репрезентација, Симе Симовски, го објави поширокиот список со 35 ракометарки за бараж дуелот со Романија за пласман на Мундијалот во Шпанија.
Симовски додаде неколку нови имиња во однос на списокот кој го објави во пресрет на квалификацискиот турнир на кој Македонија победи и обезбеди пласман во баражот.
Првиот натпревар сениорките ќе го одиграат во Букурешт, Романија на 17 април во 17:00 часот, а реванш натпреварот за пласман на СП е закажан на 21 април во 17:45 часот во СЦ Јане Сандански.


Металург го исфрли Еурофарм Пелистер 2 од Купот на Македонија

Ракометарите на Металург славеа над Еурофарм Пелистер 2 со 26-29 во натпревар од четвртфиналната А група во Купот на Македонија. Домаќините одиграа одлично прво полувреме, по кое на пауза заминаа со предност од 15-12. Сепак, во продолжението почнаа грешките и тимот на Иван Марковски тоа го искористи. За место на Ф4 од Купот на Македонија, Металург ќе се сретне со Работнички.

Ракомет – Куп на Македонија (четвртфинална група)
Еурофарм Пелистер 2 – Металург 26-29 (15-12)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ – Битола
Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски (Скопје)

Еурофарм Пелистер 2: Ивановски, Ј. Талевски 2, Пав. Атанасијевиќ 3, В Димитровски, Митревски 1, Мирчески, Петровиќ 8, Андонов, И. Димитровски 2, С. Талевски 3, Стоилевски 5, Пет. Атанасијевиќ, Дрогришки, Блажевски, Арсеновски 2 Седмерци: 4/3 Исклучувања: 8 минути.

Металург: Дупјачанец 1, Ѓоргоски, Петковски, Поповиќ 5, Кофиловски, Шилегов 1, Хорват 8, Калуѓеровиќ 4, Серафимов 3, Лазаревски 4, Тодески, Митиќ, Рниќ 1, Додиќ 2, Маркоски Седмерци: 1/0 Исклучувања: 12 минути.
Следниот натпревар Еурофарм Пелистер 2 го игра следната среда во Струга, во рамките од четвртото коло од плеј-офот.


Бабиќ позитивен на ковид-19, нема да ја води екипата во Магдебург

Првите асистенти на Жељко Бабиќ, Божидар Мојсов и Ице Соклески ќе ја водат екипата на Еурофарм Пелистер на натпреварот во Магдебург од Лига Европа. Причината е позитивен тест на ковид-19 кај хрватскиот стручњак.
„РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека при последното тестирање на ковид-19, неопходно за патувањето на екипата во Магдебург, тренерот на екипата Жељко Бабиќ е позитивен на ПЦР тестот. Се работи за асимптоматски случај и Бабиќ веќе е во карантин. Наместо него екипата во Магдебург ќе ја водат неговите помошници Божидар Мојсов и Ице Соколески. Бабиќ ќе ги пропушти и натпреварите против Младост Богданци (Куп) и Татран Прешов (СЕХА лига). Клубот му посакува брзо оздравување и враќање на работното место. Исто така известени се претставниците на Вардар 1961, со кои Еурофарм Пелистер играше натпреварот од плеј-офот на Суперлигата во саботата“, се вели во соопштението на клубот.
Делегацијата на Еурофарм Пелистер попладнево патува за Германија, а во тимот се враќа голманот од Египет, Карим Хендави.


Лазаров: Полесно ми е да бидам тренер и играч, отколку само тренер

Во интервју за „Ал Џазира“, капитенот и селектор на нашата ракометна репрезентација, Кире Лазаров, зборуваше за својот деби настап на кормилото на македонскиот тим и за очекувањата во иднина. „Мислам дека во овој момент ми е многу полесно да бидам селектор и играч, отколку само селектор. Јас сум побезбеден кога сум на паркетот и кога можам да распоредувам играчи и да донесувам одлуки на теренот. Младите играчи треба да ги користат постарите некое време за да продолжат да играат сами. Ова е национален тим, во кој немаме многу работни денови во годината заедно и затоа ќе го искористиме секој момент максимално. Составив добар тим. Им давам задачи и досега работиме многу професионално и квалитетно. Финска и Швајцарија? Мојот тим има право да размислува само за тоа како да се победи и ништо друго не ме интересира, ниту имињата на противниците. Ќе има порази, но ги ценам играчите кои даваат 100% и кои се победници“, вели Лазаров.


Марковски го одржа првиот тренинг со Металург

На вчерашниот тренинг на Металург на ракометарите им беа претставени новиот тренер Иван Марковски и новиот кондиционен тренер Златко Јанакиевски.
Марковски смета дека моменталниот пласман на екипата не одговара на квалитетот што го поседува тимот и дека ќе стори се за да го поправи впечатокот што Металург го остави со своите досегашни настапи. Првиот тест, Металург под водство на Марковски, ќе го има веќе в сабота, кога во Автокоманда ќе гостува екипата на Еурофарм Пелистер 2, во рамките на третото коло на македонската Суперлига. Марковски како ракометар, покрај Металург, настапуваше и за екипите на Пелистер, Вардар, Метковиќ Јамбо, Загреб, италијанскиот Џенерали Трст, саудискиот Ал Шабаш и Арагон од Шпанија. Како тренер, заедно со Александар Зарков, тој почна со проектот Работник во Македонија, а потоа успешно го водеше францускиот женски тим Ле Самбр Авенуа.


Бабиќ: Во Битола никој не може да биде фаворит против нас

Тренерот на Еурофарм Пелистер , Жељко Бабиќ е оптимист дека неговата екипа може да одигра добро и да извлече поволен резултат од првиот натпревар против Магдебург во рамките на 1/8 финалето од Европската ракометна лига. „Мислам дека остваривме многу добар резултат, сите сме горди на пласманот во осминафиналето. Среќни сме што ни доаѓа моќна германска екипа како Магдебург, екипа која е во врвот на првенството на Германија. Но, во спортот не се живее од минатото, па ние ќе направиме сè добро да се презентираме и да најдеме што е лоша страна на Магдебург. Тие играат многу брзо, брза транзиција и брз проток на топка. Имаат на сите надворешни позиции пониски ракометари, кои се моќни во играта „еден на еден“. Магдебург има крила кои скокаат од мали агли и имаат висок процент на реализација. Имаат и подвижна одбрана и можам да набројувам уште многу работи. Тие неслучајно се втори во Бундеслигата, но ќе повторам уште еднаш: Без оглед на сите нивни квалитети, ние ги знаеме нивните слабости. Секој противник има свои слабости и со ментална агилност ќе ги пореметиме и верувам дека тие ќе имаат големи проблеми во Битола. Оптимист сум и покрај тоа што игравме многу натпревари и имаме повредени ракометари. Никој не е фаворит во Битола против Еурофарм Пелистер!“, истакна Бабиќ. Натпреварот Еурофарм Пелистер – Магдебург се игра вечерва од 20:45 часот во салата „Боро Чурлевски“ во Битола.


Македонија ќе ја пречекува Швајцарија во Скопје, а на Финска ќе ѝ гостува во Рихимаки

Скопје ќе биде домаќин на нашата машка ракометна репрезентација и за последниот меч во квалификациите за ЕП 2022 година. Ракометната федерација на Македонија нема да менува во организацијата на квалификациите, пред се поради ковид-19 ситуацијата, а и поради доброто искуство кое селекцијата го имаше и во досегашните квалификациски дуели одиграни во СЦ „Борис Трајковски“.
Финците кои ќе не пречекаат како домаќините во меч од петтото квалификациско коло објавија дека мечот ќе се одигра во градот Рихимаки на 28 април од 18:00 часот.